1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зини земјо, голтни ме!

Дискусија во 'Насмевка' започната од Unfaithful18, 2 јули 2010.

  1. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030
    Ѕвонам јас кај дечко ми...

    И од таму слушам : АЛО???
    Јас помислив он е и му викам, леле што се дереш толку бе?

    и од таму: Молам?
    Јас у тој момент сфаќам не е он и почнувам : Лелееее, извинете, јас...го барам ксјеф...
    И татко му: веднаш...

    ужас.
     
    На Buttterfly, M.a.r.i.l.y.n, Blueeyes20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Па ова беше пред едно 2 години.
    Требаше да идеме со другарките до веро.
    И сега, жо но се, нада. Апосолутаменте нада, пор автобусес.
    Ги прашувам која е разликата меѓу државен, и приватен автобус, како да ги распознаам.
    - Абе лесно е, државните имаат картички, приватните немаат.
    Јас цела радосна..
    - Приватните немаат? :rofl: Епа ај да одиме со приватен.
    - Ама ние имаме слободни, ти ако сакаш, оди со приватен.
    - Е како да не, јас ќе одам сама.
    И доаѓа државен, јас ги испуштам сите пред мене да влезат. И доаѓам јас на ред..
    - КАРТА?
    - Што?
    - КАРТА, КАРТА!
    Човеков, ме гледа она малце мрднато. Ми дава карта. Јас се вртам, и гледам овие кокониве си нашле место,чучнале. Јас си го гушнав оноа жутото, не го пуштам. И си викам:
    - Сега Елено, ќе пробаш у сите страни да го туриш.
    Вртам од една страна, не штрака. Му го вртам г*зот на картичето, нејќе. Ај на косо ја свртев, да не има некоја финта. Нејќе. Ај ја свиткав на пола. Ма најќе. Цел автобус се ѕвери у мене.
    И тука ми станува шоферот, изнервиран:
    - Добро бе ти. Прв пат влагаш во автобус?
    Наведнав глава и си чучнав.
    - Еееј, а картата?
    Си се вратив по картата, он ја укуцал, и си седнав.
    Мислам дека додека се возев, тие минути ми беа едни од најдолгите. Па од кај да знам, дека имало стрелка на тоа картичено? :^)
     
    На M.a.r.i.l.y.n, Saisnalla и anabel-a им се допаѓа ова.
  3. Saisnalla

    Saisnalla Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    134
    На час јас како и обично си се клацкам со столчето и зборувам со другарка ми,а зад мене седеше едно буцко дете. И цела внесена во муабетот не сетив дека наставикот бил зад мене,а и он беше така .. елегантно пополнет, и ми тропна на столчето за да престанам,а јас го помислив дека момчето тропна,па изрипав ко ненормална,и се дерам:
    -Иииииииии буци бее, популека,ма анѓелуса!!
    а наставникот цел ваков :o :o :o :o :o
    фино лепо, си излапав неоправдан :!: ташната, и си излегов :hai:

    ... а како ми беше,само јас си знам :D :D :D
     
    На MagicnaProlet, kosmodiks и stefigirl им се допаѓа ова.
  4. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Е ова моево е навистина зини земјо, голтни ме. Ваков срам никогаш не сум доживеала. Се случи на проклетиот ден на дрвото. Претходниот ден врнеше и кога отидовме таму беше калливо. И се качувам јас нагоре по ридот со другарка ми. Си одам така и гледам пред мене вода и земав да ја рипам и траас, се лизнав од калта и паднав. Сите почнаа да ми се смеат, а јас засрамена и со калливи тренерки и патики се вратив некако кај автобусот. Се исчистив и седнав да се исушам. Наредениот ден ми беше срам да се појавам во школо.
     
  5. Nedzhla

    Nedzhla Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    96
    сабајлево си се возам во јсп и наместо да ја повикнам другарка ми со план да ја потчукнам и да и кажам дека се симнувам и ко зграбав една жена за цицка леле ко викна она мајко мори дека си и се вртам и гледам ја држам а оваа фаца ко кисела зелка и цел автобус хахаха и си се симнав ко си идев накај дома се згазив од смеење :$
     
    На Amona, M.a.r.i.l.y.n, booble.girl и 5 други им се допаѓа ова.
  6. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Од пред 5 минути...сеуште се смеам и молам да се отвори и да ме голтне.
    Му звонам на дечко ми и не ми крева, звони долго и еден момент слушам глас: „Ало?“ и јас не го препознав ли или недоволно го слушнав и викам „Конечно ме удостои, душо?“ и после 2/3 секунди „*Трпе* не е тука, овде другар му.“ и јас се здткав и целата „А, а....Океј, аха да. Чао!“ дечкото зборуваше нешто а јас му исклучив.
    Брука жива!!! :$ :$ :$ :$
     
    На Amona му/ѝ се допаѓа ова.
  7. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    И се дерев на баба пола саат ја отеравав у пи*ку матер,зашто ми го зела тавчето за компири што ми е,а во соседната соба да ти бил другарот на брат ми.И така не ми е прв пат да се обрукам пред него ама..Се изнакажав и што требаше и што не требаше.. :worried: !
    И секако непријатно ми е кога ќе го видам :worried:
    Зини земјо ГОЛТНИ МЕ!
     
  8. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Бев на село и седиме така надвор,и мене ме фате ’брзиот’.
    И трк у полско веце.Ајде сега појдов,ги турнав тренерките и дрсс дрс тртт..И незнам од кај влегол..глушец.Срцето ми запре сместо.И само АААААААААААААААААААААААААААА,тренерките некренати,
    Сите истрчаја да видат што ми се случе,и што да видат трчам и ги облекувам тренерките,а другар му на брат ми се кине од смеење. |( Баш смешно,можев да си добијам срцев удар :!:
    Од тогаш у полско веце никако,таму има плашечки глувци ]:)
    Ами ако ме грицнеше за газе?
     
    На Amona, kosmodiks и aaleksaandraa им се допаѓа ова.
  9. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Сношти бев на забава во еден ноќен клуб каде што гостуваа Фламингоси. И јас онака опуштена, разиграна + имав малку повеќе испиено слушам дека почуваат да ја пеат песната "Обала". И сега јас на цел глас почнав да пеам и кога дојде делот да се испее "Јебемо где стигнемо" музиката ја намалија и јас се издерив тука на цел глас. Немаше некој што не се сврти накај мене. Ми дојде в земја да пропаднам. :D
     
    На Amona, alexa_dimoska, Ketrin.Moon и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Пред пола саат ми се случи ова абе жива брука :tmi:
    Одам до пошта и шо ми текна онаа песната
    и да умрам млад ич не ми гајле, само една ноќ со тебе до сабајле :lol:
    И наеднаш се вртам и го гледам еден дечко симпатија ми е а незнам ни како се вика :tmi: го гледам позади мене и се смешка и фацата ваква :?:
    Ја ко го видов :wasntme: :$ и трк правец у пошта
    Леле бруки луѓе еј да можеше земјава да се отвори да ме проголта :$ :rofl:
     
    На matea.88 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден...
    Се скоцкав на на училиште.Туника,марама ова она.И појдов на школо,бидејќи обично само во фармерки си се облекувам,и сите почнаја да ми даваат комплименти.„Аии шубо ти стој’’,„Секогаш да си се носиш вака убаво ти прилега овој стил‘‘ и сл....И секој кој го докажал комплиментот викаше ’’Пу пу да те серат кокошките,да не те почудам ‘‘.
    И излегуваме надвор седнувам на скали и после кога станав џвррррџ назад цела кокошајнца од врпче/чавка..И така ме посраја кокошките :worried:
    После зедов да се чистам со влажни марамчиња ама џабе...
    Си се шетав низ град така непочудена...И ми идеше да пропаднам в земја :worried:
    Затоа скоцкана за на школо више јок!
     
  12. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    моето не е за смеејне али посакувам да ме снема од ова земја...често го посакувам тоа,,од проблеми...
     
  13. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    229
    Уф,стварно сакав да пропаднам во земја.

    Се случи вчера,одејки од работа накај дома.Одам накај кола и поминувам покрај едни клупи,имаше насобрано еден куп деца.Поминувам и ветрот(кој подоцна беше 10 пати проколнат од мене) си ја заврши својата работа.Носејки лелеава тенка сукња,ми ја крена во воздух толку многу што дури и ми ја покри цела маица. :D

    Носев хулахопки за среќа,ама за несреќа беа скинати кај препоните. :$

    Изгледав ултра смешно пробувајки да си ја наместам сукњата,која се противеше.
    Леле ќе ја искинев и ќе се соблечев гола од нервоза и срам,хаха. :D

    А децата ме гледаат како некоја болно пореметена да сум. :D
     
    На Amona, M.a.r.i.l.y.n, N.Kety и 2 други им се допаѓа ова.
  14. monni.t

    monni.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    207
    Хахха.. летото една другарка излегуваше со едно дете. И седиме така една вечер ние неколку другарки со него и уште неколку негови другарки и едно време ние одиме да се напиеме вода. Амаа ваму кај шо бевме ние од што течеше водата не се слушаше ништо и ние се дереме. И едно време гледаме дека еднава другарка ја нема ( и дека од водата не се слуша ништо ) си се дереме ниее, викаме леле сега може се лути и си заминала, дај да и се јавиме и некои други глупости трескавме , а таа цело време ни светела со телефонот да ја видиме, ама ние не ја гледаме. После се враќаме ние на местото кај шо седевме и ни кажува другаркава дека се се слушало шо сме ,,зборувале,, ( т.е. шо се деревме ) ии дечкиве се изнасмеале. Лелее кога ме фати една смеа.. покрај тој срам ние паѓавме од смеа. :D :D
     
  15. B.Waldorf

    B.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    33
    Во петокот со неколку другарки вечерта се договоривме да се шетаме низ населба, и добро искочивме се :) И поминавме на едно место таму имаше еден мој другар така што ми е ептен мил и добро, поминуваме од таму и сите ќутат само јас како будала некоја се дерам Николчеееееееееееее срце :) и баш тогаш таткоми поминува со братми и ме гледа :o мислев дека ќе си починам.
    хахаххахахаха. исто со таткоми така нешто ми го побара телефонот а јас на позадина имав слика со едно дете што ми се свиѓа заедно гушнати ама заборавив и му го дадов :) и тогаш почна одма ааааааа B. дечко си фатила глупости а баш бевме собрани целата фамилија и ме посрами пред сите :D
     
  16. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Кои бруки сме биле пред некој ден со другарка ми. :tmi:
    Искачаме, и одиме во продавница по сладолед.И земаме сладолед, и влегуваме внатре да платиме, кога да видиш едни двајца типци, развиени, дотерани, абе бонбони. :lol:
    И онака сме се убуљаље и ние во нив, и тие во нас, а оваа продавачкава пари ни бара, ние рецка не и маваме.И така едно 5 минути, овие си излегоа, ние со мислите во нив, си средуваме впечатоци де. :D И ни текна фала Богу дека треба да платиме. :rofl:
     
  17. love.butterflies

    love.butterflies Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    23
    Хахаха се изнасмеав на постовиве,а мене сеа ко за инат не ми текнуваат повеќе. Само на едно ми текнува, прво оделение прв ден во школо. Сме имале 2 часа и нели нормално звони за голем одмор. Арно ама јас коа сум видела како сите излегуваат надвор-ранецот на мене и пред школо застанав мама да ја чекам да ме земе, ја немаше 10минутки и јас си тргнав сама, така вака ми текна на патот си стигнав.Кога ме виде мајка ми со комшивката ми се изнасмеаја ...хахахаха уште си се смееме на тоа фамилијарно :D
     
    На joana18 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. lusi17

    lusi17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    143
    Пол:
    Женски
    Јас ко имав негде 6 години имав облечено сукна ама малце ми беше широчка кај горниот дела така јас одам се филмав видете имам сукња врццц сукњата ми падна :$ :$ :$ јас се вцрвенав целатаа ја кренав и да ме нема ко че се сетам само се смеам :lol: :lol: :lol: ама ај тогаш бев помала. :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На mache.993 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Е. и јас да си кажам што глупост направив пред некој ден...
    Обично си купувам пудри за лице од тие малце поефтините, ама викам ај да земам некоја малце поквалитетна и ,,поскапичка,,. И си отидов фино лепо у Космо и си одбрав една на Лореал, ми беше битно да е мат а и да покрива, и да е бела за мојов тен...
    Утредента, мерак да се нашминкам за на работа од новата пудра. Се нашлакав и така гордо демек мазна, убава, матирана се рашетувам по ходници на работа.Кога отидов во веце да се ѕирнам на огледало, ШТО ДА ВИДАМ.... :o Лицево жуто, жуто, окер, портокалово, море пролив боја. Остај тоа МРСНООООООО, и целото со флеки...На едно место жут круг, на друго место немам пудра па бела кожа (со по некоја флека)... ХОРОР. А вратот бел,бел...Строга поделба измеѓу глава и врат..... БРУКИ.
    Следниот ден, искомплексирана од претходниот, си викам дај да ја ставам најсветлата пудра што ја имам дома, за да не се срамам пак како вчера. Се нашминкав и пак така самоуверено ја опраив по ходници.Лелелелеле кога отидов во веце........ :o , сега па КРЕЧ БЕЛА, како дух, изгледа како да ме есхумирале...
    Некој што ме гледал тие два дена сигурно си мислел дека не сум здрава. Какви ДИСКОЛОРАЦИИ претрпе ова мое сирото лице............
    Е баш сакав да зине земјава и не да ме голтне, него да ме изџвака на најситно...
     
    На Amona, Didi-13, WarriorAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Lady-in-white

    Lady-in-white Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    53
    Мене такви случки ми се имаат случувано многу пати но најнова е таа што ми се случи утринава.
    Бев кај другарка ми, ја чекав за на училиште пред една продавница малечка и во истата продавница дојде и учителката што не учеше во 3 одделение зашто претходната учителка беше болна нешто и јас мислев нема да ме препознае па и јас се направив како да не е таа. И по некое време таа ми вели "ХХХХ како си? " и јас таква цела засрамена демек не сум ја видела и викам "еееј, добра сум еве ке идам на училиште" и таа само се насмевна и си влезе во продавницата :rofl:
    Јас одсекогаш така се имам глупирано амаа сепак тоа ти е :D
     
    На Elichka му/ѝ се допаѓа ова.