Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Здравствениот систем за време на пандемија

Дискусија во 'Коронавирус' започната од VDT2906, 29 септември 2020.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Да се обидеме да ги задржиме овде.
    Заслужуваат и тие, а и ние.

    Да им помогнеме да добијат подобри услови за вработување и работа.
     
  2. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    е па затоа велам да им се ограничат можностите за бегање.
    а не да глумат богови во бело.
    познавам и знам за лекари кои сакаат да работат, но не добиваат можности или кога ќе ги добијат не ги обучуват поискусните лекари за да си ја држат моќта и си ја штитат тезгата.

    затоа мислам дека егзодусот на лекарите е заради ускратување моќност за развој, не заради неповолни мислења од население, не заради платите туку заради тоа што не можат да се остварат професионално заради суети и глумење богови на постари и поискусни лекари, неретко корумпирани.
     
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Е како не е заради платите?
    И платите и условите се проблем.
    Црнчат во распаднати ходници, со политичари над глава кои им се закнуваат со отказ, си го ризикуваат здравјето....
     
    На IRBBB и Annath им се допаѓа ова.
  4. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    затоа јас го бранам системот и поредокот.
    за да има кога ќе треба, а не за кога ќе има да се плати.

    а несовесно и недоволно професионално работење треба да се санкционира.
    тоа им е работа. тие зависат од работата, не работата од нив. не се богови.
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    А, и најново, ризикуваат некој да ги истепа!

    Замисли да си ти сестра кој го трпи сето ова за 15.000 денари?

    Па поарно ќе чисти станови...
    И тоа на црно
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    да, ама не сите сакаат да се полицајци.
    за медицинска струка луѓето молат. и треба да се пожртвувани.
    а не да бега странство кога е работоспособен.
    нека бега кога ќе се пензионира, кога ќе се оддолжи.
    сите ние ги плаќаме. да не им беше дадена можност немаше да стигнат до ниво на доктори, сестри и сл.
    долгот е поголем, не само додека работи за плата.
     
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Оти да не бега бе?
    Ти да си би останала да работиш како сестра за 15.000 денари, и да те вози кој како сака?

    Првата шанса, ќе му ја летниш од тука.
     
  8. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    60.023
    Пол:
    Женски
    Ај објасни ми ко на глупа како доктор и должи на државава? Значи со цифри, како што јас погоре напишав. Толку и толку троши, толку и толку е во минус оти едуцирала, ако веќе кажуваш информација, потврди ја со факти .

    Како и со кое сметање дојде до овој заклучок дека државата троши пари специфично за да едуцира еден доктор. Ај те молам.
     
    На IRBBB и Annath им се допаѓа ова.
  9. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    тие го одбрале тоа. нека се информираат подобро пред да одберат.
    а и треба да се притискаат малку за да не станат мрзеливи и си се преценуваат.
    треба да се работи, не зафрканции.
     
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Да му ограничиш можност за бегање?
    Која си ти да му ограничуваш право на слободно движење на некого?
    Леле каков простотилук, ќе ми е срам да кажувам од кај идам.
     
    На noteforself, christinnn, IRBBB и 3 други им се допаѓа ова.
  11. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    кажано е од експерти колку чини едукација на кадри.
    а ако не им се допаѓа, не морале тоа да го одберат.

    сеедно, ај да ги видам нека студираат приватно таму каде сакаат да се иселат (германија, америка) и да видат колку ќе платат?

    а должат бидејќи добиле шанса за едукација и работа. колку ги има кои молат а не добиваат.
     
  12. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Абе здравството во државава ни " цвета". :f:
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Да не имале бесконечен избор?
    Или ќе се вработат на приватно, а таму конкуренцијата е огромна, или на државно.

    Третата опција е авионска карта во еден правец.

    Ако има еднакви услови и плати и на државно и на приватно, ако не 100% барем 80% ќе останат тука.

    Е тоа, само од себе, очигледно, нема да се случи.

    Затоа сме тука ние... граѓаните
    Односно... Се надевам дека сме
    Ако не сме: тра-ла-ла, тра-ла-ла, сама си го барала.

    .... И немаме право да кукаме...
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    финансиски ограничувања, не притворски.
    ако сака да бега, да се осуди и задолжи да плати отштета.
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.498
    Допаѓања:
    201.457
    Пол:
    Женски
    Им беше дадена можност оти преплатија на студии. Кој сакаше да студира, си плати, никој не е одбиен. Никој не студирал бесплатно. Не ги молел некој, сами одбрале. Што не значи дека на глава треба да им се качуваш и да ти должат. Не, не ти должат тебе ништо. Работат, оти си ја сакаат работата. Работат, оти немаат друго чаре. Прва прилика ќе напуштат. Знам, оти имам медицинари во фамилија и пријатели. 90% веќе ја напуштија земјава и се успешни и во Европа, а богами и во Америка. Како доктори, врвни и признати во својата професија.

    Јас преплатив за да завршам студии. Тие пари досега не ги вратив. Нема ни да ги вратам во оваа професија, затоа одбрав да ја напуштам. Оти не сум должна да трпам некој на глава да ми се качува и да се изживува со мене, без оглед на тоа што ми е задача да му помогнам кога има мака. Никого не сум одбила, а сум добила безбројни закани кога си го барам своето. Дека без пари требало да работам |( оти нели жртва треба да давам.
     
    На noteforself, IRBBB, Dentina и 5 други им се допаѓа ова.
  16. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    не гледам само телевизија, читам и од интернет.
    а американски измети се секаде, ако ги нема, ќе дојдат.
     
  17. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    60.023
    Пол:
    Женски
    Секо, јас тебе те прашувам, еве глупа сум за економија, сакам да ме едуцираш. Значи колку е во минус (колку троши државата) со едукација на еден лекар. Пошто ти тврдиш дека троши. Епа колку де, груба бројка, не те испрашувам ко на испит, муабет си правиме.

    А Германија и Америка не ги спомнуваме во овој контекст затоа што стандардот на живеење не го коментираме. Ако веќе сакаме да видиме колку пари треба да платиш за во Германија, да видиме и колку пари земаш за да видиме дали тоа лесно може да си го дозволи просечен граѓанин или е привилегија на богатите таму.

    Еве за овде те прашувам, во една реченица да ми сумираш како докторот е трошок на државата.
     
    На Bezimenka90 и Annath им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Не.
    Утре тебе ќе те казнат кога ќе сакаш да се исселиш.
    Ако не за другите, барем за себе мисли.
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.498
    Допаѓања:
    201.457
    Пол:
    Женски
    Кај ќе кукаш... Госпоѓата погоре е типичен претставник на власта. Според неа, сите и должат на државата оти живеат во неа.
    Со вакви нема разбирачка. Таквите дур не ги смениш, нема ништо да смениш. Прва ќе земе, ама да даде...нема шанса.
     
    На noteforself, IRBBB, Purplelilac и 5 други им се допаѓа ова.
  20. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    е па, не мора да учат за здравствени работници.
    играш со картите кои ти се поделени, не можеш да крадеш од шпилот.