Зимска нега за косата

Дискусија во 'Коса' започната од whiteflower, 10 октомври 2012.

  1. whiteflower

    whiteflower Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    2
    Доколку некој знае како да се заштити коса во зимата, нека пише слободно, нека даде некој добар препарат за коса кој гу спречува електрицитетот што го создава студеното време во зимата.
     
  2. AnGeL4e009

    AnGeL4e009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    246
    Пол:
    Женски
    Здраво здраво.... :D Можеби прекасно одговарам но на зима косата си ја третирам со масло за коса,, восок.,, маска после секое миење на коса :rock: и многу по4нав да си ја сакам косата :$ :rofl: Поубаво 4увство од мазна коса нема
     
  3. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.348
    Допаѓања:
    7.061
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, еве ви неколку совети за заштита на косата од студот во ладните есенски и зимски месеци и неколку третмани за убава, мека и сјајна коса. Поздрав

    Совети и третмани за нега на косата во ладните месеци

    [​IMG]

    Со пристигнувањето на есента и зимата, нашата коса има потреба од посебна нега прилагодена на студените денови кои надоаѓаат. Честопати мислиме дека нашата коса е “во опасност“ само за време на летото под дејство на високите температури и сонцето, меѓутоа таа исто така страда и од студот, ветерот и дождот. Во продолжение на оваа статија ќе ви дадам неколку корисни совети како да ја заштитите косата од ладните температури, а секако и ќе ви предложам и три многу корисни маски благодарение на кои вашата коса ќе биде исклучително мека, мазна и сјајна.

    Совет бр. 1

    Доколку се сеќавате кога говорев за заштита на косата од сонцето во лето, ви препорачав да носите шешир како заштита од сончевите зраци. Слично и од студот. Во ладните денови препорачливо е да ја заштитиме косата носејќи убава капа и шал. Најдобро е капата да не биде од синтетички материјал за да и дозволите на косата да дише. Секојпат кога ќе влезете во затворена просторија сетете се да ја извадите капата и со помош на прстите протресете ја косата на коренот за да ја раздвижите.

    Совет бр. 2

    Нема ништо поубаво кога после студен ден ќе се истушираме со топла вода и на тој начин го стоплуваме целото тело. Да, меѓутоа косата нема да биде баш и многу среќна. Многу топлата или жешка вода може многу да ја ослабне косата. Затоа мијте ја косата со млака вода користејќи убав природен и квалитетен шампон кој интензивно храни и негува, после кој обавезно ќе нанесете регенератор кој додатно ќе ја нахрани и заштити косата.

    [​IMG]

    Совет бр. 3

    Третманите со масла се must have во ладните есенски и зимски денови, кои имаат за цел да ја нахранат и навлажнат косата, да го задржат нејзиниот сјај и убавина. Одберете убави масла како кокосово, рицинусово, маслиново или арганово и редовно правете третмани или маски пред шампонирање на косата. Сетете се маслата секогаш да ги нанесувате на благо навлажнета коса и да ги оставите да делуваат најмалку саат време.

    Совет бр. 4

    Негата на косата освен надвор продолжува и во нашите домови. Кога времето е студено, особено во текот на зимскиот период, нашите простории честопати се претопли и воздухот е сув. Ваквата состојба лошо влијае врз косата затоа што и ја одзема природната хидратација на влакното. Затоа пожелно е да ја оддржувате потребната влажност во просториите дома, со помош на порцелански садови во кои се става вода и се држат закачени на парното или близу до него. На тој начин водата која испарува ја дава потребната влажност на просторијата.

    Совет бр. 5

    Во ладните месеци убаво сушете ја косата со помош на фен на средна температура. Никако не излегувајте со влажна или благо навлажнета коса, затоа што не само што ќе биде на поголем удар од атмосферските влијанија, туку може да си навлечете и сериозна настинка.

    [​IMG]

    Толку беа советите, а сега да преминеме на третманите благодарение на кои ќе ја заштитите вашата коса и ќе ја задржите нејзината убавина.

    1. Маска за зацврснување на косата

    Оваа маска е одлична како превентива во есенските денови, особено во периодот кога губиме повеќе коса како последица на промена на времето. Еве што сѐ ви е потребно за да ја направите:

    - 2 супени лажици алое вера гел
    - 1 кафена лажичка рицинусово масло
    - 1 кафена лажичка арганово масло (како замена може маслиново, бадемово, оризово или јојоба)
    - 1 кафена лажичка мед
    - 3 капки етерично масло од рузмарин
    - 3 капки етерично масло од лимон

    Помешајте ги сите состојки и нанесете ги на косата. Со прстите направете убава блага масажа на темето. Ставете пластична ќеса и врз неа пешкир. Загрејте две мин. со фен и оставете ја маската да делува најмалку саат време. Косата измијте ја со убав благ шампон.

    Оваа маска навистина прави чуда за косата. Алое вера гелот длабоко ја хидрира косата, етеричните масла го стимулираат растот, а маслата и медот ја хранат и ја прават сјајна.

    [​IMG]

    2. Третман за перфектно мазна коса

    Овој третман е корисен доколку сакате навистина мазна коса која воедно ќе има и огромен сјај. Се што ви е потребно за овој третман е кокосово млеко, кое може да го најдете во продавниците за здрава храна. Ви препорачувам да го земете од таму затоа што е органско и затоа што нема конзерванси како кокосовите млека кои може да ги најдете во супермаркетите. Значи не станува збор за масло, туку млеко (најчесто во конзерви се продава).
    Откако ќе ја измиете косата, исцедете го вишокот на вода и нанесете го кокосовото млеко на цела коса. Оставете да делува околу 15 до 20 мин и измијте само со млака вода. Кога ќе ја сушите косата ќе забележите дека е помазна и посјајна. Кокосовото млеко кое ќе ви остане, ставете го во калап за лед и замрзнете го. Секогаш кога ќе посакате да го направите третманов извадете една или повеќе коцки (во зависност од должината на косата) стопете ги и нанесете ги на косата.

    3. Маска за коса со јогурт, рицинусово масло и мед

    Во еден сад (во зависност од должината на косата) помешајте мед, јогурт и рицинусово масло. Нанесете ја смесата на благо навлажнета коса, направете кратка масажа и одозгора ставете ќеса. Врз не ставете пешкир, загрејте кратко со фен и оставете ја да делува најмалку саат време. измијте ја косата со благ и хранлив шампон.

    За подобри резултати правете третмани редовно, на секои 10 до 15 дена.

    Се надевам дека и оваа статија ви беше од корист.
    Голем поздрав и до скоро читање.

    Вики
     
    На SwanMay, Giovanna, Aschenputtel и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.588
    Допаѓања:
    48.963
    Пол:
    Женски
    Јас зимно време практикувам да ставам масло од рицинус, кантарионово, маслиново, масло од бадем...да преноќам така па утрото да ја измијам.
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.947
    Допаѓања:
    153.572
    Кога е влажно времето стварно имам проблем со косата.
    Тешко се обликува, се разлетува и го губи сјајот од влагата.
    Имам таласаста коса, што зависи од хормоните, може да биде МНОГУ виткана, до благо виткана.
    Во овој период ич не ми се витка и ми се растураат локните.
    Прашањето ми е, предлог за производи за скротување на косата?
    Шампон не, не го менувам тоа сигурно, а регентератор, маски, спрејови, ампули доаѓаат во предвид како предлог.
    Ми треба нешто за измазнување на влакното.
     
  6. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    @Lilit ги имам истите проблеми со косата како и ти. Тешка е за обликување во последно време како резултат на влагата во воздухот. Ова е моето ново откритие:

    [​IMG]


    Кремов не го користам долго време, но приметив дека ја прави косата потешка, лесна за расчешлување и подолго ја задржува формата кога ќе ја исправам со преса. Исто така, што ми е лично особено важно, косата не го губи сјајот и има преубав мирис.

    Покрај него користам и течни кристали со арганово масло од Victoria Beauty. Длабински ја негуваат косата и приметив дека е поотпорна, нема расцветани врвчиња и добива убав сјај.

    [​IMG]
     
    На cempres72, coolzhena, Dr.Awesome и 2 други им се допаѓа ова.
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.730
    Имам густа коса, тешка, дебело влакно, и освен тоа ми е ептен права. Локна ни за лек. Тоа малку ми смета, лично повеќе сакам виткана коса а мојата кога ќе ја навиткам не држи ни пола саат.
    Добрата страна е тоа што буквално ништо посебно не и правам на косава, па дури и сега кога е постудено. Шампон што го користам веќе подолго време и понекогаш регенератор за да ја расчешлам полесно. Ја сушам со фен и излегувам. Толку. :)
     
  8. sikica7

    sikica7 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    1.994
    Istoto go pravam i jas crazyinlove ..imame sreka mozebi so nasite kosi hjahaha ne ja nitu vitkam nitu peglam samo mijam susam ceslam i to je to :D
     
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.513
    Допаѓања:
    34.311
    Пол:
    Женски
    После шампонирање ставам маска. Со фен ја сушам само ако треба да одам некаде.