Многу ми олесна што ја видов темава, значи бар не сум единствена. Од секогаш сум се соочувала со стресови пред испити таква сум по природа премногу се замарам ама никогаш како сега. Секогаш учев 5 до 12 и имав резултати. Е сега имам голем проблем што не знам дали станува збор за анксиозност или само преувеличувам јас така си мислам или имам некој друг проблем стварно не ми е јасно. Имам приметено последнава година најчесто еден час пред испит, нешто внатре не ми дава да одам на истиот, како да ме спречува, ме обзема негативност и не одам на испит.. Снемувам воздух, имам тахикардии доаѓам до состојба дека ке умрам ако отидам ... А кога ќе заврши испитната сесија сум по океј, некогаш знам да осетам гушење, недостаток на воздух немир и тахикардија и кога немам стресна ситуација ама деф не како неделата кога спремам испит, денот кога треба да полагам сум ужас.. Најлошо од се е тоа што ништо не знам повеќе ми се брише меморијата кога ќе ми се случи тој стрес .... Корисно решение за ова не знам дали има, јас знам дека ова не е ништо во споредба некои луѓе какви проблеми имаат ама ете. Од јига почна ова не знам како да се справам со истото, пробувам да не мислам ама ме надвладува.
Физички реакција вклучуваат, забразна срцева фрекфенција, потење на дланките, отежнато дишење, гастрични тегоби, намалена концентрација - се ова ми се случуваше, само што за жал во тоа време дури студирав не бев ниту упатена ниту свесна дека станува збор за анксиозност. И после толку години си остави последица врз мојата психа, често сонувам и се будам сред ноќ сонувајќи како никако не можам да положам или не сум го завршила факултетот само за уште еден испит а чувствата ми се навраќаат во сонот и цела таа напнатост, се будам и осеќам огромно олеснување дека било само сон
Помислете што е најлошото што може да се случи. Да паднете на испитот. Реално, тоа не е толку трагично, секогаш има втора, трета итн. шанса да полагате пак. Или да се засрамите пред професорот, да кажете глупост или нешто слично... и тоа да се случи, никој нема да обрне толку внимание на вашиот гаф како самите вие. Ќе памтат некое време, па ќе заборават. Ние самите си придаваме повеќе значење отколку што тоа го прават другите.
Истото .. страв дека нема да завршам. Додека учам немам никаква концентрација мислам како нема да имам време да научам, дека ништо не знам од тоа што учам и ми доаѓаат се потешки чувства што не можам да ги исконтролирам.Највеќе ме плаши што немам концентрација се пробав не ми делува..
Најпрво за ова ќе те цитирам. Немој да ги споредуваш твоите проблеми со проблемите на другите. Психичката состојба и проблемите поврзани со неа не се нешто што може да се мери и да се вреднува според тежината. Треба да се обрне внимание на истите и соодветно да се решат. Сите емоции кои ги опиша се нормални при полагање испит, и јас ги чувствувам. Но, кај тебе се поизразени и те спречуваат да полагаш. Дополнително, кажа дека и без некаков тригер ти се случува истото, дека немаш концентрација и сл. Што значи почнува и во секојдневието да те попречува и тоа е она што ме замисли. Да, чувствата на страв, тахикардиите и сл. се очекувани при стресни ситуации како испит, но не и кога си релаксирана после сесијата. Мој совет ти е да се обратиш кај психолог, мислам дека би ти помогнал разговор со стручно лице. Ќе сфатиш кој е причинителот за таквата состојба. Дали нешто друго прави да се чувствуваш анксиозна кога не полагаш или пак тоа е последица на стресот од испитите. Мора самата да сфатиш дека и да паднеш испит, па и година не е страшно. Ќе дипломираш, не се грижи за тоа до тој степен. Дипломата е само обично парче хартија, доказ дека си завршил факултет и толку. Не вреди за тоа да го изгубиш здравјето.
Моментално по анксиозна не можам да бидам. Последен испит ми е од додипломските студии и таква трема имам шо мислам ќе експлодирам одвнатре. А испитот ми е спреман скоро 2 месеци, учебникот од 500стр ми е свртен десет пати и пак се осеќам како да нема да направам ништо. И пред секој испит ми е вака, мада шо сега посебно пошто ми е последен. Ко да го полагам првиот испит во животот, никако не се навикнав да се опуштам и да сум сигурна во себе.
Сега моментално дека е испитна мислам дека умирам од стравови. Немам баш анксиозност пред колоквиуми зашто тогаш испитите ми се чинат далечни и не се замарам премногу.Ама за време на испитна, со сите услови, со мислење за сите наредни месеци зашто сѐ можно е испреплетено како црева и фаќање услов за четврта ми е многу стресно.Искрено на моменти од што ме фаќа паника не ни можам да учам како што треба зашто апсолутно не можам да се фокусирам правилно поради неизвесноста, не знам дали сум единствена за ова.Ми треба нешто жестоко за смирување дефинитивно. Барем да се наспијам зашто не ни можам асално да спијам. Капак на се ми се некои луѓе(колеги) кога со коментари измеѓу редови ќе ти преречат зашто нешто си оставил за понатаму или не си положил, како да е крај на светот или тррба да им се правдаш. Многу мразам кога веќе сум под стрес и некој уште дава непобарани совети. И така, убава тема за жалење.
За време на испитна сесија, кололвиум целосно си набивам стресови, пред да отидам чуствувам гадење како за повраќање, напнатост и едвај чекам да заврши испитот и да излезам од канцеларија на професор за да ми олесни..
Мислам дека пандемијата си го направи своето. Пред тоа немав никаков проблем. Одев на испити како да се обично предавање. После сите притисоци, неможност за изразување затоа што заборавивме да зборуваме и многу други работи почнаа да влијаат. Не знам што се случи и ама последниве неколку испити бев крш. Поточно, мене ме смирува „ако не знаеш - не е страшно, има друга сесија“ ама сега имав огромен притисок зошто тие испити имав можност да ги полагам само уште по еднаш (ми пропаднаа пријавувања заради физичко/нефизичко присуство) и уште по некои системски закочувања и мислам дека овде ми се направи огромен притисок. Претпоследен пат полагав усно, го знам материјалот ама од панично неспиење, нејадење и кога видов дека не можам да составам ниту една реченица, си зацртав дека до наредна сесија морам да научам повторно вербално да се изразувам. Испробував различни механизми, повторно се опуштав со зборување и мислам дека тоа малку ми помогна иако тремата пак си беше присутна ама барем можев да зборувам.
Истото и јас, + тахикардија, препотување на дланки и стапала, забрзано дишење, грчеви во цревата… типична хиперактивност на симпатикус, за да после тоа кога ќе падни адреналинот да сум како прегазен од воз. Во последно не се стресирам како порано, ама ми се чини животот ми е скратен од стрес пред полагање.
Истите овие работи што ги пишуваат речиси сите низ темата беа (се) и кај мене. Порано пред усен испит имав некоја трема ама повеќе од чекање. Нормална трема која веројатно најголем дел ја имаат. Како што има пишано @Waverly Raven немојте да си правите таков притисок, зошто да се чувствувате така... Па обичен испит е. Има наредна сесија за полагање? Има. Тогаш зошто да си губиш здравје за џабе. А и да нема нареден пат како што беше кај мене, еве јас го преживеав и тоа. Дури ми го оглагаа 6 пати едниот и 3 пати другиот испит. Ама здравје си скратив за тоа време и зошто? На толку работи за стресување, ова треба да биде најниско на скалата.
Таа анксиозност пред испит кај мене беше неволева, не дека сакав јас, ама секако тоа потекнува од индиректни притисоци шо не се едноставни за искоренување. Потребна е огромна психолошка поддршка за сите студенти! Мои колеги побарале помош од тоа советувалиштето за студенти по медицина и за жал веднаш им била препишана терапија со хелекс, без претходно никаков разговор.
Нормално, никој не посакува такво нешто да се случи. И јас не сакав ама кај мене настана заради склоп на околности кои ги пишав, а претходно ги немав. Моја сугестија која доаѓа од сето тоа искуство е да се стави во глава дека има и наредна сесија (што кај мене веќе немаше) и дека не е страшно (кај мене беше бидејќи бев пред откажување од факултет ако не го положев тој испит тогаш, а бев до самиот крај и заради овие работи си направив проблем што порано го немав до таа мера). Затоа секогаш мислете си во себе дека „учев, знам дека го знам материјалот, а и да не знам нешто и паднам на испит - секогаш има нареден пат и тој нареден пат ќе биде подобро“. А ова со хелексите...не знам. Изгледа најлесно „решение“ им е без да се обидат да дадат совет.
Како се справувате со тремата? Паниката? (Кај мене предизвикува потење, некогаш пребрзо зборувам само да завршам, превртување во стомак, лошење или чуство на лошење кое најмногу ми пречи) Јас ја имам пред секој јавен говор кога почнав да го надминувам почна вирусот, ги немаше тие работи и сега кога повторно се вратија јас сум катастрофа. Толку треми и паника не сум чуствувала до сега. Пред секој испит и пред секој јавен говор. Имате ли некој трик со кој ја надминувате оваа трема?
Дечки како до поголема концентрација? Некако немам концентрација за учење, освен Б6 што друго можи да ја зголеми концентрацијата?