Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Здравствениот систем за време на пандемија

Дискусија во 'Коронавирус' започната од VDT2906, 29 септември 2020.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.910
    Допаѓања:
    179.181
    Уф, се менува полесно одошто изгледа, само интерес треба некој да има.
    Кој би имал интерес во тоа да се има функционално и пристојно јавно здравство? :?:

    In addition од пред некое време ми скока некоја анкета, дали заради ковид сте размислиле или веќе купиле приватно здр.осигурување. Како ви изгледа, на кај дува ветерот?
     
    На tambelina и WildMk им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.820
    Допаѓања:
    266.955
    Може, ама не со мавање по самарот.
    Јас можам локално да делувам, за себе. Па ќе види некој пациент дека и без мито ќе биде услужен културно. Па од некоја моја друга колешка ќе го очекува истото. Или ќе види дека иако лут дошол, реагирам мирно на лутината. Не се карам, давам точни информации.
    Или моја колешка ќе види од мене дека расправање и со најбезобразниот пациент носи нервоза само, и за неа и за сите. Па ќе проба да е посмирена.

    Јас верувам во учење од примери.
    И тврдам (за себе) дека има резултат на моето одделение.
    Ама јас и уште неколку не можеме да ги смениме тие од 11те години, тие од Југославија. Едните ќе се пензионираат и надежно е дека поасални ќе дојдат, за другите, само на избори е решението.
     
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Добро е на ова прашање, да одговорат сите.
    Сами на себе е доволно да си одговрат, не мора да пишат на темава.
     
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Не е 'самар'.
    Медицинскиот персонал е во центарот на случувањата.
     
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.820
    Допаѓања:
    266.955
    Самар е.
    Ние не одлучуваме сами за себе.
    Не можеме да затвориме болница и така да протестираме.

    Секој наш бојкот кон министерство, секогаш ќе е на штета на пациентите.

    Многу специфична работа е, и затоа е ептен најважно кој е најгоре во оваа хиерархија.
     
    На candy.cane и fana им се допаѓа ова.
  6. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.584
    Пол:
    Женски
    Системот го правиме сите ние.
    И пациенти и медицински персонал.
    Убедена сум дека има персонал што бараат мито, јадење, пиење, ама дека сите се исти, никој не може да ме убеди. Тоа е проблемот на нашиот менталитет, глобализацијата, ако еден не чини, никој не чини. Уверена сум дека ниеден доктор, сестра, болничар не побарал кафе или пијалок за здраво живо, ама кај нас од стари е останато дека 'кај доктор со празни раце не се оди'. И тоа ни е наметнато дека во знак на благодарност треба да се однеси нешто. Пороѓај, операција, болнички пациент.. непишано правило, прво кај сестра се носи ќеси со кафиња, сокови и благо, а на крај на доктор жестоко и бонбоњера.

    Па има пациенти што кај матични лекари носат јајца, сирење, зеници... Тоа матичните ли им го бараат? Глупости.

    А за персоналот што бара мито. Ни нив не ги обвинувам. Зошто никој не ги пријавува? Зашто секој гледа да заврши работа на каков било начин, затоа. Јавна тајна се тие што бараат мито, дури и тарифа имаат, ама никој не пријавил, секој фино лепо си дава парички.

    Ама, ајде малку видете ја и другата страна. Работат во мизерни услови (платата нема да ја коментирам, само условите за работа). И да сакаат да помогнат некогаш немаат ни услови (или нема апарат или не работи апаратот или нема персонал за да ракува со апаратот или нема терапија или ништо нема...).
    Особено вон Скопје.
    Гратис на тоа медицински необразовани пациенти што идат на лекар кога е 'јајцето на газот' и почнуваат со кавги, тепачки, навреди и закани.
    Сто души здравствен персонал беше нападнат, никој не мрдна со мал прст.
    За непотизам и партиски врски не ни треба да зборувам...

    И исто како што тие што имаат врска во внатрешни им ги' кинат' казните или вадат лични документи за 5 минути, а не за 5 месеци, исто и здравствениот персонал потегнува врски за 'своите' да завршат работа што е можно побрзо.
    Не би требало да е така, ама тоа во држава што функционира како што треба, кај нас не.

    Според мене најголем проблем е задолжителното државно здравствено осигурување.
    Не ми дава избор освен секој месец да плаќам тон пари и кога ќе побарам услуга од јавно здравство или нема термин или нема лек и пак плаќам приватно здравство.
    Ама тоа е друга тема на муабет.
     
    На tina2018, Annath и fana им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Епа никој да не обвинуваме... и нека тера вака до недоглед.
     
  8. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.584
    Пол:
    Женски
    Епа на државичето наше му требаат 10 буџети само за да се оправи државното здравство. Од инфраструктура на институции, персонал, апаратура, материјали за работа, достоинствени плати за вработените. Исто зголемување на капитација на матични лекари и стоматолози, воедно ограничување на нивниот број на пациенти за да не се богатат само двајца лекари во една општина.
    Можност за народот да бира дали ќе си плаќа државно или приватно здравствено осигурување и според висината на сумата да му биде покриен одреден процент од здравствените услуги кои ги користи.
    Воедно, да се смени менталитетот на народот, од давање на симболични подароци, до пријавување на мито. Здравствено воспитување уште од градинка и секој пациент да си сноси одговорност за касно јавување на лекар, а секој лекар за лекарска грешка.

    Пошто не мислам дека нешто од ова можи да се случи, можи само да си кукаме или да плукаме, едните по персоналот, другите по пациентите до недоглед.

    Жал ми е, ама искрено мислам дека идат времиња, каде што само богатите ќе си дозволат здравствена услуга. Државното здравство ни е дно дна и ништо не го оправа.
     
    На Angie1432 и tina2018 им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    На државичето наше му треба одговорни граѓани.
    Ништо друго.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  10. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.584
    Пол:
    Женски
    Така е, ама тоа е само дел од големите промени што се потребни.
    Ама за жал, секој си ги знае правата, ретко кој одговорностите.
     
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.910
    Допаѓања:
    179.181
    Ќе се согласам со Вајлд, само одговорност фали и добра воља би додала. Знае некој колку буџети се потрошени, колку опрема е набавена, колку опрема е донирана и скапана, свесно уништена? Барем за на клинички сигурно знам, имам меморија.
    Не ставајте во ист кош примарно здравство и секундарно, терцијално.
    Исто не мешајте приватни и државни здравствени осигурувања.
    Проблем е што комплетно надвор од сиот памет и логика , па и устав во крајна линија, овозможено е ко егзистирање на приватно и државно здравство. Заради приватното, државното е отидено у 3 лепе. Ама треба да се размисли за да се сфати, или да се има малку животно искуство, не знам.
    Е кога би имало либерализиран систем на здравствено осигурување и подеднаков третман на здравствените установи од страна на тие осигурителни компании, со можност осигуреникот да бира дали се лечи овде или онде, без доплаќање, тогаш ќе има здравство за сите. Вака, само за тие на кои им цветаат рози:|.
     
  12. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.584
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека заради приватното, државното е отидено у 3 лепе. Колку луѓе спаси тоа приватното здравство, кога во државното немаше персонал или услови за тоа?
    И да, можеби на клинички и купиле и донирале и им скапалa опрема. Ама пази, не е само клинички. Што е со другите градови?
    Знаеш колку луѓе умреле, чекајќи термин за на клинички? Оти во другите градови се случува и реагенси за миокарден инфаркт да немаат, да не зборувам за друго.
     
    Последна измена: 3 октомври 2020
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.910
    Допаѓања:
    179.181
    А од кај отидоа тие доктори во приватното? Или кој го растури државното и зошто?
    За клинички знам, за други градови друг нека каже.
    Зошто нема реагенси? Зошто упорно се централизира се? Кој ги носи тие одлуки и кој треба тоа да го менаџира?
     
  14. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.584
    Пол:
    Женски
    Истите тие што централизираа сѐ. Истите тие луѓе што перспектива гледаа во Скопје, не во Битола, Гевгелија, Штип, Куманово...
    Спомнав и погоре и пак ќе речам, непотизам и партиски врски. На клинички 10 презимиња се вртат, генерации на доктори од Југославија натаму.
    Последниве 15 години државни специјализации, освен за Скопје немаше пуштено за ниеден друг град. Одделенијата се празни, институциите се празни, ни специјалисти, ни сестри има, опрема не сакам ни да зборувам.
    Трпат пациентите, не можат да бидат услужени, нервозни се и или се караат, се тепаат или најдуваат начин да се снајдат за да бидат услужени преку мито и поткуп. Дали се во право? Не.
    Дали имаат избор? Не.

    Од другата страна, еден специјалист покрива цело одделение. Работи 24/7, покрива цел регион. Дневно во амбуланта има по 100 пациенти. (пак да напоменам, не зборувам за клинички каде има по 30 специјалисти минимум). Тоа значи исцрпен и незадоволен персонал. Да не биде само тоа, истиот тој доктор или медицинска сестра зема основна плата помала од тој на клинички, зашто нели е од Кавадарци на пример. И да сака да направи промена, не можи, една ластовица пролет не носи.
    Што му преостанува? Или да бара чаре на клинички (порастеретена работа, подобри услови, нешто повисока плата), во приватна болница, каде ем помалку ќе се вложува, ем повеќе ќе му биде вреднуван трудот или да бега на запад.

    И што можам јас да сменам тука со мојата одговорност, ете како граѓанин загрижен за своето здравје и општо за целиот здравствен систем во државата?
     
    На Snowflake97, CameliaMiller, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Па нема мрши, гнаси, гниди.

    Другото е заслужено.
    Докторирано им е.

    Едни бегаат, вторите трпат и ќутат, третите со партиската под мишка на ред чекаат, петтите врски фаќаат за преку ред, шестите прифаќаат врски и ги спроведуваат, државата не санкционира...
    Се' е подесено таман за ништо да не функционира.

    После: Ами шо да прајме. Така е. Шо мојш да смениш?

    И после: О лелееее!!! Не можам поќе да работам вака... Се спобудалев, оболев.

    А то претходно шо го напрај за да стигниш до то работно место и да го задржиш?
    Сите фатени врски, сите залепени плакати, сите премолчувања при сведочење на криминал?
    Тој дел си го заброават?
     
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.820
    Допаѓања:
    266.955
    Па ако тргнам од себе, дека како и за секое друго раб.место аплицирав и го добив, без никакви ургенции, плакати и не-знам-ти-што, тотално си во грешка кога ќе дадам отказ да ми судиш ;)

    Не знаеш за секој индивидуално како се вработил и како работи.
    Затоа, чил, кога зборуваме за конкретни луѓе.
     
    На Ева33 и IRBBB им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Ако не си се вработила со книшка, си посведочила неправилности од други.
     
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.820
    Допаѓања:
    266.955
    Епа имам желба да останам вработена, оти па морам да работам. :)
     
    На nena2010, Mantub и fana им се допаѓа ова.
  19. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.768
    Допаѓања:
    3.803
    Пол:
    Женски
    катастрофа и пред и за време пандемија, дно и мизерија само ништо друго
    кој има пари ќе оди приватно и ќе живее
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Прашање.
    Ти на работа не прекршуваш правила, ама посведочуваш неправилност, реагираш и добиваш отказ.
    И 20 пати така.
    А дома дете имаш, ранец му треба, моливи, патики, киндер јајце побарало.
    Ќе го спасуваш светот или детето ќе си го гледаш?
    Има неправилности и неправилности.
    За ужасни работи и јас би реагирала.
    Ама ако му донесол некој кафе и овој го примил, сигурно нема да се замарам.
    Тенка е границата меѓу човек да остане доследен на своите морални вредности и да се внесе во улога на спасител.
    Едното е убава работа, другото е игра на егото.
    Не ми се нафрлај сега, ок :)
    Не велам нешто за тебе конкретно.
    Си правиме муабет
     
    На IRBBB, СуперДевојка, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.