Зошто вакви безвезе прашања поставуваш кога го знаеш одговорот? Сама си кажа, или се странци или на одмор дојдени, какви сакаш да бидат кога или доаѓаат од друго општество или еднаш и никогаш повеќе па немаат огорченост кон вас од претходни искуства. Трета причина може да е и вашиот однос кон нив. Самите вие сте покултурни кон странци или поимотни луѓе што дошле да се лечат на приватно.
Не реков дека се САМО странци. Луѓе кои немаат осигурување, или луѓе кои се Македонци, но живеат во странство се најголемиот дел. Обично странците што работат тука имаат осигурување, ретко е ептен некој да нема.
Spoiler: Расправија на Инфективна причина за отказот на трите медицински сестри https://sitel.com.mk/raspravija-na-infektivna-prichina-za-otkazot-na-trite-medicinski-sestri
Само за кај мене си. Јас не се карам со никого, боже сачувај. Ти биди си некултурна, ама јас како ретард ќе се смешкам - ене ти го докторот, него издеравај му се слободно. Мене - нема.
Му дале одмор на мм. 10 дена од ланскиот. Ама! Од 08:00-10:00 ч мора да оди на визита секој ден. Мора да е достапен 24/7 на тел во случај да има итен и тежок пациент. И мора да си дежура по распоред, т.е секој петти ден 24ка. И сето ова , нормално неплатено ќе е А одморот од 2020 ќе може да го користи следна година, здравје Се побунил. Одговорот е - тоа е! Ако не ти одговара вратата е лево па десно
Јас не. Ама докторите - да. Не е моја работа ред да правам, па не правам. Е тоа што е интересно, е дека со мене пробуваат да се оправаат за ред, ама јас нема шанса, значи нема теорија да се расправам со пациент. Ако сам не е свесен дека докторот си пикнал сестра на свој колега, и јас ништо со тоа немам, немам ни намера да се објаснувам. Е ама, на докторот сите му ќутат, не му се караат Затоа право таму ги праќам, мене не ме интересира.
Не му пиши на чело на тие што влегуваат преку ред, кој им рекол преку ред да влезат. Ако видам дека сестрата не спречува некого да влезе преку ред, таа ќе си го добие. Ако ми рече дека докторот е одговорен и него ќе му објаснам неколку работи.
Да сум дефицитарен кадар пред пензија и некој да ми рече -или така или вратата лево па десно, во секунда ќе си ја фатам вратата. И ќе чекам да дојдат да ме молат да се вратам. Не се во состојба да велат -ете ти ја вратата. Со тој менталитет се уште ама не знаат дека не пали секаде и секогаш.
Ако сакаат да си заминат, нека си заминат. Имаат избор. А, тоа што ќе заминат не ги прави помалку хумани или невредни за професијата. Не дека се од камен. Јас да бев одамна ќе си заминев. Ветеринари да беа поубаво ќе и беше. Животните повеќе ќе разбереа што да прават во пандемија. А, па и една страшна плата што земаа пошто цело време се расправаат и лекуваат неразбрани.
И уште една работа, настрана од врските. Ако докторот, сестрата, јас сметаме дека некој е во полоша состојба од тебе и треба пред тебе да влезе, ќе влезе, па сакаш буни се до задутре. Мојот роден вујко чекаше 2 саати минатата недела, затоа што имавме таков пациент, на кој му требаше најбрзо внимание.
Ама од друга страна, се отепуваат од фаќање врски и трчање по партии за да се вработат баш таму. Никој не збора за полоша состојба. Многу убо знајш дека се' и сешто преку ред се пика
Епа моето лично искуство Вајлд, покажало дека мажи 50 годишни, се способни да изгазат стара баба, трудница, неподвижен дедо, оти НА РЕД БИЛЕ. Голем ташак ако си на ред, трудната пред тебе ќе влезе па не знам што да е. Ако е некој со нешто посериозно, исто така. Никој не е должен детално да објаснува зашто некој влегол прв. И да, има ситуации кај што пикаат без врска, ама тоа се очигледни ситуации и тоа е нешто што нема да се искорени, колку сакаш биди некултурна ти. Мене ми е срам лично себе да се пикам, па закажувам или се договарам на дежурство да одам, или во денови кога нема др. термини. Ама, докторите секогаш ќе излегуваат во пресрет на свои колеги, нешто што го посведочив и во едно многу поасално здравство од нашето.
Не знам за тие... зборувам за оние со врски. Чим нема да се искорени, нема што да се жалите дека не ви чинеле платите.
Трудницата и старата баба ќе си чекаат на ред како сите други. Каде тоа имаат предност освен ако не е итно ама тоа важи за сите итни примери?
Нема да си го добијам, верувај Ако станеш агресивна, ќе викнам обезбедување. Ама ќе бидеш игнорирана од мене, тоа ти гарантирам. Нема нешто што можеш да го кажеш, за да се ставам во ситуација јас проблем да си направам.