Бев на гости пиевме кафе ..од топлово сакав вода и побарав 1 чашка ладна вода .Да биде добра домаќинка ставила по грешка од домашната ракија ...Ми беше срам да ја вратам одма но доколку се напив (среќа забележав одма ) ..МОМЕНТ зини земјо голтни ме !
Спојлер Eднаш,добро памтам,имав 8 или 9 години,и ми дадоа од дома едно канта телефонче,само за музика да си слушам.И со другарка ми,1 година постара од мене,надвор слушавме евровизиски песни и смислувавме кореографија,нAли А хит ни беше и она од К-15 со Америка што беше(ако ви текнува...Далеко е Америка дете..итн.).И тоа го слушавме на телефонов. И памтам дека игравме на некоја евровизиска,ама незнам која беше.И сега смислувавме ли смислувавме,арно ама некоја комшика не гледала од тераса и рекла дека многу убаво играме.И сите се запнаа 7,8 души(родители на децава од маало) да не гледаат како играме.И јас и другаркава местење позиција,тука собрани неколку души сосе нашите родители и јас сеа да пуштам музика демек од телефонов и само очекуваме она музичето да почне па да стартуваме,и само стискам Плеј и почнува...: Америка...Далеко е Америка дете..Далеко е и Велес ако одеш пешки... Ја место песната,тоа сум го стиснала. А другарка ми фаца ваква: . Јас у земја пропаднав,а родителиве се утепаа од смеење. И до ден денес не заебаваат за Америка..
Како помала бевме јас мајка ми татко ми , братучедите и нивните родители излезени на плоштад и сега ај рекоја братучедиве да прошетаме ние тука околу нив во околината де а тие се поголеми од мене машкото 1год поголем а женското 2 и овие виделе некој човек кај што со пријатели си стои исто облечен како татко ми и се исто и ми велат : еј пинки ене го татко ти оди да го гушниш и ја со цел памет ги послушав ко се стрчав че го превртев човекот и само сите вака гледаат о.О ,јас пропаднав в земја а татко ми на неколку метри тука :О и засрамена одма истрчав кај него
Значи девојки еве и еден мој срам што сакам да го споделам со вас Беше некаде пред околу 2 години.Одев на курс по англиски и на моменти ми доваѓаа луди идеи.И во еден момент ми текна да прашам за едно зборче додека профеосрката пишуваше на табла.И сеа вака си седам и јас и почнав да спелувам "Професорке а што значеше d i c k?"И сите околу мене паѓаат долу од смеење а мене коа ми се заврте профеосрката па коа ми упати еден поглед и јас само и упорно и велам а тоа нели значеше нешто како шатка,патка што ти знам.И сите уште толку долу по наше "патос доле".И потоа,другаркава што седеше до мене и ме удира вика знаеш ли што праша,па коа ми текна што реков ми идеше да се утепам некаде..Ооо,земјо зошто не зина и не ме голтна тогаш?
Како убаво си се избрукав у автобус пред месец дена.. Влегувам,нели купувам карта,и идам горе, имав слушалки ставено си седнувам и телефонот ставен во џебот на шорцевите.И сум пуштила музика и да станам ми се вади тоа од слушалките од телефонот и тоа пуштено,ја ја исклучувам песната,ставам телефон на уво викам ало мамо демек нели некако да ја оправам ситуацијата,у меѓувреме наместо на копчето за заклучување на телефонот ја на тоа за попуштање,уште погласно ми крешти на уво ја го држам телефонот,си паднав доле коа закочи автобусот,и исклучив некако,се симнувам по скали се трескам по цел автобус,а луѓево се корнат од смеење,башка на излегување ми се фати врвцата од патиките на вратата,абе бруки бруки,па после ја откачив едвај врвцата и избегав.Е тогаш ми идеше да ископам гроб и да се закопам!
Се возев со точак, имав ставено слушалки и си потпевнував(читај крекав гласно) и цело време зад мене биле едни симпатични типчиња. Или им продолжив живот за пет години или им надразнив уши за цел живот.
Вчера вечер бев излезена и сега седиме во една пицерија и ајде да станиме кој за дома кој на шетање и јас на тоа коцките новот плоштад што ни го направија се сопнав (заринглав) жив срам ме изде арно што не паднав па не ни видов на околу некој дали ме виде
Za gafovi prva sum Eve neshto shto mi se sluchi mozhe pred 7-8god. Samo shto stignav na rabota,celata taka rastrchana,poshto zakasniv,se fativ odma neshto da rabotam,ama celata ko raseana(uvek koga ke stanam na leva noga ) i taka uz rabotenje podignav glava i gledam eden dechko od daleku mi se smeshka i jas na toa nikako ne reagiram,si prodolzhuvam da si rabotam,i slusham u meguvreme pozdravuvanje so vrabotenive i povtorno digam glava i pak ovoj mi se smeshka vo odenje nakaj mene i jas pak si mislam shto mu e pa na ovoj :geek: pa mi stana poznat dechkovo i si razmisluvam od kaj go znam :geek: ,i taka jas si rabotam i edno vreme stiga do mene i mi vika shto se pravish ma vazna ko da ne me poznavash i jas stojam taka nekolku sekundi kako zdrvena i me fati edna smea koga se raskleshtiv ko zelena ,i mu vikam znaesh ke ti kazam neshto ama ne se ljuti,ama navistina ne te prepoznav Mazle A toj doshol telefonot da mi go donese(sum go zaboravila ) :geek: I od togsh do den denes,me dupnuva od zaebavanje koga i da se chekame nekade,stalno mi vika zdravo jas sum tvojot maz
Во трета година без затрескана у еден професор, па од лажен фејс сум го аднала, и се утепувавме од пишување по цели ноќи... Не знаеше дека сум јас, буквално значи фативме теми од се и сешто до секс... Му кажував и дека го сакам, го засакав ете така иако не го знам... ( а го знаев ) а исто така имав и друг машки профил... И сега во школо, сите седиме на неговиот час, ни даде задача да читаме... Ја не да читам, земав отворив тој лажниот фејс... и тој машкиот - си оставав коментари, почнав да пишувам... И кога во еден момент гледам професорот зјапа во мене, целиот поцрвенет ко црвена пиперка... Не сфатив зошто... Ни заврши часот, седнувам на катедра, што ќе видам... Можам да гледам се што пишуваат сите ученици и на која страна и се тоа... Ужас ! ! ! Толку се засрамив иако не беше тој тука, после не идев јас на неговиот час... Не можев, не можев да го погледнам во очи, го избегавав... Се сеќавам следната недела ни у школо неам одено... Од толку значи што сакав да потонам в земја, да ме нема... Но добро, потоа продолживме да си зборуваме, се сеќавам на неговата порака напишана од дома... И дека знае која сум Ми рече да си доаѓам на часови, еден голем реферат ми напишал... Хаос. хаос.. Ама јас не го послушав, на Матура се видовме последно...
Најсвежа е вечерва.Си идам ја накај дома и поминувам една редица на згради.Откако ја поминав,гледам лево-десно,напред-назад да се уверам дека нема натрапници познати под поимот луѓе и пред да поминам на пешачки,си ги истегнав гаштиве така добро што се слушна јасно и гласно звукот кој го испушти ластикот .И така задоволно шо не ми се напикани гаштите у гз се упатив кон кучи.Али мора нешто да ми искрсни,па така и сеа.Си ја вртам тоа мастиката,си праам балончиња и наеднаш ко гром од ведро небо,на велосипед глеам еден тип како ми се ѕвери и смее од 6ка до 6ка.Тоа да ми ти биди бивши симпатија со кој излеговме 2 пати али не бидна ништо.Се поздравивме и ја онака шмекерски се насмевнав.Коа ми текна шо напраив,ми идеше да пропаднам во земја.
Во ЈСП местам на тел да ми ѕвони делче од овој микс http://www.youtube.com/watch?v=o1E1jeqiSAQ она баш што е парампампампапапапапапапааааа зошто го имав сечено тој дел претходно ама несакајќи си ја пуштив цела песна и си почна фамозното Аааахххххх...аааааааах...(слушнете за да ја осетите еуфоријата) и додека да исклучам се избрукав -.- Среќа бев завртена накај вратата за да си излезам на следна станица,кој знае колку ме изнагледале и си рекле што и е на оваа бе?
Пред некое време, има едно 2-3 години, многу ги сакав тие гумените чизми, и тато ми купи еден пар. Арно, ама тие многу се лизгале, ја не зна ! Седевме во една сендвичара во Велес, тогаш многу позната, Снупи и имаше таму вртени скали за на 2 спрат. Јас од 2 да се симнам, а надвор врнеше снег и дожд, па беше водликаво, лизгање на плочестите скали и од 1 до последна, со шпага. Цело Снупи во мене гледам, јас се прскам од смеење и станувам, кога ќе видам фармерките разцепени. Среќа што носев подолга јакна. И главата горе, си одам, кога пред врата ... бум на газ. Аман.
И јас често имам вакви моменти. Беше пред околу една година. Се враќав од училиште со неколку другарки и другари. Не се сеќавам точно за што ама знам дека зборуваа за нешто што сум направила и јас кога ги слушнав одма се кренав: НЕ НЕ ЈАС СУМ НЕВИНА! Бидејќи бевме сред плоштад сите почнаа да се вртат и да ме гледат чудно дури и дечките беа збунети па јас да се поправам прснав: АМА НЕ! НЕ ТАКА! И реакциите беа Јас уште толку испаничена почнав па викам: ДОБРО ДЕ И ТАКА! На дечките им стана незгодно а јас целата поцрвенета почнав да тропам ко воденица: АМА НЕ! ДА! НЕ! АМА ДА! На крај не знаев што да правам а сите се газат од смеење па право дома ја прснав
Оваа случка ми се има случено лани летото... Бев кај една другарка на гости и влегува мајка и, и ми вели (моето име) еве пробај направив колач со црешни, да ми кажеш дали ти се допаѓа, и јас го земам тањирчето и од мене излезе само едно Лелееееееее... Сите три бевме вакви а кога ми текна што кажав (т.е. не кажав) јас бев ваква ... Во тој момент сакав да се отвори земјата и да ме голтне, ама тоа е...
Пред некое време одиме во парк со моите другарки и колку да ме предупредат јас си седнав на клупата, да бидам попрецизна сум наседнала на згмечена јагода. А згора на се носев бели панталони. Одејќи си така накај дома сите ме гледаа вака А една постара жена ми пријде и ми вели девојче си се видела ли? Имаш менструација? Морав да и' ја објаснам ситуацијата. Па што им е гајле ним дали имам или немам менструација. Овај момент ми беше баш зини земјо, голтни ме и никогаш повеќе не ме оставај да се појавам пред очите на други луѓе.
Пред околу една недела, ми влегува еден човек во канцеларија, јас си седам на столчето во бирото, и ми вика -Извини вака ама морам да ти кажам, да не ме сфатиш по грешка ( а типот е една градска легенда, циган, музичар и шегобиец ....) И јас: " Повели" ( пошто нз што ќе ми каже, а нели мора да сме услужливи....) - Ми вика: "Сукњата позади ти е дигната, фин беше погледот, ама знам дека ќе ти беше неугодно, па затоа да ти кажам да си ја наместиш" !!!!!!!!!!!!!!??????????????? ........ Што претходеше на ова? Тие седнати надвор на некои 10 метра од канцеларија, а јас ја метам скалата од канцеларија.....арно не излегов надвор да дометам, туку од внатре ја сметав, па кога сум се завртела, имале слики, слики апарат.... И се разбира јас немав појма за ова, па и кога дојде да ми каже се чепнав на половината и видов дека блузата (+) ми е малку подигната и му викaм "Eе фала ама не е ништо, блузата ми се покренала" и јас искулиранa и воопшто не засрамена.... Е кога си замина, потстанав од столчето и шта да видим, дупе појео сукњууууу Цел ден не излегов надвор од канцеларијата
Сакав еднаш да влезам во едно ресторанче, арно ама вратата им била шибер а јас не видов, туркам напред и влечам назад со сета сила, за малку ќе ја откорнев вратата и гледам сите гости внатре престанаа да јадат и гледаа во мене.
Од 1во одд до 4то имавме многу ретард наставничка.Едншка и текна ние женските од класот да сме играле за патронат.И ајде се прифативме и изигравме ама кога денес ке ми текне на денсот се превртувам од смеење - сите наредени во круг и тапкаме во место како шатки некои..а таму беше и тогашниот симпатија.Одамна беше случкава ама уште ја памтам.А да,сеа ми текна колку добар стајлинг имавме:шарени трициклисти (зелено,црно и сиво),розева маица и розеви кломпи од оние шо шљапат.Бруки невидени
Леле нема 3мин. од кога ми се случи ова Си седам на фемина, и си јадам доматка и некој тропнува на вратата и јас мислам мајка ми е, се завртувам накај вратата така цела ушлапатена од доматата, а тоа на брат ми другар да ти бил Пропаднав во земја од срам!
Хаха Бевме на едно заедно патување другарите и другарките во Хрватска. Во едно диско отидовме само 3 женски и 4 машки меѓу кои и еден шо ми се свиѓа ептен и игравме некое време сите и излегов надвор а кога се вратив дечково играше со две хрваткињи и јас возбудена ептен почнав брзо да одам накај нив (изнервирана демек сакам само мене да ми обраќа внимание)ама не видов дека има истурено пиво. И во тој момент направив едно лизгање долго 3 метри целата на земја. Цела дискотека ми се смееше а и мајцата ми беше со дамки ама највеќе ми беше срам што тој беше присутен таму Да не биде трагична приказнава дојде дечково и се обиде да ме дигне а мене газот здрвен ми беше ме чекаа 5 минути да се освестам