Леле, што ми се деси на час пред некој ден. Земав од еден другар телефон, зашто јас немав кредит, и требаше да му пишам порака на татко ми , и другар ми ми вика - побрзо побрзо.И јас само му пишувам на татко ми порака-“земи ме за пола саат ме боли стомак’’ ама не ме болеше , колку да си одам, и татко ми инаетчија ми ѕвони , и кога почна тоа - Ко је сад мајке му га спалим (се дере тоа) и класнава иде, цел клас се смее, а ова продолжува,јас па цела успаничена пробувам да го исклучам, а оваа класнава ми стои над глава и почнува и она да се смее, јас поусрамена амин, фала богу не му го зема телефонов, ама кога искочив кога почнаа да ме зафркаваат, а јас па од мака почнав да се смеам . Бруки
Неможам да се сетам моментално на ниедна моја ама го најдов видеово кое барем милсам дека е за тука па еве: http://www.youtube.com/watch?v=mZHt81hR ... ure=fvwrel
Прв час физичко.И нормално исчистено,ама тоа повеќе личеше како вода да е истурана. И ајде одбојка ќе играм преку мрежа.И како што ми ја додаваат,во еден момент трас....Се лизнав и паднав.Океј,продолжив да играм,и да ја додадам топката,пак треснав.Ама овојпат болеше.Вторпат. Ми беше срам да се свртам,ама изгледа освен другарките не ме виделе други(а бевме две одделенија...)
Нека ме голтни. Грчеви во стомакот ,како којнски трки во цревата да имав,неможев да се воздржам а на час И на професорот му викам: Професоре може да излезам во ходник на минутка итно е , вика ајде. Со светлосна брзина излегувам затварам врата и ООП еден оптимистички прдеж онака од душа си го испуштив , погледнувам лево десно нема никој. Таман пак да влезам во училница , одпозади се појавува служителот. Поцрвенев целата, и му викам : Нека остане меѓу нас, и му намигнувам. Марш да ме нема , правец во училницата. ...........
Па и подобро да ме голтни. Другарка ми попрва се чупкаше од мене, и она искусила дали болело или не. И дека другарка ми беше од другата страна од училницата и јас да си прашам: Дајанааа првиот пат болеше??? Сите се смеат, а јас ги убедувам дека е за чупањето.
останувам после седми час и класната да си оде и иде служителката да ни каже да ја викенеме кога ќе си одеме за да го заклчи кабинетот...и јас а класната ојде ли си и вика да и јас и она почна да го фаќа маниро на историја
Си седам јас со лап-топот во дневна и си читам на форумов. Доаѓа братучедка ми (има 9 години) и од сите категории што се Убавина и Мода, Диети и Фитнес,Рецепти,Здравје и др. (кај што пишува Форум, горе) таа на глас прочита Љубов и Секс. Во дневната беше и вујна ми, мајка ми, дедо ми. Мојата реакција беше Кој знае што помислиле дека гледам .
(оваа од поодамна) леле си идам јас по улица па така и само го здогледувам брат ми (ко ке го видам бегам од него ко од дух дека е досаден) ии само како шо се завртувам рикверц и телефонот да ми падни од ташна (дека не сум ја закопчала ) ии јас одам ко ништо да не било и после ми текна да видам колку е саатот ии ко видов телефонот ми го нема реакција: ФБХЧЛАКНФЛАКНФЛАНАФКЈЧАЛФ КАЈ МИ Е ТЕЛЕФОНОТ?!?!?!?!?!!?!??? ии се вртам наназад и гледам си одмара он на улица и се вракам да го земам и кога гледам две девојчиња ме гледале цело време ии само у мене си реков :ЛЕЛЕ ЗИНИ ЗЕМЈО ГОЛТНИ МЕ !!!!!!!!! ии му ја литнав ко ништо да не било...И нели тргнувам на балет од септември нели прв час да се запишам и само ко го здогледав она момето од улицата ми се стемин после цело време ми се смееше (ама сега гледам нешто нема ја на балет па си викам да не се отпишала?!?!!? (*ДАЈ БОЖЕ*) аа ова е тазе си седам со една другарка и така муабет и јас пиев сок ии само поминува овој шо од 4-ви септември го меркам ии само како шо пиев ии оваја кажува глупост и јас фклчјсдбнгојс цел ско од устата отиде ах јас.. и овој ама чудно ме погледна хахахаха( ама ништо се правеше дека не видел ништо а се смешкаше под мустаќ) ЗОШТО САМО МЕНЕ МИ СЕ СЛУЧУВААТ ВАКВИ РАБОТИ ПРЕД НЕГО??? ии ова малце оддамна е си купувам храна на големио одмор ии јадам јадев шо јадев и ја здогледав една другарка а позади неа оној смојо симп. ии целата идам накај неа да се поздравам ии не видов дек има ко некој камен пред мене и да дигнам ногата оп од каменот се сопнав и трас у рацете на другарката ии овој како шо пиеше од тој сокот ке се засркнеше хахах ама важно се избрукав нема шо ии това пред него!!
прееска офф леле за бруки сим се скртнала у школо со пенкало ии никој ништо ме ми кажува и само си идам накај дома ии оп еве го симпатијата изникнува ко компир од оздола ии јас важна важна ии само поле го гледам брат ми ии само ко ми рече дека сум била шкртната со пенкало на фаца сакав да умрам хаахахахха леле кој бруки сум била ии мајни това цел град ме виде леле
Моиве 3 во едно..Бевме во Македонија со другар ми и сега треба да се враќаме назат.Се забавивме на границиве и дека беше касно кога стигнавме моравме со такси.Се беше ок додека не стигнавме пред интернатот.Требаше да платиме ама беше темно и другар ми вика да запали, но го утна зборот и во превод испадна ќе може ли да ја покажете п... таксистот 5 мин. се смееше а ние од такси право во соба И ќе заборавев, стигнавме и дека не ни се спиеше идеме да ги викнеме пријателиве.Ама дека не бевме таму незнаев дека им се расипала вратата и дека паѓа ако отвориш лошо.И јас идам залетана да отворам и целата падна, и ја бутна и другата.За да биде уште полошо, имаа забава и беа 20 луге.Коа излегоа јас и другар ми ќе пропадневме во земја од срам
Кој блам Господе, после ова не излегувам од дома цела недела. Вака, да опишам подетално: Сношти во последен момент одлучивме со дечко ми дека ќе излегуваме и јас набрзина одлучив што ќе носам. Се одлучив за една кошулка што последно си ја купив, се облеков и излегов. Со дрчко ми отидовме во кафич наместо зидови целиот е во стакло. Си се сместивме на масатаа баш од страната на влезот, значи за да влезиш во кафичов мора да не видиш нас. И си седиме тука, и по едно време дојде тој менаџер ли е што ли е во кафичов незнам и му вика на дечко ми: " Дечко, оваа девојкава со тебе е?" И дечко ми : " Да, зошто?!" И целиот ваков . И овој другиов му вика: " А бе речи и нека ја скрие етикетата на кошулата, надвор сите се смеат!" Леле, кога сме се свртеле надвор има што да видиме, другарите од дечко ми подредени сите до еден до џамот, се смеат, бараат тајмаут демек да ја скинам етикетата! Брукааааа ... Можете да замислите што беше после цело време, а јас јадна сум излегла со етикета, од брзање не ја ни видов кошулата, видов дека одговара со тоа што го носам и ајде доволно. Дечко ми па тој, им вика, кукли стојат на излог де!
Пред 3-4 лета бевме во дојран Јас си бев во водата и една жена праша дали ке им направам слика додека тие се сите во водата јас како и секогаш љубезна реков даа секако и таман да ги сликам некако сум отворила тоа каде што се батериите и тие за миг се најдоа во водата. Леле јааасс ааахх земјо ти веке знаеш што.... тие се смееа и татко ми им купи нови батерии и рече срека не бил апаратот...
Си седам така занесена во виртуелен свет, си чатувам со либето ми.. Во собата темница Слушам наеднаш машки глас, кашла. Се двоумам, да испаничам да ја разбудам мајками ,или да се помирам со тоа дека некој ми стои под пенџерето. .. Чекам сега, ококорена , да видам дали ќе ми тропне онака, да ме поздрави По некое време го слушам истото, упатувам поглед накај ТВ гледам типот во емисијата грипосан Се запрепастив.. Е моментот де..
хахах како сум се смеела, јас сум паничарка.. па ништо чудно. Ова беше нашколо. 10 јуни две книги и дадов на другарка ми да доповторит бидејќи нејзините ги вратила.. ги броиме книгите гледам јас две помалку, кренав паника. Класната ми вели: Кај ти се другите две книги? Јас скокнав ко и обично и почнав да бројам да барам и транталалалам.. и реков може да појдам да ги земам? не ни слушнав да не, одма истрчав и ахахах ко будала и тропнав на вратата за да излезам Класната ми вели: Александра на вратата и тропаш, хаха и ми се насмеа? Не е нешто толку толку ама јас си се зармаив Инаку и моментално сум нашколо со глосигирл1 си прајме вежба по информатика ја предадов, завршив се.. Ааах барем информатика се ослободив.. И сега нешто да ви чкртнам
Денес седеме на кафе со моите родители и нивни пријатели(8 души) и иде келнеро и јас го познавам нели и со него почнаав маабет да си правам и по некое време за девојка му го питав пошто раскина дали се смириа и овај вика не и он **** како е ?????Кога ти понуди врска го прифати?? и татко ми така ме гледа и јас ..а да ********* прифати го али раскинаа и овај зачудено и јас не сум оставив простор да прозбори на мене едно капучино ..
Бев помала и излегував од училницата и веќе чистачките беа влезени и надвор стоеше кофа со ѓубре.. И јас така задлабочена по космосот стапалцето од кофата и сета содржина што беше внатре зафрши надвор од неа.. ОмГ шо си го добив од чистачките И не само тоа цело школо ме виде
Пред некоја вечер,отидов кај братучедка ми (живее во едно село,не ми текнува како се викаше)и нејзе и се пирјале мандарини,и ние излеговме во продавница да купиме а јас облекла едни гланц чизми и одеднаш бууум...треснав на земјата....битно братучедка ми се изнасмеја а и сите околу мене
Овие случки потазе неможе да биде. Си идам јас дома и влевам во зградата. Во главата ми пее една песна што ме тера да играм. И јас си се качувам по скалите во ритамот на песната и си пеам во главата. Кога се завртив што да видам еден човек позади мене. Кога ја прснав горе... hock: Еден дечко ме задева од класот. И сега ми вика извини и се наведна да ме гушне. А јас како што сум настината и кога ме стисна од носот си излета што си излета. Арно што не беше многу, ама он примети
Аааа не сум арна jaс. Синоќа сум заспала некако,со 39.1 температура и во сон сум зборела - Мајче ми падна конекцијата, не сум толку жешка. Станувам од спиење,мајками ме гледа , да не сум се пореметила од висока температура. И викам, шо ти е жено?! Ми го кажува монологот .. Се газав од смеење.
Денес бев излезена и една моја другарка демек во веце сакаше да оди. И ајде и јас за да се видам на шо личам, али чоек али не чоек. И влегуваме во веце и она оди да моча. И само се слуша едно долгоо сочно прдевче И јас сеирчија тежок, неможев да престанам да се кикотам во блузата. Само не пуштив глас за да не и биде незгодно. И после како се да беше океј.. Битно ја пропаднав