Се изнасмеав од вас. И мене ми се имат случено повеќе вакви работи, но сега само на една ми текнува. Пред 2 недели во училиштето имавме проекти и професорката е многу добра па исто како да ја нема, лудуваме на нејзиниот час. Мене ме фати лудилото и земав на другарките да и ги повлекувам столовите за да паднат, но ниедна не падна. И така јас одам да си седнам на столот фино лепо и една другарка за да ми врати ми го повлече столот и јас бум на земја. Сите кога грмнаа да се смеат, не дека се засрамив многу, но пукнав од смеа. Хахаха..
4 одд идам во трафика и викам дајте ми олвејс мастики и продавачот ме гледа и вика мислеш на влошки викам не бре мастики вика олвејс има само влоски а ервејс има мастики луѓето што чекаа на ред се пукнаа од смеење. 2 година средно си влагам во школо и со јогуртот во рака и бурекот во др рака а проф по германски пред мене и на скалите ко се препнав едно убаво и паво во лице на проф со јогуртот тој се изнасмеа а и цела гимназија а јас леле извинете и си ја земав чантата и право дома
Пред едно 5-6 год. кога сум се спружила на сред чаршија ми доаѓаше да се самоубијам носев влечки на плута и ми се скина ремчето ја свиткав ногата и да се задржам за мајками од вратот до рамото ја изгребав како на фронт да била кутрата
Имавме дома еден комшија, човек во години нешто ја порпаваше чешмата во кујната.Одам јас така у вц седнувам на шоља, вратата не беше заклучена пошо нешо се заглувава па не ја заклучувам.Си седам ја онака лагано на шоља и само одеднаш се отвара вратата и го глеам онаква комшијата . Овој сирот иста фаца ко мене напраи и ми вика а ти си била тука и јас онаква оо дада . Човеков одма го снема..мислиш се телепортираше.. .Седов во вц се дур не си отиде..После ми бише сраам кога ке го видев во влез, или негде низ населба..
на ледов пред 1 недела кога излегувавме во кафич петокот, си се струполив онака ќејфски, баш накај 23:30 беше имаше прилично гужва надвор, луѓе на цигара прво ќе се укопав ама па зашто цела вечер да бидам намуртена и си се окезив
Во право се тие шо велат кој високо лета, ниско паѓа. Кога беше така се убаво подмрзнато кај мене пред зграда, си одев јас така и почнав со нозете да се лизгам некако по мразот правејќи се демек ништо не ми може мразот. А, со мене беше и мојата сестра ми ми вели немој ќе паднеш. И јас целата онака занесена и викам, абе не паѓам не се секирај, и само што го направив така вториот чекор, се спружив колку шо сум долга И тоа пред зграда!! Е ми идеше да го изринам цел мраз!
Во 5 одд на школо по математика.Математичарка бе ХАХАХ!Деца ми се смеат од позади ја со поглед им се заканувам и чурам Детствооооооо
Отидов вчера јас кај муваторот, немаше никој кај него дома, само баба му и сестричката. А он ми рече мајка му требало да си дојде од работа во 10 саат. И јас си викам еј што, па имаме време, до тогаш ќе си свршиме работа, се фино лепо. А тоа да ти поминале 2 ипол саати како сум била таму, тоа 9 ипол станало, изгасено светло, ние на кревет овој врз мене, си вршиме работа што си вршиме и тропа некој на врата.. И овој, мајка ми дојде! И јас мртва ладна, си продолжувам, овој абе мајка ми дојде и јас пак мхмм и по трет пат, МАЈКА МИ БЕ ВОЛ, БРЗО ОБЛАКАЈ СЕ! И јас онаква узбуџена целата, гледам да се средам што побрзо, и влага женава а јас легната на кревет и ми вика добровечер а јас уште си ќутам ко муле некое и овој ми вика кажи добровечер мори! И јас онаква со пола уста, добровечер, хее-хе. Денес му рекла, го усрамив девојчето вчера си отиде, ве прекинав... Хахаххаха.
ауу ги имам премногу што не би сакала да се потсеќам! еве една ќе кажам, дека живеам во друга држава и не го знаев јазикот и одам на каса во продавница и сега ги ставам работите и кај еден човек ги наплаќа и овој вика не не не се мои, а јас само се насмеав дека незнаев што да кажам и испадна дека сакав он да ми ги купи... а не ни го планирав тоа!
Си одам еден ден од факултет накај дома и со една колешка си правиме муабети за семинарски, професориве какви се. И јас бидејќи многу гласно зборам т.е гласов ми е како појачало си почнав да зборам за семинарски од кај што сум ги купувала па дека професорот не го приметил тоа дека воопшто и не ги ни читал семинарскиве и така си се смеам кога се вртам позади и што да видам професорот за кого зборев, а знам дека и името убаво му го споменав. И така само он ме погледна чудно и ништо не ми рече. За среќа ги имам положено кај него сите предмети
во ддекември бев на дерматолог и одам таму плакам бидејќи овде и со здравствена книшка се плака,го давам листот што имав закажано и таа што раб.на шалтер го зема ме шкртна дека сум дојдена и го искина и го фрли ..и ми вика оди на втори кат и јас се качувам одам на шалтер и тој таму дечкото што работи ми вика денес нема закажано никаква кети,сигорно си грешка девојко и јас упорно тврдам дека сум сто посто сигорна дека тој ден имав закажано и тој се јавува на приземје долу и вика ке ви пратам една девојка ...и јас одам долу онака сигурна и кажувам на таа таму и она гледа во пц ..не наога ништо оди во кантата за хартија бара бара и оп најде еден дел од мојот лист и гледа датумот и тоа утрешниот датум и доага и ми го покажува и јас онака целата засрамена оти како и обично избувнав оти чекав 2 месеци за тој преглед и си викам не е можно да ме нема ..и се извинив и да ме нема низ врата
Уф леле еднаш бев на пазар со мајка ми и наеднаш ја снема се уплашив и тоа многу се ми дојде на памет и ја барам низ пазаров во кој имаше повеќе од 200 луге и наидувам на една и ја мислев мајка ми и застанувам до неа и викам мамо кај си ма каде исчезна наеднааш( дури и за рака јаа ватив ) Жената се заврти и вика извинете погрешка да не сте и ја целата замрзната бев ми идеше да се закопам у земја. Толку се постамотив што ќе заплачев замалку . Но сепак ја најдов мама, била на една тезга.
Малечката имаше само три месеци и требаше да ја носиме на редовна контрола на колкчињата кај ортопед.Се јавив во една приватна ординација во Скопје и закажав преглед.Појдовме цела делегација од дома:јас, мм, татко ми, мајка ми и малечката. Влеговме, а во ординацијата беше толку чисто, абе да легнеш доле и да лижеш. На самиот влез, медицинската сестра ни даде да ставиме каљачи на нозете, а мене ми заличија на капи за операциона сала. Свртена бев со грб и не гледав што прават татко ми и мм. Ги погледнав најлоните во рака, а тие една тенџере плава боја и се чудев зошто ми дале две. И како што сум брзоплета, ја земам едната и и ја враќам на сестрата и и викам: „Ова ми е вишок“. Таа ме погледа чудно и таман отвори уста да ми каже нешто, а јас веќе едната ја растргнав и ја ставив на глава. Само слушнав громогласно смеење од зад мене. Кога се свртев со една мутава фаца и модрата каљача на глава, имав што да видам.Татко ми и мм се држеа за стомак од смеење, татко ми ги обул и двете, а мојот маж од смеење ја облекол само едната, а другата до пола. Ми се идеше да пропаднам во земја. Брзопотезно ја извадив каљачата од глава, си ја побарав назад и другата, ги облеков со светлосна брзина, бебето во раце и избегав внатре. Докторот цело време ми објаснуваше што како, а јас ништо не го слушнав, цело време размислував за глупоста што ја направив. И ден денеска, кога ќе се потсетам, паѓам во несвест од смеење.
Си одам денес на факултет, сигурна во себе, коса стилски разлетана од ветер, сите ме гледаат... Самодоверба на нивоу. Одеднаш се погледнав надоле и кога да видам... Кошулата точно на градите откопчана, копче нема, се скинало. Градите на мегдан, фалеше некој да ми ги постиска. Немаше да биде толку трагично ако имав копче. Па си застанав и на автобуска пробував со остатокот од конецот од копчето да подзаврзам малку, нешто од нешто. Јас си мислев лепотица, а работата била друго. Битно сестриве се лепотици. Многу погледи привлекоа
хахахахахаха лелел геа како си ме изнасмеала..значи моментално бев многу тажна ама кога го прочитав ова мислам заборавив на сите лоши работи сто ми се случија денес јако е морам да признам
Го знаете Андреј, тој што шиша? Сестра ми, и сите мои другарки го викаат секси Андреј ( не дека е битно тоа во муабетов ) Се јавувам да си закажам на фризер кај него, ми викаат да, повелете? И јас, ќе може да закажам еден преглед кај Андреј? Кога почна да се смее таа ... Кога сфатив што кажав.
се враќаме со другар накај дома од Хемиско. Узпат бензинска ..и викам ај дој да мочам на другаров. И позади бензинската има вециња...а до бензинската седнат на гага пиво полицаец. и ме гледа дека одам позади и ми вика КАДЕ !? До вц... Што ќе правиш во вц?! ДА МОЧАМ (покажувам накај стојко ми) Со опроштение на издраз !
Уф кога се роди внук ми полно луѓе собрани на вечера. Кога ми падна лажицата во супата а јас поднавалена со главата ужас бев во фацата и од косата ми капеше Не знам како ја преживеав вечерта. Излегов како најнесмасното суштество на земјава.
Му се јавувам на господин Х, и викам ало и нема одговор и си викам ајде пак сака нешто да ме уплаши како и секогаш и викам Ало мило со прајш, добар си, мило едвај чекам пак да те видам, да те бакнам, се лигавам по телефон и од таа страна слушам Верувам дека и Х го сака истото но сега тој не е тука отиде во продавница по цигари тука е неговиот татко Ја останав вака и викам упс се извинувам и он вика ништо не е проблем, туку сакаш да му пренесм нешто или и ја викам само ако сака нека се јави ко ќе си дојде... Е тогаш посакав стварно земјата да се отвори и да ме голтне...