Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зини земјо, голтни ме!

Дискусија во 'Насмевка' започната од Unfaithful18, 2 јули 2010.

  1. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Седам чекам ред на заболекар и глеам еден дечко си чита хороскоп, го исчита он и ја културно прашав дали може да го земам списанието ми одговори да и додека го земав списанието до него го прашувам
    за кој хороскоп читаше и он вика јарец
    а ја потивко си викам аа ја па мислев за коњ :rofl:
    дечково :^) да не рече нешто
    ја а не не ништо онака само
     
    На pinkylady, Aleks96, baguf4e и 2 други им се допаѓа ова.
  2. beautiful11

    beautiful11 Активен член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    Морам да го споделам ова со вас и нема да верувате што се случи баш пред 20тина минути :x

    Се вракав назад од училиште а бидејки живеам во Лондон има секакви луге. И сега се вракам и таму покрај еден кафич седеа црнци и ме викнаа да отидам и јас отидов здраво ова она а надвор жешко и очекувате што се деси нели :swear:

    Ме викнаа на пијалок и јас ајде ке седнам а прво велам не не морам да одам па стра ме фати :lol: Не беа моја возраст изгледаа многу постари од мене јас 17 а тие пак накај 30 год али тој што ме свигаше убаф мајка му стара :rofl:
    И ајде влеговле внатре и почнавме муабет и јас таква целата препотена тресам се пошто одма ми текна на прикаските на мама (Немој да зборуваш со непознати можат да ти стават нешто во пијалокот, да те затворат, да те силуват..) и што да ви кажам трауми целата :D
    И ајде поседев околу 1 час и вракам се дома и ништо не приметувам...Одам во тоалет и има што да видам. Под мишките волкави дамки од потта што сум се испотила :swear: :doh: :@

    Епа сега маме му ]:) Друг пат таа блуза никад нема да ја облечам а пак филмовите на мама никогаш нема да ги слушам репризно по 100пати во ден :!:
     
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Па си одам јас дома од кај другарка ми и си мислам леле леле да не ми истече аман веќе менстурации и такви глупости... Одам така нервозна цела и си викам морам да се видам на ретровизорот дали сум црвена и застанав јас да се гледам така убаво и одеднаш слушам од внатре Блеед ит аут - леле си викам можно е да има некој внатре ЛЕЛЕЛ срамотилоцииии. Со трчање дома ми беше срам да се свртам назад ;(
     
  4. stefigirl

    stefigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    124

    Ова го имаше во училишни бисери во наш свет ако не се лажам
    п.с сори за офф
     
  5. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    ааа Зини земјо, голтни мееее
    има еден дечко на кој одамна му фрлив око :D (али тоа е друга прича)
    мој братучед е другар на мој комшивката и пред едно пола саат ми ѕвони комшивката вика ајде кафето е готово иди и ја на пижами трк :D
    влевам и гледам еден дечко седи со грб свртен и ја помислив братучед ми е го удирам по рамо и му викам
    Кај си бе коњу 100 години те неам видено па и се наведнав да го бакнам :lol:
    Дечково се врти а ја :o :$ :$ упс извинии :$ :$

    тоа не бил братучед ми туку дечкото што го спомнав погоре оној шо го свиѓам :$ :$
    Леле ми се идеше да си ископам дупка сама и да се фрлам таму
    Ај шо отидов на пижами ајде ама шо се избрукав

    БОЖЕ, БОЖЕЕЕ
     
    На kosmodiks му/ѝ се допаѓа ова.
  6. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.448
    Пол:
    Женски
    Ми се имаат случено многу такви моменти зини земјо голтни ме... Еднаш за нова година со бившиот дечко требаше да одиме во стан кај една негова колешка. И се спремаме се и накај 9 часот да викнеме такси ама се беше зафатено и едвај најдовме едно и неможеше да дојде точно до кука туку подоле 5 минути. Ама за жал улиците беа раскопани и кал имаше премногу а јас носев чизмички црвени. И како да дојдам до таксито а да не се искашкам, мајка му на дечкото ми врза кесиња бело со црвено ( ептен во тон ) :lol: вика ајде тука блиску е нема никој да те види. Само што тргнавме абе толку луге одеднаш како некој да ги пуштил кога ме видоа почнаа да се смеат а јас баш бев зини земјо голтни ме како шатка бев :lol: :lol: :lol: :D :D :D
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Можеби и на друг некој му се случило вакво слично. :^)
     
  8. stefigirl

    stefigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    124
    Пред некоја недела
    Бев нешо изнервирана од друштвото
    Бевме излезени
    До мене стои една жена и ја сум се раздрала од нервоза: Пи*ка,к*р.. :$
    Се вртам и глеам дека до мене стои жена а не другарка Ми
    аа та жеанта као ги ококори очитее :$
     
  9. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.448
    Пол:
    Женски
    Една вечер се спремав за излегување и си викнав такси и си се симнав пред влез си чекам и дојде една кола и ми заличе на такси, си се качувам си седнувам напред и му кажувам до каде, а човеков до мене мртов ладен ми вели ама девојче јас не сум таксист....лелелеле зини земјо голтни ме колку ми беше само срам и полека така си излегувам... :lol: :lol: :lol:
     
    На anste и kosmodiks им се допаѓа ова.
  10. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Оф па имало тема и биографијата кај да си ја напишам.

    1. Пред две години јака зима имаше, чинам.
    И се враќам јас со другарицава од школо, се држиме двете да не се трупосаме, ама патиштата ни се раздвојуваат кај центарот за култура со најлизгавите плочки кои постојат. А одма до него вриеше тезги со Ромски браќа кои продаваа секаква роба. И јас ај да скратам 3-4 метри пат, си појдов по плочките. Не пуштив ни 3 чекори, кога плеснав на газ, ’рбетот низ череп ми излезе. Па остај тоа, не можев ни да станам, и рацете ми се лизгаа, па се прпелав ко кит дури да застанам некако.
    А онаа мустрана си продолжува по пат па ич. Ко на магарено кога ќе му стават на глава тие корпи ли што ли се, за да не гледа ни лево, ни десно, така и оваа. Јас викам по неа од што ми е незгодно, ама ич бре. Викам чек да ја стигнам. Таман појдов, за неколку чекори пак се плеснав на земја, пак на газ. Утепа се бато, истече му уље. Си пцујам во себе, ми пука фитилот веќе. Ама не, следи уште...
    За да биде поочаен моментот, иде од таму 12-13 годишен циге и ми вика со оној нивен акцент „Не викај девојче, еве ја ќе те кренам“ и се убацува друг из близине „Лелее, како жена да ти е.“
    И малиов, еден ситен, сериозно иде да ме крева мене, толкава крава, а другиов цел се кези среќен.
    Лошото е што ден денес при промена на време имам болки и укоченост во кичмата од тоа паѓање.
    Сите околу ми се згазија, другаркана не ме ни примети, а лепотанот не ме ожени. ;(

    2. Во втора средно пак, бев една од најдобрите во кошарка, и ко демек оти секој час вежбаме со уште три девојчиња, ни рече професорот да одмараме и да гледаме другиве како се снаоѓаат. Цели среќни, пофалени булки, стоиме потпрени на гредата и гледаме. Машкиве урнебес прават со топките за ракомет, шутираат низ цела сала. И ондаК иде my time to shine. Ми се дотркалува топка пред нозе, и нели, зошто пак само во кошарка да се покажувам, кога можам да им покажам дека и фудбал јако шутирам, м? Со задоволна фаца и’ се спремам на топката дури иде накај мене, сеуште навалена на гредата, заземам став, иде топката, шутирам, лета нагоре, ме шљакнува во фаца и од јачината ударам во радијаторот позади, кој патем беше врел ко ѓаволот штотуку да се испрдел, (ко) попарена изрипувам и од таму и се вртам наоколу да се разладам и освестам. А бре се влечеа по под од смеење, стоки едни покварени. :D
    И тоа не е се’. Влегува профица, ги кара машкиве „Па тоа ли се шутира бре говеда едни, ќе ги избушите сите топки, после мушмули ќе шутирате.“ И јас сега да се извадам од брука моментот од претходно, демек шала на нивна сметка да направам, мислејќи дека професорот си влегол во неговата канцеларија веќе, им се смеам: „Аа после вашите мушмули ќе си ги шутирате.“ (Знаете кои де.)
    И профе (млад беше ептен, па ко другар ни беше) се задава од позади „Е Калиопе, ај овие топки ќе ги средиме, ама после нивните кој ќе ги пумпа?“ И пак газење на моја сметка. Мамето. :devil:

    Други во друга прилика, оти ќе треба километарски постови да пишувам.
     
    На Amona, alexa_dimoska, blady и 15 други им се допаѓа ова.
  11. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    хахахах леле многуу случки ги има, али ајде еве што ми текна во моментов.

    Беше тоа одамна, отидов на пазар со мајка ми, а тогаш многу мразев да одам да пазарам со неа. И не ми текнува баш, застанала полааа саат нешто гледа на некоја тезга, абе ептен ме изнеервира и си реков леле јас оваа ја оставам си одам готово крај, ми пукна филмот. И онака почнувам да одам брзински онака фул изнервирана, а доста гужва имаше, можам да кажам слободно дека дури ги буткав лугево само да се тргнам аман од пазаров да си отидам, и кога се разминувам во еден момент со една женичка, абе незнам како во тој момент дури и ги искинав и кесите со праските, абе кога почнаа да испопагаат сите, се тркалаа по земја, кога почна женава да вика по мене, ја ич не ја рецкам, ау ау аууууу, јас уште побрзински почнав да одам, абе ми идеше да пропаднам у земја, лелел кога ке ми текне, мајке ми. :rofl: луда сум. :rofl:
     
  12. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    оф од пред една недела сите мои гаќи ми се обесени на дрвото позади нашата зграда благодарение на мојот 1.5 годишен син кој изгледа си правел простор за неговите алишта па во рок од5-6 мин. ги исфрлил сите мои гаќи од прозорецот и сега дрвото е украсено како новогодишна елка во сите бои хахахахха
     
    На Amona, biggirlsdontcry, odbojkarka и 4 други им се допаѓа ова.
  13. simon4etooo

    simon4etooo Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    186
    Еве неколку мои брука моументс:

    1. Одиме јас и брачеда ми нашколо и по пат си муабетевме. Бидејќи секогаш длабоко се внесувам во разговор не ги гледам работите околку мене. Така и сега не видов дека има еден сообраќаен знак. И така си одиме, си муабетиме и наеднаш: траааассссс. Симона си ја удри главата. :headbang: Брачеда ми кога фати да се смее едвај се смири. Јас уште си ја чешкав главата од болка. Среќа немаше многу луѓе околу, ама и тие што ги имаше ми се смееја. Се усрамив.
    *Истово ми се има случено со мајка ми кога одевме кај баба, само што тогаш се удрив во телефонска говорница. А и во рампа така се имам удрено. Тоа е, кога ќе загледаш ко чавка во излог. :tmi:
    2. Еднаш ми се имаше појавено црвенило околу усните, па ставив подебел слој витаминска и чекав да се упие. И така по некое време заѕвони вратата. Отварам и гледам дошла една сосетка баба ми и' требала нешто. Женава цело време ме гледаше зачудено и се потсмеваше од време на време. После одам во вц и се гледам во огледало и си викам: аа ете што било работата, заборавив "мустаќите" да ги збришам :o
    3. За Водици бевме в село. Кога требаше кумот да дојде, јас отидов на горниот спрат на куќата да се пресоблечам. И одеднаш доаѓа брачед ми да ме викне и ме виде соблечена по гаќи :o . Се покрив на брзина со едно ќебе, а овој си замина смешкајќи се. Потонав од срам.
    4. Случкава е кога се учев да возам точак. Тој ден мајка ми ѓоа ме учеше како треба. И јас си се качив и почнав да вртам на педалите. И наеднаш изгубив контрола, а гледам дека во сокачето доаѓа поштарот со моторот. За малку ќе се судревме, ама јас да ја избегнам "несреќата" скривнав на лево и пљас - ко рипче си се спружив на уличката колку што сум долга, широка и висока. Кутра јас се усрамив пред човекот кој се трудеше да ми помогне да станам. После еден период ни точак, ни бутур видов.
    5. Оваа зима од нашколо си одам дома. И поминувам покрај полна сендвичара. И само јас загледана (ко по обичај) се лизнав на мразот и паднав. Имаше и надвор деца, се згазија од смеење. Пробувам да станам, ама па неможам бе, се лизгам ли се лизгам. Почав да пцујам, а за уште поголема несреќа помина една учителка. Децата уште толку се изнасмеаја, а јас крајно изнервирана се вратив дома. :swear:
    6. Бевме со мајка ми и сестра ми излезени во турската чаршија. И тука во близина се врткаше еден пекинезер и наеднаш почна да се плетка околу мене. Јас тогаш ептен се плашев од кучиња, па почнав да му бегам на кучето ко споулавена и да врискам. Луѓето околу мене кој знае што си помислија. Ама ете им приредив сцена за смеење. :@
    7. Сигурно не сакате да знаете колку добра пејачка сум, абе Бијонси. 8) Шала на страна, неможам да опишам колку лошо пеам. Затоа избегнувам пред други да го пуштам гласчево, освен пред сестрами (кутра како ме трпи). Значи, еден ден си ја местам ташната за нашколо во детската и одеднаш почнав да пеам (читај рикам). E.T by Kety Perry. Кога се распеав, па тоа фалшови фрчат, па текстот погрешно :x .И само се вртам и оп: гледам татко ми стои на врата и со насмеана фаца ми вика: Аааа си се распеала, аку аку. И човеков уште повеќе замале од смеење. Јас не знаев во моментот дали да плачам или да се смеам. :tmi:

    Ете така, другпат ќе допишам ако ми текнат уште некои.
     
    На Amona и Didi-13 им се допаѓа ова.
  14. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Ова беше пред неколку години. Од мала многу сакам да возам велосипед.
    Бев и на натпревари и за време на летото секој ден возам. И со другарка ми се возевме. Јас така самоуверена возам со една рака, па без раце, си се вртам лево десно , замуабетена....и наеднаш траааааааас и паѓам од велосипедот. Кога ќе видам во кола сум удрила. Човекот бил внатре во колата и како за крај браникот се откачи на автомобилот.
    Леле колку сум се постамотила...Баш оваа реченица си ја кажав Зини земјо голтни ме!! :D
     
  15. the-dark-angel

    the-dark-angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    38
    леле значи јас сум махер толку многу бруки имам напраено што цел свет може да ми се смее..

    идеме еднаш со сестра ми да купувам чизми и го глеаме од далеку автобусот иде и едно време почнавеме да трчаме пошо следниот беше дури саат време покасно..и трчавме што трчавме, застанува автобусот и некако се зализгав..леле коа паднав..абе ми идеше во земја да пропаднам, едната нога ми беше во автобус а другата под него..божееее сите се испосмеаа а сестра ми кутра ме крева ли ме крева ..а јас се газам од смеење а и возачов неможеше да стартува со возење од што се смееше..
    бруки живииии :D
     
    На Amona му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Еве една од денска
    Сабајле треба да одеме на плажа и јас се јавувам во собата каде што ми се пријателите и другарка ми и мајак и имааат речиси ист глас по телефон
    и ајс се јавувам и ********* синоке му с ејави му кажа дека го скаш он ти кажа дека тесака се надевам дека нема да ти раскине?
    -Нема нема и он ме сака-мајка и ми го кажаува
    -Лелелле кога ке си идеме ке се лижете нели де нема да ви е прв пат -јас :lol: :lol: :lol:
    И до таму мамо со кој правеш маабет :$ :$ :$ :ж и овааа коа почна да и црка лелеллелеле а уште слушалката не спуштена па коа кажа на тато доле експрас ке не вратеа на македонија амам некакос е извлековме и затоа денес од плажа во хотел по казна :( :( :(
     
  17. CurlyD

    CurlyD Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    4
    Па, најверојатно сум ги имала повеќе али ми текна на оваа една. Почетокот некаде, прва година бев. И дојде нели училишен одмор, и со некои од школските отидовме во блиската бурекчилница. И кога се најадовме, баш дојде мојот (тогашен) симпатија со другарите, и затоа што учевме заедно до основно, се поздравивме и и ние си отидовме. Излеговме и ми падна чудно дека нешто ми фали де. И коа ми текнува, леле ташната сум си ја заборавила! Ги прашав да дојдат со мене да ја земам, ама не сакаа. Со глава наведната и цела црвена во фацата, си ја прибрав ташната и за тоа си се смеев цел ден :D Ах овие симпатииве... :lol:
     
    На Jowe му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден бевме да гледаме натпревар во кошарка со друштво и на една од другарките играше брат и во една екипа.
    И јас цело време се радувам кога тие даваат кошеви, и наеднаш даваат кош оние од другата екипа( за кои ние не навивавме ) и јас онака целата среќна
    искипрена
    шлакам раци , се радувам.
    И сите вака ме гледаат :^) и на мене кога ми текна, леле .. :fubar:
     
    На Amona му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    Јас и мајка ми се враќавме од пазар.И како си одевме по улицата нешто почнавме да се караме.Јас велам едно,таа друго.И така јас си се мачам со патлиџаните и краставиците и се карам со мајка ми.И одеднаш трассс,ќесето ми се скина и патлиџаните почнаа да се тркалаат по улицата. :rofl: Мајка ми ги собира,а мене ми е срам.И велам да ги остави :D ,но таа си продолжува.Целата налутена,и поради кавгата и поради патлиџаните ми вели да и помогнам.Срам,не срам морав да и помогнам.Ги собравме и си продолживме по патот.Едвај чекав да си дојдам дома.
     
  20. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Се возевме со велосипеди јас, другарка ми и нејзината помала сестричка.
    И поминуваме крај едни гоолеми момци што си играа кошарка и се правеа важни, сеа актуелна е па тие фраерите. Кизнајт која година се, 1-2... не знам што сакаа да постигнат и ја фрлија топката во мојот точак, и ме удри во нозете. И сите почнаа да се смеат, а јас само слушнав „немоојте не ја срамете“ и на крај ме „почастија“ со аплаус, а јас :$ и прошишав со бициклата.
    И на крај си се изнасмеав, и да ме немат дома. :D