Здравство

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од RainBow, 3 мај 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    16.734
    Допаѓања:
    34.054
    Што мислите за нашиот здравствен систем?
    Ја отварам темава, бидејќи ми фалеше место каде ќе можам да се пожалам од здравството наше.
    Да не даде Господ да се влечкаш по нашиве болници. И здрав да отидеш, болен ќе излезеш :puke:
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    66
    Дефинитивно за никаде :( За греота сме. Доколку немаш некој свој, можеш да умираш, медицинскиве лица да те газат. Никој нема да те примети. Ако имаш пари ќе си отидеш во приватна болница, а ако немаш, се е во Божји раце.
     
  3. zadovolstvo

    zadovolstvo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Mnogu proekti so katastrofalen kraj. Refomi bez uspeh,pari se trosea nedomakinski, bez dobra nacionalna strategija.Sakavme da nalikuvame na evropsko zdravstvo a se simnavme na dnoto.Mnogu e lesno od udobni fotelji da se kazuva.Treba da se pogledne vo realnostai da se osoznae vistinskata sostojba na teren. Se' dodeka razmisluvame partiski ke nema dobro zdravstvo, toa e za site nas, bez nikakvi podelbi.
     
  4. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Се ужаснувам кога секојдневно читам по весници како невини луѓе страдаат од невнимание на лекарите. Неретки се и смртните случаеви. Имам случај со моја роднина, на која девет месеци гинекологот не видел дека детето и е без раче, и кога го роди со половина раче сите бевме шокирани. Како е можно во време на современа технологија во медицината да се направи ваква грешка!?
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    75.046
    Се случува тоа што се случува зошто го направија бизнис и сакаат да приватизираат сектор кој не смее да биде приватизиран.Прво е неетички,а второ е непрофитабилна дејност за да така се однесуваат...а да не разговарам за фактот дека се делат и 13 платa на клиниките...ужас!Од сите здравствени системи најдоа да го изберат американскиот...Да не даде господ да се завлечеш по болници.Последно искуство со дијализа и апарати со над 50000 работни часови,раздрнкани и никакви,а нема приватни болници кои го обавуваат тоа...да ти е страв да седнеш,може ќе откаже во секој момент и што ќе правиш освен да умреш...страшно.А ако сакаш да те стават на список,тогаш дебело мито ти треба зошто се пребукирани...Не знам зошто толку многу луѓе во бели мантили кои би требало да обавуваат благородна работа се толку арогантни,а барем да имаат заднина на таа ароганција,не се ни стручни...жими 5 дали ќе се најдат во државата...таа стара клапа што беше испоумреа,отидоа по пензии,а сега дојдоа нивните семејни наследници кои завршиле медицина со врски...семеен бизнис направија од нешто што не смее.
     
    На joy1 и galapce им се допаѓа ова.
  6. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    550
    тотално сум разочарана во здравствово, ако не имаш многу јаки врски,нема далеку да тодуркаш, од една обична настинка ти кажуваат дека имаш заушки, па после се сомневаат за слепо црево. Да не имав роднини низ сите болници, немаше да бидам сега арна, кога ја дупнав главата, им требаше цела ноќ да почнат да ме шијат, а јас ептен крварев, 3 прста ми влегуваа цели во глава скоро кај тилот, и уште ме зезаат кај ми е дечкото ова она, а мене ми се темни, и нормално не дозволив да ме шие некој таков, што на 3 смена спие и не може да се расони за да ме сошие па си го чекав зет ми...заврши работа за 5 минути....
    чекаш ред цел ден, за да дојде некој што психички си ствара болести а е најздравод сите....трудници, чекаат, стари изнемоштени лица стојат, а некоја пицната во штикла 12, со минич, деколте си седи , и нормално влага преку ред.
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.166
    Допаѓања:
    69.271
    Пол:
    Женски
    Нашиот здравствен систем?! Имаме ние такво нешто?!
    Не можам да сфатам како некој може да си игра со здравјето на луѓето како што сега го прават тоа. Тотално го деградираа и го удрија, ама буквално го удрија од земја, го доведоа до најниско можно ниво, се со цел да се заработат пари. Ова е доказ дека кај нас парите ги одредуваат правилата, и секој гледа шанса да заработи нешто на сметка на другиот. Освен тоа, има хиперпродукција на кадри и очекувано, со намален квалитет и способности. Трагично е што кај нас мислат дека можат тукутака да завршат медицински факултет и да се носат со одговорноста за човечките животи. Се додека постојат врски, непотизам и корупција, здравството ќе ни биде за никаде. И јас се сложувам со погоре напишаното, да не даде Господ да се разболиш во Македонија ако немаш пари.

    А најубав здравствен систем имавме - сите плаќаа, се лекуваа сите кој како му требаше, без оглед на вера, нација, раса, пол, богат, сиромав - не за џабе Обама сака да го воведе таквиот здравствен систем во Америка.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.148
    Пол:
    Женски
    Samo kratko sakam da kazam -Vo naseto zdravstvo e najgolemata mafija
    Site koi rabotat tamu zarabotuvaat ogromni pari na smetka na bolniot
    Toa go tvrdam od licno iskustvo pominato po tie nivni lavirinti -ako nemas pari mozes da umres ko pes nikoj nema da te pogledne .A ako nemas zivot a imas pari ce te cedat bezmilosno do smrt i posle smrt -zasto velam taka .
    Pred nekolku godini pocina mojot svekor od tumur -doktorot koj go operisal znaejci deka e metastaziran go otvoril i zatvori mu gi sobra negovite devizi i znaejci deka mu preostanuva nekolku casa od zivot se osmeli lazno da tvrdi deka odi na podobro . No mrtviot nema usta za da kaze .Vo momentot se najdov vo bolnica koga pojdov tamu mi kazaa deka vo teska sostojba e zemen gore ,toa mi go rekoa tie sto bea vo soba so nego .Vo istiot moment oblakam bel mantil i se upatuvam na sprat kade sto mi kazaa dek mojot svekor e priklucen na aparat za disenje i se bori za zivot -toa mi go kazaa mislejci deka sum del od niv .Vo istiot mig se javuva mojot soprug da se informira za sostojbata na svojot tatko -zamislete doktorot mu veli odi na podobro a istiot ne e na rabota vo toj moment. i mu naracuva nekoi raboti potrebni za negovi celi., mojata nedoverba me tera da go pobaram po sobite i go najdov mojot svekor bese pocinat i izvaden so bolnickiot krevet pred vrata -slucajno go svrtev pogledot kon krevetot i se osmeliv da go pokrenam carsafot i toa bese toj .Tatkoto na mojot soprug izvaden vo hodnik ko da e zivotno a ne covek.Potoa se izvlekuvaa deka vo posleden mig situacijata se vlosila i bile bespomosni deka tie storile se sto treba .A se znae od kancer nema spas -no nadezta da se spasi covecki zivot te pravi slep i vo toj mig ne gledas nisto i ne mozes da poveruvas deka gubis draga licnost i mislis nema cena za zivotot na svojot blizok .I tesko na toj sto si ima maka no toa e toa .Toa e naseto zdravstvo gi nema starite dobri specijalisti,ovie site se so polovicno znaenje i se ucat na pacientite zavrsen fakultet so vrski ,a poznavanje na medicinata vo izucuvanje.
     
  9. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    65
    А зар имаме ние такво нешто??? :worried:
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    16.734
    Допаѓања:
    34.054
    Бевме вчера во државна и работава испадна ако сакаш да платиш одма ќе те средиме, ако не ќе те закажеме за во јули негде :@ Не знам веќе што да кажам, ама озбилнажена има право. Се е тоа мафија.
     
  11. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    83
    Само едно ќе кажам вие што сте од Скопје бидете среќни што се лекувате во Скопје.Отидете во Велес,Куманово,Штип,Битола,Радовиш,Кратово да видите во какви кочини се лекуваат луѓето.Точно е дека има огромна мафија во скопска болница но мора и да се каже дека таа болница редовни се реновира и доопремува напсроти тоа што во 90% од другите државни болници низ Републиката се нема вложено ни денар.Да не правиме муабет за селските болници тука нема што да се зборува на сите ние јасно што и како е мада се 200 пати поуслужливи од градските фраерчиња доктори и докторки.Кај нас се води една страшно лоша политика не само во здравството туку во сите сегменти.Запомнете сите во Македонија плаќаат исто здравствено осигурување,исти даноци ,а дали сите болници на државно ниво се развиваат подеднакво?Само ќе кажам бидете среќни што живеете во Скопје,што се лечите во Скопје,што учите во Скопје недај боже да ја осетите неправда врз граѓаните од другите градови посебно од Источна Македонија зашто Скопје 20 па и 50 години само им ги собира парите за да се гради Скопје,а кај нив едвај една улица у 10 години ќе асфалтираат.
     
  12. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    66
    И јас сум од источна Македонија и многу ми е јасно какви се условите тука, за разлика од Скопје или западна Македонија. Туку во Мк нема ни еден хилихоптер за брза интервенција (помош) при временски неприлики, каде што возило неможе да помине. А за возилата што да кажеме?? Едвај палат, а камоли да се превезе некој.. Жалноо :(
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.166
    Допаѓања:
    69.271
    Пол:
    Женски
    Не што е жално, трагично е... а кога слушнав дека ќе ги укинувале здравствените домови, а мислам и болници (не сум сигурна) во помалите градови.... не знам кај ни отиде здравствово, ама ова не е на арно....
     
  14. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    66
    Жално е што нема лекови, па уште викаат дека аптеките ги криеле. Се е катастрофа, до каде вака - незнам.
     
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.225
    Допаѓања:
    21.843
    Страшна е состојбата во здравството. Посебно ме нервира кога ќе речат дека платите им биле мали, па не можеле да се трудат за тие пари повеќе. Се согласувам дека толку одговорна работа треба да се плати добро, ама таква е ситуацијата во земјата, платите се ниски, и знаеле дека е така кога одлучиле да учат медицина.
    Системот е страшно корумпиран. Како што рече Рејнбоу, да не ти затреба...
    А мислам дека не треба многу за да се поправи, само ред да се воведе и ќе биде многу подобро. И одговорност да се бара, и тоа не само во здравството, туку насекаде.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.804
    Пол:
    Женски
    Оф, уште да почнам да се изјаснувам на оваа тема. Корупција веќе добро извежбана, доктори со лажни дипломи. Пари имаш, здравје имаш, ако не чекај да си умреш во поскоро. ПА и не мора да е долг постов, само потсетете се колку родилки починаа последниве месеци во Прилепската болница. |( ;( И сите од невнимание. И од нехигиена. Да ти е гнасно да влезиш во неа. Па и лековите, од како знам се нешто нема! :o :worried:
     
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.000
    Допаѓања:
    42.511
    најнов бисер од господата - лекови само од 9 до 16 часот во аптеките, ако се платени од фондот :o :o :o зоштоо ?? како може да стигне некој да трча по лек ако е на работа од 9 до 16 часот ?? или во текот на летото, јадни болни луѓе, по најжешкото да одиш да бараш лекови. ако сакаш да им платиш по 500 денари, ехее одма ти го вадат ! :@ сите гледаат да извлечат корист, неверојатно :x
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    16.734
    Допаѓања:
    34.054
    Баш дека во другите градови нема асални болници, сите се во Скопје. Затоа и има толку многу гужви. Цела Македонија тука доаѓа. И тоа е нормално по вина на државата. Па во цела Мкд има еден апарат за магнетна резонанца. Треба цела година да чекаш за да се снимиш. Друга работа е што сите добри доктори и специјалисти се разбегаа по пориватните клиники. Нормално кај што се парите. Сега во државна не можеш да најдеш добар доктор да те зашие. Ќе дојде некој полуписмен и не знае што е тоа игла. Не дај боже инфузија да ти ставаат. Е тогаш никој не ти гарантира дека вената нема да ти прсне :@
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  19. marselakiko

    marselakiko Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    se slozuvam so vas deka zdravstvoto ni e katastrofa.No od licno iskustvo vi kazuvam deka nekogas i da imas pari i da se lekuvas vo nekoja od privatnite kliniki,ako nesto ne trgne na dobro togas tesko si na vas ,,,stresovi,, sto da vi kazam.Ne sakam ni da vi kazam kakvi samo stresovi mi napravija,ednostavno i sega otkako pomina se seuste ne mozam da se pomiram so toa,sto jas samata si go dozvoliv da mi se sluci.Zatoa koga ke se posomnevate vo nesto,kazuvam na privatna klinika , vednas otkazete se zatoasto i da se zavrsi na kraj dobro ,ke se kaete zasto ste gi ostavile parite tamu.
     
  20. net-tet

    net-tet Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    3
    Цела државна само шиптари пуна !
    Еден ден да не дојдат ќе видите како ќе нема гужва и турканици.
    Но тогаш ќе нема кој да дава мито на докторите,ќе нема промет,нема да биде се исто.
    Како што би се рекло во медицината circulus vitosus.