Па уствари така и треба. Колку сакав инја така ама nope. Свеж и одморен да си, се има и поголема концетрација. Јас не спиев пред испити и секое полагање како од гроб станата.
Кога бев прва година (лани) умирав секој пат пред да одам да полагам. Плачев, се нервирав, повраќав. Оваа година мува не ме лаза не знам што ми стана, на сите ви го посакувам тоа
Ти дошло преку глава од сѐ. И јас во прва година се стресирав премногу, сеа малку сум поопуштена. А и во однос на учењето, во прва абе по цели денови со книгата во раце, тогаш ко не ме остави дечко ми, никогаш нема Сеа фала богу, сфатив дека истиот ефект се постигнува и со нормално учење, а не и дење и ноќе.
Ја ради усно полагање имам презапишано 2-3 предмета . На еден од тие писмениот дел ми беше положен ама на усно нејќев за жива глава да се појавам. На другите два не ни отидов затоа што знаев дека ме чека усното после вториот колоквиум. И ради тоа многу се зезнав, место да дипломирам летово си го продолжив студирањето за уште една година. Се каам, ама тоа чувство е посилно од мене. Еднаш памтам презентиравме нешто додека се уште се одеше на факултет, и од толку паника и стрес сред презентација скроз изгубив осет за време и простор, не знаев што зборам, не знаев на кој слајд сум буквално ко да се одлепив од земја и ко да лебдам низ просторот. Мозокот празен. А вака не се стресирам (за писмено полагање), не сум човек што учи редовно за полагање, никад не сум учела така секад фаќам недела дена пред полагање и положувам.
Иста бев и јас додека студирав. Откако еднаш во петто одделение ме фати паника на тест и се блокирав, сфатив дека јас не можам да учам и да полагам додека сум напната и вознемирена. Потоа секој тест, усно одговарање, писмен или усен испит сум била максимално опуштена. Завршив прилично тежок факултет каде сите предмети беа условни, задржав просек и земав стипендии и не паднав ниту еден испит. Признавам дека учев прилично редовно и факултетот ми беше приоритет и учев со љубов, НО никогаш не сум се довела во ситуација да не спијам или јадам пред испит и да паѓам у транс а мои колеги кои учеле колку мене или повеќе заглавиле баш ради ваквиот притисок и анксиозноста... но знам дека е тешко иако се обидувале да го решат проблемот. Инаку имав минимална позитивна трема пред полагање и ми се пррвртуваше желудникот кога ќе искочеа резултати
И јас се тресев секогаш пред испит. Посебно првите години од студирањето. Секогаш пиев седатив вечерта пред испит, но никогаш не спиев по цел ноќ учев и така одев. И јас имав повеќе страв од усно, се сеќавам како дланките ми се потеа и срцето ми лупаше пред да влезам кај деканката на усно полагање, ама кога почнав да раскажувам ми поминуваше тремата, и секогаш подобро поминував на усно полагање отколку писмено.
Мене секогаш пред да влезам во анфитеатарот почнуваше да ме стега желудникот, веројатно од стрес. А доста често и добивав нагони за голема нужда, најсериозно.
Ова е too good to be true. Јас комплетна спротивност , последниот ден да има 25ч., 25 ќе учам. Секој пат си викам дека нема да се оптоварувам многу последниот ден и на крај ќе сакам сѐ да прочитам, за секој случај. Во меѓувреме ме пука анксиозност за исходот наредниот ден… Анксиозноста со испити ми е слаба точка во животов, да не ја чачкам, доста е.
Учам и последни 30минути пред да стигнам до факултет за полагање, на факс коа ќе влезам веќе не повторувам само. Во автобус од телефон си читам стално нешто што ми било најтешко да го доповторам.
Јас пак нај chill сум дента пред полагање, си викам, ако на научив до сега, од сега сигурно нема. И повторувам ептен некои детали и ситници, или прашања ако имам разгледувам. Еве денес треба да полагам, не дека ми е сеедно, ама не сум ни во паника, што е до мене - научив, другото на Господ е.
Истиов проблем го имам со синот во моментов. Тој е сеуште основно, осмо одделение е ама веќе години го гледам ова што го опиша како постепено се развива кај него. Перфекционизмот, амбициозноста, натпреварувањето со другите, загриженоста за успехот. Нема подолу од петка добиено. Еднаш доби четворка оваа година, абе неможеше да се помири. Филмот што му кажала наставничката за оценката стопати го преврте, зошто да мисли таа дека не учел сериозно за тестот...а сите наставници имаат убаво мислење за неговото учење, не дека нешто беше за секирација. Доаѓа дома од школо во петок и седнува да учи. Излегува, шета, популарен е ама школото е приоритет. Доведени сме во ситуација да го молиме да не претерува. Го потсетувам да спортува и да вежба. Вчера го натерав со мене филм да седне да гледа, за да престане да повторува ист материјал по 200ти пат и да се опушти. Оди на натпревари, носи секакви дипломи. Англиски на натпревар лани беше прв, искрено учеше ама некако без многу стрес го постигна тоа. И во класот се јаки, компетиција има цело време. Многу е оптеретен уште сега и сега сите дома не оптеретува. Мислам дека истото ова што го опишуваш ќе се случува кога ќе биде во средно и на факултет и искрено ме загрижува. Супер е успехот и постигнувањата ама не би сакала да го плати тоа прескапо. Стресот што го опишуваш е стварно премногу. Значи на редовниот стрес од испит, додај го и озгора и стресот да се биде најдобар. На него се трудам да му објаснам ама уште е мал, се надевам дека подобро ќе ме разбереш зошто си повозрасна. Што и да правиш од техники за релаксација ќе ти биде од корист. Не заборавај меѓу учењето и да излезеш да се видиш со друштвото или да се раздвижиш. Но искрено, што и да правиш од овој тип, се е џабе ако не смениш перцепција и нешто во начинот на кој размислуваш. Не сакам да звучам грубо, со сета почит кон интелктуалниот капацитет и високата мотивација, но јас зад ваквото однесување гледам и можна одредена слабост на личноста. Можеби е емотивна таа слабост, можеби е во самодовербата или чувството на сопствена вредност. Потребата да се докажуваш постојано, да остваруваш успеси, високи оценки, први награди, се обид да им докажеш на другите околу колку вредиш, но во суштина тебе ти треба потврдата. Внатре може да се крие слаба самодоверба или страв од отфрлање од другите. Можеби треба да се созрее само уште малку, додека да се докомплетира сопствениот идентитет, кој баш во периодот на адолесценцијата и пубертетот се гради поинтензивно. Па тогаш кога ќе се добие една постабилна, пореална претстава и идеја за тоа кој/а си ти навистина, за што се си способен/на и кои ти се добрите и лошите страни, ќе имаш и поголема самодоверба. Не дека тогаш нема да се трудиш да остваруваш успеси, туку ќе остваруваш цели без да се стресуваш претерано и неуспехот ќе го доживуваш како нешто што не е толку трагично. Луѓето кои се сигурни во себе и тоа кои се и што се, се прилагодливи на ситуациите и се адаптибилни. Не се ригидни. Перфекционизмот е ригиден. Мора да е најдобро или ништо. Со тоа однесување се лишуваат од еден куп искуства, моменти, лекции, прилики, кои можеле да ги имаат, ама не ги доживуваат. Прифаќањето на грешките, вторите места, неуспешните обиди, промените во животот те прави прилагодлив и пофлексибилен, а со тоа и животот е помалку стресен. Искрено, и јас бев таква иста. Не одев на испит ако не бев спремна. И имав над 9 просек во првата година. Ама некаде попатно на факс научив дека е во ред и да не се сите 9, 10-ки. Сфатив дека нема потреба никому да се докажувам. Едноставно ми се сменија размислувањата. Јас знам дека умеам да научам за 10-ка и можам да научам така ако сакам. Научив од што се треба да се откажам за таа оценка и сфатив дека не вреди. Не е ок да немаш време за себе, за основите свои потреби, или за да се раздвижиш, за да немаш социјален живот и да не се видиш со оние кои ти значат? Ако тогаш не искачаш кога? Кога ќе бидеш утредента рано на работа или кога ќе те чека бебе дома? На 30+ ќе го преживувам она што требало на 15-20 години? Се треба во свое време да се помине и не го заборавај тоа. Завршив со просек, ама искрено успеав да најдам баланс и многу се забавував во тој период.
Веројатно си во право и со секоја наредна година ќе ми е се полесно. Се сложувам со се што напиша и навистина ќе работам на тоа да се смирам и да не се оптеретувам психички премногу.
Јас сум многу опуштена на испити. Одам колку да положам со минимум, пола испити со 6 ги завршив, ретко имам паднато. Учам неколку дена пред полагање, не сум некоја што учи редовно за испити. Не се замарам за факултетот, прва година може малку повеќе бев посветена, но толку, после ми помина желбата. Дипломата е колку да кажам дека ја имам, се е со врски и пари во оваа држава, немам некоја голема мотивација да се трудам, затоа и не сум ни под стрес.
Многу ретко сум имала страв на испит. После видов дека често после испити ми касни менструација, слабеам/ се дебелеам нагло, истоштена сум и сфатив дека има некој шок во организмот што јас не сум го чувствувала или не сум му давала значење. За тие што имате страв пред испит, најдобро е да го споделите со колегите од факултет. Учете заедно, излезете заедно на прошетка, ќе видите дека не се ништо попаметни ни похрабри од вас. А и стравот само може да ви штети. Трик што ми го кажале е и неколку голтки алкохол пред испит, го имам применето пред презентации и помага.