Не. Кај нас е традиција, дел од културата, општествените норми се такви. Услугичка, кафенце, ручече, другар ми е, роднина ми е, чоек од партија е...
Eгзекли. А за мојава платичка, мозок не умарам да оправам систем, кога тој што треба да го оправи зема 10 пати повеќе од мене и си ги лади. Моето ќе си го сработам, ама да оправам... јок А колку сум била теле, на почеток стварно се трудев да сменам нешто. Сега... повеќе себе се ценам, не се трошам за џабе.
Еве @Biljarkata Глеаш? Оштествени норми. Од сите еднакво прифатени Тие горе се излезени од овие доле.. не пораснаа на дрво.
Како не бе, сигурно Еве јас злоупотребувам што знам кога пуштаат МТ па фаќам, не пикам без упат преку ред. Ама дека мајка ми ќе ја остаам да чека кај матичен, лути си се слободно ти, ни ти нема родена мајка да одбиеш.
Оти многу тоа е многу основана причина. Нат. И затоа денес имаме вакво здравство. Одиш во болница и по пат бараш контакти за да барем малку од малку се осигураш дека ќе те прегледа некој компетентен, со правилно развиена општествана одговорсност и свест. Последново по можност, оти ако е маст хев мислам дека треба сам пациентот да се саоѓа.
Не да се грижиш за некого помалку, туку на пример да не оставиш некој да чека со месеци.Семејство најчесто. И ова е веќе друга тема...
Нема што на тебе да се остави дали ќе ја протнеш мајка ти преку ред или не. Треба да те наклеветат сестри кај кои си пробала да ја протнеш, докторот ако има увид, пациенти што биле сведоци...ако кажам една случка на која бев сведок овде како углед се сруши на позната личност за вакви работи, нема да ми верувате. И после зошто е државата таква каква што е. Очигледно е.
Зашто ми е мило да си дојдам дома смирена, да направам ручече, да си каснеме со саканиот, да си ги изгушкам мачките и да се прошетам некаде, можеби филм да гледам, а не нервозата од работа и приватниот живот да ми го ебе. А ми го ебаваше порано, затоа ставив точка. Мојот приватен живот не смеам да дозволам да трпи ради работата, и нема да дозволам да трпи. Мрзи колеги и тотално неспособни имам, тие верувај мене повеќе ми сметаат него тебе, ама јас не можам да го сменам цел систем и нема, можам себе да се менувам и да постапувам со пациентите како што мислам дека исправно. Ама никому, никому нема да дозволам да ме малтретира, твоите соушл џастис нервози нема да ти дозволам на мене да ги истураш. Како што нема да дозволам на ни еден доктор да ми се издерава, нема ни тебе. Оти се сакам себе и ќе се штитам себе. Толку е просто.
Тоа е маката... што не можат ни да концепираат дека може нешто да функционира поинаку. Тоа што ти имаш да кажиш е дел од научна фантастика, недостижно е во нивните умови. Од 'некој горе' зависи тоа... не од нив. Од директор, газда, пратеник, доктор, Господ... од сите и се', само од нив не.
Недостижно за нашите умови велиш, о ти, единствено умствено развиена личност на поднебјево Знаеме, знаеме, ама не сме интернет борци, срањцето реално го доживуваме, не виртуелно. Нема што мајка ми да ја жртвувам за некакви идеали, ама не оти умО ми е туп златна, него оти немам време да се замарам со соушл џастис. Ај сега да си прилегнам, после ќе продолжиме. Чус
Овие селф хелп мотивациски фрази не се во склоп со темата. Ти си нашла начин да се претопиш во толпата затоа што промените стрес ти предизвикуваат, што е сосем во ред за тебе и твоето ментално здравје, ама ние тука за друго збориме, за поширока слика, и твојот мир со дечко ти и мачките дома многу многу не не' занима. Не си едина, впрочем најголем број се како тебе затоа и е така како што е. Тука спаѓаме и ние што си заминавме пошто немавме нерви да оправаме држава туку полесно беше да си дојдеме на готово.
И за тебе чус Бригито Не знаев дека треба тебе да те занима, ќе прашав да знаев. Ај стварно, ми предат пуфките на уво.
Да... 'теоретски'... 20 години активистичка работа се 'теоретски'. Јас кога протестирав и организирав, вие под маса кошарка игравте
Како поинаку да биде кога премиерот од нива го црпнале Има едно нешто, се викало его. Немој да ги лажеш дека е толку лесно во систем на готово, да бидеш еднаков, да чекаш ред според бројче, и ти фина госпоѓа со диплома и истакнат сопруг, заедно со некоја продавачка у супермаркет...и таа да влезе пред тебе, пошто пред тебе дошла и едно бројче понапред добила Не е тоа прифатливо за секого, после од его може да не заспиеш навечер
Јас ќе ти се приклучам кај да е. Најискрено ова. И јас сум пробувала овде најкултурно и најпрофесионално да си ја работам работата, ај што е никаква платата, колку мобинг и стрес имам преживеано е сосема друга тема. Имам зборено дека во Март добив отказ заради тоа што газдата кај мене на работа не веруваше во корона, вируФче било, си правеше пресмешки, никако не не заштити, купи едвај маски кога се разбра дека ќе се казнува ако не носиме во затворен простор. Ако ме фатело корона дома да сум седела, да не сум кажувала пошто ќе му затвореле фирма. Е да ама јас немам фамилија за гледање, сама себе се издржувам, плус сепак се осврнав на родителите за да ми помогнат 3 месеци финансиски крај со крај да скрпам. Го отерав у пичку матер. И сеа да зависат деца од мене, да трпам таков мобинг, таква тортура, никако да не сум заштитена, да не отидам на друго место со повисока плата пошто им смета на луѓе што не допринесуваат никако во финансискиот синџир туку кажуваат како требало да биде. Да и јас како студент бев едно гласно, филозофски настроено човече што беше спремна за гуша да се фати со сите. После откако се вработив и сфатив дека сама треба да си платам кирија, струја, вода а воедно и храна да си купам сфатив дека не е се црно или бело, туку дека морам да ја најдам таа сива зона која толку ја мразев и да се адаптирам кон истата. А и искрено друг човек си ако имаш добар квалитет на живот. Едно е да не ме боли главата како ќе преживеам до крај на месец и да можам да се концентрирам на работата, да ме чеша само професионалното, друго е јадовите од приватниот живот кои директно се последица од истата работа да ги проектирам таму и да не успевам ниту квалитетно да работам, ниту пак да се унапредувам. Крај краева да не забегувам со муабетов многу, навистина сметам дека треба храброст за да заминеш од тука. И ич не мислам дека е полесно да почнеш негде од 0. Не знам во која конотација ти беше муабетов оти во нерв ме погоди темава и веќе не резонирам правилно, ама јас секогаш се восхитувам на човек кој излегол од живава кал наречена северна и си овозможил пристоен и убав живот.