Враќајки се од курс по англиски ја згазнав една жена во автобус и она ме погледна и јас наместо извини и викам Sorry и она ме гледа ама јас утепана во ноќни часови по сто саати седење на часови предавања .. И јас еднаш така замислена си одам навечер по улица и еден дечко си оди по улица и јас ни две ни три му викам Здраво не ни го познавам си викам што ми е брее
Бев на роденден кај братучетка и го славеше во кафич..седевме надвор и влегувам внатре за да одам до тоалет и кога ќе влезеш внатре има како две скалила ама подолги се и јас не ги видов и одам таква и кога ми летнаа нозете абе одев како војник кога чува стража и келнерот ми се изнасмеа и побрзав да влезам во тоалетот
Имаше група луѓе по улица , шетаа и викаа да ти ебам мајката шалалала И јас така ги слушам и ми стана интересно и си почнав и јас да ти ебам мајката дури и си шлукам си се радувам скроз. И кога гледам еден професор си поминува ме гледа и ми се смеј. Целио ваков. И шо да напрам. Добро вечер му викам и заминувам ..се стопив од срам. То е то.
патот од кадешто минувам не е многу чист и пред неколку дена отидовме на кафе со другарките а без да приметам ми се закачила некоја гоолема лепешка на обувките оти платнени ми беа и едно убаво се исшетавме низ кафичите а беше полно и само што седнавме другарка ми ми вика имаш нешто на десната нога и гледам нешто големо и темно личеше на г*мно и беше од надворешната страна на десната обувка и ми беше страв да го допрам и земав палома го откорнав гледам еден куп лепешки и ме фати страм оти јас оваква се шетам а сите ме виделе и си помислиле дека е гомно дури и сама си помислив додека не го допрев и немаше каде да го фрлам го оставив под маса со се палома
Јас пазам пазам ама ко ке акнам нешто не земјата да ме голтни незнам кај да се напикам... Еднаш така седиме со моја брачеда и тетка ми и јас нешто нервозна за на работа дека ме малтретираше газдарицата од муабет на муабет незнам од кај ми излезе следното:Јас па не сум сирак без татко да му седам таму и да се изживљава таја на мене!-а брачеда ми нема татко...Е жими се полошо не сум се осетила до сега..
Овa уште од кога се даваше Corazon Valiente, а јас па бев страшно загреана за еден глумец што се вклучи кон средината... Со другарки на свирка. Расположени, распеани. И застанувам за момент, ми се измести нешто и гледам пред мене ЦЕЛИОТ!! Фацава ваква Тријам очи (размачкувам шминка), во мене си викам чекај до светлово е - гледам пак, ТОЈ е! Се враќам наназад како мртовец да сум видела, другаркиве се чудат што ми се дешава. Ја земам чашата - отпивам голтка, го гледам - ТОЈ е! Ја пијам на екс - пак ТОЈ е! ...Другарка ми ме примети во кого зјапам и ми вика: „Аман бе ко санкир сто години не го имаш видено Трајко*.“ И се свестувам пополека...Минува и тоа Си заминувам накај дома, иде тој по мене и ми вика „Извини Реина, ама морам да те прашам...“ и јас, како ништо да не било „Слободно, кажи“ и тој „Те приметив преска дека ме гледаше, што е работата?“ и јас „Абе, ова она... Ништо бе, уживај....“ „Еде па и ти, кажи!“ и јас „Епа од памет се извадив кога те видов дека ми заличи на еден глумец!“ и невино му ја покажувам сликата која ја имам во телефон Бруки живи! Ден денес се смееме двајцата кога ќе ни текне. Битно тогаш поштено се изусрамив
Иде сабајле песна на радио и мм го вади мобилниот да провери на нет која е песната, ја уклучува апликацијата и вика гледај тука кога ќе најде прочитај ми како се вика песната. И јас поспана цела, го зимам телефонот и му викам „Се вика tap when you're done“. Лелеее само што изговорив сакав да се фрлам од прозор
ма ова моето не е брука ова е пеза на екскурзија во седмо низ Македонија нели додека патувавме со автобусот имавме мали паузи и на една од нив некако се врткав пред автобусот чекав ред да влезам и гледам нешто сите кружат околу нешто и гледаат а јас како и обично,смотана,не обрнував внимание и само ја слушнав наставничката:ПАЗИ.на мене и јас си продолжувам како да не сум чула и од едно време сите ме гледат во патиката и гледам СУМ ЗГАЗНАЛА ГОЛЕМО Г*МНО и тоа човеково,некој се по*рал пред автобус ,и немаше во близина чешмичка да се измијам и мораше со се гомно да влегувам во автобус и сите само мммм бљак ми велеа,ме прскаа со парфем,патиката ми ја прскаа со парфем ,сите си ги затнуваа носевите ,и избегаа сите што седеа околу,жалче си бев,од кај најдов баш јас да го згазнам ама секогаш си го влечев најдебелиот крај ,и ајде после стигнавме до една чешмичка покрај патот и цел автобус чекаше за јас на чешмичката да си ја измијам патиката и конечно престанаа да ме избегнуваат
Кога бев помала, имав околу 8-9 години, не знам од кај ми текна да ја прашам мајка ми што значи еден збор. Седиме така сите собрани дома, си разговараат луѓево и јас - бап, од ведро небо, и викам на мајка ми: Мамо што е пицајзла? И сите моментално замолчеа. Женава не знаеше како да реагира. Само ме погледна и ни А ни Б не можеше да каже. Ме гледа така бледо и не знаеше што да ми одговори и ми вели - не знам. Јас ко се запнав да ми кажат што значи зборов, па уште им објаснив кај сум дознала за зборов итн. Одговор конкретен нормално дека не добив .
Беше ова пред 1 год. ако не се лажам. Имавме физичко во школо и игравме одбојка со машките, наставникот рече кој ќе изгуби ќе го носи другиот тим на грб. Во едниот тим бев јас и уште неколку а во другиот беше и еден мој другар. Ние победивме, и сеа ја да се направам паметна одма скокнав кај него на грб тој изгуби рамнотежа и колку бевме широки и високи се плеснавме на бетонот. Другиве почнаа да се смеат ко прв пат да виделе да се случи такво нешто. Една се смееше толку гласно ми удри во мозок и ми пукна филмот, кога ја зачукав.. И се извинував после тоа..Баш тогаш го посакав ова „Зини земјо, голтни ме!“ заради она што паднавме со другар ми..
Oва беше последниот пат кога бев во Скопје. Влегувам во автобус за да одам накај Сити Мол. Додека го чекав автобусот, си го отворив паричникот, гледав дали имам ситни пари. И зедов 50 денари за карта и ја ставив во првата преграда во паричникот (која беше празна) И се качувам во автобусот. Му велам на шоверот - КАРТА. Автоматски вадам пари од паричникот, без да погледнам. И му ги подавам парите. И ми вели - Девојко, 35 денари! - Го гледам вака (И во себе си викам, па ти дадов пари бре ЧИЧЕ ) - Пак ми вели, девојко 35 денари! - А јас пак ваква фаца , штоооо? Кога ќе погледнам во рака држи 10 денари. Толку сум му дала. А јас мислам 50 му дадив. Кога ме фати една смеа...збор од уста не ми излегуваше. Па коа почнав да му се извинувам, оти сум ќорава и невнимателна. И, ајде дадов пари и седнав на столче, така скисната, засрамена до бескрај. Не за друго, луѓе позади мене чекаа И тргна автобусот и еден дечко од спротива ми вели... Нема зошто да се срамиш. Уште не си расонета. Уживај
Си одам јас пред некое време од школо накај дома, 2ра смена бев,темно беше. Одам по една речиси темна уличка и зборам на телефон. Спроти мене оди еден човек и јас велам аа еве го Стефан(инаку мој другар) и таква уште си зборам. Ми се приближува човеков, јас сеуште мислам дека тоа е Стефан и му правам „да пукне“, и човекот така прво ме погледна чудно и ми се насмеа и си направивме „да пукне“. Кога го одминав сфатив дека всушност тој НЕ бил Стефан туку некој си непознат човек за мене. Пропаднав од срам, а и малку страв ми беше ..велам да не ми се врати овој сега у темнициве, и сум фатила да трчам што побрзо да стигнам до автобуска.
Уште додека бев на работа се договорив да се видам со тетка ми и да и го покажам новиот фустан. Си дојдов од работа, го зедов фустанот, фатив такси и отидов кај нив, ко влегов на братучед ми другарите беа дојдени, играа сони. Тетка ми ме натера да го облечам фустанот, отидов го облеков и се враќам назад во собата, и сите ме гледат чудно и се смеат, се гледам јас напред и си мислам што им е на овие бре, што му фали на фустанот , почна тетка ми да се смее и ја прашувам: абе што ви е на сите што се смеете тетка ми вели ај заврти се, се вртам и имав што да видам Како сум го облекла фустанот од назад тулот што е ми се закачил на гаќичките и они за тоа се смееле, мислам со брзината на светлината изчезнав од собата Кафето што го свари братучед ми во грло ми застана мислам
Ова беше пред неколку години. Работев на едно место и имав еден колега стар околу 55 години, а воедно и комшија ми беше. Еден ден ја спремна за во град, летно време, едно фустанче носев така бааги кратко и секако од доле танга. И го сретнувам пред зграда, и застанавме нешто збориме, а јас на скали стојам. И одеднаш кога дувна ветре,кога ми ја крена сукњата и јас по танга пред колегава . На неколку метри па од нас имаше кафич,пуно луѓе надвор испоседнати и во истиот момент слушам ,,ОООооооооооо,, Направив едно групно фотографирање без пари. Само да нагласам тангава беше од оние само како врвка што беа
Јас минатата година летото кога бев излезена со моите пријателки и се возевме со точковите низ паркот и тие дојдоа кај мене дома ме чекаа и заедно излеговме. И кога стигнавме на пешачки семафорот беше црвено и моравме да чекаме и кога светна семафрот зелено тргнавме и сите тргнаа јас најпоследна на сред пешачки паднав и кога се напрчив на сред пешачки со се точак беше многу јако, сите гледат јас си седам на пешачки и си уживам...
Леле ова се случи пред 15 минути... оставив една кеса со ѓубре пред врата , др пат нема никој кога ке излезам а и секогаш гледам низ отворот од вратата дали некој иде , и така јас облечена по ептен кратки шорцеви и една бела маичка на прерамки и плус одоздола не носев градник и ми се познаваа ептен и во тој момент еден доаѓа и јас реков здраво и да затворам врата ми вика чекај да ти дадам еден каталог од теписи леле луѓе многу се засрамив , само реков благодарам и ја треснав вратата пред нос
од што сум културна, фина, со сите за најзабегана ке ме прогласат во партија кај ми текнува за секој празник да им честитам во групата-една и единствена зини земјо голтни ме те молам
Бев кај дечко ми на матура.И сега знаете друштво собрани ова она.И кутрата јас неможев да гледам кај што јадат сите,па реков ајде и јас ќе земамам. И само фатив да сечам со ножот.А пустиот нож завртен од страната каде што не сечи,и упорно сечам. Сите ме гледаат и ми викаат што правиш? И јас еве,се обидувам да пресечам. -Ножот ти однопаку. Леле мајко ми се чини в земја дека пропаднав од срам
Мислам дека сите знаете каква е ситуацијата после тест. Сите кажуваат што решиле, дали им е точно, дали го решиле тоа и тоа прашање... Едно девојче ме праша: - Што направи? - Леле ќути, у пи.ку матер, сè заебав. Ништо не знаев, у пи.ку матер. А јас како што сум многу тивка... Се вртам, гледам професорката уште тука. Кога ми удри еден поглед... Јас право дома, среќа што ни беше последен час, иначе ќе се умочав од срам, ако ја видев уште еднаш низ ходниците, тој ден.