1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зини земјо, голтни ме!

Дискусија во 'Насмевка' започната од Unfaithful18, 2 јули 2010.

  1. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    на работа кога на еден човек му покажав погрешни документи а всушност асистенот ги смешал
     
  2. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Бевме излезени со дечко ми во кафич. Цело време се зезаме и кога додје време да одиме , не фати смеа се помочавме . :D Се облековме, фул опрема капа, шал , смеејќи се ајт надвор од кафичот. Идеме , и на пола пат ми светна ! Абе ние не плативме! Бурка.. И неможе да се враќаме фолтин ќе почнеа . Од тогаш во кафичот не стапнавме :lol: :$
     
  3. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    На водопос, минува попот да крсти вода по куќи...
    И сега јас се преслекував во соба ама со вратата недозатворена. И влегува овај и вика - Газди?!?
    И јас со „сиот ум“ -влези в дневна баба е тука ама не слушат, јас се преслеквам!
    и после не влегов в соба дур не си ојде, срам ме фати... И го слушам на врата излегува и заминува, излегувам и јас од соба и тој го имаше забораено котлето со крстот и босиљокот и ко ме виде замале од смеење а јас втонав...
    Ах усто брблива :devil:
     
    На Amona, inna2 и L-enna им се допаѓа ова.
  4. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.432
    Допаѓања:
    4.990
    Охо, сум посакала да се отвори земјата неколку пати..

    Летоска, така малце поднастината, излегов да прошетам низ град.
    Јас пуста мочла на отворено немам никаков проблем да си се задскријам и да мочнам на најблиското место, зошто нели, не чини да држиш. И така јас си одбрав едно `скришно` место, во еден ќош, пред мене кола, мераци...
    Кога почнав џишшш, ми доаѓа обезбедување и гледам дека ме чека... Хмм.. Завршив работа одма, најбргу што можев, се стокмив, натнав гаќите и фармерките, и трк кај човекот, да видам што е проблемот...
    И само слушнав `добро бе девојко, што не затропа ќе ти отворевме, ние имаме вц внатре, а не тука сите те гледаме на безбедносните камери`.
    Леле јас се збунив, не знаев што да кажам, и само со полу-затворена уста од мене се слушна `Па, многу ми беше итно`.
    Почна нешто да ми збори, ама од срам, не можев ни да го чујам, ми се вртеа филмови во глава, како ме гледале неколку мажи внатре, али се тешев, од позади ме гледале, не ме виделе на лик. :lol:

    Кога се свртев околу, што да видам, па јас сум мочала позади собрание. Оф леле тешко мене и моето скришно место...
    Не можев три дена да спијам, си замислував како ќе ми излезе клипот на интернет. :D
     
    На blady, eloves, 4rever.unique и 25 други им се допаѓа ова.
  5. rozy

    rozy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    121
    Оваа година на екскурзија одиме вечерта на забава и јас летнана со кратко фустанче а диското доле скалите стаклени и јас глава горе раминја назад газ навонка кога погледнав на долниот спрат сите ме гледаат одооздоле на срека немав време да се пресоблечам па имав купачи оддоздоле жива срамота ццц :)
     
  6. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Купував книги во книжарница и продавачката ме прашува дали имам картичка?
    Јас сфатив дека ме прашува за платежна картичка, демек дали ќе платам со картичка или во готово пошто минатиот пат кога купував од таму платив со картичка... Да, таа сигурно памети кој како платил...
    И ко од пушка одговарам: Имам, ама овој пат во готово ќе платам!
    А таа ми вика: Ама јас мислев на картичка за клуб на читатели, за попуст. Еве ваква.

    Па жено божја, изрази се убаво каква картичка, а не вака. Умрев од срам.
     
  7. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    Одам на мајка ми да и’ купам цигари од најблиската трафика и еве го разговорот.
    Јас: Здраво.
    Продавачот: Здраво.
    Јас: бел њу јорк 100с , ако може.
    Продавачот: Њу јорк, ха?
    Јас: хаха...

    :D По пат се утепав од смеење, како некоја шашардисана... Лапсуз беше, ама, сепак, срам ми падна...
     
    На joana18 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Сигурно имало неколку ама не се сеќавам али можам да издвојам 2 кои никогаш нема да ги заборавам :$
    Прва год. средно се враќам од некаде а жешко убитачно, бидна 14 часот. Таман да влезам во станот ја среќавам првата комшивка и ме вика на кафе и и велам, ,,не, дојди ти, ќе биде отклучено морам еден туш набрзина па ќе пиеме кафе,, ,,ок,,
    Се туширам (а сама дома) и некој звони и се дерам од подотворена врата од купатило ,,влезииии,,. Излегувам по долна облека и крпа на глава и одам накај дневната да и речам сега само да се облечам ќе ставам кафе и едно ААААААААААААААААА комшијата дошол нешто да побара :$ и тоа дечко кој и се пушта на таа што ја чекам :lol: После долго време ме зезаше ,,ти сеуште гола се шеташ по дома,,

    Втора случка пред 10 год., излегувам до тип кој ми се пушта во чаршија. Зима беше, многу снег и лед. Се паркира дечкото и излегуваме од кола, а јас госпоѓица на штикли и му велам ,,слушај, срам не срам ќе паднам дај да те фатам за рака да не бидне брука и да ме собираш од асфалт,, , ме фаќа за раката а таа лед ладна и тој кавалер ми вика ,,дај стави ја во мојот џеб да ти ја згрејам,, и јас ја ставам раката, ама кога кажа паѓам и се положив хоризонтално на патот. Почнав да се смејам од срам и гледам во раката ми останал неговиот џеб :$ Толку јак падеж да и џебот од јакната сум му го искинала. Брука, бог знае мајка му што си мислила
     
    На joana18, Alesii, CIA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. PinkpankaceM

    PinkpankaceM Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    hahhahahah ме изнасмеа :)
     
    На La.Reina.Del.Sur му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Има еден дечко со кој нон стоп се сретнуваме кога ќе излезиме, и секогаш кога ќе поминам покрај него и излезам некаде на воздух, тој „случајно“ излага после мене. Да се поздравиме, да си зборнеме, демек колеги сме - гитаристи. И така еднаш се случи па дури по трет пат да излезам, па тој демек ќе збори на телефон, но јас морав а си одам дома. Скалите не само што беа искршени, туку и замрзнати. Со него имав само еднп чао, и онака од „возбуда“ се заборавив да вардам кај газам и баааааааам морска ѕвезда. Штикли и замрзнати скани, плус невнимание се многу лоша комбинација. Кутриот тој, се затрча, за малку болничка што не викна. Секоја чест за мене.
     
    На Amona и Lallly им се допаѓа ова.
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Нема да заборавам, некаде прва година средно, надвор истура дожд, ветер фрчи, и ја гледам автобус бројот што го чекам и тап си влагам, си покажувам билет и тој ми вика ееееј девојко, и ја да? вели приватен е автобусот, ја мртва ладна молам??? вели приватен е, неможеш со слободна.Ухххх цел автобус во мене гледа,живи срамови, таман тргнав да излезам ми вели,ај ај сеа вози се,ама друг пат гледај,и се смее. Мислам додека стигнав дома сите во мене гледаа (нормално не беше така, ама чувството е фуј)
     
  12. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Одевме со тато на гости. Ама мене движењето по мраз тешко ми оди и го грабнав него под рака.
    Убаво одевме еден до друг, јас малку се подзализгував, ама тато ме враќаше и не седнував на земја.
    Ама се појавија натрапници. За да поминеме сите требаше да одиме еден позади друг. И јас го пуштив тато пред мене се уште држејќи го под рака. Но, едноставно не беше изводливо така да одам, а овие натрапнициве беа поголема група момци и девојки. Го пуштив тато надевајќи се дека ќе се снајдам сама.
    И првиот чекор, трас на земја. Колку што сум долга и широка. Го блокирав „сообраќајот“ во двете патни насоки. Дечките застанаа, почекаа да станам и си продолживме.
    Но, во рацете носев торбичка со подарок која што во паѓањето се скина. Му ја тутнав на тато за тој да ја даде. И влегуваме таму и овој со цел памет вика: Еве повелете. Падна Ејнџел онде па ни се скина кесево, ама нема гајле.
    Се вжарив цела од срам.
     
    На MagicnaProlet и Alesii им се допаѓа ова.
  13. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030
    Ахх...После толку години уште се смеам за ова :)

    Пред неколку лета, бевме со другарките договорени да излеземе ( во Охрид се случи ова ).
    Мене нешто ми искрсна и дојдов покасно и ги гледам- они доброоо се напиле, неможат да стојат!
    Уште немаше 12, значи народ ПОЛНО...
    Едната си отиде, а другата остана со мене бидејќи неможела да се врати дома таква.. Јас со штикли ( демек ќе одевме во дискотека некоја..АХА ДА, а она во патики )
    Ми вика лошо ми е, и седнавме на една клупа одма до чаршија и она одеднаш се наведнува и се истура на земја и ја :o ..тука сите не гледаат..
    Помина некое време и ми вика ми се какаа, и мене тука ме фати една смеа ми вика - ќе какам тука ( одма до едно продавниче ) и јас неее, немој те молам те молам, ќе одиме ќе се скриеш некаде и она дека нели ја, не и давам - почна на цел глас! - МИ СЕ КАКАААААА!... сите не гледаат јас некоја кисела фаца сум направила и се смеам онака дебилно, усрамено...
    И она, ни два ни три си влезе во еден двор си чучна и си се смее и јас се молам некој да не излезе и одеднаш гледам папучи летаат од балконот на куќата и тој од таму : матер ти е*ам, тука ли најде???

    и она си се облече си се изнасмеа а ја па уште на тој му викам - извинете господине, извинете. :rofl:
     
    На MagicnaProlet, Amona, 4rever.unique и 23 други им се допаѓа ова.
  14. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    229
    Еднаш,у 7-8 одделение,зборевме нешо со другарите и другарките какви ќе бидеме кога ќе пораснеме.И тој шо ми се свиѓаше тогаш за мене рече дека ќе бидам убава,и тоа го слушнав јас,и уште една другарка.И идам после да им кажам и на другите другарки и им се дерам ***** МЕ САКА!!! Овие почнаа да се смеат,а таа шо ми беше најдобра и уште ми е ми ја затна устата.Јас си викам шо е кој слушна сеа?!Се вртам и го гледам него.Стои и се смее.Лелее каков сраам!Сакав стварно да пропаднам у земја.После тоа цепки бевме,ме прашуваше дали сака да му бидам женска,незнам ваму таму...Јас сметав дека сум мала и така остана до 8 лето..Тогаш падна првото лапање со него . :D :D :$
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Elika

    Elika Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    46
    Хахахахаха,јас еднаш бев у теранова со другарками,и јас глеав некои блузички,а она тука негде беше.И глеам ги крева едни одвратни панталони(да ги види :D )и јас одам до неа и ги земам панталоните и викам остај ги не се убави.И одеднаш глеам тоа небило другарками :o И женава ме глеа вака :^) И јас извини извини и ги бапнав панталоните у рака :D И после ми се изнасмеа и она и другарками ми :$

    Бев со сестрами и мајками во еуроазија и глеам некои ремени.И ми се засвиѓа еден и одам накај "мама"и викам мамо.И пред да се сврти жената среќа сестрами беше тука и почнав на неа да и зборам.Сигурно жената се зачудила како можам толку млада мајка да имам :D
     
    На Amona, inna2, Angel-Wings и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Lallly

    Lallly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    33
    Влегувам во училница и гледам нема стол за мене,каде да седнам.Ја замолив професорката да одам да земам од друг клас стол, и таа ми дозволи. Влегувам кај мојот симпатија и културно побарав стол.Професорот ми подаде еден стол.Јас со столот во раце побрзав да излезам, и како се закачи на една клупа тој пусти стол,јас преку него се истргав на земја.Ах одбај станав,го оставив столот на земја и право дома.После 3 дена не одев на школо од срам :sweat:
     
    На joana18, Alesii и Hiii им се допаѓа ова.
  17. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Вчера сабајле! Одам накај автобуска и слушам како некој свири по мене. Гледам лево десно нема никој.
    После пак некој упорно свири! Хахахах леле кога се сетив. Цело време со носот сум свирела, дека сум настинена. :D Си се изнасмеав така сама. Баш убаво. :lol:
     
    На DragonA420, LittlePinky, Lovy1 и 19 други им се допаѓа ова.
  18. Karamella

    Karamella Активен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    23
    Можи пред 2-3 месеци, со автобусот одев до работа и дојде една стара жена и си реков ај да и станам и станав и само што тргна автобусот право седнав кај неа на скутот! Леле бруки како се засрамив, цел автобус ми се смееше и од што бев толку обрукана одма излегов уште не бев до местото застаната!! :tmi:
     
    На joana18 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    И ова од поодамна.
    Значи идеме со една другарка...И сега оговараме машки xD и јас и зборував за еден. Како е страшно згоден и бла бла бла, као да немав дечко, или да не бев верна гарант би го поминала...
    А всушност одиме да се видиме со еден другар нејзин да и даде нешто. И оваа не ме дослушнала за кој всушност и зборам и јас и викам: - „Абе за Трајко* онај келнерон.“ А во меѓу време ни идат во пресрет другаров на другарка ми со него. Абе оваква :o :$ останав. И сега да е поголема работата јас викам - „Здраво!“ и типов - „А, рече радо би ме поминала?“ и ја с пак :o wtf и викам „Не беее...Од кај ти е то сега?“ и брзо брзо, другарками под рака и да не нема.
    После паднавме од смеење.
    А јас искрено се надевам дека до нелето типов ќе заборајт шо слушна :$ :angel: :lol:
     
    На Meggy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Денес на школо:
    Јас по грешка со раката го “погалив“ другар ми по коса. И неговата коса ептен ме потсети на еден дечко на одмор што го запознав. *у моментот мислев на симпатијава* И се забрзав да кажам: „Ау, твојава коса е иста како на .....“ И другарка ми почна да се смее како ненормална и по две секунди и мене ми текна: не сум го кажала името на дечкото од одмор туку на симпатијата. И после цело време ме зафркаваа. |(
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.