Со цимерка седиме во стан, беше дојден дечко и на спиење кај нас. И така дента, требаше да се спремаме за на плоштад и мене ми се сооде во веце или требаше да земам нешто од веце не знам како беше не е толку битно. И си одам пред вц и ја гледам сијалицата пуштена, ама си реков, сме ја заборавиле нема никој. Кога така залетана си влегувам во вц и го гледам него како се моча ама беше свртен со телото накај вц шолјата. Ми се сврте и ми рече: Јаа су! Луѓе во тој момент пропаднав в земја. Не знаев каде да се свртам, и после тоа тој ми вика: нека не ти биде незгодно, ќе ти беше повеќе јас да ти упаднев, вака немај гајле. И ми помина некако, ама ептен незгодна ситуација е.
Денеска наместо другар ми да го удрам и јас наставнико една клоца коа му светах човеко 360 степени се заврте(имат исти тренерки) и јас не ни го погледнах у фацата седеех и видех и мислеех он е и јас пааам една...
Го утепав наставникот Денес наставников по биологија застанал кај едно девојче и му објаснува , а ние на одмор. И поминувам и ми заличе на еден другар, коа го здрвив по грб ауу , и му викам уште не го видов - болеше а? а прееска коа ме сопна по скали интересно ти беше нели? и се врти чоеков и ми вика- што ти е ма проблемот? и јас- аа наставнику вие сте ? и овој се држи за грб и ми вика - е не комшијата од 3-ти и јас, извинете извинете, мислев дека е филип - и он кратко- ке ми извиниш уште еднаш ти, само ако ти се повтори ова! и јас викам- нема ! И овој ај ке видиме вика и иде накај вратата и со онаква фаца- зошто баш мене . Ми падна жал за чоекот од една страна а после си викам , се сети сега на мене колку ми се смееше у фаца кога ми ја пишуваше 2-ката на тестот? И само се вртам и нешто необично приметувам- сите заќутени и ме гледаат со онаа фаца - И почнуваат да се смеат ја само едно - смејте се смејте се , ќе вечераме . Кај шуто па и бодам не сум со сите
Поголема брука од мене НЕМА! Леле,леле... Срам ми е и да пишувам И све је почело овако... Си имам ја телефонче на тач веќе повеќе од година и навика си е навика. Си седиме прееска на гости кај едни куќни пријатели и ми го дадоа нивниот телефон да им меморирам нешто... Го земам јас, почнувам да стискам по екранот - НИШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ! И ваква , несвесно извикувам ЛЕЛЕ, СЕ РАСИПА ТЕЛЕФОНОТ !!! Одма коментари од моите КАКО БРЕ ДЕТЕ, ШТО И ДА ФАТИШ УНИШТУВАШ и вакви погледи Таа бабата што живее со нив се избацува ПА НОВ Е, ПУСТ ДА ОСТАНЕ... ПРЕД 2 ГОДИНИ ГО КУПИЈА ! а јас сирота и конечно се избаци еден паметен чичко и вика Е ШТО МУ Е ДЕ ИНГИ ?! и јас ПА ТАЧОТ, ТАЧОТ НЕ РАБОТИ! леле, кога рече човек се смеам... едвај се созема, неможе да им каже... и на крај вика АМА МУ СЕ НАФРЛИВТЕ НА ДЕВОЈЧЕТО, НИШТО НЕ РАСИПА ТАА и моментот НЕ Е НА ТАЧ ТЕЛЕФОНОТ ! ај некако разбраа сите, јас шо се обрукав се обрукав, али бабата со кои погледи ме стрелаше цела вечер мислејќи дека намерно се шегувам со нив... кој знае какви клетви ми мислела... ќе бидам среќна ако воопшто се омажам ! ма какво мажење бре, ако воопшто заспијам !!! Спојлер моја нога веќе кај нив во куќа - ни во лудило!
Саботата, накај 10 сатот сабајле си одев по тротоар и го сретнав свекорот на моја прва брачеда. И успат (не застанавме), овој дијалог: Тој: Добар ден Ленчеее.. Јас: Добро вечеер. Ај што 10 сатот е сабајле, ни тој не кажа точно ама ајде, неговото се јаде некако. Ама јас .. Кога ми текна што реков, главата десно, правец напред и ме снема.
Пред една недела некаде, одам со такси на козметичар, и седнувам нели позади најдесно до прозорот., значи во дијагонала со возачот. И така нешто правевме муабет без везе, за патот што е блокиран и се заќутевме така некоја минута и по некое време слушам - Колку е саат? И јас гледам на мобилен, викам - 6 и 15. После слушам, - Има потреба да те вратам после до дома? И јас зашто ме прашува тоа човеков си викам, али викам ај демек нешто ако сакам за назад па истото такси да го барам нели за поголем профит да имаат. И викам - Па не, фала, стварно незнам колку ќе се задржам, али сепак фала многу . И после го слушам нешто сосем трето збори не ми текнува.. Кога сфатив зборел по телефон..јаооо...тоа он со лева рака го држел телефонот, а јас најдесно и не сум ни видела..набргу завршува со разговорот и ми вика - Извини, ја па сум се разборел на телефон и ја викам - Нее нема проблем, ја па мислев мене ме прашуваш, извини (млад беше) Oва секако инстант потсетува на http://www.youtube.com/watch?v=n5lU8tmhxLI тоа е.
Пред некој ден, играв игри на ком. у школо. И така занесена си играм, и другарками ме прашува: Теди се палиш на плочки? (Мислела за стомачни).. И јас како од пушка: Јас ако се палев до сега ќе спиев у купатило. Аман брееееееее.
Еднаш мислам беше во 7 одд. си се шетав со моето куче.И носев бели панталони за време на мензис... И едно мало дете (5-6 години) со мајка му застанаа да го видат кучево и одеднаш детево рече: -Си се испрљала со кечап... И мене ми текна дека имам добиено и кога гледам ми протекло... А и мајкава свати и се насмевна а јас целата засрамена си отидов дома и веќе не ми текна да идам во бели панталони кога имам добиено...
Денеска на работа, доага една жена и ме прашува нешто, а јас ништо не разбирам што ми зборува ( жената имаше некои проблеми, неможеше убаво да зборува. И јас едно 5-6 пати велам, што, како, молим, и на крајот одам кај колегата и му велам : ај оди кај жената види што сака неможам да ја разберам на англиски нешто ми зборува многу нејасно. Леле кога се врати колегата ми вели абе каков англиски што ти е.....кој резил...цел ден зафрканција на моја сметка
има повеќе случки каде сум посакала земјата да ме голтне ама ајде луѓе сме на сите ни се дешава како мала ми се деси ова имав 8-9години, со моите бевме во комшии и мене ми се одеше во вц али тие немаат внатре вц туку надвор и излеговме со сестра ми, бидејќи беше темно а мене ми беше страв од темница па решив да се измоч..м на сред двор и баш во тој момент по патот помина едно машко и ме виде, сестрами само ми се смееше а мене ми идеше од срам да почнам да плачам али како и да е трагичното беше што после тоа машкото што ме виде ја зафркаваше сестрами мислејќи дека она била а не јас друга случка во 1година средно си ги скинав фармерките баш на газот и сите од мојот клас ме видоа а не бев во можност одма да си отидам морав да седам на тој час па земав од еден школски тренерка и ја врзав и така седејќи машкото што седеше зад мене ми ги преврзало врвките под столот се со цел да се пошегува со мене, а јас кога заврши часот и кога станав го повлеков и столот со мене и така паднав на подот сосе стол врз мене, тој ден им бев циркузант на школските и уште една на факс кога ми заѕвони мобилниот и можеби немаше да биде толку смешно ако песната што ѕвонеше не почнуваше како девојка која стенка на цел глас за време на оргазам внуками пред тој ден си играше со мобилниот и ми ја сменила песната па ја ставила таа, а јас ко за беља баш тој ден сум заборавила да го ставам на беззвук мобилниот, бев ваква кога го слушнав мобилниот али затоа пак колегите беа вакви а оваа е најсвежа му се деси на еден пријател не на мене како и да е интересна е па затоа сакав да ја споделам, на автобуската во велес седнав и чекав автобус и во тој момент дојде еден пријател што одамна се немавме видено и седна до мене се замуабетивме, и во еден момент се чудам зошто луѓето упорно гледаат во нас и се смеат, се погледнувам од глава до пети ок сум, го погледнувам другарот а тој во брзање облекол една патика и една влечалка и му велам даце ти добар си ми вели да бе зошто ме прашуваш, и му покажувам надоле кога се виде човекот се па со првото такси се врати дома да ги смени обувките
Се побрукав за сите пари . Еден од симпатиите вчера ми пишува кај сум го гледала панкот не емртов (оти имам ставено слика), и ја му пишувам на јутјуб. И денес ми вика ај прати ми линк, да го гледам и ја. Ја барам по јутјуб, барам - а нема. Кога да ми текне ја го симнував од замунда И како посрана викам оо..па ја си го имам симнато, не сум го гледала на јутјуб. БРУКИ!!
Денеска се шетавме со дечкоми и застанавме успат до едно трафиче да си купам цигари, и и викам на теткицата санс слимс розеви и онака ја расположена си зборам си зборам си мислам дечкоми позади мене е и гледам не добивам повратен одговор се вртам коа глеам поазади мене еден типац ми се смее а го глеам дечкоми понатаму стои -.- со главата надоле си го земав кусурот и шпринт да ме нема
Еве една, може да се каже постара случка. Свежо вратена од екскурзија и изшопингувана, решив на школо да си се дотерам, да се пофалам што си купив. На коса имав ставено едно венче со огромен цвет, еве слика што како носев што постирав во модни критики. За цветот е работата де. Спојлер И седам јас на хемија и овој почна да испрашува и јас знаев и седнав. И станува другарка ми до мене што седи и почнува да одговара, а доле на клупа буквално се отворено! Книги, тетратки, листови, се! И проферосов мој сакан, не сака да имаме отворени книги кога одговараме и и вика -Затвори тоа книгата! *другарка ми ја затвара нејзината, а мојата одма до нејзината ширум отворена* и овој пак вика - И на другарка ти расцветаната да и кажеш да ја затвори книгата. И јас ваква што збори човеков бре, зарем од таму забележа дека имам расцветани врвови на косата?! А он да ти зборел за моето венче :geek: Ми требаа добри 5 секунди да сватам што всушност сака да каже, и другарка ми оти и се збори се избацува -Аа професоре за неа е пролет! И овој и враќа -Гледам, гледам, есен сме ама за неа изгледа е пролет. Дека бутелчанка, затоа! Ме укопаа на лице место! Спојлер Ух, кога пробав да го пратам ова ми се исклучи нетот и ми вика страницата не е пронајдена. Ар ју факинг кидинг ми?! Фала богу ми проработе кликерот и наместо рефреш стиснав бек и тука беше, ме чекаше да го постирам! Јејј
Е за друг пат памет у глава, на другарка ова и се има случено на забава. Бевме на екскурзија и едно типче мрчи нешто на микрофон, и и вика на другарка ми, ај девојче , дојди ваму. И оваа шмизлицава се качува, јас бев со нејзе у прв ред , и овој и вика, абе ти има кажано некој дека личиш на анџелина џоли, и јас ја сфатив финтава и и викам - НЕ КАЖИ НЕ, ДЕКА НЕ ЛИЧИШ , и онака шушкајки и викам , и ми вика , па не ми рекле , ке кажам, и другиве ко будали не гледаат и подготвени да прснат да се смеат, и оваа глупава, се шмизли - не никој не ми рекол,еднаш еден ми кажа дека сум многу убава (нарцис еден -.-) и овој и вика- а знаеш зашто не ти рекле? И оваа незнам, и јас готова да пукнам и овој и вика епа да пошто не личиш , и ја само у публика го пцујам и овој ме погледнува на криво, и ја кавгаџика, му викам , шо ме глеаш бе? И овој не реагира, и се симнува другарка ми усрамена, и ја , епа коа си глупа и не ме слушаш, и јас се избрукав
Добро мојава не толку страшна , на фб. Само пред еден се избрукав не е проблем Знам за друг пат битно
Пред некој ден бевме на гости,ама блиски,вујко ми,вујна ми братучет ми и братучетка ми.Ама многу сме блиски со нив,и на одмор иаме одено заедно.И јас кај братучетка ми во соба си седам на кревет и кога станувам да си земам сок и се вртам и гледам на постелнината црвена дамка,огромна Јас тоа имав добиено,па влошката ми се изместила...Леле луѓе у земја ќе пропаднев.И братучетка ми се врти и коа има што да види.И почна да се смее.Ја викам оваа ќе ме истепа сеа.Коа фати да се смее... И отидов во веце,си сменив влошка и си се вратив и ми вика немај гајле бе ќе се испере.И ја онаквца една фаца Ќе потонев во земја
Кутар мој татко ќе направам смеа на негова сметка. Појдовме на слава кај нашите сватови и татко ми на сватот наместо честита ( среќна ) слава тој му рече Среќна нова година. Кога прснав да се смеам кутар човек се усрами ама тоа е се прават лапсуси ама ова.....
Денес онака стојам за да ги слушам другарките што прават маабет аи они да не викат одам заднички и одеднчка во наставнико го англиски се судривме али он е убав..а јас Sorry ...Sorry ..оти со него ако сакаш да правеш маабет мора на англиски....
Си идам сабајле од училиште, и на раскрсница кај гимназија "фраер" со кола поминува чиниш need for speed играше , ме направи лом.. и јас изреволтирана побрзо да го запцујам викам: мичкати пајчина да ја е*ам , што би требало да значи во превод (пичкати мајчина ..) , и сите деца што беа околу се газат од смеење, а јас.. Јас ваква..