Како што гледате према насловот ми текна да отвориме тема за здрави и протеински десертчиња без додатоци од шеќер! Јас многу ги обожавам! Ем да се засладиме, ем да ги јадеме без грижа на совест ,воедно доколку е протеинско за тие што вежбаат ќе е голем плус! Не сретнав досега ваква тема но доколку е дупла темата слободно канта! Без разлика дали рецептот би бил со веј протеин или со домашни протеини дури и без протеини нема врска, може секакви рецепти да пишуваме битно да е здрав десерт без додатоци од шеќер! Мислам дека ќе е многу од помош и за тие кои се на диета. Темата ќе служи како рецептче уз пат! Пример денес одлучуваш да јадеш нешто хелти благо протеинско, готвиш,сликаш, јадеш и објавуваш тука рецепт! Еве јас прва ќе почнам денес си направив протеинска чоко - банана топла овесна каша! - нискомаслено или растително млеко (додека не добиете средна густина од прилика една шоља) - половина банана -овес една средна големина шоља - сируп од урми/ мед / некој друг засладувач без шеќер да е 1 мало лажиче - путер од кикирики 1 лажица - цимет мало лажиче - 30гр чоколаден протеин / една лажица какао (доколку несакате да е протеинска) И за декор коцки црно чоколадо (Јас ставив дорина темно чоколадо без шеќер со стевија) На тивок оган ги варите сите состојки освен протеинот додека не добиете растопена смеса па на крај го додавате протеинот и коцките чоколадо за декор и уживате во топлата растопена крем банана погодна за зимски и ладни денови имам уште многу рецепти како ќе готвам ќе ви објавувам!
Мислам дека веќе има ваква тема. https://forum.femina.mk/threads/Протеински-рецепти.32612/ Иначе темиве за здрава (ис) храна/храна за вежбање треба или да се пинуваат некаде поорганизирано, или посебна во под/категорија да идат, вака се раштракани низ категориите не можеш крај да им најдеш, а и уопште да ги најдеш.
Сирупот од урми и медот содржат шеќери. 100 грама мед содржи 80 грама шеќер. Кафена лажичка шеќер = 4,5 грама шеќер = 4,5 грама шеќери = 17 калории. Кафена лажичка мед = 20 грама мед = 17 грама шеќери = 60 калории. Ако имате дијабетес или сакате да намалите тежина внимавајте на ваквите "скриени" нутриенти. И сирупот и медот и шеќерот по конзумацијата имаат исто влијание на нивото на шеќери во крвта.
И јас зборев за мед и сируп од урми каде што нема додаден шеќер. Сподели ја ако сакаш декларацијата позади, што содржи. Инаку да, медот, сирупот од урми, јавор и тн. се подобра варијанта во поглед на тоа што, за разлика од рафиниран шеќер, содржат калциум, натриум, магнезиум (мед и јаворов), антиоксиданси. Но, сепак тие се шеќери сами по себе. Ако целта е контрола на калорискиот внес и контрола на нивото на шеќерот во крвта, треба многу да се внимава. Па дури и повеќе отколку со обичниот шеќер (како во примерот со кафената лажичка).
Десертот само по себе не изгледа лошо, во зависност од која ти е фитнес целта. Има доста шеќери во него од мед до банана до чоколадо што ќе ти кренат инсулинот до плафон па после 2 3 саати сме гладни пак. Лично според мене подобро е да каснеш само банана, урма , или па ред чоколадо. Овие денес сите што ги прават од Acai Bowl до сите тие така здрави десерти луѓето не обрнуваат внимание дека се калориска бомба, односно дека со сето тоа можеш да внесеш 600 и повеќе калории а да не си свесна. Шеќерот го има во се денес, ама лично според мене не би ти препорачувала да мешаш толку шеќери на едно место. Сепак ти си го знаеш телото најдобро, доколку имаш солидна физичка активност во текот на денот верувам дека ќе си во калориски дефицит. Ако си имаш направено еден вид на meal prep за текот на неделата тоа е уште подобро, сепак јас само одстрана можам да ти кажам ти си го знаеш телото најдобро. Супер тема иначе
Јас досега немам ништо правено со бисквити. Чизкејк имам правено но со мелен овес на дното. Имало бисквити без шеќер но незнам каде да ги најдам и кои се тие. Ако знае некој нека сподели тука.
Јас единствено од протеински десерти што јадам се грчки јогурт + лажица Whey protein + некое шумско замрзнато овошје внатре. Понекогаш овесна каша со една лажица Whey protein, ама поретко. Во последно време многу слабо поднесувам благо па просто ги јадам без додатоци, а маж ми и мармалад тура во нив.
- Оризови галети со путер од кикирики и банана - Урми полнети со путер од кикирики и одозгора топено црно чоколадо - банана/јаболка, кое и да е овошје со црно топено чоколадо - грчки јогурт со лажица какао и мед/агаве/сируп од урми - овесни каши вака мнооогу рецепти имам, сникерс овесна, твикс, чоколадна, милки веј итн... И да, сите се калорични бомби иако се нели поздрави отколку да отепаш цела милка Мене овие ми се обично доручек ако сум пред циклус посебно
Фала ти утре ќе правам чизкејк бидејќи денес немав време а одамна го мислам. Чизкејк стварно не е чизкејк доколку нема бисквитче
Доцна ми е за редактирање, на инста кај ДраганаФитЛајф има исто доста рецепти за десерти вакви, не се нешто сложени
Бисквит ти е во суштина јајце, путер, брашно и шеќер. Евентуално малку млеко/течност. Значи по тоа може да се водиш и алтернативни за твои кекси да си направиш. Малку путер, таан, овес, интегрално брашно, урми, две три лажички било кое млеко. Овес, путер, интегрално брашно, јајце, јатки мелени/сецкани. Рендано јаболко, цимет, суво грозје, брашно интегрално, овес, ванила, какао. Смесата треба да е како на потврдо тесто. Парчиња големина на орев. Се прават сплескани во вид на кекс. Се печат 10 мин на 180..или како ви пече релна. Точен рецепт немам се ми е импровизација и на осет. Ни еднаш не ми излегле исти .