Не ќутат, ама никој не ги слуша. Тоа е маката. И кога никој не те слуша, и си омаловажен и од страна на државата и од страна на пациентите, еден ден ќе се прелее чашата. Да, си одбрал хумана професија, ама тоа не значи дека секој кој стигне треба на глава да ти се качува. Ниту пак треба да ти товарат обврски кои не ти се во склоп на работната задача.
Ќе ги слуша, ако знаат да се организираат. Ама не сакаат. Сите се: Ќути не таласај... Шшш ќе те избркаат од работа.... Каква-таква Други на ред чекаат да го земат нивното место, со партиските книшки под мишка. епааа.. кога народот нема чувство за заедница, ќе нема ни заедница... Дарвин... Не се бунам... само им кажувам дека не заслужуваат ништо
Можеш да вреѓаш ти колку сакаш, кога сама ќе оставиш некој печат некаде, па можеби и твоето лично мислење ќе се сфати посериозно. До тогаш, остануваат тие кои имаат врски доволно дебели па ги распоредуваат на многу полесни места, или луѓе кои се пред пензија па не ни сакаат да си брануваат живот, или луѓе кои немаат моментално друга опција. Ти од пред ПЦ може да мислиш дека знаеш, ама генерално, немаш поима. За овој мој стаж колку одлив на мед.персонал има, никогаш немало, а тоа е со години од пред пандемијата. Сестри кои работеа како главни сестри, инструментарки итн. даваат откази со години за да одат во приватно здравство, или уште почесто, во странство. Наместо да кењаш по нив, оди ќењај во МЗ, без оглед кој е на власт, НИКОЈ за среден персонал не се заложува. Пак ќе кажам, да сум сестра, прво во Жан пат ќе фатам, почетна им е 35 000, а Жан е познат по плаќање се' по правило, и не, сестри кај него не работат како болничари, туку како сестри, работат со една десетина од пациенти што имаат во државно. Тоа што не е јавно публикуван секој отказ е друга работа, ама да можеш да знаеш, ќе видиш дека најчесто откази даваат сестри на позначајни места, зашто им е скурчено. И ти не си таа што има право да суди, кој и каде ќе работи.
Многу ми е гајле како го сфаќаш моето мислење. Може моето мислење да биде говно... ама фактите не можеш да ги порекнеш... оти се факти. Ако сакале да им биде публикуван отказ, ќе си се јавеле во медиум и ќе си кажеле јавно. Ќутеле.. епа нека сркаат сега... сите
Државата како намерно да ги куди и мава работниците патем од кои опстојува и "живее". Како намерно да не прават овци, нискоинтелегентни, у фаца се ни кажуваат, просто јасно е, се е на тацна на вестите, еве има протести (имало) има бунење и се друго и што ако? Па не треба многу да си интелигентен да сфатиш да му ја заминеш искрено. Овие од СЈО ништо не сработија сем што ја украдоа цела држава, исто и политичарите и икс други, маж ми вчера вика, Мк е богата држава, толку ја искрадоа од сите страни и пак има да опстои слушавме вести за СЈО колку бонуси земале. Нели е срамота?! И после напуштале, сме немале, сме биле дно. Уште збориме за дното? Како што рекле, кога те маваат бегај, па избегале. Не ќе исправаат криви дрини со криминалци и мафии што патем треба да исправаат криви дрини за основни човекови права и за државни финансии. Воопштп дали треба да има дискусија? Едни искрадоа милијарди други ќе седат за 200 евра да оправаат држава. Епа нема да седат бе. Треба ли да седат?
Заради неправдата Камелија... неправдата Ти спомна дека не било публикувано. Како ќе знае народот, ако не кажат тие? Како ќе знаат едни со други зошто и како си отишле? Како ќе се организираат? Никако... Секој за себе. Епа.. кога луѓето се себични, и системот ќе е себичен. Кој ќе се снајде-арно Кој не- кој го ебаа
Која неправда бе Вајлд? Некогаш не сум сигурна дека сама себе не се читаш, најсериозно. НИКОМУ отчет не должам, за дали ќе останам на едно работно место, или ќе си најдам подобро. Тие што се должни да знаат, знаат, и ништо не преземаат, а ти наместо да какаш по оние на кои им е смачено, обрати се онаму кај оние кои ги доведуваат до тоа дереџе. А не сестрите биле вакви, онакви... гитла. Не ќутат за да не ги избркаат бе чоек, откази даваат, со лупа да бараш НЕМА асална сестра што сака државно да работи.
Тие си отишле... што со тие што останале и сеуште ќутат? Себичност од сите страни. Ви се молам... знаеме ите како функционира државата. Сите сме дел од таа држава. Што ќе посееш, тоа ќе ожнееш.
Секој има право да оди каде сака да работи. Ако има подобра понуда нормално ќе ја прифати. Аман за таа хуманост. Ако сте толку хумани, ајт сите што седите дома сега на Клиника, ГОБ, и др. засукајте ракавите и без надомест одете помагајте. Макар и кафе да варите и бурек да купувате. Пошто сте многу хумани!
@WildMk зборуваш како секое медицинско лице да го знаеш лично, па и секој човек во државава. Што се трпат некои од медицинските лица, па сигурно не им дошло до тоа да се замараат дали јавноста ќе знае или не. Па правиме муабет за луѓе кои генерално земаат некоја просечна плата, а се третирани ко гомна често. Може си збесната ради изминатиов период на форумот, ама беспотребно галамиш тука. Лошо е за мене, за народот, за болницата и за другите сестри таму, ама па најдобро е за нив. И да, треба да се биде себичен. И јас би била ако си играат к*рташак со мене и не ми го ценат трудот, ако додека сите се понашаат ко да нема пандемија, јас да морам ради истата да не искористам одмор и да работам и дупли смени неретко. Знаеме какви сестри и доктори има, ама секој свесен знае дека ги има и голем дел што се чесни, вредни и работливи, а им се удира се од глава. Не знам дали имаш допирна точка со здравството тука (на државно). Ќе ти сменеше ако дадеа отказ пред да почне пандемијата?
Ако им фалат пари, персонал, лекови, апарати, како ќе знам јас, ако не кажат? Ако никој не зборува, никој не се организира, никој не се буни, а има некаков недостток, некаква неправда, како ќе зае остатокот од народот па да им се придружи на револтот? Не се заинтересирани за револт, ни за промена, туку секој само да си го спаси сопствениот газ. Со молчење, го поддржуваш системот кој те гмечи. Епа не се чудете после оти ве гмечел.
Ама сами го прават системот кој го плукаат. Себични луѓе=Себичен систем Ако до сега не разбравте што кажувам, нема никогаш.... А немам желба до бесконечност да ви повторувам
Значи НЕ СИ ИНФОРМИРАНА. Сто пати по медиуми имаше, и сестри, и доктори, и специјализанти, и по онлајн медиуми имаше, и не од денес, пак ќе кажам, од кога работам ИМА бунт, има протести, ама пошто не сме ние ЈСП па да не палиме автобуси, туку и кога протестираме - работиме, не сме толку интересни. И не мора да знае никој народ, овде сум на работа, како и на секое друго работно место, можам отказ да дадам без никому да се правдам за истото.
Рековме Камелија, ако имало нешто продуктивно, ќе видевме некаква промена Нема промена, не се направило ништо продуктивно Просто ко грав Не ви одговара некој да ви каже дека и вие сте виновни. Епа жал ми е... ама сите сте виновни за ова дереџе.
Тие што ќутат и седат, го прават тоа ради себичност, да. Затоа што не секој може да си дозволи да остане без работа и да бара работа на друго место. Па многу од нив се и врзани за работното место, уценувани, а на некои едноставно може и им е убаво. Те разбирам ама тоа и ти зборам, треба да се себични. Не секој може да си дозволи да остане без работа само за да проба да го оправи системот. Мајка ми да се бореше да го поправи системот (а таа сама нема да успее) ќе останеше без работа, едно четиричлено со големи трошоци ќе оставеше на една плата и ќе не турнеше во мизерија, за на крај да добие што? Зошто мислиш дека народот сам би успеал против власта? Нема да успее. Затоа што власта не е само владеечката партија и сите органи, власта е и сите вработени од партија кои не сакаат (и не можат) да се борат против системот. На крај пак ќе резултира со бегање во странство и со себичност.
Еве се засрамивме од тетка Вајлдка Оди помогни им на еден куп болничари, што работат како договорци 5 години, за 12 000, оди и бунтувај се за нив, оти ако легнеш на државно, баш тие газот ќе ти го бришат, никој друг. И тие нон стоп протестираат, нон стоп апели има, следно е дека нема потреба ни отказ да дадат, ами просто ќе си отидат, оти месец за месец хонорарно работат, и кажи им дека не се хумани, у сред пандемија си отишле. Некогаш, твоето седење дома, ама баш е причина што немаш поима како функционираат некои работи.
Од аспект на пациент кој нема пари за приватно, подобро на тие на кои повеќе не им се работи државно да си заминат отколку фрустациите да ги истураат врз пациентите. Секако нивното место ќе се пополни, надежно со помотивирано медицинско лице. А дека во приватен сектор се поголеми платите, точно, се. Ама затоа и одговорностите, и однесувањето, и третманот на пациентите ќе биде соодветен со платата. Глупости, дрскост, дерење и заклучување по собчиња ноќна смена само на државно ќе помине. На приватно пациентот не остава толку пари за сестрата да пие кафе на мира кога не е на пауза