Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Здравствениот систем за време на пандемија

Дискусија во 'Коронавирус' започната од VDT2906, 29 септември 2020.

  1. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    испитај ме, слободно.
     
  2. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    Не ти е малку нелогично ова? Значи од една страна немаат потреба од тебе, што значи дека сите пациенти се соодветно згрижени. Ама од друга страна ги критикуваш дека не се ангажирале доволно. :fubar:
     
  3. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    јас не решавам дали, од кого и што има потреба. ако има, ќе ме ангажираат.
    јас велам дека нема доволно ангажирање бидејќи сметам така.
    и сметам дека оние кои избегале странство се предавници.
    честопати се мрзеливи здравствениот персонал. и секогаш треба повеќе трудење.
     
  4. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.157
    Допаѓања:
    168.862
    Пол:
    Женски
    Сакаш да кажеш дека јас цел живот треба да работам како фризер оти сум завршила козметичко?
    Не смеам да се вработам како продавачка во маркет?
     
  5. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    не знам по која логика ви е мислењето.
    се работи бидејќи треба да се работи. ако нема во струката тогаш што годе било што ќе се најде.
     
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.048
    Чекај...а може со козметичко да бидам доктор, пошто ете ги немало доволно?:?:
     
    На LadyMau му/ѝ се допаѓа ова.
  7. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.582
    Пол:
    Женски
    Да, ова кажи им го на државните специјализанти што потпишуваат меници (читај смртна пресуда) или на приватните специјализанти што 10 животи да работат тука, нема да ги вратат парите што САМИ ги вложиле во нивното образование.

    Еден семестар на специјализација е 500€ за нехируршка и 1000€ за хируршка гранка. 10-12 семестри трае специјализацијата, значи само партиципација е 5000-12000€. Приватните специјализанти не земаат плата, немаат платени придонеси. Во најдобар случај, кога се би завршиле во рекордно време и би се вработиле, би почнале да земаат плата на 32-33 години. Дотогаш некој треба да ги издржува за кирија, сметки, јадење, живеење. Тука не се пресметани трошоците на доктори што не се од Скопје и треба да живеат таму додека специјализираат.
    Државните специјализанти земаат плата и одвоен живот (тие што не се од ск и околина до 100км мислам) и платена им е партиципацијата и прва одбрана на специјалистички. За тоа потпишуваат меници што ги спомнав погоре. На таа меницата, една година на специјализант е пресметана 50.000€. Да напоменам дека има измени и ова се нови, намалени цени. Значи еден државен специјализант се обврзува кон институцијата што го пратила на специјализација да ѝ плати 250.000-300.000€ за да замине да работи во приватен сектор или да се исели или поради било која причина да напушти од работното место. Пак ќе напоменам, овие се нови, намалени цени. Старите беа десет дури и дваесеткратно повисоки.
    Сите што заминаа, заминаа или оти немаа финансии да си плаќаат сами образование или оти немаа прилика да се вработат на државно и да земат специјализација (читај, не сакаа да бидат партиски полтрони, ниту пак имаа вујко владика).

    И ти за нив кажуваш дека ѝ должат на државата? Секоја им чест што заминаа и се снајдоа и се решија и јазик да учат и да се надградуваат и да се борат од 0 за достоинствен живот.

    Не е далеку времето кога матичните доктори земаа по 8000 денари плата.

    Некој ја спомна капитацијата. Да, капитацијата е од 1 до 3 бода (околу 55 денари бод) за пациент. Не се лимитирани пациентите. Има матични лекари што земаат грдни пари. Има и матични доктори што не можат ни 1000 пациенти да соберат и месечно трошоци за амбулантата не можат да си платат. Има и такви што се вработени кај некој газда што не е ни доктор (туку е касап што има пари да вложи во амбуланта, читај да земи амбуланта под концесија) и земаат минималец.
    Така да, не ги клавајте во ист кош сите, оти не се сите за таму.
     
    На christinnn, KateKane, Bubce38 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    не знам, прашај.:x
     
  9. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    пак ќе кажам, не ги тера никој сосила. должност е должност, а не да глумат богови.
    а условите се такви за да не го заебат системот и ги остават пациентите на цедило.
    направено е така баш заради предавниците кои избегале надвор.

    а инаку, јас сум за тоа и на здравствениот персонал да се намали платата за да има повеќе пари за лечење на пациентите. доброволно ќе потпишам. и не само за мене, туку за сите да важи инаку нема да има никаков ефект.
     
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.048
    Јас ја спомнав капитацијата. Оти знам дека беше смешна и дека некогаш реално ни за таа плата не стигнува. Значи сестра, доктор, ординација, сметки. Платите што се исплаќаат се бруто, ваљда за нето 15, треба да се платат придонеси и слично, т.е. да се вратат на државата... И сето примарно здравство вака функционира колку што знам, нема државен општ доктор или матичен гинеколог.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  11. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.582
    Пол:
    Женски
    Не се оставени пациентите на цедило од Трајко и Петко, оставени се оти нема ни Трајко ни Петко. Нема доктори. Нема!
    Џабе е милион специјализанти да се активираат и матични лекари, ние немаме СТРУЧЕН КАДАР. Немаме инфектолози, немаме анестезиолози, немаме специјалисти по ургентна, немаме доволно интернисти. Џабе е специјалист по кожно да е активиран во ковид центар или специјализант по трудова.

    Ова шо се случува покажува само колку малку е вложувано во здравството, за вработување, едукација, материјали за работа. Не зборувам за плати.

    Не можи да очекува некој дека еден специјалист инфектолог во болница на пример во Неготино, може да покрие болничко лекување на 50 пациенти. Не е ни физички, ни на хартија возможно.
    Толку е, до тука било.
    Не ради Петкана шо јади од државна цицка или ради Тошо шо се вработил партиски. До тука сме ради политичарите шо мамата ни ја ебаа 30 години, а ние си ќутиме.
     
    На Bubce38, Bezimenka90, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.492
    Допаѓања:
    201.434
    Пол:
    Женски

    Ама џабе збориш. Се гледа дека нема поим од медицина и како е да студираш тука. Не само од политичарите, од ваквите како неа сме дојдени до ова дереџе. Дека должност е да се жртвуваш и да трпиш.
     
    На Bezimenka90 и IRBBB им се допаѓа ова.
  13. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.582
    Пол:
    Женски
    Нема, приватизирано е примарното здравство. Само матичните лекари, стоматолози, гинеколози знаат колкави им се месечните трошоци.
    Тука да ги игнорираме фондовските казни до плафон, оти инспекции им поминуваат секој ден за измени што се направени утре, ама тие требаше да ги знаат вчера.
     
    На Biljarkata и Annath им се допаѓа ова.
  14. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    Немањето доктори е од повеќе причини - сите сакаат Скопје или голема регионална болница, а се запишуваат и личности кои ја изневеруваат татковината т.е. бегаат странство.
    Тоа е мое мислење, можеби фалат уште делови, но голем дел е тоа, според мене.
    Јас сум заради тоа за тоа да се води грижа кој што како зошто се прифаќа за медицина и да се осигураме да не го изневерат системот.
     
  15. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.157
    Допаѓања:
    168.862
    Пол:
    Женски
    Прашав.
    Можело.
    :clap::clap:

    Ти со какво школо работеш како лекар?!
    Ако не е тајна де(fingers)
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Што бидна со девојчето што почина мајка и пред 2-3 дена, Мухаела мислам, имаше пишано цело искуство. Превзема некој нешто?
     
  17. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.181
    Допаѓања:
    7.346
    Или си во министерство и предаваш хигиена и испитуваш квалитет на вода, или си на социјална медицина катедра. Моментално не постои друг оддел/специјалност каде нема пациенти. Сите работат со максимален капацитет. Зборувам од примарно до терцијарно ниво.

    Ќе имало вонредна инспекција таму...
     
    На IRBBB и Emotional123 им се допаѓа ова.
  18. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    а дали би погодувала што школо имам? (позабавно е така)
    ќе ти дадам помош малку - не е школо за видовњаци . . .:D
     
  19. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.157
    Допаѓања:
    168.862
    Пол:
    Женски
    Се гледа тоа;)
     
  20. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    а што те тера да мислиш само за на државните служби?
    а инаку, тие што предаваат хигиена и испитуваат води иако се во зградата на министерството за здравство, не се во министерството вработени. има посебен институт или центар за тоа.
    не е битно. имам пациенти. вчера 9 бидејќи не доаѓаат луѓе заради короната, а оди и до 30-40, рекорд ми е 52. денес само 1, на повик за увид.
    не е ни тоа битно. јас сум таа, служам се што треба.

    каде се гледа? во кристална топка или во дланка?
    или да беше тоа ќе предвидев што ќе напишеше?:o