Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Здравствениот систем за време на пандемија

Дискусија во 'Коронавирус' започната од VDT2906, 29 септември 2020.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.185
    Ми иде да си барам постови од пред 5 години, кај што сите реплики се - па нека си одат :)
    Епа баш зашто нека си одат, постарите ќе се пензионираат, помладите од средно си бараат чаре надвор, ќе останат жими рамковни (а и тие бегаат) да не' лечат.
     
    На JuLleE, KateKane, Bezimenka90 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.245
    Да не се разбираме погрешно, не сум јас толку против здравствените работници. И јас сум пациент и јас несакам да се лечам во таква установа. Ова е проблем со години, за кој треба заемно да протестираме, вие здравствените работници и ние пациентите. Но сум против, кога некој дава отказ за време на пандемија кога тој му е најпотребен на народот. Што мислите, како ќе ве доживуваат странците кога ќе ви прочитаат во CV-то дека сте напуштиле работа на која сте работеле 10год. за време на епидемија? Да, ќе ви дадат работа, затоа што имаат потреба од кадар ама никогаш нема да ве ценат. Ниту пак да имаат доверба во вас. Зошто ќе знаат дека кога најмногу ќе бидите потребни, вие ќе си заминете. Мојот совет кон здравствените работници е да почекаат да заврши ова. Па да дадат откази и да ја тужат државата за нејзиниот нехуман однос кон нив за време на пандемија. Ама вие не сте сложни за тоа. Всушност, ние како народ не сме сложни за ништо.
     
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.185
    И уште нешто, чисто да се знае.
    Еден дел од тие што дадоа откази, се мајки на мали деца, кои не добија НИКАКВИ поволности, ниту имаа кој деца да им чува, ниту од работа беа ослободени, сега последниве 2 месеци АКО има услови, една недела доаѓаат, една не, иначе, нивните деца не се деца, нивните родители не се родители.

    Пошто државата не можеше за тие деца да најде решение, бар тие деца во градинка да одат, кога не можеа тие мајки бар малку скратено раб. време да имаат, епа извинете бе, фала Богу дека семејството им е поважно од било каква работа, народ или не знам, срцепарателност за хуманост.

    Што не се понуди некој да им чува деца бе, или секој своето?

    Епа и они се мајки, како и сите вас останати, и нивните деца се деца, како и вашите.
     
    На SandStorm, duffi, KateKane и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.524
    Допаѓања:
    201.574
    Пол:
    Женски
    Во здравство никогаш не е вистински момент за давање отказ, најмалку во време на пандемија. Оној кој реално знае каква е состојбата во здравството, нема да замери, ќе ја вработи ако му треба персонал. Ама како што напишав и во некој пост претходно, не газите во нивните чевли. Тие се хумани, даваат се од себе, дошло до точка на пукање. Дали треба и по цена на сопственото здравје да останат на работното место?
    Му требаат на народот, да, ама не народот да ги третира од г***о подолу. А така се третирани за жал. Не велам дека нема сестри што се однесуваат како да го фатиле Господ за м**а, ама ретки се. Допрва ќе видиме проблем со персоналот, ова не е ништо. Секаде во светот медицинскиот персонал е дефицитарен, ама не ги потценуваат како овде што се прави тоа.
     
    На candy.cane, duffi, KateKane и 6 други им се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.193
    Допаѓања:
    125.350
    Пол:
    Женски
    Ако нејќат да си го загрозуваат здравјето,тогаш зошто ја одбрале здравствената сфера?
    Не е само овој вирус,има купишта вируси што демнат.Постојано има некоја опасност.
    Ако за некој не е опција дедовците и бабите да ги чуваат децата,тогаш се знае,друг роднина,градинка или девојка/жена да ги чува.Мажот како татко нека земе слободни денови на крај краева.Не ги направила жената сама.
    Нема изговори.
    Срамота е да даваат откази додека луѓе се разболуваат и умираат.Тоа е бегање од одговорност.
     
    На kolovoz му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.185
    На оние чии мажи не се во есенцијален сектор, беа ослободени, никој за нив не зборува.

    Нели бабите не може да чуваат деца, нели не можеа роднините, нели социјална дистанца?

    Државата беше должна да им најде решение и не им најде.

    Луѓе секој ден се разболуваат и умираат.

    А оваа држава, и овој народ, не заслужува да умреш за нив.

    Одговорност прво дома, према семејство се има, после на работа.
    Ако се мед.лица, не значи дека немаат право на сопствен живот.

    Едит: ГРАДИНКИТЕ НЕ РАБОТЕА.
     
    На candy.cane, KateKane, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Кој вели дека дале отказ затоа што работеле со вируси?
    Сигурно после 28 години на инфективно, нема да дадеш отказ затоа што работиш со вируси.
    "По цена на здравјето" не се мисли на вируси.

    А за чување деца, те молам.
    Какви градинки, градинките пред 2 недели ги отворија.
    Кои роднини ти се нафаќаат за чување дете ко тие да немаат сопствен живот?
    И пак, не зборуваме за тоа.
    Не се отказите за тоа.
    Сестрата што дала отказ убаво си рече "Деградирање на профилот медицинска сестра".
    Секој што е здравствен работник или има здравствен работник во блиска фамилија, знае точно што значи ова.
     
    На 1209, candy.cane, duffi и 8 други им се допаѓа ова.
  8. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.285
    Пол:
    Женски
    Толку ли е тешко, министре, да држиш социјална дистанца? Зарем во време на пандемија ќе се гушкаме?
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    За на ФБ и у образ ќе ги љуби ако треба.
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.595
    Допаѓања:
    39.031
    Пол:
    Женски
    Да бе, после толку години работно искуство, после сите работи што ги поминале и виделе, "сега им дошло тешко зашто не биле навикнати да работат" па дале отказ.Како не.
    Ако толку многу сте загрижени за нивната хуманост, одете малку видете како е, можете и да волонтирате за џабе, да ве истепа некој, да немате одмор ама битно од што сте човечни ќе го истрпите тоа. :sun:
    Диплома и работа во медицинска област не значат жртвување на се' за професијата и оправдување на секакви глупости во име на хуманост.Има граници, ама најлесно е да си седиш од страна и да кажуваш кој колку треба да истрпи за да биде вреден во туѓите очи.
     
    На noteforself, CameliaMiller, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  11. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    60.092
    Пол:
    Женски
    Види богати тебе ти се смачило што помагаш и донираш за туѓи неправди? Нив не смее да им се смачи од неправда, стрес, мобинг, прениска плата, извршување на дополнителни работи кои не им се во надлежност?

    Абе еден ден да поминете на клиника, особено на инфективна ќе видите одма колку е саат. Ќе видите дека способен човек кој нормално си ја работи работата може комплетно да полуди, што од пациенти, што од притисоци од некадарни луѓе кои бараат невозможни работи да се извршат.

    Она е тоа што @CameliaMiller упорно и упорно и упооооооооооорно го повторува дека немате право да кажувате како некој треба да си ја работи работата. Еден ден да сте им во чевлите дали ќе издржите, а не пак цела пандемија да се тресат ем со болни, ем со накурчени роднини кои ги носат полумртви, ем со политичари ко Османи црепот што се дрзна да им каже 'многу пациенти умирале' дури си одеше по ифтари.

    170-200 доктори на ГОДИШНО ниво си одат од државава, мака мачат да нострифицираат дипломи, да учат германски, шведски или да одат во прекуокеански земји од што не можат тука да преживеат, ама тоа е прашање кое цело време се игнорира. Не се жениве ни први, а што е најжално ни последни. Ништо не почитува народов, а после лекарите и сестрите криви оти бараат оставки и си одат на места каде ќе им биде платен трудот.

    Од мене поддршка максимална, ако најдат приватно работа одлично, ако не пут под ноге и им посакувам да си најдат држава каде навистина ќе ги ценат и ќе ги третираат како луѓе а не како говеда.
     
    На noteforself, Ева33, 1209 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    179.358
    Ај вака. Кој сака да се занимава со политика не може да биде лекар. Може така? Пошто гледам сето од лекарска хуманост во политика влезе, од директор на Градска, до градоначалник на Прилеп, градоначалник на Охрид исто мислам имаше, и тој Таравари ми се чини (ова што ми текнува низ години наназад, со ептен рандом следење на МК состојби)...
    За сестрите еве не знам, ама за докторите многу работи ми се одамна јасни. И не, не зборам за такви од примарно здравство, за такви од клиники зборам.
     
    На deskarada му/ѝ се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.228
    Допаѓања:
    113.451
    Пол:
    Женски
    Класика акција- реакција

    Еве пример: Влегуваш во приватна болница, сите насмеани, ведри, одма ти прискочуваат да те пречекаат , па каде треба да те упатат, од обезбедување на врата до хигиеничар до доктор. Се чувствуваш човек и како таков реагираш.

    Влегуваш на државно (чест на исклучоци), те пречекува намуртена фаца, ко да си крив што си болен па си дошол на лекар. Ако прашаш некој нема кој да те упати, доктори, сестри дигнале нос мислиш господ се. И нормално. одбранбен механизам почнуваш да се онесуваш како животно да гребеш, гризеш за да добиеш она за што си дојден. Јас со сестрата на мојата матична лом се имам направено, зашто една жена дојде цела бледа, одвај стоеше а оваа ја остави да чека да и помине пауза..

    Се надевам ти помогнав на прашањето.
     
    На tina2018 и hello-kitty.90 им се допаѓа ова.
  14. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    60.092
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се согласувам. И јас сметам дека цело здравство страда ако замине лекар во политика. Она што ме фрустрира е што типични Славица и Целе кои не носат маски, отидени се на сите крштевки и мекици периодов, се групираат и навечер пред спиење ќе се дрзнат да отворат фејсбук и да осудат жени што напуштиле работни места оти едноставно не можат повеќе да издржат.

    Истиов проблем го имам адресирано не знам веќе колку пати на форумов. Дека апсолутно мора да се подобрат и условите и платите за медицинските лица. Затоа што е огромен проблем нивниот одлив, еве пак ќе ја пишам бројката, 170-200 на годишно ниво. Пандемијава само служи како катализатор за да ова земе уште поголем замав.

    Никој, ама апсолутно никој нема право да им суди или да им кажува како треба. Прелесно ми е мене овде, во комфорот на мојот дом, на топло со чај да кажувам како треба, а да не сум поминала таму и да видам каква е ситуацијата.

    Крај краева ако ете имаат понуда за подобра плата и подобри услови негде, нека ми се јави ЕДЕН што би го одбил тоа. Кога ќе се појави таков кој ќе рече не на поголема плата, нека ми титне, ќе му се јавам. Лицемерие невидено.
     
    На 1209, Mantub, Bezimenka90 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    179.358
    Видиш, не ми текна на аспект на мизогинија овде:?: (може и не ти беше тоа намерата ама небитно). Пошто сите амбициозни лекари во политика, наведени погоре се мажи. Угледни граѓани во општеството, нели.

    Иначе многу комплицирана тема начнуваш, три дена ќе ми требаат да пишувам а немам време:doh:
    Тие 170-200 се да речеме како мене, тебе, не им се трпи булшит. Плати не се единственото што фали, фали да се доведат во ред тие погоре наведените. Тие што не бегаат во странство, оти ниедно странство не им е толкава печалба како селото без кучиња во кое си оперираат. Ете така, накратко:|.
     
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.228
    Допаѓања:
    113.451
    Пол:
    Женски
    Живо ме занима ако овие откази се побараа во време кога нема пандемија дали толку бурно ќе се реагираше. Па сите доктори на приватно дојдоа од државните болници, не никнаа од никаде. Што тогаш никој не кукаше кога се одливаше кадар. Ама нее. Сега замисли се дрзнале да дадат отказ. Потполна подршка. Каде им е поубаво таму да си одат.
     
    На tina2018, deskarada, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Во криза најубаво се гледа се' што не чини.

    Се градеше овај систем на корупција, непотизам и неодговорност со децении... никој од страна не ви е крив.

    МакедоЊа Вечна!
     
    На st2007 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Тие што отишле со купена диплома и без знаење сигурно не работат како сестри и доктори. Мислиш трава пасат "горе", не знаат како функционира Балканот па одма со дипломата ќе ти дадат соодветно работно место. Колкупати имам слушано и читано за фалсификувани дипломи и медицински лица без основно знаење, емисии се прават, на вести се кажуваат, нема грешка, Фата од Босна ќе ги прелаже сите и пациенти ќе лекува во Германија со средно браварско.
     
    На Ladybug98, g8lQQk, *katja* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.185
    Па не ми помогна, истите сме и државно и приватно :)
    Луѓето што кај НАС (во државна институција) плаќаат приватно, се обично покултурни и потрпеливи.

    Ние не сме различни, болницата добива 100% од тој приход, ние како вработени немаме разлика во плата.

    Не зборувам за дополнителна дејност, него рандом луѓе што немаат осигурување или се странци, или наши на одмор дојдени итн.
     
    На Annath и nena2010 им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.228
    Допаѓања:
    113.451
    Пол:
    Женски
    Аа јас те разврав зашто луѓето кои обично се лечат во приватни болници кога ќе дојдат на државно се поинакви. Не сум те разбрала, извини.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.