Со уште 3 другарки се качувавме во автобус, а јас со стикли по традиција 20 сантиметри високи не ја видов последната скалична и кога се плеснав, како топка се стркалав (а ова беше во првата врата, кај што седи возачот) и на сред булевар плеснав. Шоферот искочи, коли кочат уште од еден километар и на крај со една мала рана на коленото си дојдов дома. Од тогаш памет во глава. До диско со балетанки, а во диско со штикли! Може не е за срамење, ама јас незнам зашто пропаднав три мерти под земја!! Во автобусот сигурно си мислеа види ја глупачава, бла бла бла....!!
Моменти кога сте се засрамиле на јавно место, пред пријатели Истото и мене ми се случи ама во кафич... одиме со другарка ми до WC и имаше една скаличка од кај сепарињата до другата страна на кафичот каде што беше вецето... и другарка ми така залетана ме држи за рака и ве влечи и јас сопнување на таа скаличката патос на сред кафич.. па моја несреќа тука имаше неколку машки едниот од нив бившиот мој (среќа не ме виде) .. па другарите негови фатија ми подадоа рака ме прашаја да не скршив нешто.. абе бруки ова ми е најголемиот срам што сум го доживеала дефинитивно... и уште си мислам дека кога ке ги сретнам ме памтат ко паднав
Моменти кога сте се засрамиле на јавно место, пред пријатели хаха на сред плоштад летно време си шетам јас со дечко ми а онака си дувка ветре а јас во вустанче и тоа пустото пред толгу лѓе мораше нагоре да ми се крене срамота зива во земја сакав да пропаднам
Моменти кога сте се засрамиле на јавно место, пред пријатели Охоо..има да набројувам... Ова со сопкањево, не еднаш, 20 пати во кафич ми се има случено... Или па у дискотека по скали...Знаете кога мислиш има уште една скала па со штиклите лагано и самоуверено се спушташ кога оп, нема скалило и нормално кршење нозе тука. Колку пати само ми се заглавила штиклата во некое дупче Одиш така како газела и наеднаш се здрвуваш во место. Штиклата не мрда.. По глупаво нешто амин
Моменти кога сте се засрамиле на јавно место, пред пријатели У бус накај факс се возе госпожата, и за бељата си викам дај денеска штикличка минимална значи да оптегнам на нога, шо знам, мерак ме фана, и немаме предавање, туку гостин предавач, пошо на факс никогаш не носам штикли. И пусти баксуз Ана ваша, шо да биде, од оние старите, хармоника автобус... Ми се стемни. Тоа е шо е, фино лепо се качив, и како секогаш преполно, се бориш за воздух и место каде да се држиш. По некоја станица се ослободи место и сите седеа само јас и уште два тројца да стоевме. И таман да се симнам кај факултетот, да се симнам, возачот нормално бесен и нервозен, средношколците го полудеа, едни за ушиња фатени ги изнесе пошо се зафркаваа, тоа небитно, си застанува тој пред факс, јас да подадам нога, не можам, едната давам чекор на скала, другата не се мрда, о црна Ано, штиклата ми се заглави Тегни тегни нејќе Возачот си ја затвори врататa, нема мене да ме чека, дали и виде шо ми се дешава, и еден чичко, иде ми вика чекај, ми помогна да се одглавам , со цела сила оптегнав едвај испадна штиклата и викаме јас и чичкото по возачот: Застани мајстореееееееееее! Мајсторот нерасположен вика од доле, абе што сте чекале, не е ова приватен, следна дури отварам! Јас самоуверено се движам па накај него(а срце у пета пак да не зарибам) и му викам, ми се заглави штиклата застани, индустриска зона е, кај пешки една станица да одам, прашина цела ќе бидам! Овој се мршти пцуе пишти, ми отвори, јас од предна си испаднав, аста ла виста бејбе, до следна вожња. ХО ХО ју ноу ај хејт ју - енд ај ноу ју хејт ми ту!
Моменти кога сте се засрамиле на јавно место, пред пријатели Како квалитетно сум се спружила по скали во еден ноќен клуб, во најголемата гужва,алал да ми е. Не знам зошто фобија имам од тие скали, значи кога и да слегувам по нив имам само една мисла: Немој да паднеш,немој да паднеш! Ама како сум го извела ова... . Буквално од првата скала до последната сум паѓала како на мексиканскине серии, ај дјос мио, додека стигнав до последната се извртев сто пати и слетав на кичма,добро што вратот не си го скршив. Абе како буренце да си пуштил, ете така. Уште неотворени очите идаат колегиве, ме креваат, јас се бунам чекаај,чекај, ме боли бе. Како чекај викаат срамота е цел клуб те виде бегај да бегаме. Бев главна тема на ремет и редовно добивав поздрав со Free Falling од John Mayer...да не споменувам дека имав синици по цела лева страна, не можев да се свртам. Врв на срамот беше фактот што дечко ми беше тука, уствари сеуште ништо немаше ништо меѓу нас ама таа вечер беше планирано конечно да бидне, и бидна, откако паднав ми удри и тој еден добар ремет и на крај се сожали и така....
Моменти кога сте се засрамиле на јавно место, пред пријатели Има многу вакви ситуации.Оваа се случи во дискотека. Зимно време,лизгав под. А јас во фустанче и штикли од 15 см,со кренат нос мислиш Анџелина Џоли проаѓа,го држам дечко ми за рака, важна се правам де Па кога сум летнала на подот,абе дечко ми неможеше да ме собере од што се скршив. Лом се направив,се ме болеше и не излегував после од дома некое време од срам
Моменти кога сте се засрамиле на јавно место, пред пријатели Кога бевме малечки и мирцот беше популарен, седев на еден компјутер во интернет кафе и нормално, се допишував. До мене седеше еден прилично постар дечко и симпатичен. И ми ѕиркаше во мониторот! Ми читаше во мирцот! Ме праша : Што е ова hi? Jac: Hi....здраво на англиски После некое време пак ми ѕирка и пак: А што е ова аsl pls? И јас (више видно изнервирана, а прцул према него ) : age sex and location .... У моментот седнуваат до мене од другата страна дечки со кои се дружев и ги познавав, другарчиња си бевме....и нормално морав да го истресам ова и викам: Лелееее морам да ви кажам, овој до мене од другава страна, многу е глуп, ме прашува што е hi, што е asl .... многу е прост... колкав е пораснат а ова ме прашува.... И едно од другарчињава : Бубби, тоа е брат ми! Спојлер сега помалово другарче е дечко на братучедка, а овој поголемиов (ѕиркачот) ќе ми биде сват
Леле на јавниот час по виолина, наставникот ме поканува на сцена и јас дури излезам на едно девојче по глава го акнав со гудалото. Ми беше смешно, ама се воздржав дека последна бев, и кога се вратив назат во училницата почнав да се смеам ко луда. Тие таму што беа сигурно си рекоа ,,Шо и е на оваа лудава?!,,
Оваа Нова Година ќе ја паметам по случкава Баш на Нова Година во кафичот цело друштво собрани денцавме,се забавувавме .И една другарка реши да се качи на стол да игра а таа дрво пијана,па се качи некако и почна да игра и одеднаш се сопна и падна директно врз мене.. Лелее кога почнаа да ни се смеат сите па ајде машките нормално раце ни даваат да не станат не прашуваат како сме а ние во земја пропаднавме
Денот после дочекот на Новата, јас станувам во 4 ипол попладне, во пижами, бушава коса (многу побушава одколку обично) и после утринскиот ритуал, миење лице и заби, одам да јадам. Кога, во кујната, сме имале гости. И јас целата поспана, одам да се поздравам со човекот (да, одам да се поздравам иако носам пижами, затоа што гостите беа всушност нашите најблиски соседи, еден средновечен пар, кој многу го сакам, затоа што се срцки), и тој ми дава рака, „Среќна нова, сите желби да ти се исполнат, голема да растеш..“ и јас, целата поспана, „Фала, фала и вие исто.“ И ме погледна дедово така чудно, а ја веќе пропадната во земја. Ај нема везе, па кој вика дека и 70 годишен човек не може да расте? Пф!
Имам една ненормална легенда!! Мојата наставничкаа!! Имам пишано и пред тоа, ама ај пак бидејќи е врв!! Значи во 1 одд. седев на прва лупа и (ќе ја викам Нешка, наставничката) Нешка предава, немаше учебник и се од мене го земаше. И ми подава раката да и го дадам.. А јас ваква: и и ја подавам моето раче.. ДЛАН ЗА ДЛАН ОМГ, ко на Нокие сликичкана!! Лелее, срамови..Ми вика - Lella, учебникот!! - Ааа!! - јас И и го давам!! ОМГ! Друго, малце постара - трето одд.. и имаше нешто бројки на табла нешто 98, 99, така нешто.. И сестра ми ја викав „Наталка“ па до некаде слични се „Наталка“ и „Наставничке“ И Јас ко ок пушка!: - Наталко не треба 98, треба 99!! Лелее!! Бруки.! А инаку не е баш смешно за роденден кога бев 5- одд, ај на час ќе одиме да и честитаме.. Со една Милка! Остај тоа, одам јас и и викам - Среќен роденден наставничке!! - и една гушка од душа: А оваа цела се збуни!! И друго што со неа не е поврзано.. 2011 год. лето, во Грција сме и се напикавме со едни другари во метро.. А таму едни коли за возење роба ОГРОМНИ, ама огромно огромни, и има како една платформа нема огради ама затоа, околу 2м квадратни платформата.. леле лелее!! И ние фаќај колава за рачка, туркај туркај, бог да чува, Едвај се турка чудово, кривине не фаќа! сите не гледаат ко да се некои вонземјани, шо е работата!! Родителите отидоа на стр. кај едни вина со систерот, а јас се заглаив кај едни бонбончиња и тоа цела ќеса огромна, 2 цени. ОМГ, се почудно.. И од една платнена врата излегва еден чоек и почнива да брбори на грчки, а јас пак спој на фациве: Покажува човеков кон врата, нешто нз што и замина кон таа врата платнена.. А ја само се вртам со колава што не се турка.. И идат пријателите и викат: - Излегвајте од овде, ова Метро за фирми е само WHAT!? Ајде фачај патчето со колата назадека, а оваа ко не се турка, уф!! И на излез еден дечко ми ја зима колата фино лепо си ја заврти и си ја влече позади него ко куфер.. А ја ваква сум се брукала пред луѓето за пеза, туркам ли туркам напред.. И ваква цела испотена излегувам од Метрото, а надвро 40 степени ја: Си се изпезив за сите парички, 2 во 1! Ај Кент Белив!!
Од синоќа.. Првен бев на роденден и си почнав со пиењето..првен вино 4 чаши после џин 2 чаши..заминавц после во еден кафич и таму водка на екс и 2 пива..неможев да стоам па и на штикли бев и така јас со еден другар он ме држе ја одам едвај сите ни се смеат..и стигнаме до едни скали(незнам ни ја кои скали)и така ја пијана по тиа скалите се разгуцкав со него заедно и си легнаме на земјата..и од кај дојди дечко ми незнам а јас во тој момент ја го бакнав другарот и така ја сеа без дечко си останав а главата ке ми испука
Кога навлегував во лудите години, околу 12 имав... Си стекнав некоја глупава, чудна навика, пред да заспијам рачето си го ставав во гаќичките кај јајниците Не знам ни сама зошто. И така едно утро дојде татко ми да ме покрие... Јас се подразбудив, во полусон бев, свесна дека е тука ама не реагирам. И тој ја крева покривката за убаво да ме намести и што ќе види... Мене ми текна кај ми е рачето и се усрамив многу и ја тргнав одма, а тој уште понезгодно му падна и ме прашува: -Ама што ти е на тебе, стомак ли те боли што постојано така се држиш? (се прашувам само колку пати така ме начекал) Се направив дека не го слушнав, демек во сон сум уште и си се завртев
Пред неколку дена,доаѓа наш пријател на гости,а јас само што станав и се спремив на брзина, и се симнувам доле,во дневната,и овој промрче нешто и му викам,добра, вие? А он па ме прашувал како се викам После исто што ми се случи,на Водици,и во село бев и служеа едни,и ние со другарка ми одиме зимаме од сите ама арно не сме го виделе едно дете,1-на година поголемо од мене, и одиме после само од кај него зимаме,и ете ти го тој до него вика,види ги ова женскиве само од кај (името на детето) зимаат,мислам во тој момент сакав да пикнам глава во земја
Се возев во автобус и карши мене и до мене седеа три жени кои се познава. Во четворката само јас бев непозната. И дека подолго патував, они зборат, а јас прислушкувам и си се внесов во муабетов. На крај станува едната да оди и ове двеве и викаат чао, и ме слушаш и мене „чао, чао“ Сите три со се мене направивме втф фаци. Што да правам кога се внесов во муабетот.
Е денес се закопав пред сите!!! Од школо си отидов дома, и мајка ми ми се јави да одам кај неа на работа и да излеземе да се прошетаме.Јас дома се спремав и зедов една бела капа си ставив,а таа има етикета долга три цм.Јас сум ја ставила со етикетата испрчена напред.И немам си гајле,одам по улица и сите зјапаат во мене и се смејат а јас само ги гледам и се мислам зошто се смејат .Само што стигнав кај мајка ми и таа почна да сее смее и ми вели:"Оди погледни се во огледало таква дојде од дома до тика или попат ја местеше капата", а јас само така ја гледам и се чудам што ми збори . Одам на огледало и што да видам етикетата испрчена напред боже мили .Јас излегов и во ходникот си ја ставив капата без да се видам на огледало,и право трк излегов.А друг пат кога че излегувам од дома има да се прегледам убаво на огледало пак да не се посрамотам пред сите :geek: !
Ајде и јас да си ги кажам киксовите . 1.Си оди литл низ училишен двор ,а све замрзнао парче бетон не се гледа,и си се подлизнав два три пати.Ништо лошо.Е сегА иде смешното ,прво една нога се лизна и за да се задржам на друга се лизна и таа. изгледав точно како на филмовине само јас плус и во кругче си се завртив.И тоа феминки ми се случи пред 409 луѓе. Си станав и почнав да се смеам и да се радувам демек јееј прв пат оваа година . 2.Бевме со брат ми излезени и го земавме еден другар негов и продолживме .Другаров не приметил дека и литл е тука и кога излезе брат ми да купи нешто се врти он на назад и ми вика ее литл и ти си тука ?? не те приметив и што вика литл?? а ево јас си седам од преска
Ова подобро да не го раскажуваш!!! Кој видел - видел! Не е за смеење, а ни за фалење. Подобро никој друг да не те дознае. Верувај никој нема добро мислење за пијаните девојки кои се кикотат, тетерават, паѓаат по скали и се бакнуваат со кого стигнат. Никој нема добро мислење општо за оние кои пијат алкохол без граници, а поготово ако се тоа деца! Огромен минус за твоите родители што не успеале да те воспитаат добро! Минус и за оние кои продаваат алкохол на малолетни лица. Работава е баш "зини земјо, голтни ме"! Велат: Од пијаниот и будалата бега! Не ми е поентата да те навредам, само сметам дека треба некој да ти ги посочи овие работи, во спротивно наредното пијанство кој знае уште што ќе ти се случи.
Ова твоево буквално било во земја сте пропаднале. Особено ако друшката ти била повеќе од што треба елегантно пополнета