1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зини земјо, голтни ме!

Дискусија во 'Насмевка' започната од Unfaithful18, 2 јули 2010.

  1. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Во принцип не сум толку блесава ама незнам сто ми стана на позрели години тоа бесе пред два дена и усте ми е срам.Бевме излезени со моите онака низ продавници да купиме намирници за дома и мене од сто веќе ми скисна два саата буткање суткање за да се одлучат дали да земат краставици или зелка |( си застанав кај одделот за облека во пратња на брат ми и гледам така до мене тротинет :!: ко го земав вииииуууу па и усте ееј гледај (на брат ми ) абе за мерак изведувам финти 8) кога тој еден човек до мене застанал и чека да се извозам за да си појде на каса :tmi: со тротинетот..фино лепо му го вратив како нели ја аматерка да му показам како се вози :wasntme: ама немозам да ви описам како се засрамив еееј крава од 21 година ццц за срамови.Ја незнам како па мислев дека би мозело таму тротинет да се продава низ сета облека ама не е битно..овие па мојте наместо да сочувствуваат со мојот срам мислам дека се згазија од смеење :lol: еееј срамови
     
    На Amona, LittlePinky, Lovy1 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    :D ,ја бев по тренерчина без шминка,а косата,за косата не сакам ни да зборам во кок собрана и кога го видов дечкоми,тогаш не ми беше дечко дека иде на кај мене онака случајно се сретнавме па ми доагаше да избегам,и кога видов дека е веке до мене омг зини земјо голтни ме :D :D :lol: :nod:
     
  3. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    6.470
    Aaa, ми текна уште нешто, абе во моментов сама на себе си се смеам. :D
    Бев помала, дали седмо или осмо одделение не ми текнува и сега мислам дека се враќав од курс а од спротивната насока доаѓаше еден мој комшија што живее за 2-3 куќи после мене а мене уште од кога ми се допаѓаше, па дури и сега ми е симпатичен. :wasntme: И сега, овој таков ме гледа со тој неговион поглед и ми се смешка и јас детиште ниедно онака му враќам една заводничка насмевка (тоа според мене а уствари кујзнае како сум изгледала во моментот :D) и онаква кревам веѓа а исто правам и осмици по улицата ко пијана да сум. И како што си правев осмици стапнувам со една нога на тротоар и со другата се занишав, целата се превиткав и кога треснав на газ на сред улица, леле! :D И во истиот момент станав, и си продолжувам напред ко ништо да не било а сама си знаев дека ќе умрев од срам. :wasntme:
     
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    За гревови денеска, се усрамив за сите пари.

    Дека сега сум на релација Велес - Скопје ги чувам парите на картичка. Кога ми треба да вадам, ставам пари и слично, одам во банка. Е сега, прилично сум невешта и уште сум многу неистриена во тоа како функционира банкарскиот свет. Си имам навика, без срам, си прашувам нели, ова вака, тоа така и обично ми објаснуваат.

    Денес си идам, и викам ај што имам дома да си ставам во банка. Ама дека обично мајка ми ми става пари, јас не знам што и како се прави едноставнава процедура. :rofl:

    И се струполив на една јадна душа, во 17 часот на шалтер, сакаше да си оди жената. Каде жено, назад. :D Кога и почнав, а ова што сега, аха, а може и штедна книшка, а овие евра каде, а денарите каде... Женава малку се изнервира и почна да ми се обраќа со ДЕВОЈЧЕ!, ама девојче со извичник на крај. :rofl:

    Во сета возбуда да изгледам што е можно поискулирано и дека ги држам конците во раце, земав да и давам лична карта. Се разбира, лк не требало моментално. ААААААРНО ама... Кога се бапнав во тоа стаклото, ама со челото, онака БУП! Ај тоа, него остана трага од пудрото, олкава лочка. Ми спука оваа, аман бе девојче! бе, и стаклото ми го извалка :envy: !!!!!! :rofl: :rofl: :rofl:

    Леле, седам и се смеам сега, ама прееска, бруки живи. :rofl:
    Којзнае колкав паразит сум и била, во петок, напладне, да ти дојде некој оток како мене.
    Грев. :rofl:
     
    На LittlePinky, Adi888, Elennaa и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Ме заболе стомак од смеење кога го прочитав патешествието на Геа во СДК,па ми текна на една таква слична засрамувачка ситуација што ме снајде пред неколку години.

    Ќе ја носев колата на перење и со мене дојде сестра ми.Во авто-пералната кај што отидовме работеше еден тип кој долго време ме поздравуваше по кој и да стигне,ги праќаше сите келнери да ме понуди со пијачка,па дури и со сестра ми се знаеше и неа ја имаше прашувано за мене.А мене такво манјачење страшно ме нервираше а и самиот тој воопшто не ми беше симпатичен,па кога видов дека е таму,цело време додека чекав да ја исперат колата јас имав фаца-НЕДОСТАПНА ни за разговор,сериозна и крајно ароганта персона.
    Кога колата ни беше готова си влегов и почнав да ја вадам од таму,ама почна да чкрипи некако,па дури и не одеше.Си викам шо ли е пак сега, и неколку пати пак пробав да тргнам,а тој се смее и ми кажува нешто со рацете.Бидејќи не го разбрав,таква изнервирана и повторно арогантна излегов од кола и велам МОЛАМ,шо е работава со колата? :devil:
    А сестра ми од внатре ми вели -абе со рачна си тргнала затоа нејќе. :@ Уффф каков момент.
    Ама мачка на грб паѓа ли,и велам е добро де, и ко фурија влегов во колата и да ме нема.
     
    На Amona и Gea им се допаѓа ова.
  6. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    732
    И мене ми се случи сличното... и тоа во Охрид врие од луѓе на плажата, а јас носев едни купачи од мајка ми , ми стоеја преубаво , со мене носев еден душек и се подигам да се сликаме и девојчето што ке не сликаше ме гледа така чудно леле когааа видов се згазив од смеење и веднаш се покрив со душекот и влегов под вода... а имаше еден пар од мојот град и момчето ми вика НИШТО ДЕ НИШТО ШО.... јас засрамена сега кога ги видам се кријам иако не се познаваме
     
  7. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Мене ова ми се случи пред не толку долго време...
    Се вратив јас така од школо и бидејки така светлото паѓа на едни прозори можеш убаво да си се огледаш. И на слушалки ми беше пуштена Desert Rose од Стинг и сега ми дојде да денсам. И почнав да кршам струк и да си се виткам (знам стомачен танц) ама онака заводливо, сензуално, мхмм... :$ И така внесена, си се огледувам на прозорот и фатив да се вртам и гледам позади на фотеља седи татко ми и гледа. И кога се свртов и тој го тргна погледот. Абе во земја ми идеше да пропадам. И одма отрчав во соба, демек да се распакувам. :$
     
    На Dinamickid му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Afronija

    Afronija Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    9
    Досега не сум имала такви случаи и се надевам дека нема да имам
     
  9. awee

    awee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    117
    ова ми се случи како помала:
    Вака еден ден мене ми текна да одам до продавница и ајде земав пари..и го викнав брачет ми(кој е помал од мене) и одиме во продавница...и си купив што си купив и ми текна да прашам дали има некое модно списание.. :geek: и продавачката ми вели оди надвор таму се списанијата и види..и јас вака цела зимам тоа ќесето и излевам а на продавачката не и платив...и си гледам некое списание ама не ми се допаднаа и си продолжив.(а не се сетив дека не и платив на продавачката) :fubar: и си одам накај дома...На пола пат гледам во раце ги носам парите..и се сетив дека не и платив..и вака целата насмеана си одам дома и велам оваа што го купив гртис...и татко ми ми вели оди плати и на жената(ми цркаше) :!: и јас одам во продавницата целата вака :$ и и велам а јас заборавив да ти платам на тебе..и жената ми вика ти си виде списанието и си одите а јас по тебе трчам цел пат... :rofl: :rofl: хахах..после едно време сватив што сум направила..и и се извинив на жената ;) и си влеам awee каков срам... :rofl:
    а јас пак си мислев гратис пари за мене... :fubar: си немав среќа тој ден :doh:
     
  10. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    3.594
    Пол:
    Женски
    Девојки да сте живи, ме изнасмеавте.... Сега ќе пробам малку и јас вас... :) Вака беше:

    Компјутерот не ми беше нешто во ред, дали анти вирусот или не знам што, појма немам, си викам ќе го викнам братучед ми, он се разбира, ќе знае да ми каже што се дешава...
    Му се јавувам и он вели дека ќе дошол утредента зошто бил нешо у гужва.. Јас ок и тотално заборавам дека ќе имам гости наредниот ден...

    Доаѓа братучед ми и со тато влегуваат кај мене во соба и нормално го уклучува комп. и влага на мозила.. и не знам баш како излезе тоа последната страна што сум ја посетила... Кога гледам, има шо да видам.... :o
    Порничи растур ми прават на екранот ...

    Тато- :o , братучед ми :?: а јас :$ сирота викам: Кафето благо да го направам така?! И бришка низ врата.....

    Луѓе, ми се чини ќе потонам кога ќе се сетам на ова.. :tmi:
     
    На Amona, MaggieTatum, Adi888 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    1- Во средна школа, седна до мене еден другар, ама прав зајадливец. Цело време ме `боцкаше` со пенкалото, а јас му викав да не ме задева, ми стана ужасно досаден.
    И професорката изнервирано викна: Абе што правите вие двајца?
    И јас за да се одбранам силно викам: Ме дупи од прееска!
    Сите умреа од смеење, а јас морав да објаснувам дека со пенкалото ме `дупел`. :rofl:

    2-На гости кај тетка ми, ме праќа до в продавница со помалата братучетка и ми објаснува во која продавница да купиме леб печен на дрва. Повторува-кај Тоде, леб кај Тоде, таков!
    Одиме ние, ја наоѓаме продавницата, влегуваме внатре и на продавачот му викам: Дај ни печен леб Тоде!
    Тој се чуди.....Каков Тоде прашува? Јас: Па леб Тоде!
    А, тоа газдата се викал Тоде, и тетката мислела кај Тоде да купиме таков леб. :D
     
    На Amona, Adi888, joana18 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Melody13

    Melody13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    215
    Лелеее, волку не се имам смеено!! Ај и јас да напишам нешто да не сум офф.
    Пред две години
    во шесто
    си одев на школо со сестра ми. Зима, дува, фучи! Се замрзнато. И сега слегуваме од кола (татко ни не носи, оти спанки сме малку) и си тргнуваме до училиште, ама бидејќи на влезот кај скалите кај што се имаше наставници, ајде јас и сестра ми ќе одиме од другиот влез. Одиме и гледам горе на прозорците цело мое одделение се собрало, кој знае што му текнало и ме гледаат и ми викаат како демек здравооо С! и мавтаат со рацете. Ијас ги поздравувам и си се гледам на горе ко идиот :drunk: И си одиме ние двеве уште и јас така загледна бап, си паднав фино лепо
    на г'з
    :x Тоа патот ти бил замрзнат! Сестра ми ме гледа со фаца како WTF? Станувам набрзина и гледам нагоре цело одделение се собрало ме гледа и се смее! Ја летнав да не нема. После ме зезаа во училница а јас, Паштода правам, се лизнав..И со една невина фацичка :angel: Битно си се изнасмеав 8)

    Другово е свежо, од завчера. На час по македонски, правиме анализа на некоја песна, глупости, и сега наставничкава, Ајде С, станувај, кажи имна овие како треба. И јас сета замислена, А јас, ок. И си станувам фино лепо и кажувам, наставничкава пишува, и јас си правам паузи. И наеднаш незнам шо ми текна се заѕверив бе во момаков и сега наставничкава си зборува јас ни слушам ни ништо :$ И туку се свестувам и почнувам да зборувам нешто без врска. Се запнав во слоговите. Амаан! И тој ми вика Стиховите, не слоговите, со еден поглед ваков :wink:
    Оф лелеее.. Си седнав и си се изнасмеав самата на себе :rofl:
     
  13. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Ова ептен пресно...
    Бев во Струга и ми се јавува мајка ми и ми вика ќе дојдам да те земам со кола сум и ќе ојме в село.... И јас океј... И се стретнуваме двете и влагам в кола и гледам еклери: мх, мх, мх...и онака не сум ништо јадена. И мајка ми ми вика: земи си де, јас не ги пробав не сум измрсена. и јас: абе кафе со млеко пијав.. и мајками ми вика: океј земиси, ама пази колава сеа ја мијав дане напрајш лом а и со светли пантолони си, пази.
    И мајками оди да земе нешто и паркирана колава јас внатре и преку пенџере јадам еклер. И тоа на улица. И си јадам онака ништо друго не ме интересира и слушам однекаде: „Наздравје!“ реков: Фала! и не обратив пажња. И туку слушам смеење и гледам сенка, ја кревам глава и над мене еден другар паѓа од смеење. Штосот беше во тоа што со него беше и братучед му кој е ептен згоден и убав и ме мерачи некое време... Му ја расипав сликата за мене... И целата бев :$ :$ За среќа дојде мама, па не стигнав до толку да се зацрвенам :!:
    Ај тоа уште ме зафркава жената |( ... Брука бе!
     
    На Angel-Wings и BeYourself им се допаѓа ова.
  14. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Јас полна сум си со вакви случки, еве две, па следен пат повеќе :)

    Бевме на одмор и хотелот ни беше така подалеку малце... И јас си заспав на плажа, доаѓа време да се прибираме, ме будат да станам... Јас сирота нерасонета уште, ми удрило сонцето во глава и нешто кенкава станувам, се собравме и ајде назад у хотел. Идам јас, идам, цепам право со капа на глава, наведната, нозете си ги гледам колку ми поцрнеле... Си гледам јас така, си мислам колку ќе се исончам, кога нешто ме здрви во глава. Јас мили мои како што си бев поспана, абе секундарно сум се освестила :o Што ми бидна човече, у секунда БАМ, клекнувам, поминувам два чекори и се вртам назад ОГРОМНА рекламна табла. Бре си викам, јез да имам мали проблеми со видот, ама ова и од авион ќе го видиш бе. Си шетав ја потечена со рог на чело неколку дена, и не ми текна уште еднаш да одам со наведната глава :!:

    Си ги собрав друшките мои, ќе идеме на фитнес да слабееме. Идеме што идеме, другарка стиска на домафонот: За фитнес! Демек да ни ја отворат вратата. Пробуваме, не бе, затворена е пак. И пак женската: За фитнес! и пак го пушта копчето, буткаме вратата, не сака. Ајде трета мајка: За фитнес!, и го држи копчето подолго и од таму една и вика: Девојче полека со домафонот, отворена е вратата, бутни посилно... Буткаме, еиии стварно види мајката :tmi: Влагаме, и внатре само ние, охоооо мераци. Си вежбаме, си се смееме и јас си се качувам на лентата, идам, убрзувам, трчам... И не знам што ми текна, се извртев некако странично, леле паника ме фати како ќе се симнам сега, тоа брзо иде лентата ја цела извртена, не знам кај ми е лева, каде десна нога. Таман да се свртам, ми се сплеткаа уште толку нозете, коа треснав со гзот на лента, па лентата коа ме исфрли на земја, другарките ме гледаат се газат од смеење, јас неможам да станам ни па да се смеам од болка. Лелеее тоа опашката што е позади или како се вика, абе мислам 1 цел месец ме болеше, неможев да си седнам на газот.
     
  15. Meggy

    Meggy Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    387
    Прееска игравме со другарките црн поп, и ајде кој губи го цртаме со креон.
    Губам јас прв пат - Хитлер ќе ме правеле - ајде ми нацртаа мустачиња Хитлерови и брадичка.
    Губам втор пат - веѓите ми ги споија, и од по страните ми ги издолжија и ми ги извиткаа ѓоа француски бркови..
    Помина саат време, јас заборавив дека сум нацртана и дека треба да се избришам и си седам така кога сестра ми доаѓа со некоја другарка, си се запознав фино лепо со девојката и си заминав од соба право во вц, леле кога се видов... :swear: . Од срам не се вратив в соба, којзнае каков прв впечаток и оставив. Е вервам дека само мене ова можи да ми се случи. :fubar:
     
    На Amona, Lovy1, Angel-Wings и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Лелел ова моево ее.. :headbang: :headbang:
    Беше прочка и бевме на карневал..
    И сега ни се пријаде нешто благо..И ај че одиме во слаткарница,а до слаткарницава има ресторан..
    И ние замуабетени и влеговме во ресторанов,но не забележавме каде сме..
    И сега одиме таму за да порачаме слатки и тука нема ништо за избор..Ај си рековме можи нешто имаат изменато и си седнавме на маса.
    И после иди келнер и ни вика што че порачате и викаме ами дајте ни мени.
    И тој вика нема мени.
    И ние му викаме тогаш ај да размислиме па че видиме што че порачаме...
    И после гледаме на едни луѓе од соседната маса му носат скара :lol:
    И го чекавме да замини келнерот и фиуу да не нема.
    Леле каков срам... :@
    И сега кога да го видиме ресторанов викаме ајде че идите да јадиме слатки :lol:
     
  17. Lyanna

    Lyanna Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    18
    Е вакви случки има МНОГУ. И кога викам многу мислам на МНОООООГУ. (Ме љуби Марфи, шо да праам.)

    Еднаш сестра ми ме заклучи на балкон (по прслук и гаќи), а јас наместо тивко да и НАРЕДАМ да ми отвори, урлав и се дерев да ме чуе цела населба. И ме чу. И излезе на балкон. И ме виде.

    Моментот кога ќе кажеш дека некое име е тотално глупо, и другарот до тебе ќе те обавести дека дедо му се викал така и го закопале пред 3 дена.

    А да се сопнеш по скали како од америчкине филмови пред тој што ти се свиѓа?

    ИЛИ да се удриш од стаклената врата во Жито Лукс зошто само што ја исчистиле и не си видел дека има СТАКЛО?!

    Многу сакам кога ќе ми се истури црниот лак во ташна и кога ќе приметам дури на автобуска, откако ќе бутнам раце во ташната, а тие ќе излезат како Црнила од Коле Чашуле.

    :$
     
    На Amona, LittlePinky, inna2 и 11 други им се допаѓа ова.
  18. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Ехх. колку само вакви случки имам :tmi:
    И стварно прва мислам што ми дошла на памет во тие моменти била ЗИНИ ЗЕМЈО ГОЛТНИ МЕ!!!! и плукни ме на хаваите

    Се сеќавам еднаш(добро, не беше еднаш...)во школо кога паднав по скали пред сите на голем одмор сите кога се искочени надвор ;)

    Кога паднав од столче за време на час, ептен ,,фино,, беше ;)

    Кога се сопнав на кабелот од полначот на една професорка и заедно сосве телефонот баааааап доле :tmi:

    Имам јас до сабајле да раскажувам, ама морам да одам да јадам... ќе го продолжам ова во наредна прилика, кога верува а и сум прилично сигурна листата на вакви случки ќе ми се прошири ;)
     
    На Amona му/ѝ се допаѓа ова.
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.499
    Допаѓања:
    105.988
    Пол:
    Женски

    :D :D :D :D :D :D :D :D :D

    хахахаха како си ме изнасмеала девојче алал да ти е :$
     
  20. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Зини земјо голтни ме и плукни ме на некое мирно место каде што има спокој и тишина |(