1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зима

Дискусија во 'Насмевка' започната од erica, 13 декември 2012.

  1. erica

    erica Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    2.036
    Пол:
    Женски
    Како што приметив ваква тема не најдов!
    Па ако има слободно КАНТА!

    Во оваа тема ке кажувате по која случка ја паметите ЗИМАТА(Која случка ви е незаборавна)
    КРАТКО И ЈАСНО! :) :)

    Па ако има ваква тема слободно Канта (Пак повторувам :)
     
  2. yeah

    yeah Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    64
    Значи кога летев со санка во река ААА...
    Ќе ви кажам се значи ние на село со сестра ми се санаквме демек и само кога паднав во тоа реката абе не да се смеев и ем плачев хаха малку сум преголема за санка знам ама што да правам кога ми е интересно! :'(
     
  3. The.Princess

    The.Princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    146
    Знам како е кога во новоотворената тема не ти пишат, ама јас и онака ќе си пишев.. :D

    Ја сакам зимата и ми е многу интерсна, ама зар не може да не е темава само за случки по кои ќе ја памтиме зимата, јас на пример сакам да кажам во оваа тема дека кога вака врне снег на почеток на зимата се радувам ама кога во Март ќе заврне, е тогаш веќее.. :@ Март е нели за пролет а не уште снежинки да гледаме, инаку овој период ми е вистинска зима и е ко на северен пол2 во Македонија.. :D ЛоЛЛ..
     
  4. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Сакам зима, ама мразов го МРАЗАМ. Имам страв од мраз и измрзнат снег...
     
  5. Luciano

    Luciano Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    223
    Лани, кога бевме на скијање со брат ми :D
    Си скијам јас нели и одеднаш кога приметив дека на околку 3 метри од мене има толпа луѓе.. а јас летам со 100км/час и намерно седнав на газ. А изгледаше како да паднав и сите гледаа во мене и се смееја како ненормални :D Срам..
     
  6. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Леле хахх :D :D :D
    Лани кога сум паднала на тој мразот во чаршијата ја завлечкав и другарка ми и таа жената, за да се задржам како што беше малку нерамно :o . Колку и да и се извинував на жената не можев да ја погледнам од засраменост. Уште двете ме кренаја не можев да одам
     
  7. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Немам лоши спомени од зимата и не ја мразам, е сум паѓала де како дете кога сум се лизгала на мраз и снег :D сепак омилено годишно време ми е зимата, сакам многууу снег,често уживам да седам до прозорец со топло чајче во рака и да гледам како врне надвор, како мала знаев да излезам надвор со раширени раце кон небото и да се радувам на снегот кој патем долго ќе ме врнеше, ах златно детство:D исто уживам со друштвото одиме во селото на дедо ми, куќата е сама и си правиме зимска идила снег, топло оганче, црвено вино абе мераци. Ме радува зимата, исполнета е со празници Декември, Јануари, луѓето си одат по гости повеќе, гледаш во град се е украсено има посебна еуфорија , и да ќе ги заборавев омилените новогодишни и божиќни филмови кои уживам да ги гледам следователно во овај период:D можам да набројувам уште, се заборавив ќе редам оф топици :D:D:D:o
     
    На atala и angelche16 им се допаѓа ова.
  8. Capricorn96

    Capricorn96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    407
    Пол:
    Женски
    Прво, роденденот ми е на зима (7 јануари) :)
    А секоја зима ја паметам барем по паѓање и лизгање по тој мраз што го мразам, уфф ја обожавам зимата и снегот и се ама кога ќе замрзне од дома не ми се излегува :D
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.518
    Пол:
    Женски
    eпа пред една година падна снег ама беше исто и многу ладно и дека живеев во центар реков ај пешки ке одам до едно место и одам одам и на улица многу коли се собрале и реков ај позади колава ке одам и таму мраз а одозгора снег и јас не видов се зализгав и тука една гаража со метална врата и кога лупнав со коленото на тоа вратата сите во мене јас станав се истресив и со 100 на саат се изгубив од тука а истата зима татко ми сабајлето ке ме носеше во училиште мене и сестра ми и каде што живеам на земја се е од мермер и да слезам по скалите а идма тука беше колата и се зализгав и со ннозете влегов под кола лел каков блам тука луѓе отвараа дуќаните и кога паднав сите ме видоа и татко ми аман мори елено ке се отепаш не си човек да те пушти до продавница бруки живи има уште моооогу вакви случки ама ке ми требаат 3 дена да ги напишам сите
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.976
    Незаборавни случки во зима??? Ги имам многу - секоја година :D!!!
    Случка 1 - Јас сум зимско дете - роденденот ми е на вториот ден од зимата!!!
    Случка 2 - Во зима има прекрасни празници - Нова година, Божиќ, Водици,Св.Трифун!!!
    Случка 3 - Зимата е бела убавица - ја сакам, но посакувам да сум на вакво место кога паѓа снег (и Скопје е убаво кога паѓа снег, но САМО кога паѓа :)!!!)


    84409986_large_1331039076_66859022_snegopad.gif
     
    Последна измена: 1 јануари 2015
    На atala му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    44.096
    Пол:
    Женски
    Зимата многу ме потсетува на санкањето кога бевме малечки,правењето Снешковци,убавите празници кои подигнуваат расположение,едноставно таа атмосфера развеселува ^_^… Ме потсетува на сите вкусни јадења што ги готви баба ми за празниците,а и овој период ѝ почнува сезоната на плетење. :lol: Иако е студена,ја сакам зимата бидејќи многу ме потсетува на детството,уште првата снегулка ме враќа назад многу години во спомените. ^_^
     
    На atala му/ѝ се допаѓа ова.
  12. zhirafa

    zhirafa Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2013
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    124
    Мене омилено годишно време ми е,некако се ми е поинакво и среќно и магично и колку и да нејќеш возбуден си заради празниците ^_^ А кога врне снег и дома сум си на топличко се осеќам како во рајот :) А и најубаво нешто е кога за празниците конечно ќе се собереш со семејството на ручече после цела година сите зафатени :)
     
    На atala му/ѝ се допаѓа ова.
  13. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Јас не сум многу голем љубител на зимата бидејќи е сезона на ненормално многу ниски температури до -20 степени под нулата,на грипови и настинки,на рано стемнување уште во 16.00 часот,а посебно го мразам,воопшто не го поднесувам и имам многу голема фобија од мразот и од замрзнатиот снег и тогаш избегнувам да излегувам од дома за да не се повредам поради паѓање на мразот и на замрзнатиот снег,а и за да не се разболам поради ненормално многу ниските температури,буквално смрт ми е излегување надвор кога е такво времето преку зима!:@:@:@Но,сепак,она позитивното според мене од зимата се новогодишните и божиќните празници кога целото семејство се собира на свечената трпеза за овие празници,а и другите зимски празници како што се:Водици и Св.Трифун/Св.Валентин!:party::d:И накитените улици и накитените домашни новогодишни елки прават да ја сакам зимата!:party::d:Значи,иако во глобала јас ја мразам зимата поради лошите временски околност,сепак,јас во исто време јас и ја сакам поради празниците што ги славиме во неа и убавата празнична атмосфера којашто ја има во тие зимски свечени празнични денови!:hug::l:
     
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.140
    Допаѓања:
    76.526
    Пол:
    Женски
    Со бившиот во сиот снег ние в планина заминавме. Назад кога се вративме и кога седнавме на кафе да се затоплиме, се на нас се цедеше...
    И со сегашниов така. Всушност не беше зима, или крај на зимата беше, можеби март не знам, рековме на Водно ќе одиме, пеш секако. И кога се наближивме до врвот, гледаме снег :drunk: А ние патики носевме. И ајде, еден чекор напред два назад, ама интерено беше, фрлавме снежни топки во висина и далечина, јас се трудев да центрирам гранки нешто ова она :D Неколку метри па застанував да фрлам :D Малку се изморивме, но не беше воопшто лошо :)
     
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.532
    Пол:
    Женски
    Другарка моја мн е срамежлива и плашлива.Се договараме една зима да се чекаме таму и таму.Идам јас,иде и таа од спротива но и еден чиче со кола.
    Се зализгува колата и преминувајки оваа на улица ја чукнаа.Ја сета испаничена трчам накај нејзе,чичето стресен излага од кола а она станува го тресет снегот од неа и уште му вели:ИЗВИНИ ЧИЧЕ НЕ ТЕ ВИДОВ. :o
    Човекот ме гледа немо де неа де нејзе,незнае кој е полуд.
    Ем ја гази тој неа ем она нему му се извинува :D

    Ке ја памтам сцената дур сум жива
     
  16. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Зима, многу снег, силен ветер, заглавивме во соспа снег со колата, извесно време не наиде никој за да ни помогне да излеземе од снегот, ама среќа после налета една кола, па дечките ја турнаа колата и се среди работата.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 3 други им се допаѓа ова.