1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Здравство

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од RainBow, 3 мај 2010.

  1. libra89

    libra89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    24
    Овој пост ви е крајно неблагодарен за сите спасени животи и решени помали или поголеми здравствени проблеми, медицинско лице се станува со љубов кон човекот и хуманост (има исклучоци секако) кој е тој лекар што не сака да има најдобар резултат кај пациентот, а човек кој се одава на таа професија во служба на туѓото здравје не може да е клет. Земете ги во предвид условите на работа и малите примања а минималното време кое го имаат за минување со фамилијата, претерано дрските пациенти со кои се справуваат поради кои често страдаат и други, потоа заземете еден толку цврст став. Секако постојат исклучоци кои и јас не ги сакам но годините работа во услови достапни на нас го прават своето, а секој има свој начин на одбрана
     
    На Meckicja, joy1, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  2. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.628
    Допаѓања:
    152.246
    не е тука муабетот за тоа колку се професионални во работата во какви услови работат ии дрн дрн работи муабетот е дека во приватниот живот се се тоа особи без грев
     
  3. Vertigo TJ

    Vertigo TJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Извини вака, ама поголема глупост одамна немав прочитано. Нема похумана професија од медицинската и не гледам како некој „клет“ како што пошуваш би можел туѓиот живот да го става пред својот. Ако мислиш дека тоа некој го прави за мизерната плата со која не можат да се покријат основните трошоци за живот а камо ли да се врати 5-6 годишната материјална а пред се нематеријална инвестиција во образование тогаш гадно се лажеш.
     
    На Meckicja, CameliaMiller, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.981
    Допаѓања:
    261.042
    Те цитирам тука, за да не одиме офф :)
    За себе можам да зборувам, за други не.
    Секому (мајка или непознат) сум помогнала исто.
    Дома ми е мајка и можам да ја сослушувам, советувам итн. На работа ми е пациент и добива такви услуги.
    Што се однесува до "завршување работа" - никого немам одбиено - никогаш. Што можам да помогнам, секому помагам.
    Многу ми е жал ако некој сакал да си поправи муабет со мене или да направам нешто што сметам дека е неважно во споредба со потребата на некој друг пациент, но тие сме што сме, толку сме колку што сме.

    Пред некој ден се случува пациент во количка седи во ходникот и сестрава вика нека влезе прво тој со количката (стар, со боца за кислород..), а еден друг маж, на нозе, ја бутка и и' вика ЈАС СУМ ПОВАЖЕН.

    Мене ми прекипе и му кажав: не, не сте поважен господине. Овој е поважен. И не си ти тој што тука тријажа ќе прави. Секако се бунтуваше, ама да ти кажам, ич не ми е гајле. На крајот пак испаднав во право, зошто на тој "важниот" му требаше нешто што ама ич не е битно ни приоритетно.

    Не се пациентите секогаш во право и многу често се случило да не знаат со каква работа персоналот денес се соочува. Некогаш малку разбирање не е на одмет.

    Секаде постојат неработници, па и во здравство. Ама не може ради нив сите да бидат лоши. Не сум сестра, ама од душа ми е жал за сестритЕ. Ненормални работни саати, никакви услови, никаква плата, и секаков народ.

    Не знаете за какви глупости еден пациент може да малтретира цел персонал. и на сметка на тоа некој со вистински проблем да добие помал квалитет во грижата.
     
    На Meckicja, Alishan30, libra89 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.518
    Пол:
    Женски
    Да се согласувам може да зборуваш за себе и ретки се таквите лица како што си ти ''ако е навистина така'' eве јас сум правник и се имам сретнато со многу клиенти кој не се задоволни со докторите од здравството и на многумина сум им помогнала еве дојде ред за самата себе да неможам да си помогнам,скоро пред неполна година доктор кој требаше да ме породи ја породи неговата сопруга знаеш како беше опслужена небаре е кинеска краљица,сите околу неа трт, прт,а форумка во друга тема пишува на бокс ме остави да чекам 2 часа и не дојде да ме погледне дали е ова Етика,Морал, и дали тој има дадено хипократова заклетва.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.981
    Допаѓања:
    261.042
    Во суштина е нормално за своето да боли најмногу, ама како правник ваљда знаеш дека кажаното не секогаш е целосна вистина. Да не се разбереме погрешно, не знам кој е докторот и не сум запознаена со случајот, говорам од аспект на ситуации за кои сум била сведок.

    Една од последните - доаѓа опериран пациент на еден доктор, со сериозни болки, температура, сфаќаат дека мора итно да се оди во сала. Докторот дента е на Мој Термин. На закажаните им се нудат 3 опции:
    1. Да ги прегледа друг доктор кој ќе го замени првиот
    2. Да дојдат наредниот термиН
    3. Да го почекаат иако не се знае кога ќе заврши

    Тука настанува општ хаос, зошто луѓето се себични и не сфаќаат дека луѓе кои се оперирани од специфични работи и се оперирани по специфични методи НАЈДОБРО е да ги оперира тој што ја правел и првата операција. Дефинитивно ни еден термин ниту контрола не се поважни.

    После докторот е "крив" - се' додека терминашиве не се најдат на место на овој што е во сала.

    Има и други ситуации, термин со месеци не може некој да закаже, а денес од 15 закажани ќе се појават 10.

    Има пречесто ситуации кога доаѓаат пациенти кај специјалист кој врска нема со болеста - скоро имаше случај пациентка со пролапс на матка ја закажуваат на уролог. Да ја прегледал матичниот ќе знаел за каде е.

    Па имаме 2 проблема:
    1. Зафаќа термин на некој кој има уролошки проблем
    2. За џабе ака по разни доктори

    Итн.


    А кога има испод норма персонал, мислам на сестри и болничари, јас само викам - јака им душа.
    Вие денес доаѓате, ние сме секој ден тука. Не можете ни да замислите со што овие луѓе се справуваат. Колкав број на луѓе денес на грб имаат, па и ќе дојден некој од дома лут, оди разбери се.

    Верувам дека има и трули, ама и верувам дека се тие исклучок.

    Ако одиш во банка, а работи еден шалтер, а вие сте 40 луѓе, не е виновна таа на шалтер, виновни се тие што ја оставиле сама со 40 луѓе. Исто е и во здравството.

    Се' е џабе кога веќе нема ни заинтересирани да работат во јавно здравство. Или бегаат во приватен сектор, или надвор од земјава.

    Да сум сестра, богами нема шанси да работам за 18-20 000 како вол, по милион саати, и тоа што треба и тоа што не треба, па уште и лоша да бидам што не се смешкам и не држам луѓе за рака.

    Приоритети... Е до таму сме стигнале.
     
    На Meckicja, Alishan30, libra89 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.518
    Пол:
    Женски
    Све убаво си напиша све и тоа е чиста вистина повеќе нема човек сатисвакција да работи никаде, а не па во здравство.Ама така е креирано идат и во приватно и таму не им се бендисува, и за голема плата не им се допаѓа и за мала не им се допаѓа крај неможеш да фатиш.Едно само ќе кажам ретка личност како тебе има и ќе се согласиш со мене НЕ СЕКОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКТОР тоа ти доаѓа од внатре, треба да имаш желба, разум и пред се да ја сакаш работата што ја работиш.Неможе да дидеш доктор затоа што била мајка то ,татко ти па да не се прекине лозата ќе биде и детето ако нема желба за тоа.Толку само сакав да кажам нема да бидам веќе досадна и да те замарам со глупости по ова пишуваново можев да заклучам дека си прекрасна личност.
     
    На Meckicja и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.981
    Допаѓања:
    261.042
    Тука се согласувам 100%. За еден доктор да биде доктор, мора да му се на прво место пациентите. Мора да биде свесен дека семејството ќе страда. Се случувало докторов е на одмор, му се јавуваат за пациент кој тој го води, нема одмор - одма назад. Не дека мора - не мора. Ама вистински доктор не може да пие коктел додека пациентот му умира.

    Ќе ти раскажам неколку ситуации на кои сум била сведок.

    Ме фаќа бубрег, можеш да претпоставиш каква болка е тоа :) во 2 сабајле. Одам кај мене на работа на Ургентен, си чекам, Ургентен е има и пострашни од мене. Знаев дека ќе ме боцнат Кетонал и Спасмекс и морам да си го измочам камчето, тоа е, не е опасно, ама боли.
    Додека чекам, носат човек со мозочен удар. Моментално сите доктори влегуваат во реанимација. Скоро пола саат го реанимираа, за жал изгуби мозочна активност и знаеа дека е тоа тоа, нема назад. Кај нас нема опција да исклучиш некого од апарати, мора да се чека рамна линија. Интернистот остана со него можеби уште 2-3 часа додека да се појави рамна линија. Никој не заслужува да умре сам. Можев да плачам, урлам, бев во страшни болки, дм се нервираше што чекаме. Ама јас преживеав. Тој таму не.

    Втора ситуација. На некој концерт беше летово, 14 годишно девојче во Борис Трајковски паѓа по скали и буквално и' "прска" бубрегот. Ја носат со Брза Помош. Прават КТ и сфаќаат дека и треба не само итна, туку и многу комплицирана операција. Дежурните абдоминалец/хирург не се доволни, се јавуваат на колеги (слободни) и прават тим. Во 03:00 влегуваат во сала. По правило би требало да се чека до 8 сабајле или да се влезе во сала со расположливиот персонал, но тоа не е доволно во вакви комплицирани случаеви.

    И трето, сега скоро, наш пациент треба да се оперира. Се' е уредно пред операција. Со самото ставање анестезија човекот падна во кома, хирургот не стигна ни да го допре.
    Помина околу 10 дена во кома, хирургот толку време не беше дома појден - ама буквално. Дента кога човекот почина и кога требаше да соопшти на семејството, пред да влезат го видов како плаче. Кога влегоа беше смирен, ладен, професионален.

    Не е лесно, ич не е. Сите мораме да си ја ставиме таа "ладна" маска, и за себе и за пациентите.

    Постојат говеда од доктори и сестри.
    Ама моево искуство како нивен соработник, а претходно и пациент навистина не било престрашно.
    Не треба да се молчи, пријавувајте ако ви бараат мито или се немарни и непрофесионални.
     
    На Meckicja, Alishan30, libra89 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Го искинав упатот за да им направам ред на пациентите да не се испотепаат. Ти што направи за македонското "здравство"?
    IMG_20180604_140117.jpg
     
    На Meckicja и NarCis@ им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.981
    Допаѓања:
    261.042
    Ова ми е познато, некои доктори бараат бројки.
    Само не знам - врз упат се напишани или?
     
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Да врз упат

    ЕДИТ: аееее не стаив точка после упат, сеа @Ketchup ко ќе ме грабне, отиде и овој коментар у длабокото :D
     
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.981
    Допаѓања:
    261.042
    Ти пишуваше или на шалтер?
    Имам и јас еден доктор што бара бројчиња, затоа прашувам.
    Иако кај нас бар се онака дадени, луѓето за контрола и приоритетни ги водиме посебно - има список.
     
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.536
    Пол:
    Женски
    што е со новиот тендер и чекање резлутати од лаб неколку дена?Не се нормални бре
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    118.166
    Пол:
    Женски
    Многу имам да пишувам на оваа тема
    Здравството ни е хаос
    Хаос во вистинска смисла на зборот.Исфрустрирани пациенти и исфрустриран медицински персонал.ретки се исклучоците.
    Системот мој термин е катастрофа.мака мачиме со упати закажувања и креирања на приоритетни упати за без врска и никаква приоритетност.
    Прегледи од 50-70 дневно во матична установа.ненормално.
    Слаба комуникација со секундарна заштита.специјалистите плукаат кон матичните лекари како да не завршиле ист факултет
    МИЗЕРИЈА
    се поголем е бројот на исселен медицински персонал во странство.
    Сите велат полошо здравството никогаш не било.жал ми е што не закачив од старата медицина кога докторите биле почитувани и вреднувани,а пациентите задоволни од лечењето
     
    На honey.11 и Meckicja им се допаѓа ова.
  15. Swatt

    Swatt Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2019
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    367
    Пол:
    Машки
    Здравството е само слика на тоа каква ни е државата и менталитетот. Медицината е област која бара константно надоградување, усовршување, учење. Ако знаете англиски, германски, шпански или француски постојат илјадници веб портали за медицина каде подобро ќе се информирате отколку кај вашиот доктор кој учел од скрипти.
     
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.333
    Последна измена: 3 мај 2019
    На fina erika и Doozy им се допаѓа ова.