Почетна плата на доктор е 15.000 колку што разбрав. Знам стоматолози за толку пари работеа, на приватно, јер таму па и државно нема. Фактички факултет и све над тоа е фрлање пари во бунар, многу повеќе ти се исплати да останеш со средно сестра. А најмногу ти се исплати средно козметичко Значи студираш 6 години, па уште две години мора да живееш кај мајка ти, за ако си среќно вработен да ги заработиш парите што си ги платил за образование. Зошто после немало доктори Иначе муабетов нема врска со пандемијата, ама малку има.
Епа зошто не се буниш против тој кој те потценува? Не мислиш дека заслужуваш најмалку 750евра месечна плата? Јас мислам дека заслужуваш, и затоа сакам да ја "победам" власта, на некој начин.. Не пациентите, не медицинскиот персонал, туку оние што ги поставил условите во кои сите функционираме
15000 плата а трошоците за сметки, кирија ти се пола од платата другата половина за да се прехраниш за живот. И на тебе ова не ти смета и ти е супер?
За сестра н... Така прочитав на темиве. Ако е и за доктори... подлабоко мбило дното отколку што мислев.
И по ако ги смениме? Кој и да е на власт, исто се однесува, а народот се повеќе и повеќе тоне Докажано последните три децении
Кој црн луксуз?! Пристоен живот сакаме. Не да се изживува некој врз тебе, да му работиш за четворица и за минимална плата, па после да се чудиш оти на 40 години си навлекол некоја болештина. Од убаво никој не бега. Причината заради која би се иселила е системот и менталитетот. Да не правам муабет за тоа што тука не сакам да работам професија која што ја донесоа на дното.
И луксуз ќе барам па што? Ништо не можеш да направиш Пукаш од љубомора што твојата професија не е барана ко медицинарите? Па сега, јас не си одам затоа што не сакам, а не дека не можам Знаеш за приказната со лисицата што не можела да го дофати грозјето па рекла сигурно е кисело Да не мислиш дека ќе му направиш на некој да се осеќа виновно ако му речеш вие луксуз барате. Не бе срц, само од авион се гледа колку ти е криво што и ти сакаш, а не можеш.
Има и друг чешит доктори. Нејќат да бегат во странство. Сакаат да напуштат и да си купат 2 крави и правац на планината. Ама пустото не бива отказ да си дадат и после 30 год стаж. Нели должни и се на државата и за воздухот што го дишат па мора да работат само и само како лекари. Јбг, не мислеле на време и сеа ќе си работат и ќе питат има ли уште.
Имаме многу повеќе... Ама додека да стигнат за терапија во болницата, ни сечии раце што ќе поминат, дел се оттресуваат во нечиј џеб. И ако почне со милион, на крај ќе заврши со 100.000
Најјако ми е кога тие што немаат допирна точка со било која медицинска професија, тие најмногу знаат што им треба на медицинарите.