Зголемување на цените на основните прехранбени производи, гориво и слично

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Luciferka, 21 јули 2022.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.735
    Допаѓања:
    129.079
    Пол:
    Женски
    За кого како.За некој/а шишање и фарбање кај фризер/ка се луксуз, па сам/а се шиша и фарба.
     
    На Серотин и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. Osogovski.

    Osogovski. Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2022
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Машки
    Ќе биде допрва шок за брзина.
    Атмосферски висини ќе достигнат цените. Ќе ги бараме и овие цени.
     
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    Јас годишно по 10 пати ја потстрижувам косата. Значи одам секој месец или на месец ипол. Кај фризерката ја фативме таа тема, и кажа дека сум една од ретките муштерики која редовно оди на фризер. Ми вели "кога ќе дојдат со коси кои не се потстрижани една година, па дома се фарбале, па косата се оштетила, поткинала, абе ужас, не можам да ја доведам во ред". Значи има луѓе за кои е луксуз. Инаку, за ресторани ич не ми е мака. Јас не уживам во тоа. Ок ми е да седнам на кафе, колачи, сладолед, сега зачестив на турска баклава, ама да одам на скари, ич не сакам. Прво не јадам толку многу, не уживам во скари, не пијам алкохол, па и повеќе од една безалкохолна не пијам.
     
  4. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.836
    Пол:
    Женски
    Епа тука е маката, што ако се побуниш, уште закана ќе добиеш дека и тој леб што го заработуваш ќе ти се скрати, во град каде нема избор за работа што можеш да правиш? И да тие што јадат и пијат на сметка на родител кој не може да однесе дете ни до Охрид нека им служи на чест, ама тие многу добро знаат со колку плашлив народ си имаат работа и затоа не доведуваат до тоа. Да се организира протест против тоа, никој нема да излезе, може 100 души. Барем јас така мислам
     
    На jacqueline.s, MeowMeow и Tanjamm им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    Тој е капацитетот на економијата. Во 5 до 12 не се поправа ништо. Требало со децении да планираат како ќе се развиваме како држава.
     
  6. Osogovski.

    Osogovski. Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2022
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Машки
    Ова јас го напишав или имам ист ум со тебе? Хаха
    И јас истото го велам.
    Само да си кажам дека затоа што бев гласен на оваа тема, бидејки го будев заспаниот народ во фирмата порано кај шо работев, добив отказ.

    Одење во ресторан, слаткара, кафич не е луксуз. Одење на одмор не е луксуз. Јас на одмор немам идено 15 години. Да точно 15 години. Бидејки неможам да си дозволам. Еве и оваа година си велев ќе појдам но нема да појдам. Бидејки ако отидам, ќе ми кркорат цревата. А и не сум при пари, имам уште колку да купам нешто за јадење.

    Народот се научил "ќути има и полошо"
    Мене не ми е јасно што може да има полошо од ова?
    Искрено душа ме боли оти незнам како изгледа еден одмор. Сите се враќаат и раскажуваат а јас како и секоја година "не сум бил годинава на одмор". Неможам од куќа да излезам и многу ми е тешко што цели 15 години немам видено плажа, езеро или пак море да не зборуваме. Не смеам да испаднам оти секој денар ми е ко златник. А многу сакам да излезам и да ги почастам блиските па и самиот себе, да се напијам едно кафе или едно ладно пиво. Сакам ама неможам.
    На овој народ му треба водич со камшик во раката!
     
    На Серотин, azelea, IRBBB и 7 други им се допаѓа ова.
  7. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    20.538
    Пол:
    Женски
    Жал ми е ова што го читам и сочувствувам. Секој треба да може да се напие едно кафе во кафич, или да искуси море БАРЕМ еднаш на две три години. Треба да имаат луѓето пари за на фризер, за на козметичар, за на бербер, за во теретана, секој според потребите и желбите, затоа што така би имало обрт на парите и поздрава економија. А не тоа да се смета за луксуз, па ајде фризерите нека затворат нека умираат за леб и тие. Ама било криза... не е ова од сега, сега само ќе биде бетер. Ако имаше државата здраво земјоделие, да си имавме пченица, да си користевме наша струја место да ја продаваме нашата пошто зашто и да купуваме за нас изгор скапа од странство, немаше до ова да дојде... па на павлаката да се радуваме... Ама немало за леб да умреме, среќа невидена, ама ќе мрзниме зимава во една соба под ќебиња, и нема да се луксузираме да седнеме на едно кафе или на една пица. Голема среќа што да речам.
     
    На Bella •••, IRBBB, Ева33 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    За жал во кризи, секогаш најранливите категории уште повеќе страдаат.
    Јас одамна не очекувам подобрување на нештата кај нас, баш напротив. Да ти кажам дека и во партија да одиш ќе ти биде подобро ќе те излажам. И тие најактивните што ги знам почнаа да се иселуваат, имајќи државни работи а благодарение на нив сме на ова дереџе, да не може никој со едни прости сељаци да се справи. Едноставно стандардот не постои, ниту пак средна класа веќе. А каква и мерка да стават сега е џабе бидејќи на тоа се работи однапред а не кога ќе ти дојде јајцето на газот.
    Секој ден сѐ повеќе блиски се селат, не само млади туку и цели фамилии, така и нас ова нѝ е план. Доколку имаш некој занает, ич да не се мислиш за надвор.
    Поздрав
    Не ми ги извртувај зборовите, темава е за зголемувањето на цените, односно инфлацијата која се чекаше како последица уште од првиот карантин пред повеќе од две години, и тоа секаде, а не за општата несостојба што владее овде, има други теми колку што знам. Сѐ си испомешала.
    Никаде не пишав дека павлаката или одење на фризер е луксуз, ако не читаш со разбирање, ти имаш проблем, реши си го.
     
    На azelea, Tanjamm и Osogovski. им се допаѓа ова.
  9. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    20.538
    Пол:
    Женски
    Не ги извртувам твоите зборови. Зборувам дека е така општо. Општо не убедуваат дека луксуз се нормални работи, а не се.
     
  10. Osogovski.

    Osogovski. Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2022
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Машки
    Тажно е и кога мало дете сака проста играчка од тезга, па мајката му вели "ајде друг пат сега мама нема пари".
    Често го слушам тоа низ пазар.
    За павлаката остајте, туку да бидеме среќни и задоволни ако ни остануваат пари за дијазепам и лекарства.
     
    На Cosmic Girl и MeowMeow им се допаѓа ова.
  11. Osogovski.

    Osogovski. Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2022
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Машки
    Јас мислам дека Македонија требаше да си застане на страна со земјите од БРИКС. НАТО не ни треба бидејки мала е веројатноста дека некоја држава би не нападнала, а и ако не нападне тоа би било некој од соседите:)
    БРИКС земјите имаат многу повеќе население отколку ЕУ и НАТО.
    Погледнете на Србија само. Еве сега ќе извезуваат земјоделски производи и во Саудиска Арабија. А сите знаеме дека арапите во пустината немаат домат и пипер и плаќаат дебело.
    Е наште нека си го фрлаат производството сега по патиштата, за извоз во ЕУ им бараат прави плодови и со иста големина и по далеку поевтини цени.
    Пак верувајте на системот ако сте задоволни. Ем без држава ем продлабочена сиромаштија.
    СДСМ и ДПМНЕ се чумата во Македонија. Од нив патиме сите.
    П. С утрово купив баничка од млечен ресторан, 40 денари а еден залак еј!?
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Не се согласувам, народот е истиот, политичарите се истите. Ниту БРИКС, ниту Нато, ниту ЕУ нема да ни ги завршат процесите и потребните реформи за нас. А доколку бевме во БРИКС, ќе беше само многу полошо за нас, за политичарите пак исто би било.

    И реални да бидеме, со комшии кои сите имаат територијални претензии, дури и малцинства кои ни се овде, со Нато се завршени тие влажни соништа на националистите од сите страни, само можат неписмен народ да го подигаат, ништо друго.
     
    На Ahoy, daylight и Tanjamm им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    Што се однесува до одморот, потребен е. Едноставно да излезеш од дома, од местото на живеење, да смениш средина, да видиш нешто ново. Апсолутно одморот полни батерии. Јас и на викенд да отидам некаде, се чувствувам како преродена, имам повеќе енергија од понеделник. Сите не погодува скапотијата. Многу од производите кои ги купувам, кое за 50, 60 па и повеќе денари поскапело. Покачувањето на плати со овие цени ти е исто како да не се ни случило.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ButterflyQueen

    ButterflyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2021
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Припремете се на астрономска КРАЖБА, што се однесува за новите сметки за Струја. Додадена е скришно ставка "НАДОМЕСТ ЗА ПРЕНОС И ДИСТРИБУЦИЈА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА" со која додатно се наплаќа 3.37ден на секој потрошен киловат час. Пример летна сметка од 2600ден пред данок, со потрошени околу 500 киловати, ќе се додаде плус 3.37ден за секој киловат безразлика дали е скапа или евтина тарифа, што значи плус 1700ден на тие 2600ден, или 4300ден ПРЕД ДАНОК. Со данок, близу 5000ден летна сметка. Зимоска се спрема рекет од невидени размери.
    Ако не се организираме колективно ко албанците, воопшто да не им го плаќаме рекетов, не ни се пишува добро.

    upload_2022-7-28_14-11-45.png

    Линк
     
  15. Osogovski.

    Osogovski. Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2022
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Машки
    Да се направи нешто мора.
    Мора гласно да го повикаме народот, мора да се сруши оваа власт, има млади што заслужуваат шанса!
    Каде, како?
     
  16. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Кои се тие млади?
     
  17. Osogovski.

    Osogovski. Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2022
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Машки
    Мислам на тие што едно време имаа идеи за подобра Македонија. Се трудеа да добијат доверба и да создадат политички партии. Сепак беа задушени од сопствениот народ кој се ослепени од дпмне и сдсм.
    Проблемот е што дел од нив видоа-невидоа заминаа во странство а останатите овде работат во приватно.
    Треба да се поттикнат тие луѓе да размислуваат пак а ние да ја дадеме нашата поддршка на нив.
    Дпмне и сдсм се здосадени приказни овде кај нас.
    Имаме ли слушнато нешто друго од овие две партии освен еу и нато? Не. Се додека се носи неудобна обувка, стапалото ќе страда!
     
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.563
    Пол:
    Женски
    Не е баш така

    Еве ја најновата сметка, со стара цена до 30.06 и нова цена и нова пресметка од 01.07

    Стара цена за скапа струја била 7,3200
    стара цена за евтина струја била 3,6700

    Е сега има распределување на две ставки
    -Потрошена електрична енергија
    Цена на скапа струја 4,3484
    Цена на евтина струја 0,6193

    -Пренос и дистрибуција на електрична енергија
    Цена за скапа струја 3,3742
    Цена за евтина струја 3,3742

    И кога ќе собереме
    За скапа струја: 4,3484+3,3742=7,7226

    За евтина струја: 0,6193+3,3742=3,9935

    Разлика меѓу стара и нова цена:
    Скапа струја: 7,7226-7,3200=0,4026
    Евтина струја: 3,9935-3,6700=0,3235

    Screenshot_20220729-180509_Drive.jpg

    А таа слика што ја приложил новинарот нормално дека ќе има разлика во цените кога има различни блок тарифи во една сметка поради потрошена поголема количина струја. Ама за тоа не е виновна новата ставка за пренос и дистрибуција. Нека не се шири лажна паника од новинарите.
     
    На sweet&girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.563
    Пол:
    Женски
    Не се нормални лебот надмина 50 денари (facepalm) :@
    Од денес нови цени :x

    Пример: Полубел сечен на Жито Лукс беше 46, денес 51 8-|
     
    На Tanjamm, Osogovski. и Waverly Raven им се допаѓа ова.
  20. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.561
    Допаѓања:
    13.604
    Пол:
    Машки
    За жал и уште ќе расти цената, нема пченица доволно, а зима доаѓа. :worried:
     
    На Osogovski. и cresa-jagoda им се допаѓа ова.