Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Здравствениот систем за време на пандемија

Дискусија во 'Коронавирус' започната од VDT2906, 29 септември 2020.

  1. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.217
    Допаѓања:
    112.017
    Пол:
    Женски
    :clap: :bow:
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.190
    Допаѓања:
    7.366
    Здравството и пред пандемијава, и моментално, а и уште после многу време сигурно, е/ќе биде катастрофално. Заедно со точно секој друг оддел во нашава државичка - образование, земјоделие, финансии и се’ што ви паѓа напамет. Единствен исклучок се приватните ИТ сектори.

    Е сега, мислам дека со ситуацијава и со ресурсите кои ги имаме, се прави стварно најмногу што може. Жално е што најмногуто е ова што е, но за да се подобри треба промени од сржта која не е за жал Министерството за Здравство, Директорот на оддел на Државна, или поедини корумпирани доктори. Да се темелите како што треба, митово низ клиники ќе биде мисловен поим. Исто и фамилијарните династии вработени. Како бе, од некои фамилии. уше кучето и мачето останати се доктори да станат?!

    Платите на докторите се мизерни, да бидеме реални. Вие мислите дека седат повеќето од времето, пијат кафе и оговараат. Но навистина не е така. Де операции, де на амбуланта, де во др болница на операција, па дежурство, па повик. Или пак тие кои се дефицитарен кадар во некои општини, и буквално се 24/7 на повик секој ден. Бидејќи едноставно нема кој друг. И верувајте, „врски“ фаќаат луѓето, сигурно докторите не ги молат - Аман, да ве пикнам преку ред и сл. Луѓето се обидуваат преку Трајко, Петко, пријател на незнам кој и сл. И докторите се луѓе. Некогаш е незгодно да кажат не. Учеле факултет, специјализации, субспецијализации чуда. Знаете ли колку пари, труд и живци се вложени таму? Години треба да работат за да си ги повратат парите кои ги имаат дадено, па тек потоа да заработуваат (а платите навредливи во споредба со трудот вложен, затоа и бегаат на страна). Плус, и тие имаат дома семејство. Според некои овде заклучив дека сметате дека треба медицинскиот персонал на работи 24/7, бидејќи се нафатиле во ваква гранка да работат. Ајде бе... Што не се пријавите како доброволци да одите да им зачистете дома ко така, да им зготвите на фамилиите нивни, исперете, испеглете. Зошто ако некоја жена е пример докторка/сестра, таа е првенствено нечија сопруга и мајка, и има дом, и милион обврски кои нема вие да и ги завршите. Па секој има breaking point. Бидејќи не сте отишле да видите како изгледаат тие што се во првите борбени линии, па после да зборувате. И не мислам на Министерот, Премиерот и сите оние од фотеља шо работат.

    Ги ругате овде, но сепак да сме искрени, во одреден период од животот зависиме/ќе зависиме мн од нив.

    Ова не се однесува на оние кои изгубиле морални вредности, секако, бидејќи има и такви. Сум била сведок на мн немили настани. Но нема само доктори такви, има и учители, и у администрација една купа. И пак ќе речам, да ни е системот поразличен, многу работи ќе се подобри.

    Најтешко е да се работи со луѓе, никогаш нема да се угоди на секој. Што мислите, зошто во Шутка толку време бараа гинеколог? И плата повисока, ама психички ќе се оболиш дури се справиш таму со луѓето.

    Темава е мн опширна, и можам да пишувам романи за неа. Факт е дека здравството ни е далеку од идеално. Се’ повеќе доаѓа време кога тие што имаат пари, одат на приватно. Тие што немаат, среќа да имаат во мрежата наречена јавно здравство. А не дека и приватниве се нешто брилијантини, перална за пари се.

    Во друга гранка, би протестирале масовно и можеби ќе има успех некој. Знаете што ќе се случи ако пример медицинските лица одлучат да излезат на протест масовно? Тоа не ни сакам да помислам. И сега, и тогаш, пак ќе бидат „нехумани“. Едноставно, нема и неблагодарна е државата спрема нив. Се вложуваат пари во разни глупости, а се заборава кои се примарни дејности. Колку и да не сакаш, со тек на време, или ќе те изреволтира и ќе си заминеш, или ќе кренеш раце и ќе вклопиш во условите наложени. И верувајте, пробуваат да сменат работи (има здруженија, комори и сл кои се трудат). Но освен празни ветувања, не добиваат ништо.
     
    На IRBBB, Annath, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.171
    Допаѓања:
    112.983
    Пол:
    Женски
    10 буџети му требало.. А бе Ск2014 проектот ќе оправеше се, цут ќе беше здравството.. ама стиропор, Аце на коњ, па тоа Триумфални.. за кој триумф бе. Триумф на глупоста!!!
     
    На M&M, IRBBB, vitamina и 3 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Не мораш.
    Сама имаш кажано.
     
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.812
    Допаѓања:
    266.937
    Всушност, морам.
    Животот е непредвидлив :)
     
    На Biljarkata и WildMk им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.905
    Допаѓања:
    179.147
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.506
    Допаѓања:
    201.491
    Пол:
    Женски
    На Ева33, Angie1432 и KateKane им се допаѓа ова.
  8. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    60.024
    Пол:
    Женски
    Уште една сестра е замината. Линк.

    Жими се да ми е пред очи некој и да јаде гомна за сестриве има да го рогнам, еве најискрено си кажувам. Уште откази најавуваат, можам да претпоставам што се случува за пола клиника да сака отказ да си даде.
     
    На IRBBB, nena2010, noteforself и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ако ако.
    Така и треба на оваа држава.
    Сите што страдаат на работа нека дадат отказ, нема што да трпат срања.
    Па нека се снаоѓаат после како знаат, нели ситуацијата е под контрола.
    Баш ми е мило кога читам дека дале отказ.
     
    Последна измена: 7 октомври 2020
    На IRBBB, Ева33, noteforself и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.768
    Допаѓања:
    3.794
    Пол:
    Женски
    Си одат за повеќе пари на приватните клиники
     
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Па нормално.
    Ако во приватна клиника даваат поголема плата соодветна на работата, ако немаш мобинг, зошто да не си одат :)
     
    На Ева33, Снегулк@23, fana и 4 други им се допаѓа ова.
  12. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    60.024
    Пол:
    Женски
    Tи како би изреагирала ако некој ти даде многу повеќе пари и подобри услови за работа? Ќе одбиеш?
     
    На Ева33, noteforself, Снегулк@23 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Нормално дека треба да одбијат.
    Како смеат да дадат отказ, кој ќе ги лекува свадбариве после |(
     
    На IRBBB, nena2010, noteforself и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.768
    Допаѓања:
    3.794
    Пол:
    Женски
    Нормално... не го кажав тоа во негативна конотација
    Дури и за истата плата да р ќе си одат само поради подобрите услови затоа што тоа на државните клиники е хорор
    Сите треба да си отидат па да се свести власта дрка не оди веќе... зошто не земат пример ете од приватните клиники па сите со години плаќаме здравство нека направат нешто
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Ако организираат нешто, треба да ги поддржиме.
    Може и ќе се смени нешто, ако има доволно луѓе кои се бунат.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.905
    Допаѓања:
    179.147
    Добро. Го апсплвиравме тоа пред 100 страни на темава. Види кој циркуз е со Филипче и сестрите погоре. Кога не се единствени и организирани...

    Ова од преѓе, истото го мислам
    Не може тројца заминале, тројца други од партиска листа спремни да ги заменат.
    Да излезат сите друга ќе биде песната
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Ако има доволно луѓе кои се бунат, нема да не игнорираат.
    Кој политичар сака 'драми' да му го реметат мирот?

    Само да виде самоиницијативна организацијата, а не да ја узурпира партија за да профитира политички поени.
     
  18. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    мислам дека докторите, сестрите и здравствениот персонал треба повеќе да се ангажираат.
    сите кои работат треба да се жртвуваат.
    тоа им е работа. добиле работа вака-така-онака, на места на кои куп други би сакале да се најдат.
    и сега, ако им се виде тешко, кукаат и одбегнуваат.
    не бива така.
    тие не само што се платени туку и на некој начин должат - добиле образование, работно место и пари.
     
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Образованието си го платиле сами.
    Пари добиваат затоа што работат, не ги добиваат парите хуманитарно.
    Никој ништо не ти должи.
    Ако сакаат можат сите до еден да дадат отказ па снаоѓајте се.
    А и со вакви преглупи муабети, тоа и ќе не снајде.
    Сите ќе заминат странство, па ти оди жртвувај се после.
     
    На 1209, Annath, WildMk и 5 други им се допаѓа ова.
  20. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    образованието е државно платено. и основно и средно. факултети кој како.
    трошоци за образованието се минимални за самите корисници, другото државата обезбедува - и згради и наставници и греење и учебници.
    инаку секој за образование ќе требаше да плаќа 20000-30000 евра годишно.
    никој не ги терал сосила, самите сакале. затоа велам дека имаат одреден долг кон државата и општеството.
    а и наместо нив, има еден куп други сакале да бидат на нивните места, се труделе, но не успеале.

    не велам дека не се за ценење, ама ајде луѓе, им се виде мачно па како мали деца кукаат.
    е па, нека пораснат малку и нека чувствуваат одговорност.
    исто како полицајци против терористи, свесни се дека одат во смртна опасност, но должност е должност.
    и сето друго е само изговори и мрза.
    треба малку позитивна енергија и воља.

    а за тоа што стално се закануваат ќе оделе странство, да можеа и сакаа, ќе одеа досега.
    тие со такви карактери тешко да ќе опстанат странство, минимум 90% ќе се вратат ако пробаат.
    како дојденци во странство тешко да ќе ги трпи некој со таков менталитет и без работни навики.

    но сепак, подобро да се направи да оние што сакаат да одат странство да си го исплатат образованието и обуката која ја примиле тука во Македонија, нека дадат 60000-120000 евра и готово, не должат ништо.
    само што тоа не е регулирано, а треба.
    што ќе е на државата кадар кој ќе ја заебе и остави? то ти е грани куче да те лае.

    да не бидам погрешно разбрана, да за почит и ценење во општеството за вакви дејности во вакви времиња, а и инаку, но дајте ве молам малку скромност и пожртвувавост.
    секоја чест на таквите, но за жал заради оние малкумина кои глумат политика и пукаат кон поголеми позиции, цицање пари за „невладини“ перални и сл. а ништо не работат освен да се експонирааат како самопрогласени „експерти“ за се и сешто - затоа сите други лошо изгледаат.