Џабе се расправаме. Медицинарите секаде во свет ги бараат, ама буквално секаде. Вие со вакви размислувања што не мрднале од мртва точка, ќе останете со прстот в уста. Медицинарите ќе се снајдат. Ти после раскажувај си со другарки како не им било срам. Никој друг нема да те чуе
јас не сакам да се иселам. ќе се снаоѓам. или ќе си ја прифатам судбината. кој како сака. јас така одбрав. нема да кукам, ќе работам. под било кои услови. ако нема работа, ќе копам да растам храна. ако не оди ни тоа, ќе цркнам. тоа сум јас.
Што ако им е желба тоа? Таквите како тебе први ќе заминат во првата шанса ама битно ќе напишеш овде 100 мислења како им должат на државата и општество. А нема врска што таа држава ги става на минималец а нивните плати си ги ставаат х10.
Не е крадење од шпилот да сакаат да живеат пристоен живот, да им обезбедат пристоен живот на нивните деца. Крадење од шпилот, е она што власта и го прави на народот
Браво, и ќе ти дадат орден за пожртвуваноста На психотерапевт се решаваат вакви синдроми на жртвено јагне, сериозно ова.
Супер што го браниш системот и поредокот. Сега кажи ми што правиш кога оние кои треба да го спроведуваат, се најголеми криминалци? Што правиш кога најголемата трулост во државата доаѓа од оние кои стојат на чело на неа? Кој ќе ги санкционира нив кога се врзани со се живо и лепршаво ни се смеат во фаца знаејќи го тоа? И на погорното прашање сакам едноставен одговор. Не политички испревртен, не заобиколувачки, туку директно. Што ќе направиш кога немаш обезбедени услови за да спасиш човечки живот, а притоа добиваш закани од семејството на пациентот?
германија и америка сакаат да се иселат, затоа цитирам. а за трошок за доктор да стане доктор или било кој за било што да се едуцира, дискутирав претходно. побарај ми ги објавите, не сакам да се повторувам. и немам време.
Не треба ништо повеќе да дадеш, од тоа што даваш во даноци. Треба само тие пари да завршат на вистинско место. Не во џебовите на политичарите
нема да заминам. а тие кои сакаат да не им се дава шанса да го излажат системот. јас сум за тоа, вие како сакате.
Секо, јас бројки ти побарав, еве сеа ти ги читам мислењата ниту едно немаш со бројка. Туку кажуваш дека се паразити кои цицаат од државна цицка. Е ајде де, колку? А те гледам вака расположена за дебата, па со арно те прашувам да ме удостоиш со одговор. Е сеа ако не знаеш тоа е друго, јас за разлика од тебе уште 5 пати ќе ти напишам колку платиле мои луѓе на истиот тој факултет. Не ми е проблем. 2.400 и 4.800 евра само школување, без книги, практикуми, ИКСА, стетоскоп, мантил, пријава за испит, поштенска маркица, документ за заверка на семестар. Тоа ако сакаш исто колку пари е, ќе пресметам еве за тебе не ми е проблем. Појма немаш што зборуваш пустата, ама ај, терај
сите сме во иста каша, само некои мамат и не сакаат да ја делат судбината и со тоа ги саботираат шансите за излез од лошите состојби. лошо денес за подобро утре.