Зголемување на цените на основните прехранбени производи, гориво и слично

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Luciferka, 21 јули 2022.

  1. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.931
    Пол:
    Женски
    И артикли на ДМ пред еден месец покачија цена. Намазите нивни пример беа 99 сега се 120. Чоколадата беа 95 сега се над 100 (105 или 109 така нешто). Тоа е што сум заприметила последно што купував, сигурно има уште.
     
    На cresa-jagoda и Ketchup им се допаѓа ова.
  2. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.842
    Допаѓања:
    17.730
    Пол:
    Женски
    Не е се до газдите на маркетите. Кај нас е многу поголем проблемот.
    И не е само кризата со гориво/струја. Проблемот се влече и со зголемување на минималецот.

    Прво, државата за да даде повеќе пари, значи дека ќе потроши повеќе од буџетот. Пошто буџетот е украден повеќето и имаме не дупка, туку кратер, сега ќе го полни преку ненормални цени на гориво, на струја и наскоро повисоки даноци (сакаат да го зголемат ДДВ од 18% на 20%).

    После и приватњациве сега мора да даваат повеќе пари за плата. Рецимо пекара. Газдата сигурно нема да се откаже од својот профит што го имал. Решение? Зголемени цени на сите производи. Да покрие струја, плата, шо и да е друго.
    Е сега не е само пекарата бизнис. Тоа го прават сите бизниси. Да си го вратат (ако не и да заработат повеќе) пичнаа да креваат цени на сите производи, па и услуги. И ете ти инфлација. Затоа зголемување на минималец само ќе ја продлабочува кризава. Пошто едни ќе качуваат минималец, други ќе качуваат цени.

    За почеток, прогресивен данок и солидно оданочување на празен имот, па ќе видиш како ќе паѓаат цени.

    ЕДИТ: Иначе не допишав главното. :D
    Покачени се на домашните не ради маркетот, ради производителот. Маркетот сигурно си има пак накачено маржа. Ама имаат доста накачено и самите производители. А кај нас за ништо нема никаква конкуренција.
     
    На Ajronmen, Waverly Raven, sweet&girl и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    13.893
    Купуваме помалку сирење, значи само ако начекам до 300 денари килограм. А такво во еден маркет можам случајно да најдам. Ете од тоа се откажавме, тоест намаливме.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    Скроз точно од економски аспект
    Плус ако го додадеме и (не)моралниот каде вештачки се билдаат цените..
    А може ги дигаат цените и пошо не извезуваат воопшто/доволно, па на наш грб профитираат.
    Тиквеш, зеленчук, јаболки пример извезувавме во Русија
    Сеа шипки со расол.
    А увезуваме тон работи, тоа кошта мноогу
     
    На sweet&girl и Ketchup им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.137
    Допаѓања:
    174.880
    Пол:
    Женски
    Истото забележав пошто и јас таму често пазарам. Последново млеко растително 79 го земав, а толку го земаа литар и моите кравјото.
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Така е, до производителите/дистрибутерите е. Секој ден ги гледам цените со кои доставуваат по големиве маркети, секоја недела се сè повисоки. И секако на тие цени, маркетиве додаваат по 2, 5, 10, итн денари.
     
    Последна измена: 24 септември 2022
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sweet&girl

    sweet&girl Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2022
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    214
    Убезените производи се поевтини од нашите овде. Бимилк е едно од најскапите млека овде, има увозни млека многу поевтини. А сточарите се жалат дека откупната цена на млекото е непроменета.
    Не се проблем ни трошоците на производителот, струја, гориво, плати...
    Чиста алчност на дело. Зголемувај цени додека се може, а бидејќи овде никој нема да се побуни, тоа може до бескрај да оде.
    Никој не го мрази македонецот толку многу како македонецот.
     
    На Amelia, shz, Luciferka и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    Ама бимилк го имаат Срби купено, шо се запнавте со Бимилк хахаха.Нормално дека у Србија ќе е поевтино, ако овде се произведува.На свој пазар не ќе го продава поскапо него овде.
    А за другото жива краџа
    Абе треба на протест по цеели денови, нема мрдање или ќе се мењаме.Блокирај цело Скопје, да имаат пари да си купат политичарите, ама да не може до продавница да стигнат.
     
    На Luciferka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sweet&girl

    sweet&girl Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2022
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    214
    Што ако српска компанија е сопственик, раководните лица се македонци.
    Гледам во србија откупна цена на млеко ушто пониска од кај нас. Можеби затоа е поевтино млекото кај нив.
    Ама како и да е српско увезено млеко овде не може да биде поевтино од она произведено овде.
    А бимилк, па затоа што се најголеми овде, кое уште македонско млеко остана на пазарот. Останатите млекари како што гледам повеќе се ориентирани на преработка на млеко.
     
  10. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Јас лично би организирала протести со име и презиме како организатор и со уредна најва за протест во МВР, но знам дека ќе излезат многу малку луѓе но и тие што ќе излезат денес нема да излезат утре по првиот притисок и закани што ќе ги претрпат од страна на МВР за време и после протестот.
     
    На Tanjamm и Feminka22 им се допаѓа ова.
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    Пошо ја ако сум Србинка ќе гледам на домашните ( у Србија да им понудам поевтино)
    И им го нуди као шо сама кажа, за пониска откупна цена.
    Thats the pointtt
    Затоа овде ништо не успева.
    И ја би ишла на протест да има, одма.Ме заболе мене и за ВМРО и за СДСМ и за сите таму колективно.Ама такви ко мене ќе се 1 на 10 таму.
    Коа ќе се откачат од партиските книшки и лижење гз, и ќе искочиме како еден народ на протест, ќе мрднеме од слепа точка.
    А не на секој протест скандали да има.
    Една Шри Ланка е боље од нас бе
     
    На Luciferka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Не само на партиските лижачи туку невиден притисок и тортура се врши врз врз обичниот работник, земјоделец кој нема никакви привилегии од партија.

    На протестот на оризопроизводителите се изврши невиден терор и од протест кој беше најавен да трае со денови заврши со само еден ден а се разбира барањата не се исполнија.
     
    На Tanjamm и Feminka22 им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    13.893
    Колку проблеми има народов, значи ние реално треба секој ден да протестираме. И да, тоа е проблемот, луѓето се врзани со партија, или ги вработиле, или чекаат работа, и ретко кој се осудува да излезе. А и многу од приватните газди се врзани со партија.
     
    На Feminka22 и Luciferka им се допаѓа ова.
  14. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    55.214
    Пол:
    Женски
    И шампоните Балеа во ДМ се поскапени, беа 59 а сега се 65 денари.
    Цениве се пумпаат како за инает само, не е дека нема криза, има. Ама ако ви текнува и во Ковид пандемијата, профитерите ги креваа цените на маските и на средствата за дезинфекција во висина ептен, така и сега, тешко нас.
    Бејкролс во мојот град чинат 35, вас ве читам велите 50 денари се....ова е луда куќа(facepalm) како и да е, полошо доаѓа и многу работи ќе ни станат луксуз за жал....
     
    На cresa-jagoda, Amelia, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Скоро сите се врзани со партија.
    Кај нас се врши невиден притисок и врз социјалните случаи не е поврзан со конкретната тема за протест но сепак.

    На човек извршител му ставил забрана на социјална помош од 1/3 и не се согласувал да престане со незаконското извршување, човекот се обратил во МЦСР за помош, тие му рекле ние ништо не можиме, тој само споменал дека ќе мора да оди по судски пат да си бара поврат на средствата штом ни тие не можат ништо да направат, социјалната работничка му одговорила ако се жалиш ти од извршителот ние ќе ти го скиниме социјалното па ти види дали ќе се жалиш.

    Човекот се обрати кај нас во канцеларија му беше објаснето дека е во право и во постапка пред суд ќе добиеме сигурно но тој за жал се плаши да не ги изгуби и другите 2/3 да не му го скинат социјалното.

    Ова не е држава ова е дупка.
     
    На MeowMeow и Tanjamm им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    13.893
    Треба да креваме телефони за вакви работи, еве јас за институционален проблем и неработење на администрација се јавив и во Влада еднаш. Таму се пожалив. Нормално, нема да се закануваме, туку фино и културно, дипломатски ќе се пожалиме.
     
    На Luciferka и Feminka22 им се допаѓа ова.
  17. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    20.539
    Пол:
    Женски
    Горивото паѓа на светска берза, кај нас поскапува. Светска криза или лакоми македонски гнаси?
     
    На Feminka22, MeowMeow, Srckata28 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    Во право си ама еве, намазите што беа 100 се 130, а путерот од кикирики на Биокосмос што беше 105 денари, сега е 160. Значи нашиве дупло ги накачуваат од странските.
     
    На Maca Macka, Feminka22 и Srckata28 им се допаѓа ова.
  19. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    31.219
    Пол:
    Женски
    Колку се повисоки цените толку и државата лапа поголеми даноци. За да имаат вошките на власт повеќе за крадење и кркање на наша сметка. Видете им само слики од порано и откако се дограбија до фотења, сите се испоздебелија од ждерење на бифтеци и храна каква луѓе со нормални примања не ни виделе. И лебот стана луксуз. Ама ако, нека ќутат сите. За Македонче е нормално изгледа цела плата да ја даде за храна и струја. Со најбедни плати плаќаме највисоки цени за се.
     
    На VDT2906, Dayandnight, Golden и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Наскоро плата нема да стасува ни за сметки, како што е во моментов случајот кај работниците кои што примаат минимална плата.
     
    На H.VAGA, cresa-jagoda, Waverly Raven и 2 други им се допаѓа ова.