Знаете што во моментов е најбитно во здравството? Колку нови вработувања треба да има, колкав е процентот на националната застапеност на малцинствата, да се вработат повеќе „СВОИ“ луѓе ако е можно, да се создаде круг на истомисленици за да во иднина челниците бидат посигурни на своите позиции, колку пари одредена партија ќе ќари од реализацијата на конкретен проект во здравството, да се форсира дел од приватното здравство (патем од кое во иднина ќе имаат ќар и форсирачите, задкулисно се разбира), итн итн итн. За жал промовираните реформи, кои патем беа планирани врз нереални извори на средства, а со тоа и тешко изводливи, ако се продолжи вака ќе ни останат само на хартија. Не може да се спроведе реформа со недоволно средства.Ова важи не само за сегашната власт, туки и за сите наназад. Но затоа сигурна сум дека со тие средства со кои фондот и министерството располагаат може да се направат рационални реформи, со правилно поставување на приоритетите во здравството. Приоритет број 1 секогаш треба да биде ПАЦИЕНТОТ(можеби ќе речете размислувам социјалистички, но тврдам дека размислувам човечки). Подобрување на условите за работа, средствата за работа, квалитетот на услугите, подобрување на организацијата во работењето според поговорката „колку нозете, толку чергата“,наградување на вработените (посебно тука мислам на докторите специјалисти) според вистинските заслуги и сработеното, а дури потоа да се води грижа за националната застапеност во новите вработувања и присвојувањето на државни пари на одредени партии и групи, на било кој начин и по било кои канали.
Јас мислам дека по некоја година државното здравство ќе се наполни со неписмени луѓе и откако многу пациенти ќе го изгубат животот по клиниките, се ќе иде на приватно. И ќе дојде систем, ако имаш пари ќе живееш, ако не... Жалосно...
луѓе јас сум студентка на медицина веќе 4-та година и сум разочарана од нашето здравство,а клинички центар е посебно катастрофа,незнам за каде да барам работа ама стварно е разочарувачки,а исто и бев еден месец во романија значи стварно сиромашна земја се ама здравството им е далеку од нас.значи нема вработување,нема добри доктори,сестри,се прават огромни грешки со лечењето,и мислам само дека приватните клиники се добри.НИЕ НЕМАМЕ ЗДРАВСТВО,и незнам што ќе се случе со мене во иднина,ама неможам да работам во ваква средина како што е сега
Најнова катастрофална грешка на лекарите во нашиот град резултираше со смрт на средновековен човек. Сега директорите на болницата се разрешени, ама која фајда кога малолетни дечиња останаа без татко. До кога вакво никакво здравство ќе имаме во државава!
Unfaithful18 најверојатно човекот бил средновечен, оти ако бил средновековен одамна е умрен Инаку, навистина жално кога се случуваа вакви работи. Греота за дечињата
Би сакала да споделам нешто со вас...Денес ни се случи мала трагедија дома , мајка ми ,жена во години, падна во дворот , и си ги скрши прстите на левото стапало... Не е тоа најлошото....Се случило и реков, и ајде во кола , директно на лекар....Што да ви кажам , чекавме половина и повеќе време да се смени смената на лекарите...замислете жена со скршеници чека толку многу за еден рендген , па упут ваков , таков , па матичниот згрешил , за на хирургија дал , па не знам она , ова ..Пукнав...Си седнале во канцеларија па си пушат цигари , кафе и што знам јас ...додека мојата мајка чека во ходник , не знам она , ова ....Па сама ја носев под рака од едно одделение до друго...со скршеници , на крај гипс па пак чекање .....Збеснав... излегов и гласно реков да ти се плукнам во здравство , во упат , во се....Сите ме гледаа зачудено , кога еден човек се надовржа.. Така е малечка и да знаеш дека е така... Се ми беше залудно , мојот коментар , моите нервози.. Се....Со мајка ми минавме неколку часови таму...и фала богу си отидовме дома , се се заврши така како што требаше...Сакав да се јавам на некоја од локалните телевизии да снимат што се случува по нашето здравство... Драги феминки , знам дека многу се наоѓаат во оваа приказна моја.... и знаеме дека ништо не можеме да направиме....Каде се законите тука ? Кај смее да нема смена на лекар , кој смее да си оди пред работното време дома , кај смее човек да чека без оглед како и да е , дојден е некој да му помогне , има ли некој кој воопшто се грижи за пациентите ? Кај се тука законите за пушењето , и каков ми е тој лекар што пуши ли пуши , тој ли мене ќе ми кажува за здравје и здрави навики..... Ова мое мислење не важи за сите лекари знам дека има и такви кои навистина се грижат и ќе направат се за своите пациенти...Секоја чест а таквите... ЖАЛНО ЗА ТОА ШТО ГО ВИДОВ ДЕНЕС.....дај боже никој да нема потреба да оди да се лечи , или да побара некаква помош....Имате ли некое вакво искуство , и што мислите за ова што го доживеав јас ?
Жално ! Пред 2-3 месеци имав инфекција на кожата..значи ме префати од друг и многу брзо се ширеше низ цело тело..На пола лице бев нафрлена, окото потечено, по нозете, значи секаде..Одам на болница со родителите навечер беше, бараме кожен лекар, а тие докторките седнати таму кафе, цигари и турска синхронизирана серија пуштена низ цел ходник се слушаше. Седнати таму ич не им е гајле дали чека некој, дали му е хитно на некој нешто..Ти викат ќе дојди докторка и чекај ти цел сат таму...
Жално ! Најпрво, и посакувам побрзо оздравување и опоравување на мајка ти а тебе можам да ти кажам да не си земаш многу при срце бидејќи така можеш само ти да западнеш под стрес.. Навистина е жално тоа што се случило, и жално е што постојат и такви луѓе на кои работата им е да помагаат на други луѓе а таму пијат кафиња, пушат цигари и што уште не... Јас, како идно медицинско лице си ветив самата на себе дека првенствено ќе ми биде да им помагам на тие кои ја побарале мојата помош и на сите оние на кои што сметам дека можам да помогнам.. Јас не би ти препорачала да викнеш некоја тв да снима бидејќи постои шанса да те игнорираат па дополнителни нервози ќе си создадеш.. Мој совет е да бидеш покрај мајка ти, да и помогнеш ти и ова да го заборавиш некако зошто денеска се лоши и луѓето а богами и времето... Но, сепак мислам дека еден ден, и на таквите дотични персони во случајов ќе им дојде крајот и ќе мораат да си платат за грешките.. Поздрав, се најдобро и без нервоза.. Не вреди!
Жално ! За оваа ситуација и на врапчињата им е веќе јасно ... Имам блиска роднина, доктор. Пред некој ден на мајка ми само и рекла: Здравствово ни е во хаос. Толку
Жално ! Искрено да ви кажам во Ск секоја болница е хаос, значи невиден хаос ако немаш некој познат ќе чекаш и на крај и работа нема да завршиш...Ова го кажувам од искуство, мајка ми има проблеми со теоридната жлезда и да ви кажам најискрено одевме највени преку врска од тука за во Ск, за да не примат и да ни завршат работа-Жалосно ама вистинито! E, сега колку што имам заприметено неккао во Струга се малку поинакви работите, по она што го кажува мајка ми, бидејќи е медицинска сестра и вика се знаее кај треба да се пријави тој што е за преглед итн, и знам дека голем број Скопјани одат кај нив во болница(Работи во Завод за Нефрлогија) заради што се знаат некои работи, има дисциплина и правила, е сега и таму не баш нај нај сјајно ама знам дека е е една од подобрите болници во Мк(да не испадни дека ја фалам, ама навистина е така)... И да се надевам дека мајка ти побрзо ќе оздрави!
Жално ! Ке рече некој ама ова е Македонија не е Италија...Ке ви кажам една приказна што ми се случи летово. Бев во Италија...летен ден,40 степени,сонце пука,метеж неверојатен а јас и братучетка ми во Шопинг центар.(А од утрото ми беше нешто лошо ми се вртеше во главата)но си реков ај да не ја одбијам.Си седевме така во кафичот во шопинг центарот и се напивме по една чашка црвено вино.Се вративме дома и јас почнав да повракам.Не знам што ми се случуваше но не ми беше воопшто добро..Буквално повратив 5-6 пати.Веке што и да каснев не можев да го голтнам.Си дојдоа моите од работа,брат ми и мајка ми,ме најдоа полу жива на подот и едвај ме свестија...се јавија на татко ми и тој веднаш си дојде од работа.Ме однесоа во соседниот град на болница то ест во Ница.Ми измерија притисокот крвта и што уште не знам.Ми рекоа дека се чудат како сум останала жива.Значи докторките иако беа на пауза не се помрднаа од мене,ме освежуваа ми дацваа течности уште што не знам,стоеја до мене додека повратував во кантата наместо да пијат кафе...Им помина речиси паузата и дојде една одговорна и колку што разбрав една од сестрите кажаа дека и покрај паузата што ја имаат не можеа да ме остават на цедило.Ме испратија во друг град да примам крв. Тогаш нокно време но како да не се изморени главните сестри.10 пати поминаа да ме прегледат и да видат дали е се во ред.Утредента ме отпуштија на толку добар начин без врекање и дофрлување како не сум се чувала. Значи јас буквално се изненадив за толкавата грижа за странци.Мислев дека не се замараат толку но ова беше вчудовидувачко. Е сега,еднаш во Македонија имав инфекција не знам колку пати.Тоа мораше да се санира но јас одложував.Ме пратија конечно во болница...јас се разочарав од тоа што го видов со мои очи.Да ми кажеше некој друг немаше да поверувам. Најпрвин што се случи/Ми ја санираа инфекција на нежно место без опојка,јас врескам од болка докторот ми вика не лажи не те боли.Какво однесување му е тоа? Заврши што заврши тоа,ме однесоа во собата.Таму имаше девојче на мои години кои имаше проблеми со крвта...собата беше гадна гадна а за креветот да не зборувам.Непроменети чаршави и кебиња.Додека лежев девојката до мене немаше да ја посети буквално ниеден доктор да провери до кај е. Дојде време за ручек.Влезе докторката и вели ке јадете ли ?И рековме подоцна за да одмориме малку.Ни се обрати со лош тон :Ако сакате јадете,ако не не морате правете шо сакате,не знам зошто воопшто сте доагале овде.Уатафак?Сакав да и се развикам но си реков ајде маж и не и дал долго време па е толку нервозна Истата докторка,кога дојде време за инекции доага и ми ја забива инекцијата со сета сила што ја има.Еј без осет и тој намкорски поглед никогаш нема да ги заборавам.Заминува докторката и девојчето што беше до мене ми вели:Знаеш што е ваква?затоа што маж и ја оставил а син и умрел.Па чекај бе што сум јас виновна овде?Едвај го дочекав следниот ден да заминам дома...Ама додека не дојдоа докторите да ја кажат сметката поминаа буквално 5 факинг часа . Тоа е тоа луге,трагикомедија...Нека не ве чуди.
Жално ! Кога ценетиот ни министер за здравство ќе престане да опоменува и ќе почне да казнува, е тек тогаш докторите ќе ги одложат кафињата и цигарите за после работа и ќе се посветат на задржување на работното место. Дотогаш, здравството ќе биде во хаос!
абе ајде какво здравство цела болница излегла во двор во една рака кафе во друга цигар покрај болницата кога ке поминеш глетка од доктори колку сакаш влези внатре никој нема од врата до врата ке одеш доктор не можеш да најдеш море мистеров за здравство малку ги стегна па и то е нешто...не дај боже да паднеш во нивни раце оти и здрав да си ке те разболат ...е затоа ако си имаш пари најубаво е на приватно да одеш....
...нема да коментирам многу. просто си се тешам дека со реформиве во здравството може и нештата ќе се подобрат. ама дефинитивно човек на моменти треба дасе моли на бога да не падне во рацете на лекарите
Тие неколку дена што морав да ги поминам во болница беа најпеколните во мојот живот. Незнам од каде да почнам, буквално се запрепастив. Никакви услови, значи никакви. И тоа е мал збор. Буквално хорор. Хигиена рамна на 0. Да не кажувам какви беа креветите, чаршафите, ми се згади животот, како да не беа променети со месеци, дамки од крв имаше на нив замислете. За малите суштества што лазеа по подот, по шкафчињата, и насекаде, не сакам ни да спомнувам. Не ми е јасно, како може да се остави болницата во таква состојба, па болница е луѓе...наместо да се излечи човек, уште толку ќе се разболи таму. И незнам дали има потреба да кажувам за персоналот, сигурно веќе претпоставувате. Ладен, препотетнен однос, на никој не му е гајле за тебе, си бркаат они работа важно, случајно да не пропуштат кафе да се напијат. Да можат како последен партал ќе те исфрлат. Немам коментар, жално е и срамно.
Od koga se kanam da se potpisam i ovde. Od kaj da pocnam neznam. Deneska ni dadoa da potpolnime 'Anketa za zadovolstvo na pacientite'. Navodno anonimna a nikade ne postojat kutii za stavanje na istite,namesto toa utre ke gi sobere glavnata sestra. Carsafi nema(neka nema,si nosime i onaka postelnina od doma).Pizami isto taka. Cistenje na sobite ednas na desetina dena(samo povrsno metenje i djogiranje). Dobro e,barem gubreto go sobiraat dva pati. Vratite i prozorite ne dihtuvaat. Namesto crevo i baterija za tusiranje si improviziravme so sisinja dur ne ni stavija. Ova da go narecam i zanemarlivo.. No! Pominuvanje so edno pamukce so alkohol dve pacientki pri stavanje inekcija?Mi se cini uste se ezam. Apsolutna ne kultura na personalot okolu nivnoto premnogu glasno zboruvanje od koi eci celiot odel. Doaganje so stikli na rabota,so koi koja od koja poglasna na sabajle vo 07h.Ne velam deka treba radi nas da birat sto da oblecat no nikakva organiziranost na bolnicata i ne planski iskoristeniot prostor. Ajde i toa da go zanemarime.. Nemanje dovolno zasebni prostorii za sekoj soodveten ginekoloski slucaj.. Na zeni koi lezat so meseci na patoloska bremenost,vo 04h im stavaat pacientki so ogromni bolki pred porogaj za da gi naslusuvaat istite tamu na cetege. Ne ispravnost na liftot i nemanje personal za krevanje na pacientkite posle bilo kakov zafat vo hiruskata sala..Baranje pomos od bliski na pacientite.. Edna od najmizernite i najnecovecnite raboti od strana na personalot sto vo poveke navrati ja gledam ne smeam da ja zaboravam. Zenicki so spontan abortus,nemanje nikakvo socuvstvuvanje so niv.Sestratadoaga i ja frla pizmatata,dokolku ima so ppreterana drskost vo zvorovite.Vo smisla(ajde prestanete so placenje,na sto lici ova,ajde pobrzo presoblekuvaj se)..Bukvalno kako vo kasapnica. Istite koi se vrakaat od kiretazata posle spontaniot abortus,zadolzitelno treba da "pocastat"del od personalot.ko nebare prinova dobile. Pa dobro bre,kakva vrsta na dusa nosat vo sebe... Prodolzuva..
Ги заборави бубашвабите по ѕид. А за тоа што се така некултурни..зошто им кјутите?Отерајте ги од кај што дошле.Јас сум исто мед лице но неможам да помислам пациент да навредам или оставам сам на себе.Ми се случи скоро додека го носев бебето на вакцина,сестрата ми се развика .Незнаеше дека и јас раб во болница (и не ни дозна).Но не дозволив да ме третита ко губре и будала.Во тој случај јас т.с моето дете беше пациент и знаејки си ги како таков моите права - барав да ме услужи.Но бидејки она беше дрска јас бев уште по дрска од неа.Наредниот пат кога пак појдов ме пречека со добар дем и насмеано лице.
налетав на темава и ми текна на баба ми едно паметно нешто што кажа вика вака медицинско лице е најклето створенје и нема грев тоа даго знаеш а при тоа има керка медицинска сестра па види ти и у право е тоа се луге со ич грев
Ne ne @joy1 ne gi zaboraviv,giostaviv za nekoja vtora runda. Lebarki kaj sto sum,fala bogu barem niv gi nema. Ama isfrustriran personal koj raboti neusiguran i za 4000 denari,ima. Ajde da receme higienicarkata,ne deka opravduvam da raboti zenata za tolku ama ne raboti nekoja odgovorna rabota pa nema za sto da polaga odgovornosti okolu naseto zdravje. Toa sto se nema gram kultura i sto ne se menuva postelnina posle sekoja pacientka,sto se mete i djogira nekogas ednas nedelno,nekogas i poretko..ke gledame nie da ne i go zamerime,za da zenceto ne se oseti optereteno za 4000 denari. Ama zosto pacientot da balansora? A sto so medicinska sestra koja raboti so tie uslovi? Sto e so se dozvoluva personalot da bide vo pijana sostojba?Od doktor,do anesteziolog na operacija...? Sto so doktorite na eden ist oddel koi si gi negiraat dijagnozite eden so drug POSTOJANO? Pa ne barame da se soglasuvaat so se postojano,toa e normalno. Nemanje so denovi vizita? Ne obrnuvanje vnimanie za tocno ili barem na eden saat razlika,davanje na soodvetna terapija? Ti kazuvaat deka treba na 8 casa,pa ti ja stavaat ednata na razlika od 4 a drugata na razlika od 20casa.. "Baranjeto" mito i korupcija kako normalen del od lekuvanjeto,ke go ostavam za sledna prilika..