Згаснуваат медиумите на „Перо Наков“

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ljubovnica, 28 јуни 2011.

  1. Ljubovnica

    Ljubovnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    18
    Згаснуваат весниците „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“, финален удар и за А1 Телевизија. Овие медиуми од Управата за јавни приходи добија решенија за присилна наплата на наводен затаен данок - во вкупен износ од 10 и пол милиони евра.

    9 и пол милиони се за Телевизијата, еден милион за „Плус продукција“ куќата што ги издава трите весници.

    „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“, најверојатно ќе се печатат само уште вечерва. Издавањето ќе запре поради недостиг на материјали за печатење и неможноста да се купат.

    Повеќе од стотина луѓе ќе останат на улица. Истата судбина ја чека и А1 Телевизија - УЈП стартуваше со присилна наплата на парите од сметката на Телевизијата веќе блокирана од судот за два милиони евра.

    Од денеска сите парични приливи на медиумот ги превзема државата. Доколку не успее да ги наплати во пари, по истек на 45 дена како доверител Управата може да побара отворање стечај за Телевизијата.

    Во меѓувреме УЈП не смее да го попречи работењето на медиумот со одземање движен и недвижен имот потребен за функционирање на Телевизијата.

    Директорот на Управата Горан Трајковски за А1 Телевизија не ги коментираше решенијата за присилна наплата, вели дека УЈП ќе оди до крај за да ги наплати побарувањата, станува збор за даночни решенија по основ на ДДВ, данок на добивка, вработување, социјално осигурување, пресметуван за пет години наназад.

    Ова е последниот, најсериозен на државата врз критички настроените А1 Телевизија и весниците „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“.

    Притисокот почна уште пред повеќе од половина година, со координиран упад на повеќе државни служби и полицијата во медиумите.

    Следуваше апсење на сопственикот на А1, Рамковски, дел од неговото семејство и управителите на неколку фирми.

    Оттогаш наваму медиумите се под постојан притисок на властите - сметките од судот беа блокирани неколку пати за различни суми, за денеска постапката да заврши со вкупен износ од 10 и пол милиони евра.

    Според експертите останува нејасно како од исти документи судот и УЈП прочитаа различни суми за наводно затаен данок и зошто сметката за иста сума е блокирана од две државни институции истовремено.

    Финалните решенија ја водат земјата кон медиумски мрак бидејќи може да згаснат 4 влијателни медиуми кои слободно и објективно ја опсервираа работата и грешките на власта.



    http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=139783
     
  2. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218
    Како што тргнало сите еден по еден ќе згаснуваме во оваа држава.... Се надевам дека Груевски тогаш ќе биде најсреќен затоа што очигледно посакува повеќе од половината од сопствениот народ да го нема....Браво за него немам што да кажам.
    И после тие граделе, вработувале, а ради нив стотици семејства ќе останат на улица...Зошто оти не му се свиѓа критика. Само болем ум не прифаќа критика а човеков ни потврдува дека здравјето очигледно му е влошено и тоа многу.
    И ако е толку поштен нека ги исчешла и Сител и Канал 5 и Аб канал на неговите лижигазовци и само така ќе поверувам дека стварно се бори битка против криминал.
    Немам што да кажам веќе како тргнало сите или ќе изумриме од поштениве намери на владава или од истите причини ќе се иселиме.
    Ааааааааааа........
     
    На TeddyS, esperanca, crazyinlove19 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. professoressa

    professoressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    106
    Не сум член ниту симпатизер на било која партија, ама ова се граничи со лудило...Премногу е трагично тоа што се дешава во Македонија...Груевски мисли дека е Господ па им суди и пресудува на сите...Почна и Живи луѓе да цапа...Диктатор и популист...Најверојатно човекот болува од тешка искомплексираност, фрустрација и потреба само него да го фалат и во никој случај да го искритикува некој...оти готов е...грујо ке го здрпа в затвор....Станавме земја каде стравот итекако почна да доминира...Срамота... :x
     
    На esperanca, crazyinlove19, SunFlower94 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.097
    Така ами како, редно беше...
    Ако сител, канал 5 и др. направат долг и криминал кон државата прва ќе бидам и за нив што ќе ги напаѓам...
    Ех што сакам да си отворам една фирма и да не си плаќам данок, да не пријавувам вработени, и кога ќе си дојдат по долгот да имам група 'пренесени' која ќе ме брани верувајќи дека не сум јас крива, туку другите ме мразат...
    |(
    Истите кои го опростуваат долгот на а1 кон државата, се први кои се бунат против трошење пари за градбите во Ск. 2014...Логика??
     
    На Rozich, OzzyAngel и Margaux им се допаѓа ова.
  5. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    ова е само израз на едно политичко лудило :$
     
  6. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.764
    Нека згаснат. Ако не плаќале данок што да правам јас. Додека Велија и компанија шетале низ Дубаи, Малдиви и си го ладеле, моите скапувале од работење и плаќале данок на државата, некоја мизерна вредност.
    Ама да не остане оваа борба само на локацијата Перо Наков, еве почна од таму, па нека заврши со сите по ред. Јавна тајна е каде се постои криминал, не сме глупи. Кога сите тие ќе бидат зад рештки ќе речам "Браво Грујо, ова е борба против криминал"....а сега засега ова е само борба против неистомисленици
     
    На najubava2010, OzzyAngel, Mermaid и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Margaux

    Margaux Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    34
    Алис и Скорпионка потполно се согласувам со вас! И не само медиумите од Перо Наков, туку и сите останати што затајуваат или не плаќаат данок заслужуваат катанец на врата.
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218

    Очигледно едностраноста ви е во крвта на вас што ја обожавате оваа нацистичка влада па да ти дообјаснам за да не си во заблуда се надевам ќе ме сфатиш:
    Најди ми го делот каде што негирам дека наводно нема долг? Зашто сте такви Бог да чува знаете што мислиме а она што е напишано не знаете да го прочитате и сфатите! Затоа лопатарот ве мафтосува како што сака оти сте еднострани и како коњите само напред гледате и многу е лесно таква маса да манипулираш и ете ќе изнапишите глупости како ти во случајов- Дека истите сме против Скоје 2014 а не признаваме данок! А извини ти сметководител во Сител и Канал 5 па шо знаеш дека тие плаќаат данок? Не драга очигледно е дека не плаќаат затоа што главен уредник на нивната информативна програма е ВМРО- ДПМНЕ, се дадоа кутирте за да не ги снајде ова знаеш како викаат или си со нас или против нас...така ти владее почитуваното ВМРО со закани и раздор.
    Ако мене ме прашаш Велија може да скапе у затвор не ми е гајле ако правел криминал онда нека биде казнет, ама медиумот да не го чепкаат нели А1 не беше оредмет на истрага зашто не ги исчешлаат и СИтел и Канал % и другите таму што диктираат вести директно од штабот на ДПМНЕ......
    А убаво ви беше кога ги рушевте големите фирми како Фершпед Лотарија на Македонија со помош на Велија и А1 така?! Тогаш ви чинеше Велија го величевте сега реши да му го извади валканиот веш на овчарот на виделина и одма не чини.
    И немој да си смешна ќе си почнела одма да збориш против Сител и компанија ак ои тие не плаќале данок.....ако е така не знам што чекаш касниш затоа што тие оддамна не плаќаат данок.
    И да, зашто не и дозволат на А1, затоа што нели има блокирана сметка и неможе да плаќа а тоа нели е случајно, да си плати како што си побарале по законски пат занчи со закон пропишано на 36 рати? Ќе ми кажеш или за А1 има други закони (очигледно дека е така). Овие знаеш што ти прават те тепаат а не ти даваат да плачеш. Штете ако си интелектуалец да имаш вавки размислувања, стварно штета...мисли со твоја глава и гледај колку нелогични работи збориш почнувајќи од тоа дека ние што сме против Скопје 2014 негираме дека А1 нема платено! Ненормална логика имате.....ауууф
    ( Ништо лично џст реплика) ;)
     
    На professoressa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.926
    Нека згаснат, ама да биде се регуларно и да не застане се тука, па не се тие единствените што не плаќале данок. Само што се додека е Груевски на власт на Сител и Канал5 никој не им може ништо. Секој треба да си го плати долгот.
    само не ми е јасно како тој долг се менуваше од ден во ден
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.577
    Знаеш колкав ли е бројот на фирми кои селективно плаќаат данок, а голем дел од приходот не се пријавува токму од тие причини прикривање на данок па цутење на сивата економија, колку побарувања секоја година се отпишуваат поради неможност за наплата или застарување на побарувањето или па колку вработени се воопшто неосигурени или осигурени на скратено работно време, а работат над 60 саати неделно - огромен број и ова не е нешто што е непознато на УЈП и цел механизам на пазарни, финансиски или трудови и какви ли не тракатанци од инспекторати ни сега во времето на Грујо, ни па било непознато во времето на Бране - ова ти е една јавна тајна во стопанството мизерно на државичкава и ако веќе толку било кому му дошло до праведност зошто не се прочешла темелно работењето на сите фирми и не се доделат правични казни? Бидејќи на овој начин фирма не ќе остане, а имај ти финансиски средства да отвориш фирма и ќе си работиш под сите горенаведени услови и ич мува не ќе те лази, ама не важи само ако си контра насочен медиум кон власта.Толку ли е било кој убеден во чесноста и макотрпниот начин на стекнување на се‘ на Ѕинго или ред други јеа рајт- поентата е ако веќе се залагаме за правда и праведност нека не е барем селективна, а јас лично не ги читам наброените медиуми во моментов ни па сега ќе глумам тага врз судбината на оние кои ќе останат без работа поради ова бидејќи нема реципроцитет кој од нив се грижи за мене - никој, ама немам чувство дека со овој чекор правдата е задоволена кога сите ќе бидат подеднакво прочешлани молам тогаш веќе ќе сметам дека постои принцип на еднаков третман кон сите и тоа ќе е за почит, ама гес вот тоа не ќе се случи од разбирливи причини.
     
    На LivingGlam и zhap4e им се допаѓа ова.
  11. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.097
    Теодора-Неосигурани работници, плата во плико, прикривање промет и сл. беше нешто најнормално во времето на сдсм. Постои и сега, нормално секогаш ќе има некој кој ќе забушава, но за разлика од тогаш немој да ми кажеш дека во таа насока не се подобрени работите во голема мера...Барем во мојот град каде што за шивачките, продавачките и сл. поимот осигурување беше фикција, сега ретко постои некој кој не е осигуран...И само заради тоа што некогаш така се терало, еве нека биде и сега, значи дека така и треба да се продолжи?
    Велиш ти смета тоа селективното, и ми велиш дека се затвара а1 само затоа што е контра насочен медиум кон власта...Ти само за а1 знаеш? Над 2000 сметки се блокирани заради неплаќање данок...Или мислиш само на медиуми, ок. како што реков нека најдат криминал и таму и јас ќе напаѓам... Но како што ти сакаш да веруваш дека сите се како а1 и велија (без да знаеш со сигурност), така и јас ќе верувам дека другите си работат како што треба (такоѓе без да знам со сигурност)...
     
  12. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.577
    Шкорпионка, јас сум за тоа да се прочешлаат добро сите без разлика дали станува збор за медиуми или други фирми по било која основа и така ќе знаеме сите точно каква е состојбата и не верувам во ништо а приори ни па дотолку ми дошло до А1 како медиум како што не ми дошло ни до Сител јас одамна не ги следам како сигурен и релевантен извор на информации поради преизразена субјективна насоченост која им замаглува често елементарна перцепција.
    И никаде не реков дека начинот на кој фунционира стопанството ми одговара МЕНЕ лично, туку им одговара на други кои црпат поприличен приход на сметка на таа несреденост на истото, а бидејќи тоа им одговара ним и тие одлучуваат џабе јас и ти да изигруваме виртуелен Калимеро, не ти одам овде контра дека не треба правдата да биде задоволена како што очигледно претпостави туку сметам дека некои виши инстанци секогаш ќе го попречуваат тоа од интерес сопствен, а на штета на обичниот народ. Ништо ново, ни непознато, ни спектакуларно.
     
  13. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.097
    Но проблемот е што јас и ти никогаш нема да знаеме точно...Јас еве сега (да претпоставиме) верувам дека сите се прочешлани и им се нема најдено криминал,(голем во стил на а1) но ти не...Утре ако дојде друг на власт и ја затвори сител можеби јас ќе верувам дека е политички реванш а не криминал за разлика од тебе или некои други, не е битно...И така до бесвест, секој ќе верува онака како што него му одговара или од тоа како ја перцепира власта...
     
    На Mermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.577
    Не го поврзувам јас ова со власт или опозиција во крајна инстанца ни Грујо е крив ако Ѕинго извршил криминал, ни пак Бранко за Велија, иако овие им биле верен медиумски бек ап. И во крајна сметка може да се изврши ревизија од страна на независни ревизори и да се утврди точно работењето за било кој правен субјект, поентата е што не се прави тоа.
     
  15. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    И да згаснат. Не сме им криви ние што не плаќале данок. А не дека немаат пари, или дека сумата е енормна. Намерно се комплицира кон нечии си политички цени. Слободно нека ја угаснат, претераа веќе.
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mermaid

    Mermaid Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    295
    Абе многу се потресов , еве ќе почнам да плачам. Кога можат на пример самохрани мајки впрочем сите останати нормални луѓе да си плаќаат данок можел и дотичниот сопственик на медиумите. Штета за некои новинари , мислам дека има добри али тоа е тоа.
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Разликата помеѓу А1 и Сител и тоа колку Сител стварно немаат криминал, т.е нема досие за нивното перење пари... е во едно, кој, со кого бил во текот на сите овие години независна Македонија.
    А1, вечно биле опозиционери, критичари на власта, макар што баш тој свој критицизам кон власта отсекогаш го употребувал нивниот газда за да добие плус од она што има. Реклами владини да речеме биле сега, во време на Грујо, што не значи и Грујо немал полза од тоа.. „нати го - дај ми го“ политика, која газда Велија ја играше на времето и со претходните влади. Ќе се караме, ама и ќе се сакаме. Токму затоа за А1 е јасен криминалот. И јасен е ко бел ден, бидејќи биле трн во око на сите досегашни влади. Сто пати до сега кажав и во време на Бучковски им се спремаа, имаа досието спремно во фиока, ама никој никогаш не се осуди да превземе било што. И ова е што е откриено, она што не можело многу вешто и умело да се прикрие. Дека цел криминал е само колку споменикот Ацко, ма ич не верувам, ама ич.
    Е сега Сител. Сителашите се вечна позиција. Лижи-власт се. Најголемите, највеликите и најгласните левичари беа, од оние што и во Тито се колнеа и само на југословенска химна стануваа :D, па во време на Љубчо, Латас разбра што значи да се фрцкаш низ градот со џип. Против нив, никој до сега не се кренал, не ги р’чнал, пошто се р’чкаат само оние што се нечиј трн во око. Овие, се разглас на хубоста сторена од страна на секоја досегашна влада во земјата. Е, овој пат покрај Грујо добија повеќе на заби, па се надевам дека при промена некогаш и негде на власта и Сител ќе го протресат вистински.
    А, дотогаш поддршка за секоја акција против перењето пари и ајде веќе нека се прошири и во други сфери.. и останатите магнати телевизиски нека се протресат, што имаат, од каде го имаат и колку им е законски стекнато.
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Teddy008

    Teddy008 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    5
    Абе луѓе дај не се замарајте толку .... Кажете само доколку ја затворат А1, каде кеја гледаме баба Џеврие, Полат- Долина на волците :))))
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Експресно Сител ќе ги превземе, ко што го зедоа гласот на Али Риза и го ставија во некоја од нивните лимонади :D не ми текнува која беше, ама памтиш како беше рекламата, помислија моите дека веќе нема на А1 да ја даваат крај! :D па уште тогаш почнаа да зборат, а еве готово ни ја затворија А1.
     
  20. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Не сум политички определена но премногу политика се вмеша во настанов.
    Кој кого сака нека брани, јас не бранам никој. А1 треба да си го плати долгот за данокот кон државата (оти моите и вашите родители делат од уста што се вика за да платат секакви даноци, додека таквите газди си свиркале) па можат и тие наместо да бараат секакви образложенија да поработат на тоа како ќе најдат пари, но треба и политиката да се тргне од овој случај и надлежните да си ја вржат работата ( а очигледно политиката и власта не се надлежни). И надлежните да ги прочешлаат малце и другиве телевизии, сите по ред, но без политичко мешање, оти не е само долгот на а1. Другите телевизии да не немаат долг? Или тие се приковани кон власта, а другите кои мислат поинаку од власта нека си го имаат стравот в коски. Ако почна од а1 но да не застане тука. Е тогаш ќе имаме успешна држава со успешна законодавна, судска и извршна власт.
     
    На Masnoli01 му/ѝ се допаѓа ова.