1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зголемување на цените на основните прехранбени производи, гориво и слично

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Luciferka, 21 јули 2022.

  1. BrainDamage

    BrainDamage Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2019
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Машки
    За народ што нема национална свест нема потреба леб да јадe:D
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Heinz

    Heinz Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Женски
    Никаков леб нема во продавниците? Ни црн?
     
  3. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    55.214
    Пол:
    Женски
    Денес 40 минути чекав со пензионерите во маркет, кога стигна лебот ќе се испотепаа меѓусебе кој да земе повеќе. Буквално скокнаа во чопор, продавачките викаа гласно да земаат само по два за да има за сите, ама никој не ги слушаше, лудница беше. Застанав настрана и едвај ги зедов последните два, а баш многу лебови донесоа, и тоа од друг град, нив им се исплаќа за 33 денари да носат, а од селово мое не им се исплаќа.
    Ѓубриња профитерски. Пу.
     
    На SummerGirl, Mnik и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.361
    Допаѓања:
    9.322
    Пол:
    Женски
    Во очекување на одмрзнување на цените на краставиците, патлиџаните и пиперките нашите трговци ги повлекоа од рафтовите овие зеленчуци. Влегов во Тинекс вчера, денес во КАМ, иста приказна.
    Ако ги прашаш зошто нема велат се потрошиле, чекаат нова роба.
    Аха да. Друг пат им носат во еден ден, сега еве чекаат цел викенд.:^)

    Пиљарката во зграда нема грав.
    Отворено си кажува дека го тргнала и нема да го продава додека не се одмрзнат цените. По висока цена го набавила, не и се исплатело.

    Срам да им е. Воени профитери.
    Плус што и секој пат за време на пости иста приказна.
     
    На Waverly Raven, Didajo, supergirlmb и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Девојка999

    Девојка999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2018
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    500
    Пол:
    Женски
    Како е по пазариве, Бит пазар и зелено пазарче? Се наоѓа краставица, домат по разумна цена или џабе ќе излегувам утре?
    Тинекс ни краставица, ни домат. Банани која од која позелена.....
     
  6. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.361
    Допаѓања:
    9.322
    Пол:
    Женски
    Денес бев на зелено пазарче:
    краставици-140ден/кг, патлиџан 120-140 ден/кг, јагоди 150 ден/кг, портокали 55 ден/кг, банани 70 ден/кг, марула 30-40 ден/парче, тиквички 150 ден/кг, модар патлиџан 200 ден/кг...
    Зелениот лиснат зеленчук е во изобилие на пазариве, има избор за ефтини пари. Спанаќот е 50 ден/кг, на пример.

    И со коментар дека ако сакаме да јадеме во Април тиквички таа е цената, не било лето...
    Ај да сме живи и здрави ќе видиме колку ќе биде цената на лето...
     
    На Девојка999 и Didajo им се допаѓа ова.
  7. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Конкретно тиквица купив вчера кило за 89 денари во Стокомак. :D
     
  8. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.361
    Допаѓања:
    9.322
    Пол:
    Женски
    И јас приметив дека е таму најефтино, ама се беше распродадено.
    :D
    Си имала среќа да начекаш. Кај мене во населба, се тоа што е ефтино до пладне е распродадено.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.623
    Допаѓања:
    38.120
    Пол:
    Женски
    Ова со цениве не е нормално. Работев во во маркет. Цените ненормално почнаа да растат. И со самото тоа прометот се намалуваше. Муштериите почнаа да купуваат само најосновни производи.