Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Здравствениот систем за време на пандемија

Дискусија во 'Коронавирус' започната од VDT2906, 29 септември 2020.

  1. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    Е добро де. Нека ги отпушти државата овие и нека ги вработи тие што чекале, а не успеале. Што е проблемот?
     
    На noteforself, CameliaMiller и LadyMau им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.812
    Допаѓања:
    266.935
    Па тоа и прават.
    Тие што се на државна специјализација, си ја обесштетуваат државата и тераат надвор.

    А основно и средно се задолжителни за сите, не само за доктори ;)
     
    На Annath, Purplelilac, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  3. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    според законите не може туку така да се отпуштаат работници вработени во државно.
    неспособност на работно место не е критериум за отпуштање.
    можат да се глупираат да глумат дека не знаат да работат иако знаат ама не сакаат.
    и да ги отпуштат, судовите ќе ги вратат на работа.
     
  4. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    е па нека се направи и основно и средно да се плаќаат или со договор дека ќе останат во дрќавата.

    а и друга работа, здравствено осигурување добивале бесплатно.
    и тоа нека го платат.:)
     
  5. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    Е да бе не може. Јас да не ги носам законите? Закон може да се донесе и да се смени.

    И ако тоа не е критериум за отпуштање, тогаш што е?

    Или сепак нешто друго е проблемот и некој друг е крив?
     
    На Annath и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Средното ко што е бесплатно за тебе, така е и за медицинарите бесплатно.
    Ако имаш ти средно пример гимназија општа и кога ќе аплицираш за работа било каде како општ работник, и во огласот кога ќе прочиташ Потребно образование - минимум средно школо, и ти вработи се и трпи секакви срања и после зборувај за пожртвуваност, пошто ако не ти го платела државата тоа средно школо, не ќе си можела никаде да се вработиш, затоа што буквално секаде бараат минимум средно школо, и да не е стручна работа, јасно ти е :)
    А за заминување биди сигурна дека не е само на збор. Секоја година заминуваат нови и нови.
    Нема никој обврска да се жртвува за тебе па срцепарателни муабети дека тоа го одбрале.
    Бесплатно и хуманитарно одбрале да работат во црвен крст волонтерите.
    Медицинарите одбрале да работат за плата.
    Малце си ги измешала брзините.
    Бесплатно здравствено осигурување имаш и ти, не влагај многу во филм дека ти на некого му го плаќаш здравственото, па сега некој нешто ти должи. Никој не зависи од тебе.
    Од вакви неблагодарни муабети најмногу заминуваат.
     
    На 1209, Annath, KateKane и 3 други им се допаѓа ова.
  7. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    критериуми се предмет на толкување. работодавачот може да тврди дека работникот не работи, а работникот да тврди дека е жртва на мобинг и малтретирање на работно место.
    и оди после докажи се.
    законите го штитат работникот, ако работникот тврди дека имал мобинг и малтретирање на работно место тогаш работодавачот треба да докаже дека не е така.

    можат да се сменат законите, но вака се направени да се за модерни општества и проевропски.
    не можат да бидат поинаку.
    а како е во пракса тоа е веќе друга работа.
     
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.812
    Допаѓања:
    266.935
    Леле кога ќе прочитам вака, ми иде да се упуцам сериозно (facepalm)

    Дур биле деца и студенти, имале здравствено врз основа на здравственото што го плаќале нивните родители, исто како и за сите останати деца и студенти.
    Дур специјализираат, најчесто приватно, не се осигурани здравствено. Тие што специјализираат државно, си ги исплаќаат парите кон државата ако заминат надвор.

    А што сме писмена нација, уште основно и средно да плаќаме :x

    И всушност плаќаме, буџетот кој го полни? Сите што работиме, и тие во здравство, за не вјеровати знам, плаќаат придонеси и останати давачки.
     
    На noteforself, Annath, KateKane и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    179.144
    Ok, оди сега кај Филипче и кажи му дека не убеди:nod:. Системот е супер, лекарите заникаде.
    Ко ќе ти здосади таму, и ти се да си платиш|(

    Еве, нацртано за бесплатното
     
    На Ava.84, noteforself, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  10. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    не заминувааат заради муабети туку заради себеси. и со тоа ја оштетуваат државата.
    јас велам секој-а да си е одговорен-на за својата работа и должност.

    инаку, тоа ти е како некој да ти бара пари на заем, даваш и кога ќе дојде време за враќање вели не, не ти должам.
    државата овозможува бесплатно образование и здравствено осигурување.
    ако не, ајде да се укине комплетно. потоа, одиш во болница, ако имаш 10000-12000 евра ќе те лечат и имаш шанси да преживееш, ако не - со среќа.
     
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.932
    Пол:
    Женски
    Те молам, медицинските професии се едни од оние кои бараат најголеми жртви, па уште се наоѓа некој вака тука да зборува дека имале долг кон државата, истата што на пример на приватни специјализанти не им овозможува ни здравствено осигурување.Вложувале години и години учење и пари, за на крај некој да вика многу барале.Ај ако не нека волонтираат, не мора да земаат плата, ќе живеат од пофалби.
     
    На noteforself, Annath, KateKane и 4 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.812
    Допаѓања:
    266.935
    Државата од каде зима пари? Од кого?
     
    На Annath, Purplelilac и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Договор да направеле да мораат да останат во државава, ама здравственото сами да си го плаќале :rofl:
    Во еден коментар го опиша менталитетот на македонија.
    Ама ако, само таквите ќе останете овде.
    Некогаш се чудам како може некој да размислува вака, просто да се чудиш при интернет и толку информации во денешно време, некој толку уназадени сфаќања да има.
    Секој труд се плаќа. Особено кога работиш со болни, умрени и се справуваш со секакви емоции бидејќи луѓето кога се борат со болести, имаат секакви емоции од тага до гнег, верувај ми, треба да е најплатена.
    Како што е секаде во светот најплатена.
     
    На noteforself, Annath, KateKane и 4 други им се допаѓа ова.
  14. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    таков е системот, сакале нејќеле.
    сменете го системот.

    тие тоа си го одбрале, со сите недостатоци кои ги перцепираат и доживуваат.
    не морале.

    прашај ги во министерство за финансии. нека кажат зошто земаат пари за даноци, и мене ме интересира, и јас не сум најзадоволна.
     
  15. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    Што е со невин додека не е прогласен виновен? Товарот за докажување го сноси тужителот.

    Во овој случај, работодавачот мора да докаже дека работникот не работи. А според тебе пошто ништо не прават и си ги драпаат, не е тешко да се докаже нели?
    Од друга страна, мобингот треба да го докаже пак тужителот. Во овој случај работникот. И ако се докаже, секако дека имаме многу поголем проблем нели?

    Збориме за 2 одделни работи. Може и двете да се вистинити. И да има мобинг и работникот да не си ја работи работата.

    Не сум правник, ова вака лаички. И да додадам, доколку не сум во право и не е вака, пак ќе прашам кој ги носи законите и нели можат да се изменат? Ако државата е толку немоќна да избрка некој од работа ако не работи соодветно, пак е вина на самата држава. Што носи дебилни закони.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Место да се карате меѓу себе, насочете го гневот кон оние кои сите колективно не дупат повеќе од 30 години.

    *Системот/Власта
     
    На noteforself, Biljarkata и LadyMau им се допаѓа ова.
  17. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    е па не мора да го прават тоа. или да трпат или да се откажат.
    тоа е во склоп на професијата.:D

    а ако вие или други си заминувате, пријатно и со среќа.
     
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.932
    Пол:
    Женски
    И?Што ти е поентата?
    Одбираш нешто и да, свесен си што те чека ама исто така свесен си дека твојот труд треба да биде соодветно наплатен.
    Што треба, да им се скрати плата? Да немаат здрвствено?
     
    На CameliaMiller и Annath им се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Колку години имаш жити се, 12?
    Ништо не е бесплатно во светов, ни образование, ни здравство, ни ништо.
    Никој не ти дава од џеб, прашај ги мајка ти и татко ти колку придонеси плаќаат за ти да имаш бесплатно средно.
    Државата била оштетена, сигурна сум дека многу оштетено се осеќаат кога го купуваат шеснаесеттиот стан во Австрија и мерцедесот од 100 илјади.
    Човеково право е правото на образование и правото секој да си одлучи кај ќе живее и работи е исто така човеково право, без разлика дали е тоа македонија, америка или тунгузија.
    Кој ќе им го плати оштетувањето што државата им го прави на медицинарите преку мали плати, грозни услови и ненудење на заштита од психичко и физичко малтретирање?
    Обврска е на работникот да работи, обврска на работодавецот е да ти ги понуди овие работи.
    Ако не ми ги понудиш, кој те врти, ќе си најдам некој што ќе ми ги понуди.
     
    На noteforself, Biljarkata, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    И затоа секој треба да бара да биде платен соодветно, а не да се тепа за вработување преку партија и врски, и со тоа да го поддржува системот кој го гази.
     
    На CameliaMiller, Annath и LadyMau им се допаѓа ова.