Завчера се гледавме со една пријателка која е сега во англија... таа ни покажуваше што си купила. Па, ме повика мене и ми покажа еден приврзок со ликот на мојот омилен пејач, па јас почнав да и се заблагодарувам, мислејки дека мене ми го покажува, за среќа таа не ме слушна, но останатите пријателки да, па почнаа да се смеат, кога таа објасни дека тоа го купила за нејзе помислив Зини земјо, проголтај ме, но за среќа една моја пријателка, ме спаси замолчувајки ги, па таа моја пријателка ништо не дозна за тоа, малку ми беше полесно, но кога си тргнавме другарките по целиот пат ми се смееја, си реков, подобро мртва, отколку вака! Бев изнервирана Full
кога ќе се сетам се смеам како ненормална ... со една другарка си пишувавме за мојата симпатија дека го свиѓам,дека му го знам бројот напамет и секакви глупости.. и сакав тоа да и го копирам на друга другарка која ми стои веднаш до симпатијата на четот и наместо на неа,на него му го копирав.. фацата ми беше и цела вечер ме зафркаваше „Како не те мрзеше да ми го учиш бројот напамет? “ ... утредента ми беше срам да одам на училиште ама за среќа не се видовме
Лелел денес пропаднав во земја.Готова сум,срам ми е пред нив да излезам.Моментално живееме во кука на два спрата и јас бев на вториот спрат,ама гледам дека фустанот сум го оствила доле и морав да се симнам,ама бев облечена само во градник и гаки и јас си се симнувам по скали и кога гледам 3 пријатели на татко ми,леле јас одма трчам горе,па срам ми беше.Мислев дека никој нема дома и затоа,ама никогаш повеке.
пред неколку месеци дојде во местото кај што работам еден човек од тие дивите продавачи на топ шоп производи и сакаше да ми продаде ефтино масажер од тие на струја што вибрираат,и јас му се јавувам на брат ми и му викам;има еден човек продава од тие што ги гледавме на тв од топ шоп вибраторите,да земам ли еден вибратор ,и веројатно ме разбрал за што точно станува збор и ми вика не земај не е сигурно дали се квалитетни така на диво, и викам ок.после си одам дома и пак наместо масажер викам вибратор ,и дури после неколку дена ми текна каква глупост сум треснала,сега кога ке ми текне се засрамувам
Си бевме излезени со другарките и мајка ми ме викна да сум пробала нешто. Океј појдов со трчање и пробав, после се враќам и одам кај другарките и кога ми кажуваат дека ми бил откопчен пантентов, а јас се чудев зошто ми се чуделе така луѓето? Зини земјо, голтни ме.
Пoследна брука моја е следнава:Си чекаме со другарка ми на постојка кога доаѓа една кола.И ме прашува тој човекот на совозачкото седиште како да стигни таму и таму.Се мислам се мислам и му викам ами таму десно,право па пак десно се стига таму некако...не знам да објаснам баш(ова беше црешата на шлагот).Фала богу што беше другарка ми тука ги одведе на правиот пат ,та тешко нив со мене.
Си засвиѓав едно дете пред 3 и кусур години,кога бев шесто одделение,одевме заедно на англиски,а во школо во различни паралелки бевме. И на англиски не зборевме многу,ама мене онака ептен ми се свиѓаше. И добро....и еден ден во школо прва смена бевме,јас таква незнам главата кај ми е. И го гледам во ходник,сам,ми се смешка. И еден осмех и ја развлеков и го гледам право во очи,заводничка божем,брукииии. И оди накај мене и му пружам рака,а тој одел да се поздрави со другар му зад мене. И јас таква цела залетана,поцрвенев како патлиџан,еве вака А и тој кога виде се усрами и ми вика: Ееј Хели,како си ти? Што имавме домашна англиски? (а никогаш не ми прозборел) И јас незнаев што да правам,и да ме нема. И кога сватив дека сум избегала како лудача,уште толку се усрамив. Леле колку глупа сум била тогаш,ауууу
имам ја за кажување многу,не еднаш многу пати сум сакала да ме проголта земјата.. 1)Не ми текнува кое одделение бев точно,само знам одев на курс англиски со точак бев и носев папка со мене ии на идење накај дома од курс треба по уздолница да се спуштам и ја гордо со папката во една рака со другата возам нели и со паметов мој по уздолница ултената стискам предна кочница,кога летнав(буквално летав) од папката кога почнаа да летаат листови од тоа книгата,тетратките,моливи пенкала на сите страни а ја на земја залепена како палачинка не можам да станам а не па да одговарам дали сум добро се насобраа околу мене сите,смешкајќи се под брк а мене ми се плачеше ми се дереше,ама се смешкав од мака и ја 2)Еднаш бевме излезени и ја мислев другар ми е и идам позади го мавам по грб со сета сила и се дерам како будала кога се сврте и кога видов дека не е он се изнасмеавме и двајцата иако јас се избрукав до даска 3)си мавав со хартивчиња во кантата пред мене чекајќи на автобуска од досада и во меѓувреме помина човек постар јас не го приметив дека доаѓа занесена во давањево кошеви и кога го погодив него лелее срамота волкава магарица Чичкото цело време ме гледаше како да сака да ме пикне сосе хартиите во канта
пред 3години брзав од факс за да фатам автобус и таква замислена одам накај сутска палата на пешачки погледнав дека е зелено за премин на пешаци и си поминувам ама ми текна да извадам моб. да видам колку е саат и таква замислена вајда сум забавила во одењето а семафорот се сменил само слусашнав како колите свиркаат а јас сеуште на сред пешачки . се успаничив фрлив моб. книги скрипти одвај избегнав да не ме удрат зошто повеке коли беа, тоа од скрипти ни с немаше моблниот на триста парчиња уште полошо да беше полицаец имаше добро што не ме искара туку ме праша дали сум добро ,фала богу што не ми текна ташната да ја фрлам ке се чудев како да си отидам до дома без пари .
Шетам јас пред некој ден низ куќа нашлапана со тоа здравето цело лице И се подзаборавив малку со времето, стаса малиот од работа и јас најнормално си разодувам низ куќа си вршам обврски а он ме гледа ли гледа чудно а јас никако да се освестам што е работата. Седнавме јадевме а јас накарши него си сркам си јадам, мака немам. Веќе не можеше да додржи и ми вика, што не ставаш краставици, маски... има триста чуда за лицето. Што се шлапаш со тоа пазарската, ако немаш пари да ти купам јас утре А јас него: си знам јас што е квалитет, не ми се мешај
Денеска на плажа Дуваше многу ветар,јас паметната во фустанче лепршаво такво...си шетав кучиња И одеднаш дувна ветер многу силно,и ми се крена фустанчето скроз,ама не беше ништо страшно де,доле купаќи носев ама дека мислев на тоа,не приметив,и едно кученце се пушти по друго куче,неможев да додржам,ми избега и одма почнав да трчам по него,брзо го фатив,но потоа сите кучиња се пуштија по другото куче кое го видоа,и неможев сите да ги додржам и паднав,баш пред еден лепотан набрзина ми даде рака да станам и ми се смешкаше,ама не приметувам,одма по кучињата јас... И ги собрав конечно,и на враќање типов ме утепа од заебавање
Hе знам од кај да почнам од кај да завршам од кај да почнам кај да турам на средина, со запирки со точки и со извичници вчера си го скрив дилдото под пешкирот и мајката на дечко ми си влезе, да го крене пешкирот и оппп дилдото и дечко ми беше таму, и вика па ние си го користиме лани мислев дека го виде, ама не го видела, не докопала до таму, ептен скриено беше, така да сум немала мотив за паника, ама од денес, леле луѓе срам ми е со фацата да се појавам
Јас и дечко ми сами си бевме кај него, неговите беа излезени. И нормално ни се сакаше и на двајцата, конечно сами останавме... Ама таман почнавме, влезната вратата се отвори и влага мајка му цела забрзана право кај нас во соба. Јас пола облечена пола не, кога ја видов сакав да пропаднам што е можно подлабоко да не ме види... ама ме виде. Таа сирота се устрами повеќе и од мене, среќа што и татко му на дечко ми не влезе, ја чекаше надвор. Таа додека бараше да го земе тоа што го заборавила, јас се пикнав со главата во шкафот од дечко ми, божем диплам некои алишта. Катастрофа. По глупо никогаш не сум се чувствувала
Пишев со еден дечко кој подолго време ме кани да излеземе и ја по инсистирање на другаркиве вчера прифатив и одам дотерана, нашминкана си купив оние бомбоните оџачар што се си седиме со дечково на една клупа у парк и муабети ова она и мене што ми текна го понудив со бомбонче тој одби јас си ставив ено во уста и си продолжив со муабетот Едно време дечкото почна да ме бакнува а ја со бомбонче у уста, пробав да му вратам ама бомбончето не дава и место да го фрлам ја си продолжувам да се обидувам да се бакнувам со бомбон леле девојки ко ми залета тоа бомбончето, ко земав да кашлам, да се давам таму овој ме потчукнува по грбот и ај некако си дојдов на место поседиме уште 15 мин со дечкото и секој по дома, рече ќе ми се јаве ама после тоа сношти тешко, не верувам
Ми текна на два епик „Зини земјо“ моменти. Пред 3-4 години на гости ни беа роднините од Хрватска и Словенија, нешто ко family reunion де. Летно време беше, па ја оправивме накај Охрид. Одиме една вечер јас, мајка ми и двајца братучеди, седнавме во центар да вечераме, ово оно, муабети, и сега јасно, ти се уврти хрватскиот во глава од толку зборење, па не го перцепираш нашиов мил јазик правилно. Иде келнерот да наплати, и мајчево, нали, ко права домачица, вади парите, а притоа следи муабетов: (Да напоменам, типот мислеше дека сме Хрвати, па се обидуваше да долови некој таков акцент) - Кеш? Картица? (Ама онака брзински кажано, ко да е еден збор) - Не, не дечко. Фала, ама не можам. И тука настанува штама. Јас се гледам бледо со братучедиве, дечково се чуди што одговор ќе беше. Така си стоиме неколку секунди, јас пропаѓам во земја, викам што се случува со женава, како не може бре да плати? Наредната минута ја гледам си плаќа и пробува да не пукне од смеење. Излегуваме надвор, кога големото доброутро да ми ти било што таа при толку муабет на соседниов ни јазик, се збунила, па го разбрала дечково дека ја прашува “Оќеш кафица?“ Бруки. Ко зелени сме се смееле до дома. Намбр ту. И ова беше поодамна. Најдобрата другарка ми е огромна петарда, а кога ќе се споиме, тоа ти е туга, брука и невоља. Порано, додека почесто престојувавме во ист град, имавме навика таа да дојде кај мене и така да си седиме до 8-9 сабајле, “уживајќи“ во дегенски песни и клипчиња. Ден ко секој ден, ја очекувам во секој момент да дојде дури се врткам низ дома. Ѕвони на врата, трчам, и ко што имаме навика на дебилски начини да се поздравуваме, нагло ја отварам вратата и се фрлам ко тате од К-15 “пеејќи“ го стихов за добредојде: “Уџи ми дубоко...“ пропратено со раширени раце во кретенски “Гив ми а хаг и да плешемо“ стил. Дамла ме удри наредниот момент. Ко да видиш, на мајка ми две пријателки, од кои едната и со мажот, а другарицава само што излегла од лифт позади нив, па не и’ е сосема јасно што е работата, ама ме гледа стојам ко посерена и фати да умира од смеење. И мајка ми низ смеење се дере од позади, а јас, шта да ви причам, сто бои сменив. Среќа се погодија така послободни луѓе, па ми го фатија сеирот колку сум била гостопримлива да пречекувам гости со песна. Џабе. Цела вечер не излегов од соба. Едит: Те, прочитав еден пост, па ми текна уште еднаш кога се избрукав благодарение на мајчево. Имавме навика да шетаме секоја вечер и тоа многу. Си шетаме така до крај на град, кон излезот, кога до нас застанува една кола, спушта човекот прозор и вика: - Извинете, за Свети Николе? И пак се избацува мајчево со фамозното негирање: А, не, не. - Ама, накај Свети Николе? (па и тој глуп, не знае да доврши реченица) - Не бе дечко, ти реков. Се налути типов: Мори патот за Свети Николе натаму ли е? Си ми потребала ти да те возам. Крај!
па вака.. со другарите седевме и помина еден човек-кој предходно сите заедно го видовме и јас почнав да зборам како тоа ме нервира и ич не го сакам.. кога како за малер, човечето да испадне чичко на другар ми... офф леле
Ова беше пред едно 7-8 години, кога и да се сетам се срамам со вакви гофи се имам шетано до центарот, не ни осетив дека не сум ги соблечила Спојлер влегувам у маркет и сите зјапаат во мене си викам што им е на луѓево, човек неможе на раат да си пазарува туу си купив тоа што ми требаше и на каса, продавачката ми вели: изгледа сега е модерно да се носат гофи у град леле ко се погледнав не дочекав да ми врати кусур, ко си летнав дома, од тогаш такви више не облеков
Ова со другарка ми кога бевме до бензинска да купиме нешто. Она носеше фустанче и имаше една машничка на него, и се извади и така си ја носеше во рака. Купивме што купивме, кај мене беа парите и оваа женава на каса вика толку и толку, девојчиња. И тука настапува другарка ми, кога се опрчи на каса и со еден триумфален изглед на лицето, буквално и ја фрли машничкава на каса. И уште две минути таква си седи со 'meh' израз на фацата. И продавачкава и вика да не сакаш да ти ја сошијам? Леле, кога фативме да се смееме ко луди.. А другарка ми занесена, си мислела уште пари и дала. Накрај и платив јас, и да не нема!
Лани на почетокот на школската година се случи ова. Значи јас и другарка ми одевме напред и позади нас уште неколку другари беа, арно ама некако тие заостанале и позади нас некои други машки оделе, и јас таква ги слушам шо зборат за некои девојчина и им викам ај бре доста не лажете. Кога се свртев кога што да видам тоа некој други биле, леле тогаш прво си помислив зини земјо, голтни ме но потоа почнав да се смеам ко лудаа.