Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Здравствениот систем за време на пандемија

Дискусија во 'Коронавирус' започната од VDT2906, 29 септември 2020.

  1. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    јас немам влијание за да ме послушаат луѓето за протест.
     
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Абе... И ти си засегната, и јас, и мајка ми, и мака ти.
    Сите смртници сме во исто гомно.

    Не зависи од боја на кожа, пол, нација, бранша, возраст итн ...

    Само од пари и политичка моќ зависи индивидуалниот третман.

    А тие, на прсти се бројат.
    Оти ние сјебаните сме ооооогромно мнозинство
     
    На Biljarkata и LadyMau им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Проблематично ми е.
    Исто така проблематично ми е кога ќе прочитам - должни се, нека се жртвуваат.
    Во тој момент не ми доаѓа ништо да менувам туку да си барам чаре подалеку од земјава.
    Пошто некогаш луѓето си одбираме по потешкиот пат да научиме лекција.
    Кога ќе снема доктори и сестри многу повеќе од сега, може ќе речат тогаш, требаше да ги задржиме некако.
     
    На Biljarkata, Annath, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    и ве молам, немојте со лични навреди и омаловажувања, не личи.
     
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Со вакви размислувања нема ни да имаш.
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Затоа викам дека треба да се обединиме, а не да се караме.
    Гневот да ни е насочен кон оние кои не опресираат.

    Да не се повторувам...глупо ми е
     
    На LadyMau му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не е воопшто омаловажување.
    Факт е дека огромен дел од населението размислува вака ко тебе. Дели исти ставови ко тебе.
    И резултат на тоа ќе е масовното отселување на медицинари.
    Акција - реакција.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    него, ај одговори ми вака. ако дома ти дојдат разбојници и терористи да те убијат и ограбат, повикаш полиција да те штити, што сакаш да ти каже полицијата?
    „доаѓаме веднаш“ или „не фала, не се жртвувам за тебе, ќе си одам странство ама посекако дајте ми плата.“
     
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Заборајте го инаетот... Заборајте ги на момент разликите... Да видиме колку заеднички проблеми имаме.
     
    На LadyMau му/ѝ се допаѓа ова.
  10. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.583
    Пол:
    Женски
    Оди протестирај. Ама за што? За тоа што еден ист персонал од март наваму работи? И тие се луѓе. Да, сами одбрале да го работат тоа, ама законски им следува годишен одмор, боледување и пензионирање. Ама не го добиваат тоа. За услови за работа ич не сакам да зборувам.
    Тие се криви затоа што не е вложувано во здравството години?
    Гратис добиваат ќотек од народ што чека да му дојде јајцето на газот за прв пат да се јави на лекар?

    Најмногу право за протест имаат медицинскиот персонал на овој народ што го имаме. Тие им велат 'седи дома', овие 'ех, ги заебав, бев со Трајанка и Петкана на викендица', 'ради Филипче направив мала свадба со 100 души', 'за ифтар се собравме 100тина души'.

    Секој ден има над 1000 новозаразени (потврдени, не сакам ни да мислам со непотврдени и асимптоматски колку се) и во просек по 25 умрени од корона. Ама не, вирусот не постои. Ама не, маски не носиме. Ама не, другарка ми не е ковид позитивна, јас ќе си се дружам. Ама ако има мерки за користење од државата, први сме сегде. Е затоа не не бива.

    А, за плати-пресмешни се платите што медицинскиот персонал ги земаат во јавните установи.
     
    На Annath, Purplelilac и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  11. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    точно, така треба.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    Проблематично е. Ама изгледа тебе не ти е проблематично тоа што медицинскиот кадар работи во ужасни услови. Измената за која се залага членкава е да може да ги отпуштат полесно од работа, пошто скраја да е да се пожалат на лоши услови. Државата им плаќала образование, има да ќутат и да трпат. :!:
     
    На Biljarkata, Annath, Purplelilac и 2 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Не.
    Туку за да им ги кренат платите, да најдат дополнителен персонал.
    Ако треба и од приватните здравствени установи.
    Да се снабдат болниците со апарати и терапии
     
    На LadyMau му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Зошто правиш преглупи паралели?
    Полицаецот што го викаш зема плата.
    Медицинарот кој те негува зема плата.
    Во моментот кога ќе си оди странство, не зема веќе плата и нема обврска кон тебе.
     
    Последна измена: 17 ноември 2020
    На Bubce38, Angie1432 и Annath им се допаѓа ова.
  15. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Па баш затоа што кај нас владее таа анархија си заминуваат луѓето.
    Затоа што дури политичарите си лапаат парички, докторите се обвинувани како убијци што нема боца кислород да дадат на пациент кој умира.
    Еве на пример ти што ќе направиш тука?
    Оди па ако не обезбеди ти од свој џеб кислород.

    И да, ни една плата не вреди ако се живеат вакви стресови секојдневно.
    И уште еднаш ДА, ќе си ја бараат среќата таму каде што нема да треба да се борат сами.
     
    На Biljarkata, Angie1432, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Како не ми е?
    Знаеш од кога зборам за то?
    Ај прочитај ми го претходниот пост...да не бараш постари постови
     
  17. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    Па ваљда само се ушалта у темава и цитираш без да прочиташ за што е дискусијата. Не знам.
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Прочитав.
    Затоа на сите ви велам, по трети пат:

    Не се карајте меѓу себе.
    Насочете го гневот кон оние кои не опресираат.
     
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека работите ќе се сменат толку брзо за јас да ги уживам промените.
    И немам мотивација.
    Не сме дораснати едноставно.
    Не смее во држава да има ниту еден како оваа со муабетов.
    А замисли дека има многу.
    Многу повеќе од тебе и од мене.
    Ќе научат кога ќе осетат на своја кожа.
    Пошто така учат луѓето, преку лошо.
    И тоа е.
     
    На Bubce38, Biljarkata, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.583
    Пол:
    Женски
    Кај да најдат дополнителен персонал? Да направат и да родат?

    Никој од приватниците не е должен бесплатно да лекува. Ете, и нивниот персонал е вклучен и нивните болнички капацитети и нивните услови, ама ако имаш да си платиш.

    А за вложување, не знам дали има или нема буџет нашава вукојебина, ама и да има, не може сега да се вложува. Од корен болници треба да се прават.
    Џабе е да купиш респиратор (карикирам) за Кочани, кога нема ниеден инфектолог, анестезиолог. Или има еден, кој не знае да ракува со респиратор. Не е тој крив, да се разбериме! Немал можност и услови да научи да работи.
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.