Форумџика на годината

Здравствениот систем за време на пандемија

Дискусија во 'Коронавирус' започната од VDT2906, 29 септември 2020.

  1. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.181
    Допаѓања:
    7.346
    Јас сакам едно да кажам:

    - Со кој ум многу луѓе бараат оставка од Филипче? Особено овие денови го читам тоа, после немилиот настан во Штип. Не го бранам Филипче, и не сум воопшто симпатизер на СДС.

    Како тој би имал увид што се' се случува низ клиниките, во секоја минута, па и да може да реагира?
    Здравството ни е хаос одамна, сега заради ситуацијава бетер е. Не може да се промени тоа преку ноќ.

    Кривица треба да се бара од сестри и доктори, до директори на амбуланта/клиника. Не за џабе има надредени во секој оддел. Не ми е јасно каде дремат, што прават. Се прават грешки кои не смеат да се простат.
    Секоја чест на исклучоците, ама се ретки. И во хаосов, не можат да постигнат се' сами. Многу доктори и сестри треба да го тргнат тој прост менталитет и безобразно однесување, и да бидат хумани.
    Сите велат дека не чека сценариото од Италија. А впрочем, сценариото веќе се случува овде.

    И да не ги заборавиме граѓаните кои немаат трошка свест, и не ги почитуваат мерките. А за тие што не веруваат дека има вирус не сакам ни да коментирам...
     
  2. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    оставка треба барем да понуди како морален чин заради катастрофалните резултати од ковид-19 пандемијата. сличен чин направи министерот во Словенија.
    а инаку има и одговорност, кога веќе со преполни болници и огромен број новозаразени и починати тера со истите мерки а не предлага построги. тука е одговорноста.

    јас така мислам
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.582
    Пол:
    Женски
    Така е. Јас од Струмица или од Прилеп сакам да се вработам во Скопје оти ептен ми е ќеиф да плаќам кирија или да купам стан од 1000€/м2, а не оти во Прилеп и Струмица последниве 10 години и наредниве 20 нема вработено персонал.
     
  4. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    е па, ако имаш работа можеш да плаќаш кредит за стан. прилеп струмица имало вработувања.
     
  5. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.582
    Пол:
    Женски
    Кога и колку? Ги спомнав како пример, ете сепак поголеми градови се. Што е со Пробиштип, Виница, Делчево, Ресен?
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Сите.
     
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    А, да ми простиш.
    И партиското вработување е поддржување на системот.
     
    На noteforself, IRBBB и deskarada им се допаѓа ова.
  8. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.582
    Пол:
    Женски
    Вајлди, ми извади пола реченица од контекст. Од цел еден пасус.
    Точно е дека партиските полтрони го поддржуваат системот.

    Мојот муабет е дека и Тошо шо е вработен партиски и Митре заслужено, ама работат сами на 50 тешко болни пациенти, не се криви што им умираат. И што го допревме дното.
     
    На Annath, Bezimenka90, noteforself и 2 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Епа и партиското вработување е дел од нефункционалноста на системот.

    Се грдеше ова од 1991ва.
    А и претходно... шеми, крадење, врски, местенки.
    Така беа научени.
    И ко се распадна СФРЈ и “ни дадоа“ држава, целата си ја направивме на тој принцип.

    И ден-денес си го негуваме и одржуваме, и после се чудиме “оти е така?“.

    Иначе, те разбирам што сакаше да кажеш.
     
    На Annath и IRBBB им се допаѓа ова.
  10. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    669
    Пол:
    Женски
    Не знам која тема е соодветна за моево прашање, извинете ако не е за тука. Каде може да пријавам, да се пожалам од матичен доктор? Прво не крева на тел никогаш, јас бев со симптоми и со денови пробував да ја добијам да ме советува што да правам. Се слушнав еднаш (конечно) и ми рече да и се јавам во понеделник (овој што помина) за да ми каже за тестирање. Повторно не креваше телефон. Отидов сама се тестирав приватно, испаднав позитивна и прееска и ѕвонам за да и кажам, да ми каже што да правам и она почна да ми се дере на телефон дека правела ручек замислете и ми спушти. Мајка ми отиде ми го зема картонот и ме префрли кај друга докторка, но ме интересира дали може ова некаде да го пријавам бидејќи сум многу изреволтирана!
     
  11. dipskate

    dipskate Активен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2020
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски