Е така де, @nena2010, да си жива и здрава за муабетов Бевме на визита во Систина, на гинекологија, кај постара жена пациент. И ај да седнеме, фатив јас да туркам една фотеља, тешка у пм, не се поместува. Кога рипна сестрата што тогаш се погоди во соба, ми ја зема од раце „Извинете, извинете, не се мачете! Дајте јас!!“ и ја избутка до креветот, со насмевка! Фотеља од сто кила. Мене па незгодно, кога ми се обрати прво мислев дека ќе ми се развика што воопшто сакам да ја поместам фотељата. Ваљда трауми од кога лежев горе на Детска. Е така, приватно ќе земаш подобра плата ама затоа и на посетителите ќе им влечеш тешки фотељи, насмеан и среќен. Затоа, среќен им пат на сите оние кои од државно сакаат да одат во приватните болници. Знам дека ќе си ја заработат платата.
Лежев на интерно, пред коронава. Доаѓа пациентка со 10 души пратња, ја легнуваат до мене и си збори со остаток фамилија на вибер. Дале 100 еур за да влезе целава фамилија на интерно до неа да седи. Не 1, сите 10. 50 еур и дале на докторката за да и даде апче за глава. И се мислеа колку да понудат за наредниот ден прва да ја однеселе на снимање. Персоналот ги зел тие пари. Ниту рекла-казала е, ниту од на Петко вујна му ми кажа. Мене лично ми сметаа тие пошо галамеа многу. И се побунав, ама шо ако. Го тргнаа параванот и муабетот продолжи. Да не зборам колку мито се дава за операции... А не реков дека ти лично си зела, онака се надоврзав на мислењето од членката.
Сите имаме разни искуства со здравствениве работници ( државно и приватно), но да не генерализираме, зошто има и такви кои се утепуваат од работа. Можеби овие 3 сестри се од тие работливите и им скурчило. Ова е проблем секаде, имаш 2 - 3 работници кои работат цело работно време и куп други кои времето си го поминуваат во кроење планови како да не сработат.
Каме, пандемијата нема да трае вечно, се очекува да заврши, или еве нека помине барем овој есенскиот период каде што се очекува наплив на пациенти. Лошо се изразив, Инфективна има само на државно, има и во другите градови. За хуманоста, не верувам дека ти би постапила спротивно, ама еве и да ти се прелие чашата, што верувам дека и на сестрите им се, ама не е моментот. Ај па сестра и доктор во воен камп да ги остават пациентите на цедило оти им се прелила чашата. Друго, со изборот на професија отприлика и знаеме што не чека, ја знаеме и состојбата кај нас, нешто сега се изненадени. Еве пробувам да ги сфатам и би ги подржала во некој попригоден момент. А сега има чувство дека некој само сака да ќари од ситуацијата.
На Клиника докторите се супер. И на ГАК кога бев, се изненадив позитивно. Ама сестрите катастрофа. Само две се погодија добри. Другите дрски.
Можеш да зборуваш за конкретни ситуации (и јас за такви знам) но, тоа не е баш генерална слика. Вискиња, уметнички слики, и сл. е најчестото мито, ни докторите не се глупи веќе, па од секого пари да зимаат. Тие што нудат, се исти како тие што зимаат. Лично, мито нема да дадам, дур дадам мито, приватно ќе одам.
Малку е контрадикторно да се кажува на државно не им се работи, па затоа бегаат. А од друга страна бегаат на приватно, каде нели повеќе се работи. Значи не е до неработењето.
Жапче, не очекувам мене некој да ми полага сметки, ниту пак да ми одговара, дискутираме и секако имам свој став. Во однос на другиот дел од твојот пост, имам и добро и лошо искуство. Спомнав, не негирам имам прекрасно искуство со сестри и доктори и без врски, но ретко ова. За жал, за да поминеш добро на државно мораш да имаш добри врски или да си платеш. Ова не е мое искуство, ова е искуство на грото од народот. Сите знаеме во која состојба ни е здравтството. И тоа не е од сега, тоа трае со децении. Малку е да кажеме дека е на дното. И за тоа сите си имаме вина, а најмногу политичарите. Зошто ги деградираат медицинарите? Исто е и со наставниците. Знаете зошто? Затоа што сами си дозволија, сами си ги погазија професиите. Ги имаат едни од најубавите и најхуманите, ама нивниот однос, нивните постапки доведоа до тоа да се нема доверба во нив и да ги плукаат. Не може за нешто што им работа, да мораш да им дадеш бонбоњера за да завршат работа. И што е најжално од ова има исклучоци, а не обратно.
Едно мое лично искуство. Пациентите кои се лекуваат приватно, во државна болница, се скорон секогаш покултурни од оние кои доаѓаат на државно. Зошто е тоа така? Јас не знам, еве ако некој знае нека каже. А тоа е pattern што сите го имаме приметено.
Еден став имам за примање и давање мито. Ако нудиш мито на доктор, сестра тогаш немаш право да се жалиш ако некогаш нема да понудиш па ќе те истретираат лошо. Ако никој не дава, никој нема да бара. Пошто давате, ги учите дека можат да бараат. А пошто ги учите да бараат, кога некој стварно нема, ќе му се понашаат секако. Ама ќе се најде некој паметен ко тој новинарот што го снима докторот кај што зема мито, па се менуваат работите полека. Не може бе, се жалиме ова не чини, она не чини, и после носи кеси по болници. Срамота е
И само да се надополнам на муабетот зошто си оделе сестрите Докторите после факултет треба да обавуваат 6 месечно стажирање кое е платено по 30 000 денари од месец. Сестрите после факултет треба да обавуваат 9 месечно стажирање кое воопшто не им е платено. Зошто? Зошто не е платено? Па слободно нека фаќаат џаде од тука. Ама пандемија било, како така давале откази. Нека мисли државата дали е пандемија.
@CameliaMiller, субјективна си на темава зошто работиш горе на клиника Никогаш ама баш никогаш нема да го осетиш тоа што обичниот пациент го доживува. Ни ти, ни партнерот, ни твоите родители, ни твоите пријатели. „Твоите“ луѓе секогаш ќе имаат посебен, човечки третман од страна на твоите колеги. Доволно ќе биде само телефон да кренеш. И утре да смениш работа, контактите остануваат. А штом е толку лошо (а сите знаеме дека е), зошто не протестираа и пред коронава? За подобри услови, за подобра опрема, за проширување на персоналот. Медицинските лица за што досега протестираа? Само за повисока плата Значи се е ок, освен платата. Епа, нека повелат во приватен сектор. Ем нова апаратура, ем помалку пациенти, ем чисто. Само што таму ќе мора да работат за таа плата.
Јас не работам од секогаш во здравство, а и претходно сум била пациент, 20+ години. Настрана се` тоа, постои специјалност каде што мојот партнер неретко има потреба да оди, и најчесто на дежурен, таму ниту познавам некој, ниту контакт, ниту врска имам, ама секогаш, без исклучок, сме биле најкултурно примени и услужени. Не можам збор да кажам лош, а не сум ни јас пациентот па да видат по осигурување каде работам. И исто имавме со него случај, и на форумов пишував колку бев исплашена, пак не можам да се пожалам од приемот, а никој жив не познавав. А за себе лично, на сопствено работно место чекав 3 саати, со напад на бубрег, не затоа што не можев да се пикнам, туку зашто имаше друг побитен (поболен) пред мене. Не тврдам дека се сите цвеќиња за мирисање, ама јас едноставно, освен една единствена сестра, која крајно дрско се испонаша кога ја прашав што лекови и даваат на свекрва ми, друг ниту доктор, ниту сестра, се однесувал лошо со мене (зборувам за онаму каде што не ме познаваа).
Тоа сме криви и ние народот. Така сме ги научиле. Прво со 100 гр кафе, па ајде локумче, па ајде бомбониера, па за 8 ми март парфем,.. и ете ти ..
Точно е тоа. Само мислам дека не е само една причина. Државна работа кај нас оди по принцип за секој еден што соодветно работи има 10 што му маваат сеир и се изживуваат со него. И тоа е во сите институции. Се буни тој еден, ама е надгласан од тие 10. Целите метафорички и буквални фекалии ќе се истураат на тој еден. И кога ќе им пукне филмот да си отидат на подобри услови во приватно, е зошто? Пак тие виновни. Не верувам дека си одат џаболебарите, митаџиите и сеирџиите. Тие им одговара тој принцип на работа клати врата. Не дека ги нема тие проблеми што ги наведуваат членките. Има секакви и доктори и сестри. Ама мислам дека на погрешно место е насочен гневот.
@Nausicaa да се дополнам Протестираа и пред пандемијата. Повеќе од еднаш. Зашто не знаете - не знам, ама дека имаше протести, имаше. Само кога медицинари протестираат никогаш тоа не е прегласно медиумски покриено, затоа што и при протест, не престануваат со работа. И секако дека и за плата ќе протестираат, жалосни им се платите на сестриве. Докториве пак земаа некое покачување, одделенска сестра за жалење е со плата.
Ти имаш често издржани мислења на многу теми. Веројатно си и за ова во право ама не знам на кое место е насочен гневот и зошто. Мене ми е проблем медиумско решавање на проблемите, со помпа со се. Во време кога корона е бабарога и во пик. Ако јас работам во здравство и ме бива и трпам мобинг или на било кон начин нешто не ми е погодено, ќе сум си го решела проблемот одамна. Немало да трпам 20 или незнам колку години. Пошто од лани до сега дека толку ескалирала состојбата, сигурно не е случај.