1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Здравствениот систем за време на пандемија

Дискусија во 'Коронавирус' започната од VDT2906, 29 септември 2020.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.794
    Допаѓања:
    259.843
    Па не даваат сега само откази Биљарке, даваа и лани, и пред таа година... ама тогаш не беше интересно доволно за по медиуми.
     
    На fana и candy.cane им се допаѓа ова.
  2. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    @CameliaMiller, сум те читала на форумов, многу си ми кул и пример си ми за женска со ептен супер сфаќања. Ова не е напад кон тебе, зошто навистина не е ама факт е дека, ако сакаш, можеш да фатиш врски, така? Можеш. Сега не сакаш да се буткаш преку ред и тоа е за максимална пофалба зошто ретки се тие како тебе ама ако еден ден, не дај Боже, затреба нешто итно, со еден повик „твојот“ човек ќе биде веднаш примен и прегледан. Ако имаш некој „твој“ што лежи, со самото што е „твој“, ќе биде поразлично, почовечки третиран од останатите пациенти. Тоа ми е муабетот.
    Ако нешто некогаш ти затреба , знаеш ќе ти биде излезено во пресрет. Ние останатите го немаме тој луксуз :( А не треба да биде луксуз кога си на лекар да бидеш третиран како човек.
     
    На noteforself, buba4e89, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.109
    Допаѓања:
    164.726
    Епа тогаш медиумите се криви.
    Секако Јас не би се сликала со отказот за медиум, ни сега, ни пред 5 години;)
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.775
    Пол:
    Женски
    Нехумани биле сестрите.

    Дај кажете ми првин дали вие лично си го остварувате своето делче од хуманоста која се бара овој период?
    Дали помагате ова сра*ево да се заврши побргу и дали вашите блиски прават се што е во нивна моќ за на целиот медицински персонал да е полесно и помалку стресно?

    Кои се оние што си прават ќефови со родендени, свадби, крштевки и други безобразија во време на пандемија?
    Тие се оние хуманите?

    Да бидеш одговорно медицинско лице кое се бори со ваков неразбран народ, а згора на тоа и со виши инстанци кои не те сметаат за човек е како да си на местото на Дон Кихот во борба со ветерниците.

    Ќе земам пример од мојов град.
    На инфективно има само двајца доктори, кои дежураат секој втор ден и изминативе месеци си идат дома само за спиење (ако не се дежурни дента), туширање и пресоблекување.
    А и кога се дома им се јавуваат пациенти или луѓе кои се сомневаат дека се заразени за консултации и совет.
    Едниот од нив има некоја година до пензија, самиот има хронични заболувања на кои ваков притисок и константен стрес само ги влошува, а гратис е тоа што последниве година дена нема ден одмор земено човекот. Бара да донесат уште медицинска помош, за барем малку да се растерети во обемот на работа.
    И еве го после месеци и месеци уште чека да сфатат дека и тој е човек.
    Истово ова се случува и со сестри во години.

    Дај кажете ми вие дали треба да умрат на работа овие луѓе за да сте задоволни од нивното вложување и залагање, додека господава министри на тв само за сликање ги бива?
    Секогаш ќе се најде некој си таму Трпе од Долно Дупени кој не знае што е маска да кажува како доктУрите и сестрите биле крајно себични, саможивни, ништо не работеле, немале разбирање и што ти јас знам, иако истите тие во изминативе СЕДУМ месеци СЕКОЈ ДЕН живееле со закана по сопственото здравје и здравјето на своите најблиски за ѓубриња да им идат на работно место и да се закануваат дека ќе ги убијат ако на им дозволат да си го земат умрениот веднаш.

    Господа хуманитарци, повелете покажете се на дело.
    Сега е вашето време да идете да помагате каде треба.
    Помалку паламудење за пожртвуваноста на други, повеќе во акција.
     
    Последна измена: 30 септември 2020
    На SandStorm, Ladybug98, noteforself и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    17.251
    Пол:
    Женски
    За болдираното се сложувам апсолутно. Немаме никакви независни медиуми. И тоа е платена политична пропаганда на еден начин. Ете ги викнал на разговор министерот и готово веќе немаме проблеми во здравството. Нафта пиеме.

    За останатото е калкулирање од нивна страна претпоставувам. Колку што разбрав постар кадар им избегал. Не знам какви услови нуделе порано во приватните болници. Претпоставувам бил на некое ниво што го толерирале vs. работа на приватно. Сега со короната е на турбо, па прекипало.

    Дека не е хумано да напуштат сега, не е. Дефинитивно. Дали имаат дел од вината? Да, имаат.
    Ама малку лицемерно е да ја бараме хуманоста во нив да проработи, кога сите се однесуваме од државни органи до обичен граѓанин дека короната не постои и им покажуваме среден прст во лице цело време од март до сега.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.794
    Допаѓања:
    259.843
    Не би се сликала ни јас, ама колку што сфатив, сликата не е од сестрите, туку од “некој“ кој сака да ги оцрни истите :)
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.109
    Допаѓања:
    164.726
    Цел свет се однесува исто, ај ако не сите нека дадат откази сегде. Многу се идеализира дека само во МК народот не чини, инаку другите супер се. :shake:
     
    На 1209, BloodElf и JuLleE им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.109
    Допаѓања:
    164.726
    Oh dear lord:^) |(
    Раилиту шоу - шпанска серија:x
     
  9. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    17.251
    Пол:
    Женски
    Да, ама таму го имаат ли делот каде што се изживуваат со нив како гратис додаток на работата?

    Некако цело време се вртиме во круг. Ќе помине короната и пак истиве проблеми ќе си се таложат и таложат.
    И во право е Вајлд, за тоа вина си имаме сите. Ако излезам на протест за здравство, не протестирам само за сестрите и лекарите да имаат услови. Протестирам и за самата себе, утре ако ми се случи нешто да не лежам во мизерни услови и да си поцркам на клиника.
     
    На WildMk, noteforself, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.794
    Допаѓања:
    259.843
    За кај мене, онаму каде што јас работам, дефинитивно е се` возможно од ова што напиша, за мене.
    Ама, за онаму каде што одиме често, не сум сигурна дека можам, сосема друга институција е, во која навистина никого не познавам.
    Сега, ако се запнеме, сите некаде некого ќе најдеме, нели.

    Ама не сум имала потреба, стварно се фер и коректни и не сме имале никогаш проблем.

    А онаму каде што сум имала проблем (ситуацијата со сестрата), не и кажав ни колешка сум, ни враг, и кажав дека ќе се пожалам во правна служба за некоректен однос (секоја болница ја има, и функционира). Немаше потреба до таму да стигнам, сама себе се корегираше претходно.

    А за последното, апсолутно секој заслужува човечки третман. Јас за себе знам дека пациентите со кои работам ги третирам максимално со почит, е тоа што мене како говедо најчесто ме третираат, тоа е друга работа.
     
    Последна измена: 30 септември 2020
    На Nausicaa, Mantub, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Канада, Америка, развиени држави, сестри се во топ 5 платени професии.
    Кај нас, и држави во развој, видете, изгуглајте една обична споредба направете колку се платени сестрите, најдолу на листа.
    Филипче објави како им ги зголемил платите на докторите блаблабла.
    Одоздола во коментари луѓето кажуваат која е реалната ситуација. Дека тоа се зголемувања само за докторите во Скопје, дека тоа за кое зборува е бруто плата, а не нето, и слично.
    Има доктори 40 000 дали земаат.
    Понижувачки.

    Не обвинувам никого за отказ.
    Докторите и сестрите требало да лекуваат.
    Е треба и полицијата да казнува собиранки.
    Треба и граѓаните да не прават собиранки.
    Кога никој не почитува, зошто лекарите и сестрите да не даваат откази?
    Што се должни срањата од секого да ги трпат?
    Пандемија е колективна работа.
    Ако колективот не пази, не може една жичка да ја спасува цела ситуација.
    Секаде во свет се жалат медицинарите од истите работи.
    Пандемија или не, секој има право на отказ во секое време.
     
    На noteforself, 1209, KateKane и 6 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.794
    Допаѓања:
    259.843
    За време на вонредната не смееше никој во здравство, полиција и војска да даде отказ.

    Сега смеат и даваат.

    Ај за нас останативе, нема потреба баш ништо да се направи, што не работевме директно со ковид. Покултурна плата би било фино.

    Ама на овие од ковид, и те како сериозно треба да се наградат.
    Не затоа што си ја работеле работата, туку затоа што немаа право на живот, ако не е поврзан со работата. Ни одмор, ни отказ, ни боледување освен ако не е за умирачка.
     
    На *katja*, Annath, fana и 3 други им се допаѓа ова.
  13. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    6.151
    Некој спомна дека одмор немале искористено од 2019. Јас колку што знам поради короната имаа рестрикции во работењето. Нешто како една недела работат, една недела седат дома, со цел да не се заразат, а се платени како да одат секој ден. Тоа не е одмор???
    Друго, некој рече мобинг врз сестрите. А мобингот од сестрите врз пациентите? Па јас од доктор таква навреда немам добиено, колку што имам претрпено викање и дерење од сестрите што се на шалтерите.
    За платите, не коментирам. Реално, на ниво на држава, ни е потребно покачување на сите.
     
    На WildMk и g8lQQk им се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Не
     
    На 1209, fana и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.794
    Допаѓања:
    259.843
    Не е одмор ако не смееш да напуштиш град и мораш да си достапен 24/7, како и од повик до појавување на работно место да имаш рок од 30 минути.
     
    На tina2018, candy.cane, KateKane и 6 други им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    16.988
    Допаѓања:
    233.324
    Тоа се работи кои сега испливаа на површина и кои ние ги осетивме на себе, оти претходно беше ќути си, арно ли ти е. Е сега бидејќи пандемија, вирус не те прашува кој си и што си и буквално зависеш од секоја едника во општеството, е сега видовме како сме функционирале.
    И после ова ако не почнеме прво од себе да менуваме работи, тогаш, нема надеж за нас.

    А за платата, општо секаде се мали, не само кај нив. Се согласувам дека треба да се поплатени и мотивирани, ама и да се на ниво на таа плата. И со однос и со стручност.
     
    На BloodElf и Mantub им се допаѓа ова.
  17. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    6.151
    А да работите секој ден? На CNN имаше искази од сестри, доктори кои воопшто не си оделе дома. Спиеле таму и биле цело време на работа. Не си ја имале видено фамилијата цели 3 месеци. На прашањето зошто, нивниот одговор беше дека сега сме најпотребни во општеството.
    Јас невидов ниту една статија, ниту еден исказ во Македонија, од ниедна сестра, па јас да имам некаква емпатија кон нив/вас. Се што слушаме, од почетокот на епидемијата е дека тие сакаат да дадат отказ. И се вадите на условите за работа, вакви биле, онакви биле. Па тие услови и таа инфраструктура ја имавте и пред епидемијата. Народот е тој, истиот. Всушност вие сте одбрале таква професија каде треба да опслужувате секаков народ без предрасуди.
    @Mantub сестрите не се во топ 5 најплатени. Незнам каде си го прочитал тоа, ама тоа не е така. Дај прати линк од таа статистика.
     
    На g8lQQk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.794
    Допаѓања:
    259.843
    На ова се' останато не можам да се замарам да коментирам, а за прашањето дали е одмор ти е одговорено.
    Се знае што е одмор.
     
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Не мораш да имаш емпатија.
    Ќе те прашам сите кога ќе заминат Германија и кога ќе нема ни сестра ни доктор да те лечи, дали тогаш ќе имаш емпатија кога при бесплатно здравство ќе треба да ја плаќаш систина и жан митрев.
    Не мисли дека далеку е таквото сценарио.
    Еден млад немам сретнато што гледа иднина овде.
    Особено медицинари.
     
    На SandStorm, noteforself, KateKane и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Епа така функционираме сите јуле, не во македонија, туку човекот општо така функционира, мора со лошо, оти со убаво не учиме.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.