Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Здравствениот систем за време на пандемија

Дискусија во 'Коронавирус' започната од VDT2906, 29 септември 2020.

  1. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.177
    Допаѓања:
    169.246
    Пол:
    Женски
    Па и накај фаќање на врата сМЕ дојдени.

    Од кај шуто па там и боде велат кај нас:)
     
    На CameliaMiller, g8lQQk, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.850
    Допаѓања:
    267.103
    Каде што работам, ретко што не е итно. Зборувам од мое искуство, нели, баш напоменав :)
     
    На g8lQQk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.850
    Допаѓања:
    267.103
    Ама нема тебе да те прашаме бе Вајлд, како не ти е јасно?
    Ти фрустрирај се, карај се по форуми, просто не ни' е важно што мислиш.

    Ќе си дадеме откази, ќе си протестираме, шо си мислиме, тоа ќе правиме. Совет не побаравме.
     
    На Ева33, KateKane и fana им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Па ако сите се итни си има начин на кој се бира и тоа треба да е кој во колку лоша состојба е, не дали е трудна или баба.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.850
    Допаѓања:
    267.103
    Тачно Бригито, тоа и се прави.
    Трудната секогаш е најитна во нашиот случај :)
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Не ти е битно, ама цел ден се браниш ко ѓаоло од темјано.
     
  7. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Не дека ги оправдувам, ама ги разбирам до некаде. Проблемот е што некои медицински лица не се свесни во моментот на учење дека освен стручноста, многу е важна и хуманоста во оваа професија. Да, во поглед на одговорноста која ја имаат ниту се платени, ниту пак ценети кај нас. Се оди во смени, немаш викенди, немаш празници. Секој годишен одмор телефонот треба да ти е при рака. А за стресот и секојдневните трагични судбини што ги гледаат да не зборувам. Професионална надоградба мора постојано. Е сега, кај нас во државно се знае дека може и да пие кафе поламсаат, и да му се развика на пациент, да не го погледне...е затоа не трчаат во приватно. Таму се повеќе платени, ама секој денар им е поштено заработен. Ако можат пратениците да земаат ненормални суми за патни трошоци за да паламудат исто па исто секој ден, да се местат тендери, и лопови да се возат во џипови, зошто некој би го ризикувал својот живот, за мизерни плати? Апсолутно ги разбирам. А во врска со бунење и барања се знае: ако не ти одговара оди си, тоа најчест одговор
     
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Дури и ако трудната има лажни контракции а некој крвари со пресечена рака?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.403
    Допаѓања:
    60.076
    Пол:
    Женски
    Не мислев на мизогинија овде воопшто. Така се изразив едноставно.
    Знам дека е долга и широка темава, ама навистина срце ме боли кога ќе видам како ги вреѓаат, па уште ГИТЛА, а знам низ што врват секој божји ден. Ене и од погоре изјавата, им пукнал филм некој да ги множи со 0 цело време. Замисли ситуација на пациент кој е донесен полумртов, во критична состојба, роднините маваат, кршат, бараат да се излекува, докториве и тие притискаат, директорчиња си седат во фотељи и не се на прв борбен ред да видат како е, или биле па ги фатила амнезија, си идеш дома мртов уморен, 7 дена во неделата, по идиотски часови на работа, за мизерна плата и ќе се дрзне Славица да ти кажува дека си идиот што не го трпиш мобингот. Си требало порано да се буниш, а не во пандемија. Или да чекаш да помине, а гомново нема да помине. Гледаме сите, баш напротив поголем замав зема.

    Тетка ми беше вработена во Градска болница како сестра. Се пензионираше пред неколку години жената. Јас одговорно тврдам дека работата си ја работеше пожртвувано, до ден денес ја бараат ако нешто заглават за стручно мислење. Баш зборевме и ми го кажа муабетот дека најмногу и е криво што останала овде и работниот стаж го завршила со смешна плата. Најмногу се кае што не отишла и не направила пари за убава старост да си живее. Ако ти кажувам ситуации што ги преживеала ќе мислиш оти измислувам, оти такви работи само на филм се случуваат.

    Тоа па колку беа заштитени со опрема, колку си го ризикуваа сопствениот живот не го почнуваме, пошто стварно ќе ме фати туга. Пак ќе го поставам истото прашање што го поставив кога анестезиолозите од 8ми си заминаа, зошто би останале? И дали кога ќе се стави се на вага што вложуваат, што претрпуваат и што добиваат на крај е фер?

    Не е. Затоа и си одат. Не оти не им се работи. Има и на приватно еден куп работа, ама друго е кога можеш да си дозволиш да се одмориш на море од работата, друго е кога те боли главата сметките како да си ги платиш.
     
    На noteforself, Annath, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.850
    Допаѓања:
    267.103
    Не бе, си лафам.
    Слабо денес гужва.

    Не сум сестра, па да ме болка лично :)
     
    На Mantub и fana им се допаѓа ова.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.593
    Допаѓања:
    39.001
    Пол:
    Женски
    Да, да, ќе им објасниш и готово ќе им го смениш умот. :D
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    А... нема да му го сменам умот.
    Со инка не се тура.
    Само да им кажам дека ништо не заслужуваат.
     
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.850
    Допаѓања:
    267.103
    Тоа на друг оддел е, кај мене конкретно, такви настани нема.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.850
    Допаѓања:
    267.103
    Да, ќе ти подадат рака, брао бе Вајлд, 30 години стаж и најмалку 12 години школо, тебе те чекавме, среќа се појави да ни' кажеш :D

    Циркузи си човек на моменти :) :) :)
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Сега оти се изнасмеа, се подобри здравството.

    Реков уште сабајле.
    Моето мислење може да е говно, ама фактите се факти.
     
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.593
    Допаѓања:
    39.001
    Пол:
    Женски
    И, не разбирам, да си лекар, сестра што и да е, нема да му направиш на некого услуга?
     
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.850
    Допаѓања:
    267.103
    Фактите дека пикаат преку ред никој не ти ги оспори чинам, а фактите дека тебе ќе те праша некој кога отказ да даде... како да ти кажам, ама не си компетентна.

    А фактот дека нема на докторот да му се издераваш такоЃе стои, пошто не можеш по магарето, одма по самар маваш, како и сите уствари.

    Порано па и се секирав, сега, само лабаво.
     
    На Ева33, KateKane и fana им се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.920
    Допаѓања:
    179.323
    Цело време од главата смрди рибата. Доктор пуштил некого преку ред, директор на докторот така му рекол, министерот на директорот му се јавил... Ништо поразлично од пред корона.
    Discussion is futile :|
     
    На noteforself, g8lQQk, GirlRose и 2 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Зошто да му напрам некому 'услуга'?
    Платен сум за да се грижам за сите пациенти еднакво, не за некои повеќе, а за некои помалку.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  20. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.226
    Допаѓања:
    112.129
    Пол:
    Женски
    Пошто ти е роднина пример
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.