Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Здравствениот систем за време на пандемија

Дискусија во 'Коронавирус' започната од VDT2906, 29 септември 2020.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.835
    Допаѓања:
    267.027
    Баш.
    Овде... или ќе научиш да пливаш, или ќе се удавиш. Освен ако немаш некој од страна гума да ти фрли за спасување.

    Сивата зона е тоа што не' држи во живот.
    Сега ми е смешка колку бев бунтовна и правична порано.
     
    На IRBBB, candy.cane, KateKane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Гледаш како нефункционален систем ги менува луѓето на полошо? Те убедува дека ти си будала што си била правична и културна и фер и дека за да си поминеш поубаво или полесно треба да си покварен или игнорантен. Боже сачувај бунтовен. А без бунт нема промени на подобро, затоа и се стои во место.
     
    На BloodElf, WildMk, shz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.835
    Допаѓања:
    267.027
    Не мислам дека сум будала, ни слепа, ни глува, само одбрав да се однесувам јас лично како што сметам дека е исправно, но престанав да се трудам да ги оправам другите.

    Не почнав како светле цацка мацка да се понашам, него престанав да се занимавам со нив.

    И не, не можете ни ти, ни Вајлд, ни некој од страна да го "оправите" се' тоа, а најмалку е во ред да се гнаси, гниди, мрши итн. сестри кои најверојатно им скурчило да гледаат страшен непотизам.

    Што мислеа, дека нема болни да има, хехехенце |(

    Тие муабети нит се конструктивни, нит врска имаат со реалниот проблем.

    Ама види, мрши, вакви-онакви... не молат за работа. Наоѓаат такви никакви, подобра.
    Па место да ги вреѓаме, де да видиме како да ги задржиме и мотивираме.

    Оти наскоро, ни лоша сестра нема да остане, а за добра, ич муабет да не правиме.
     
    На fana, PaLaVa и Annath им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Што ми мешаш во муабетот мрши, гнаси и слично кога такво нешто ниту сум рекла ниту на тоа мислев кога коментирав, за тоа расправај си се со Вајлд или која и да рекла.
    Мојот коментар е јасно за што беше, а ти не можеш да ме убедиш дека ти сама си одлучила да се понашаш онака како што ти мислиш дека е исправно, а тоа да ти е -игнорирање? Не, си знаела од старт како треба, знаат и малите деца пошто ги учиме како треба, ама после се дешаваат работи и луѓето само се прилагодуваат за да опстанат.
     
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.930
    Допаѓања:
    26.166
    И уште сестри и доктори ќе си одат од Инфективна. И причината за тоа не е затоа што не сакат да си го загрозат здравјето, тие сестри и доктори работат со инфективни болести (сите заразни, многу од нив опасни по живот) повеќе од 20 години. Не се исплашени од корона воопшто. Системот што не вреднува квалитет туку кој кого знае и кој на кого шефува и КАКО шефува е крив.
     
    Последна измена: 2 октомври 2020
    На fana, Angie1432, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.913
    Допаѓања:
    179.206
    Па еве за тоа дискутираме. Кој го прави тој систем? Или како се менува тој систем? И ако не се менува, а прочитавме дека неменлив бил, што да правиме?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.930
    Допаѓања:
    26.166
    Не знам. Сите ние го правиме таков системот? Сите што им се тресеме на луѓе што 'имаат грб', а не на тие што вредат? Сите што дозволуваме тие на позиција да се иживуваат? Сите што кога ќе се закашламе вртиме телефон на познат, и го скокаме редот? Сите што ме прашуваат зошто не кажувам каде работам за да завршам нешто побрзо, туку чекам ред секаде? Зошо е пракса да го скокаш редот?
    Не знам.
     
    На fana, PaLaVa, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.835
    Допаѓања:
    267.027
    Не разбирам?

    Јас себе не се сменив на полошо, во смисла дека сум станала деген па 6 саати кафе пијам, или господов комплекс имам, или мито зимам. Јас сум мислам горе-доле истата, а "пресвртот" да ставам крај на моето замарање и ментално исцрпување и заложување на приватен живот за недостижни цели, беше предизвикан од конкретен настан.

    Така што, не би рекла дека мислењето ми е сменето и сум прифатила дека е во ред, сум прифатила само дека колку што не се во ред многу работи во системот, толку не е во ред ни себе да се жртвувам.

    Е сега, тоа можеби ме прави посебична, не викам не, ама не и игнорантна за случувањата.
     
    На fana и Angie1432 им се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.104
    Допаѓања:
    87.917
    Пол:
    Женски
    Пред една недела бев на контрола на една наша клиника на државна.
    Чекав на закажан термин еден час и тоа е во ред, нормално е да се чека кога еден куп прегледи во изминатиов период беа откажани.
    Но,бев сведок на дерење на пултот каде што се примаат книшки и заведуваат упати.
    И тоа грлато дерење на пациентите зошто книшките на пациентите не биле наредени една врз друга.
    Ја прашувам дерачкава дали имате напишано на шалтер дека книшките треба да се редат една врз друга?
    Од кај да знаат луѓево.
    Ми одговори она кажала и додека не се наредат нема да ги прима и заверува.
    Е такви требало да се избркаат од работа.
    Тоа во нејзина болница ќе се дере,во онаа за која јас плаќам даноци, нема.
    Ќе си ја прибере устата и ќе ја научат на љубезност и со казни ако треба.
    Системот го правиме сите.
     
    На fana, deskarada, IRBBB и 4 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.835
    Допаѓања:
    267.027
    Јас на врата и на шалтер имам со огромни букви напишано (т.е. искуцано е) да не оставаат книшки оти се мешаат документи, и уредно да чекаат во ред, ама исто како да немам напишано :D Секој ден некој од нас излага да им ги даде во раце и да ги нареди :) :)

    Ама не, не се дереме, објаснуваме, имав таква колешка, фала богу ми ја мафнаа, пошто не само пациенти, и ние се жалевме дека тензии секој ден прави без потреба.

    Едит: прееска пациентка ми рече дека немам ум.
    Затоа што и' кажав дека докторот што го бара е во пензија 2 години веќе и да си закаже кај кој сака.

    Љубезност фали кај сите, не само кај вработените. Никој не смее да ме вреѓа, си има служба ако има поплака од мене.
    Среќа отрпнав на дрски, безобразни, и крајно некултурни пациенти, како што и кажав и на Вајлд, нема нешто што може да го каже за да изнуди бурна реакција од мене.
    Во најдобар случај, ќе ја игнорирам и ќе повторам тоа што имам да кажам (како денес), во најлош, ако не се повлече ќе викнам обезбедување, па си има правна служба да одреди кој е прав, а кој крив.
    Ама да се дерам, урлам, вреѓам... никако. Порано плачев во ВЦ. Среќа па отрпнав со тек на време.
     
    Последна измена: 3 октомври 2020
    На fana, IRBBB, PaLaVa и 5 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Не реков ни мрши, ни гнаси, ни гниди.
    Не проектирајте врз мене.

    Фала.
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Сите ние го правиме системот.
    Со секое однесено 'кафенце', со секое земено 'кафенце'... додека маршираме по распаднати институционални ходници.
     
  13. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.274
    Допаѓања:
    9.097
    Пол:
    Женски
    Поголем е проблемот што веќе и без срам сами си бараат да им однесеш и дадеш нешто. Ама тоа не е од сега влече корени од многу порано, а веќе е касно да се смени и искорени.
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Ти лајкнав, и одлајкнав... бидејќи никогаш не е касно.

    Само треба доволен број луѓе да сакаат да сменат нешто.
     
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.835
    Допаѓања:
    267.027
    Ај после ќе побарам што напиша.
     
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Барај слободно...
     
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.835
    Допаѓања:
    267.027
    Се извинувам Вајлд.

    "мрш таму"
    "гитла сите"
    "паразити"
    "ништо не заслужуваат"
    "не можат да концепираат дека може поинаку"
    "тоа што кажуваш е недостижно за нивните умови"

    Стварно извини. Не си рекла гниди, мрши, нешто друго.

    Епа ете де, тие што не концепираат и недостижно е за нивниот ум дека може нешто нормално да функционира, фаќаат гитла и мрш во болници и држави во кои нема потреба да бидат жртви на систем, не одат паразити да бидат.

    Е сега, кој ќе остане да не' лечи, вода да му носиме, посебен е тој мазохист.
     
    На Angie1432, KateKane и fana им се допаѓа ова.
  18. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.274
    Допаѓања:
    9.097
    Пол:
    Женски
    Колку што памтам пред неколку години имаше кампањи по ТВ се вртеа за пријавување мито и корупција, наместо пријавување од тогаш јас колку што сум сведок на ситуацијата мислам дека е и полоша од претходно, а тоа е поради тоа што секој си го чува својот гз и не сака да се изгори, плус ти требаат и докази. А кај нас во државава важи едно старо правило, "дај си пред себе, да се најде зад тебе". И сите водени според тоа, а и научени така го правиме истото и се вртиме во круг.

    Проблемот не е само во медицинските работници, туку е колективен.
    И случајот со носење кафиња, сокови и благо не е само по болници, туку во сите институции е тоа веќе златно правило. Плати па клати што би рекле.

    За да се смени тоа потребно е премногу време, ама пак ќе кажам голем песимист сум за тоа дека е возможно да се смени и не верувам дека би успеало во нашава држава.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.835
    Допаѓања:
    267.027
    Никогаш не сум однела и нема да однесам. Никому.

    Скапи работи одбивам, а и кафе пред време.

    Има луѓе што се презадоволни и од мерак сакаат да ти дадат нешто, или се среќни што се излекувале па сакаат да те почастат и инсистираат на истото. "Ве молам, од срце е" е реченица која најчесто ја кажуваат. Па ако е од срце кафе, сок... ок. Знам како е, ама тоа е сосема различно од мито.

    А предвреме кафиња, сокови, парфеми, марами, врагови... не.

    Ова за себе зборам, знам за други и што бараат и што нудат, ама и одамна сум зборела на темава, НЕ ДАВАЈТЕ МИТО. Просто не давајте. Ако доктор Трајче бара, доктор Митре не бара.

    Јас лично нема шанса никому мито да дадам, побрзо приватно ќе платам ама дел од таква багра нема да бидам.
    Пари не сум прифатила и нема шанса да прифатам, лично за мене е тоа понижување, така го доживувам.
     
    На IRBBB, tambelina, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Може сум наивна, ама верувам дека се' може да се смени.