И јас имав постирано во бисери, не знаев дека имало ваква тема. Еве го мојот пост: Бисеров и не е некој бисер, подобро би го нарекла глупост. На факс, на предавање по книжевност учевме за една песна кај што имаше многу описи за нешта кои се состоеле од два дела или пак биле обоени во две бои. Во една од строфите имаше таков опис и професоров го спореди со боите на шарена крава ( демек кравава била симбол на природата) и сега објаснува дека најчесто сите природни нешта биле двобојни, па така и кравите биле шарени и дека многу ретко било да се види крава во една боја. И јас така несвесно, занесена, да не закаснам, се исилив и му викам : Јас имам видено крава во една боја! ко демек кој знае што е да видиш крава, ко некое чудо да сум видела и ми текна што направив, а тој ми вика: Добро, добро има и такви крави. Леле ми идеше да се земам и да се фрлам од некаде, се изрезилив.
леле ме пресмеа. Ох леле цела ноќ ќе се смеам сега. Eве готово...чекај...ахахахаха неможам да престанам леле ма хоупфул да бев јас таму ќе ме избркаше професорот од што ќе се смеев. Леле ова ми го подобри расположението каква бев down Неможам да се соземам од смеење.
Цел живот правам вакви бруки, ама ми иде во моментот да потонам во земја од срам ...На факс еднаш пред две години, носев еден куп книги во раце и така целата замислена, за да се симнам по скали, само едната нога што ја спуштив на првата скала, паднав на газ и до доле паѓав...Кога се осигурав дека кичмата не ми е скршена, видов како се збираат студенти околу мене и ме прашуваат-лелеле девојче, добра ли си??? И еден ми ја носи едната кондура, друг другата кондура, книгите ги ми ги собираат... Брука невидена!!! Исто на факс еднаш , зимо беше и јас со еден куп работи во мене брзам за на вежби и да влезам на главната врата, има едни нели како решетки за чистење кондури и во нив ми се заглави чизмата, јас паднав доле, а чизмата пола саат ја вадев од решетките, ја облеков со скршена штикла и кога влегов на вежби, ме избркаа дека пола саат задоцнив... И сега најтазе случка-пред неколку дена јас пазарам во Веро и доаѓам на каса со корпата за да платам и ги ставам работите во кеса и кога касиерката ми ја кажа сумата, посегнав во ташна по новчаникот, коа гледам ГО НЕМА-веднаш ми текна дека во кола ми е оставен...А, позади мене на касата гужва невидена и сите зјапаат во мене Ги оставив кесите, трчав до колата како улава во штикли и се вратив и платив.....
Пред 2 месеца кога уште одевме на училиште, наутро во 7 часот ми ѕвони мобилниот, а јас спиев. Не ни видов кој ми ѕвони веднаш се јавив, а тоа било едно момче од другиот клас. Ми го нашол бројот и сакал да ме праша дали може да се запознаеме, ова, она... И ме праша слободна ли си ( мисле дали немам дечко ) и јас таква целата збунета, а и спиев и викам "кога" ? И кога потоа ми кажа што ме прашува се засрамив и тоа многу. Он си е мислил оваа каква, ништо не разбира. И оттогаш повеќе не ми се јави ( иако ми рече! )
Јас имам многу вакви случки ама ќе издвојам три. Имаше натпревар кошарка помеѓу моето и едно друго школо од населба и сите бевме собрани од повеќе школи, и мене дека место не ме држи решив да отидам кај другарката од другото школо и зборевме што зборевме и она рече ќе седнам, а јас стоев и ми се смачи и мене и не се свртев да видам кај седнала, си мислев дека е позади мене и планирав во скут да и седнам и јас само си седнувам, „ја гушкам и бацувам во образ“ и само ја глеам нејзината симпатија. Тој таков целиот збунет , јас засрамена, а другарка ми седнала после едно столче од него и ме гледа налутено, а неговите другари почнаа да се смеат и нешто да не зезаат, а јас сакав да пропаднам во земја, а и плус незгодно ми беше заради другарка ми. А во седмо одделение во ист ден направив три глупости, прво со другар ми се прскавме со шишиња и цела училна беше лом и тоа кај најстрогата наставничка и сакавме да исушиме неколку делови и земавме и дуваме во подот , и во тој момент проаѓа тогашната симпатија и само ми ракоплеска , а ја одма се скрив, после тоа на големиот одмор ја носев папката на наставничката по историја а внатре тестови што правевме и сите ми се собраа сакаа да видат што оцени имаат, а јас демек горда што е кај мене папката, одам со дигната глава, не ги гледам скалите и прескокнување четири скали, и до доле паѓав на газ папката летна се отвори сите тестови се разлетаа, децава се затрчаа, на крај јас бев казнета, и на крајот нешто со неколку соученици се бркавме и се мававме по газ и јас го гледам другар ми збори со некое девојче и се залетувам и кога го плеснав по газот, дечково се врти кога гледам не е другар ми туку еден со кој не зборам сум скарана, а ја таква упс, грешка! И на крај во четврто на екскурзија бев сама во соба, другите другарки беа во соседната соба, а јас се пресоблекував се спремав да одам кај нив, и излегувам од бањање облакам гаќи и тоа бебидол и некој чука на врата и јас мислев другарката и викам ВЛЕЗИ и се наведнувам да си земам чорапи од куферот, се вртам и само го гледам другар ми стои и ме гледа во газ а ја полугола и почнав да му се дерам како можел така да влезе, со кој памет, уште гледа кај што не му е место, и од што се дерев сите влегоа и сите ме видоа така покриена со перница. Зини земјо, голтни ме!
Јас пред некој месец бевме со дечко ми на кафе па решивме да се прошетаме по трговскиот центар да разгледаме што има, и така јас скоцкана со наочари за сонце на очите ке влегувам во трговскиот.Како што одевме накај вратата незнам што ми текна да побрзам го отпуштив дечкоми од рака и побрзав прва да влезам и што да ви кажам со цвикерите се залепив на стаклената врата баш исто како на клиповите од youtube, кога одекна тресок мислиш трговскиот се руши, цел трговски ме изгледа плус комшијата од старото маало кое е моја генерација,децкоми се неможеше да се воздржи и почна да се вала до земја од смеење, а мене ми се идеше да пропаднам во земја од страм .По оваа случка цел месец не сум влегла во трговскиот
хаха браво за темата !! Јас најголем срам имам доживеано една недела играја Пелистер против Вардар кај нас и јас не пропуштам такви утакмици и со другарките први застанати и навиваме се дериме џоа Чкембарки и на бегање...Во најмасовната гужва другарка ми ме тргна за коса и почна да бега и јас почнав да трчам демек да ја тргнам и јас за коса и ми се сврти во глата и ко ми текна шо прам бев легната на земја колку шо сум долга и широка пред околу 200 чкембари !!!!!!!!!!!! Одвај станав и да ме нема...Се испикав во паркот...
Пред 10-12 години, со две другарки, седнуваме во кафич во Битола и решени да не пиеме кафе како вообичаено, туку нешто друго. Нарачавме коктел (тогаш не беше толку честа пијачка, мнооогу ретко се пиеше коктели). Келнерот иди и ни носи една чаша на едната другарка еден дел сина, еден црвена и еден жолта, на другата другарка и дава чаша пола сина пола црвена, а мене само сина. И јас му викам: „Па не е фер, и јас сакам да пробам од жолтото и црвеното“, а тој само се наведна и ми вика: „Чупче, шарени ни се чашите“. Мислев под маса да го пијам!
Па вака, летоска бев облечена во една кошулка онака лефтерна со мали копченца.И си идам јас така сабајлето и гледам 2-3 (може и повеќе) машки се ѕверат буквално во мене.Си помислив види ги манијачишта едни уште од сабајле се ѕверат ко да не виделе женска и така гордо ги одминав,правејќи се дека не ги гледам.Еее интересното беше кога влегов во автобусот полн со луѓе,гледам некако и тие ме гледаат чудно,викам што е работава?Кога да се погледнам,кошулата ми се откопчала ептен,баш тие копчиња беа ниско поставени и ми се гледал цел прслук сосе гради.Со брзина на светлината се закопчав,и место да се засрамам цел пат се смеев како забегана
Во средно со една другарка се симнуваме по скали на одмор и таа ми кажува кој дечко и се допаѓал. И јас почнав да зборам да, да ти сакаш дечко со црвени ,селски обравчиња, буцкасти, ма да се знае здраво и црвено исто ко Були. И така си се смееме и се врти дечкото што одеше пред мене, што да видам црвени жиж, си се свртев и си се качив горе. По некое време се запознавам со дечково и ми подава рака, ми кажува име и ми шепка-црвени обравчиња. Умрев од срам Во основно, првите денови во септември одиме на училиште прв пат со ранец таа година. Завршува први час и јас си излегувам од училница и си одам на 2 кат во друга. Гледам ми го нема ранецот. И уште нервозна ги прашувам сите кој ми го зел, кога иде еден другар и вика -Абе кој си го заборавил ранецот? Умрев од срам-потоа постојано ми викаше-Ранецот со тебе е?
Пред некој ден влегувам во Најк да пробуваме тренерки со мм и пробува тој едни, ама некако голем му беше горниот дел,а друга величина помала пред мене не гледав. А во истиот момент еден дечко пробуваше од истите тренреки кои ми изгледаа помали. Се вртам по 2 секунди го нема а гледам тренерката оставена на стол. Одам, гледам која величина е тренерката, се враќам и му кажувам на мојов. Тој пак кога направи една кисела фаца. Ми кажува дека дечкото отишол да го проба и долниот дел, а јас сум ја проверувала величината на тренерката што ја соблекол тој дечко. А јас пак се чудев зошто тој другарот на оној несреќникот ме гледаше така чудно.... Му реков одма на мојов ајде да си одиме, среќа не ме послуша. Барем си купивме и ние тренерки Ама па јас не сум крива што и неговата тренерка и тренерките што се пробуваа беа иста боја
За ова и ден денес ме зезаат. Влегувам во сендвичарата која е одма до мојто средно училиште и си порачувам сендвич со стек.И тој ми вика еве го правам ...ама мене ми текна дека нејќам сендвич и му викам „ А ќе може ли да ми го плеснете...на тостеро “ И овој „ Нема проблем нема проблем “. Внатре сите што беа се утепаа смеајќи. А и јас си искикотив. После два-три дена одам пак и секогаш исто си порачував и си викам леле сега мора да пазам што ќе кажам и му велам „ Ама ќе може ли да ми го ставете ...на тостеро“ . Едно девојче ми кажа ааа изгледа ти си му го удрила меракот. Срам.
Баш беше неодамна, многу ме изнервира наставникот по граѓанско. Одма го решив тестот и му го предадов без да го прегледам. И овој вика, Блу имаш 2 грешки. И сеа ме мрзи да раскажувам таму шо ме замараше, али требаше да имам петка, ама овој ми вика ова не е вака - и ја сеа ќе ви отворам учебник. Вика ај види не е така. А знам така е и така е, точка! И за едно прашање ми вика овде треба политика да заокружиш, а јас заокружив тоа ! И ми викаа да, да ама пред тоа си заокружила нешто друго, не си го избришала убаво, не се важии. Лелее -.- И ок, беше што беше. И јас се ставам на фејсбук, цела таква нервозна, и одма и пишувам на другарка ми на wall, а он и на нејзе нешто слично и направи. Викам леле Маги, овој ненормален е бе, шо му е на него, четворка ми стаил ?! А ја така непромислено и заборавив дека го имам на фејсбук лелее И после 30 МИНУТИ, другарка ми за среќа се ставила и одма го избришала постот. И таква возбудена ми пишува на чет абее ти нормална си, ти будала ли си хахахах А, па мене уште не ми текнува, за што и цела смирена, мртва ладна викам што е де ? и си се смеам одозгора хахах И оваа вика Блуу бе го имаме граѓанско и леле мене у тој момент кога ми текнаа хахаха , другпат убаво ќе мислам пред да пишам нешто. А иам и некои др. случки ама ич не ми текнува во моментоов. Ако ми текне нешто ќе пишам.
Морам да си признаам вака јавно, многу сум смотана понекогаш, небаре и двете раце ми се леви, па се чудам како не ме проголтала досега земјава, барем едно 50 пати. Да се отвореше за секоја глупост која ми се случила, ќе живеев веројатно сега на другиот крај од планетава, некаде во Перу да речеме Кога бев помлада мислам дека ми се случувале глупости почесто, сега сепак поретко. Ми се исправија и рацете и нозете по се изгледа. Знам пред две - три години беше ако не и повеќе, мамурна одам на работа, и носев штикли кои ми се еден број поголеми, ама на малку потопло време се растегаат, знаете како е, и малку не ми беа згодни за носење. Нејсе. Си одам накај автобуска, кога гледам пристига автобусот. Трчанката да го стигнам, влегувам во последен момент, и како што влетав во автобусот, не знам на каков чудесен начин сосема ми се откачи едната кондура, летна во автобусот, удри една жена по глава и падна се изгуби некаде. Мислите ракета сум лансирала! Ај што во шок вака насабајлечки не и се извинив на кутрата жена која вџашено и луто ме гледаше, туку ни две ни три, си клекнав јас фино лепо, и почнав да се бутам помеѓу не знам ти какви и чии нозе и како куче си ја барав штиклата кај ми паднала. Откако конечно ја пронајдов, и се извинив на теткицава која си ја фаќаше сеуште главата, и толку прснав да се смеам, што цело време си се смеев додека седев во автобусот. По се изгледа никој друг не беше доволно расположен да ми се придружи....јас битно си го продолжив животот за неколку години. Смотле невидено, шта ќеш.
ехх нема човек кој не се засрамил некогаш... Имам брат 2 години поголем од мене, тој имаше другар што премногу ми се допаѓаше... Еден ден кога бев сама дома си влегов да се туширам (а кога се туширам секогаш си пеам и не слушам ништо) ... одкако убаво си се изнауживав во кадата, си излегов, фино лепо си се избришав со карпа, си реков да не ја ставам карпава на мене да ја фрлам за перење додека сум во бањата за да не се враќам пак назад и си излегов така гола и распеана мислејќи дека сум сама... додека сум се бањала дома дошле брат ми и другарму, кога се качував горе баш во тој момент излезе другарму за да оди WC.. си ме виде гола.. кога видов дека ме гледа наместо да бегам се стаписав а тој поцрвена наместо мене хааха не го тргаше погледот од мене.. каков бламммм... го замолив да не му кажува на брат ми... во тој момент посакав да сум мртва...
Полицаец прегледуваше у автобусине, да не носи некој ладно оружје случајно и ја му се мрштев, ми ја зема ташната, копаше по неа и извади една влошка долга како пелена и ми рече: аман бе кукло, ја мислев одамна прекинавте да мочате. Бонус: ми ги виде и гаќите со овци.
Пред некое време, ни доаѓаат гости, и девојкава носеше кеса хартиена се поздравуваме ама јас сфаив дека ми ја дава мене кесата бидејќи неодамна дипломирав навикнав на подароци. И си ја зедов кесата, си ја отворив, леле фала многу викам, парфем имаше внатре, и чоколадо, и девојкава вцрвенета вика.. абе сега се враќавме од чаршија, за кај кумата на роденден беше, утре и е. И јас и таа бевме зини земјо голтни не. Срамота, ех колку сум се вцрвила после почнав да се зафркавам да не и биде толку непријатно, извадов ситуација некако.