Зини земјо голтни ме вчера по втор пат. Е така ја фино лепо си одам по патов и покрај еден контињер ми излегува една мачка и Анушка ваква беше :geek: абре никогаш од мачки не сум се плашела,ама пак ова црна беше. И така јас исплашена со ваква фаца,го гледам либево со татко му.Е в земја пропаднав,сигруно е виделе мојата фаца,што е напрајв.Абре изгушвана,ко нидендо бев во суратот. И батево ми викаат : Здравоооо ! И ме гледат,и се смешкат. И само и татко му : Ооо здраво,здраво. Кутарта јас незнаев дали се исплашив од мачката или така изненадно не планирано си е видов "Фамилијата".
хахахахах за ова сум се смеела и секогаш ке се смејам. значи беше зимо некаде 8-9 години сум била и се санкавме со другарка ми и се деси што се деси јас си расцепив носот и одиме во градска болница да ми го шијат и таа нешто ми зборуваше а јас детенце што разбирм и сум и велела убаво дам и гонаправиш некој после ко прасе да бидам леле овие докторите се смеат ехх еднаш јас замавтана што праам муабет на телефона требаше да купам тост и волегувам во трговски и аптеката и сендвичарата нсе една до друга и јас влегувам во аптеката и велај ај за мене 2 тоста од 50 с помфрит и таа аптекарката мне гледа о.О и јас леле згршив и си излегов хахахах
Леле кога ќе ми текне уште ми се смее Мајка ми била втора смена на работа и станувам јас ама ја нема. И си викам ама изгледа прва смена е и земам телефонот фиксен и ѕвонам на работа и викам Ало може Б. да се јави? И една што работи таму преку лето ми вика ама Б. е втора смена на работа. И јас Ааа да бе! И исклучувам и и се јавувам на мајка ми и таа ми вели абе будала да не си јас на болница отидов да препишам нешто. Тогаш најмногу се засрамив
Еее сум имала многу такви моменти Во седмо професорката по биологија ни кажваше нешто во врска со сексот и јас му прам на другарка ми "е аман де ко да не знајме како се прај бебе со дупење нормално" се вртам сите гледат во мене ќе пропаднев в земја од страм
Пред некоја година со друштво отидовме во кино Рамстор да гледаме филм.Јас малку задоцнив и кога влегов филмот веќе беше почнат.Друштвоно ми мавта да одам кај нив,но тие беа на другата страна на салата,а за да стигнам до нив требаше да поминам по едни скали,a беше темница.И како секој на мои години почнав да трчам по скалите и кога стигнав на пред последната скала незнаев дека има уште една и ја прескокнав и летав како Супермен со рацете напред.Но,никој не ме виде бидејки сите беа задлабочени во филмот.Но сум се излажала ме видел еден многу сладок дечко стар околу 14 години.И дојде да ми помогне,а јас зацрвенета од срам што испаднав будала пред него Но станав се заблагодарив и да ме нема.
на нива имаме мачор и секогаш кога ќе појдиме си се галиме со мачорот срцкаст е денес одам јас така успана уште од сабаље и го гледам трчка мачорот ама не видов дека имало и машко тука и се ѕверам јас на цел глас кај си срце мое и тој ми вика молам? му викам на мачево му викав и фију да ме нема
Кога бев помала негде 1 одделение.. Седев на прва клупа и наставничката зборува таму нешто и подаде рака да и го дадам мојот учебник (беше почеток на годината па немаше таа) а јас по волја на Господа ја ставив ракаката на нејзината - поточно кажано ја фатив за раката.... И после ми вика „Не не учебникот“ Јас и велам „Аааа“ ОМГ!!
За среќа не бев јас во непријатна ситуација. Завршивме со училиште и го чекаме автобусот, поминуваат 10,15 минути го нема. Таман решивме да земеме такси ете го дојде, имало господ . Возачот свесен дека касни 20 минути вози како несалам, троа откачен си е по природа и тоа ти е тоа. Како компири да вози а не луѓе. И сеа моментот е една женичка најверојатно од пазар се враќаше, од таквото нагло свртување на автобусот и падна најлонот со кромид ( па ко за малер како 5 кила да имаше во него ) и можете да замислите ситуација возачот нервозен брза, сите внатре напнати а она кутрата си ги бери кромидчињата она буквално низ цееееел автобус,таман ќе се наведне да подсобери нешто автобусот врти и све заминало на другиот крај фрчи кромид од сите страни а треба да слегува на следната станица . Возачов се дере ,,...ајде ти со кромидитее, немам јас време да се расправам со тебе, собери ги ајде побрзо ајде ...,, и фрла кромид назад. Греотка женичката не беше таа крива .
со дечко ми бевме ск и ајде ќе одиме кај една моја другарка на гости и се јавив и ми каза качи се во тој автобус бла бла и ќе слезите пред големата зелена зграда и ми објаснува се по пат шо има како има за ориентација и се качивме ние двајца и си се возиме си се возиме и ја здогледав зелената зграда и само имаш едно ЕНЕ ЈААААААА и цел автобус ми се изнасмеја дечко ми ќе ме скалпираше на место излегуваме и ми вика шо се црекаш ко ненормална изнервиран 500 јас па да го утешам му викам ајде бе кој не познава тука
Кога и да се сетам на случкава ми доаѓа да пропаднам во земја Кога бев последен пат во болница, доаѓа докторката на визита, и ме прашува: - Девојче каква столица имаш? и јас како од топ и велам: - Па еве има дрвена, пластична (такви имаше во собата) и оваа докторицава Молим Јас па колку силна се правам и велат ете земете седнете ме гледа женава и ми вeли: - Знаеш за каква столица зборам Јас па колку: - бидете појасна Женава збесна, ко зема да вика, да ми кажува за каква столица збори Сакав земјата да се отвори и да ме голтне
не се брукам многу само секој ден по 1000 пати со даде се викаме лепа заѕвони ѕвончето а ја очекував да си дојди од факултет и отварам вратата со пречек кај си лепа? а то да ти биди инкасаторот од кабелнет
Незнам дали сум го пишувала ова ме мрзи да барам во мислењата. Ова се случи пред 3-4 година, на Нова година. Одиме во Ск, поточно во Борис Трајковски и баш да влеземе, од толку луге само на другарка ми претрес, и го извадија антиперспирантот и парфемот и рекоа дека неможе да ги внесе, кутрата мораше да си ги фрли . Ајде помина тое , 3 вечери на журки и веке изморени ке си одиме накај дома. Другарка ми требаше да се иселува од Скопје, бидејки распуст и се си донесе. Леле луге неможете да замислете какви бевме, кебињата сиротката немаше каде да си ги стави па во кеса од тие црните и ја влече јас ги носам двата куфери и една торбица. Идеме на автобуска народ многу, сите не гледаат си велат што им е на овие, перници , кебињата уште што ти не. Се приближувам да ја чекирам картата и ја гледам другата другарка застанала околу неа 10 кесиња и не мрднува. Сите очи беа вперени во нас. Автобусот требаше да тргне и ајде и помогнав и на неа, а таа куферот го влечеше и за крај врв на се беше кога и се скрши тркалцето на куферот . Автобус немаше, туку комбе, одвај не собра си отидовме некако
Бевме во Албанија, на одмор со другарка ми... Сместени бевме кај еден другар, ама секоја вечер одевме по сладолед во една слаткара дека типот беше преубав... И оди, шмекајго, зборувај на глас „Леле каков е убав“ „Леле што ќе му праам“ „ај да го земиме на спиење вечер“ и некој такви глупости... Неколку дена со ред то и негде 5-тиот пат ни вика „Вие девојки од кај сте?“ И јас и оваа бруки не видени ни сладолед ни камен да не нема
Ја чекав мајка ми во кола, и таму кај што бев паркирана се сетив дека во близина е канцеларијата на еден другар, но не знаев точно каде. Му ѕвонев и он како и секогаш ми спушти за да ми се јави... Ама не ми се јави едно десет минути...Кога почна после тоа да ми врти, мене еден инат ме фати, и почнав малце да го игнорирам, го гледав моб во рака и си ја слушав музиката, си се местев на огледало, фризура, кармин ,ова ,она, пак гледав во мобилниот и не кревав неколку минути. После упорното негово вртење, кога кренав, и почнав да му кажувам дека нешто сум имала работа па затоа не сум кревала, и дека сега сум во близина кај неговата канцеларија,го прашав кај е точно , и он ми рече - сврти се лево, ја гледаш раката, и сфатив дека сум била точно пред неговата канц и ме гледал со моб во рака како не кревам и се глупирам, ми идеше во земја да пропаднам .
Хахах леле се искинав од смеење. Пред 2-3 недели бев скарана со една другарка (на зафрканција).И идам јас накај школо и викам еј ене ја ај сеа малце да ја натепам. И идам и ја фаќам од позади грб и и викам аха ке ми се занесуваш уште еднаш и ја исшамарав ја испотепав како што правевме со другарка ми. Арно ама не била она. Туку била керката на заменикот на директорката. И јас ваква останувам и и викам извини , извини а оваа вака ме гледа демек мораше ли, што ти згрешив зашто баш мене .. И и објаснив, ама цел ден во школо ваква бев
Ми текна на уште нешто... Минатата зима ме викна еден тип на кафе муабет и излеговме во еден кафич. И муабети едно друго... Се си беше океј дури не почна да ми се моча Проблем бр 1 - не мочам секаде Проблем бр 2 - имав добијано, а крварам како слон Проблем бр 3 - зиморлива сум до тука и назад (бев пренаоблечена одоздола) И му викам да одам до вц и ќе одиме... И овај „Добро де оди“. Влегувам во вц-то светлото на сензор. Слекувам фармерки, па откопчувам едно боди, па второ, па слекувам хеланки, па дури стигнав до гаќите помина еден куп време. Менувам влошка и се мислам како ќе се помочам и таман да потклекнам (поради што ни луда не би седнала) ми згаснува светлото. Ај некако се помочав... Мавтај скокај со сите зрзавати до колена спуштени никако не се пали светлото. Едвај некако се изнаоблеков се спастрив и тама ја отворив вратата за да излезам светлото се запали И типов ми вика „Шо стори? Дане ти е лошо нешто.“ и јас целата ваква во фацата, му викам „Не, не, океј е, туку ај да си ојме“ После тоа чуден ми беше нешто и јас му викам „Абе ми згасна светлото и неможав да се спастрам“ . Замалевме и двајцата после тоа, ама битно се поцрвенав ко патлиџан
Си доаѓам со сестра ми од другарка и поминуваме покрај една продавница а до неа и кафиќ полн и и велам: ајде трчи купи боза, ги зеде парите и тркна, се враќа задишана и вели: дадо нема боза, ја и викам: епа прашај ако има лимонада купи. малава ја мрзеше пак да трча и ко зема да се дере: Теткооо а има ли лимонада И цел кафиќ нема да ме гледа
Летово бев излезен на прошетка но со апостолки ( не оние за на плажа ).И таму некаде на плоштад кај т-home,оп едната апостолка откажува љубов непланирано .Каков баксуз сум значи беше некаде 16ч и сите си искачаат од работа ,и таква не култура од народ сме сите мораше да зјапаат во мене како да игра мечка на сред село .Oдвај се довлечкав до колата со една апостолка а другата во рака .И сега како да возам со 1 ! .100000000 филмови по пат ако ме сопре полиција или да имам потреба да искочам од колатата, како ке објаснам .Зини земјо голни ме !
хаха колку било смешно вака на други луѓе кога им се случува нешто засрамувачко минатото лето (мислам дека беше лето) се будам од спиење, се мијам заби и мајка ми ме прати во продавница да одам.. си одам јас така, ни се видов во огледало ни ништо.. и само кога појдов во продавница, влегувам и наеднаш сите ме гледаат некако чудно.. си викам јас што им е на овие бре?? и поминувам таму од кај фижидерите и гледам цело лице со точки од паста ми било (а заборавив дека претходната вечер си ставив паста на мозолчињата, бидејки тоа некогаш ги суши).. и одма одам таму се испикав во крајот од продавницата кај другите фрижидери и само се гледам и ја корнам таа пастата (а таа исушена), ми идеше в земја да пропаднам, ама собрав храброст, купив што требаше и одма да ме нема.. одтогаш кога и да излегувам од дома по 5 пати во огледало се гледам, а и паста на мозолчиња многу ретко ставам исто се имам и засрамено кога бевме во зима излезени со другарка ми.. поминувавме од кај една чешма бидејќи јас како жаба сум, и во лето и во зима пијам вода на секои две минути, и затрчана онака кон чешмата, не видов дека долу се замрзнато било.. и само газам со едната нога, ми се враќа наназад, газам со другата и таа ми се враќа и онака упорна, како на лента за трчање да сум, кога се зализгав, па кога треснав на земја.. другарка ми се изнасмеа, и јас заедно со неа и мислев никој не ме видел, ама потоа ми кажа дека ме виделе некои луѓе и рекле - ништо не и е, се смее одтогаш вода на јавно место во зима не пијам..
Пред 2-3 години имав менструација и во веце вадење влошката (употребена) сум ја залепила на када со намера кога ке се добришам да си ја завиткам и фрлам во корпа арно ама сум ја заборавила и по некое време таткоми да ти влегол и ја видел леле кога ми кажа мајками не можев во очи да го погледнам