Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зини земјо, голтни ме!

Дискусија во 'Насмевка' започната од Unfaithful18, 2 јули 2010.

  1. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Имавме физика и другарка ми носеше едно сиво палто многу убаво,и сега наставничкава по физика ја прашува каде го купи,и другарка ми кажала во H&M (оти така пишувало не на етикетата туку тоа што е на мајцата горе,она што пишува на колку се пере :tmi: .....)и прашува таа наставничка ја има ли таа продавница во скопје,и јас викам да да има во сити мол,а другарка ми потврдува. :wasntme: .И сега наставничкава зема и и врти на ќерка си да оди во H&M да види таму...и утре дента доаѓам на училиште и другарка ми вика знаеш дека таа продавница ја нема никаде во скопје,ниту во македонија. :D :D ..ццц...но среќа наставничкава ништо не ни кажа :P
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lady-in-white

    Lady-in-white Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    53
    Излеговме со другарки и студено навечер некаде 10 или 11 саатот и ние у летни маички и џемпери. И среќаваме едни другари наши од кои едниот ме свиѓа и се поздравувам јас со него прво и овој ми вика "Шо праиш? Како си?" и ја таква "Добра сум, еве смрзнувам :wasntme: " а тој облечен со маица и дуксер и ваков ми вика "Сакаш да ти го дадам дуксерот? " и јас мртва ладна "Не, фала" и идам да се поздравам со другите. Си заминав ко ништо да не се десило. Леле најкам да го сретнам човекот веке :rofl: не дека ми значи нешто ама не требаше така којзнае сега што си мисли за мене хахаха ненормална сум :D
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  3. doutzen

    doutzen Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    158
    незнам пред колку години у школо си се наведнав на чешмата да се напијам вода и осекам некој позади мене стои и ја мислев некоја другарка и почнаф да ја прскам
    а тоа директорката да ти било :$ :$ :$
     
  4. dence

    dence Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    24
    Дотерани со една другарка слегнуваме на бензинска а другата не чека во такси..и сеа видовме дека пред бензинската има едни многу убави машки,и така почнавме да одиме нели на штикли и купивме тоа што требаше и излегуваме и таман да влезам во таксито оппп се сопнав и сите пари ми испопаднааа...Леле каков срам.

    Е сеа ова не е за мене туку за една моја познаничка.Типкава е влезена у филм,занесот и е пред се.И сеа ќе слави роденден у кафич и така по скалите се качува со тортата на штикли и сеа бидејќи сите ја гледаа она замавнува со косата и само се сопна и со се торта испопадна надолу..сите се згазивме од смеење.
     
  5. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Денес требаше нешто да и донесам на баба ми. Се симнувам пред зграда, а не видов дека биле влажни клупите. Си седнав и оп! Нешто ме олади... Инстинктивно станав и бев како помочана...
    И да биде уште потрагично кога ја земав ќесата од жената, ми баше срам да се свртам и одев наназад, а женава ме гледа: :^)
    И со трчање накај влезот стигнав дома и ја завршив мојата невозможна мисија! :whew: :handshake:
     
    На Luciferovog zlo♧ и alexa_dimoska им се допаѓа ова.
  6. I.want.to.sleep

    I.want.to.sleep Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    469
    Најголемиот срам што ми се случил во животов.... Пропаднав во земја.
    Имено, седевме на една клупа едно девојче, јас и уште две машки. И почнавме нешто да се зафркаваме и стасавме да се буткаме на клупата. И тоа девојчето седеше лево од мене и ме бутна.... И ја инстиктивно да се задржам во тој шо седеше од десната страна, му го забодев лактот кхм...
    у меѓуножната зона

    СРАМОВИ ЖИВИ! :@ И ми вика: ееееј пази шо праиш. И ја: извини бе, не беше намерно, нели глеаш дека ХХХХ ме бутна!
    Брука. :$
     
    На Agawa, LittlePinky и sweet-star им се допаѓа ова.
  7. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Денес се сетив! :D
    Нема да можам да ја заборавам таа случка! :tmi:
    Бевме на семинар со моите аикидо сенсеи и уште еден од Бугарија. И сега тој таму е главен. Правиме
    вежби со оружје и дојде време да завршиме. Кога завршуваме сенсејот ни кажува во што треба да се поправиме, а во што сме биле добри.
    Јас си се занесов, (бевме во Охрид и си гледав кон езерото) а сенсеи ме прашува зошто сум ги кривела нозете.
    Занесено кажав дека ми е досадно и сите ме погледнаа како
    100 луѓе да сум убила. :tmi: Кога се упативме кон хотелот мојот сенсеи ми кажа дека не би требало така да одговорам.
    Денес полагаа малите и го по испитот ми кажа дека сум се изменила и пораснала. :$
    Јас веднаш си помислив, дали во физички изглед или карактерот. Но, тоа ми помогна да си се докажам дека сум борбена! :angel:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Денес на часот по англиски ни ги даваше тестовите и ајде повторувавме past simple и вика сега ќе вежбаме wh-questions во past simple,и примети дека не ја слушам јас слушнав нешто ТВ и ми вика на кој канал и јас кога се раздрав на СИТЕЛ кои смеи и ми вика постави го прашањето на англиски :o Сите ми се смееја и јас се смеев со нив со сила ама си викав зини земјо,голтни ме и не ме враќај бруки :rofl:
     
    На hermosa, sweet-star, Barca-Gril и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. AquaBlue

    AquaBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    571
    Бруки сум целата :lol:

    На 11 Ноември имаме патронат. И се спремаме, ученичките од 8-9 и 8-8, играме многуу интересно :D

    И денеска, имавме нешто како презентација за патронатот, и јас требаше да рецитирам :D Излегувам на бина, а таму еден куп наставници, родители, деца, и капак на се- Градоначалникот :D
    Си одам со листот, застанувам пред микрофон и почнувам- По повод тоа и тоа бла бла бла бла АПЧИХААААА :D Па уште и слушам од публиката: Наздравје, наздравје |(
    Набрзина изрецитирав што требаше и дим да ме њама :tmi: :tmi:
     
    На angelche16, blady, Golden и 9 други им се допаѓа ова.
  10. LadyNitro

    LadyNitro Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    31
    Имав 7 часа и сега ѕвони и јас го фаќам шпринтот да ме нема :D Ја отварам вратата и ете го ме гледа ТОЈ
    (if you know what i mean :lol: ) И јас :o и он :o и јас само налево круг и назад. Хахахахха лелее зини земјо, голтни ме! :tmi:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Пред неколку недели отидов до продавница, и оваа продавачката вели батерфлааај и јас: молам, таа: аа и ти ли си батерфлај, јас и велев на колешката :rofl: Јас и се насмеам ама ми идеше во земја да пропаднам од срам :D
     
  12. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Хахаха и мене слично нешто ми се случи денеска :D :lol:
     
  13. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.823
    Допаѓања:
    23.452
    Пол:
    Женски
    Кога сме кај бруките,јас сум шампион.
    Си одам по улица така од десна страна,а од лева идат двајца,другари претпоставувам.И цело време нешто си зборат „Глеј ја оваа бе десно,од милина да ја гледаш,убавина,а и брза е,неможеш со Ауди,Пежо да ја стигнеш,што би сакал да се качам,од милина,да ме исполни така убаво,да го пројдам Куманово со неа“ и ја само она застанав,замислете ме јас,со поглед „Ти ли бе глупчо,така на мене?“ идам накај нив и им велам „Со кое право?“ и они цели збунети ми велат. „Леле,твоја ли е колата?Немој да ме сватиш погрешно,не мислев да крадам,само спомнав дека е убава“Кога сконтав што збориле,леле,посакав да испарам на сонцето.И ја му викам „Не,не е,се извинувам сум се препознала“треснав си и чур нигде да ме нема.Никогаш нема да го заборавам ова,а и јас пак со кој памет си мислам дека за мене ке викаат дека сум убава. :$
     
    На angelche16, blady, LadyNitro и 10 други им се допаѓа ова.
  14. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Засрамени, но не по ваша вина.

    Имавме изборен час, со наставник.Инаку имам 14 и сум основно.Учам во клас каде што нема девојче кое е фатено од страна на машките за цаз, за ци*ки или сл, но знам во другиот клас девојчиња што константно од многу машки се фаќани и знам колку тоа гадно изгледа острана, па камоли наставниците кога ќе видат. :puke: И да се навратам сега.Презентиравме проект и требаше да го држам за да закачат крфици.А иначе важам за еднмо девојче од класот со голем и убав газ, многу девојчиња ми кажале и кога сме сами во друштво се дешава да се потфатиме за газ, ама женски само другарски.И го држам проектот и една другарка стана наеднаш и ме плесна за газ. :fubar: Не ни знаев ни ништо а во тој момент наставникот виде.Бев ептен усрамена и не знаев како да изреагирам, направив само една фаца намуртена и се убедував дека наставникот не виде, а баш виде. :( Не видоа многу деца тоа е добро,ама пак наставникот виде.И после тоа бев многу усрамена, и сега сум одкако си дојдов од училиште, осеќам грижа на совест,. што ли помислил, многу ми е срам и лошо ми е многу.Не бев јас крива од каде да знам дека така ќе направи, ама пак мене ме фатија.Срам ми е за родителите, сега помислив не то, не сум јас таква и ми се повраќа кога ги гледам тие од другиот клас.Ама добро сепак не ме фати машко.Брука ми е, резил..
    Морав да се исповедам некако, ептен ми е лошо, ми се плачи. :emo:

    И успат споделете и вие нешто ваше. :tmi:
     
  15. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.346
    Засрамени, но не по ваша вина.

    Христина, поминало тоа. Биди среќна што наставникот не те опоменал, можеби не заприметил.
     
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Засрамени, но не по ваша вина.

    Не си плеснала ти некого, туку тебе, нетреба ти да се срамиш туку другата особа која те плеснала.

    Како и да е, да отвориш тема каде што веќе има пишувано за проблеми слични на твојот не значи дека треба да ги читаш и да не пишуваш, можеш и да пишеш таму, да се испразниш кога веќе чувствуваш потреба, си немала потреба да отвараш нова, туку да пишеш во стара соодветна тема.
     
  17. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Ке бидам искрена како и секогаш, јас сум по природа особа која знае, могу често да се почувствува непријатно и да посака во тој момент да ја снема. А колку сум чувствителна ќе ви покажам со 1 пример: Неретко ми се случува брзајки или да ме зезне тастатурата, да направам некоја кардинална грешка при пишување, или да треснам некоја глупост и во тие моменти се чувствувам баш така „зини зејо, голтни ме“ Па уште ако добијам и некој лош коментар од вас, знае тоа многу да ме засрами и да посакам да ме снема иако никој не ме познава лично.
    Можеби изгледам јака, арогантна особа која ја боли уво, за се, но длабоко во себе сум многу чувствителна и знаат мали работи да ме засрамат.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. FeminkaDoKraj

    FeminkaDoKraj Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    49
    Еднаш стрико ми на една друга стрина моја(не му е нему жена,туку жена на неговиот 1братучед,а пак ние двете имаме исти имиња) и и вели ХХХ и јас а? и туку вели на работа не си денес? и јас си велам како може јас на работа,не сум вработена и туку стрина ми: аа не денес сум слободна јас ... :lol: да си се убијам ми идеше,не беше којзнае што,но тогаш бев мала и многу се срамев од такви работи...еднаш дојде на гости еден друг стрико и му пушта рака на вујко ми да се пздрави и тука јас се истканувам и си се поздравувам со човекот тие се збунија и јас шпринт да ме нема :$ ама се усрамив... :P ако ми притекне уште нешто,ќе надополнам...
     
  19. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    ХАХА леле оваа случка ме потсети на тоа еднаш како се избрукав :rofl: Беше пред 1 година, и нели знаев што се тоа кондоми, ама не знаев во какви пакувања ги ставаат. И еден ден бевме со другарка ми на шетање и влеговме во една продавница.... И сега таму каде што стоеја мастиките имаше едно кутивче, пишуваше Durex :D Јас од кај да знам што е тоа, го зедов и одам да ја прашам продавачката што се тоа и оваа ми вели: Тоа се кондоми, не се за малечки. И јас ваква :| Лелелеле Зини Земјо Голтни ме :sweat:
     
    На kikav и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  20. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Пред повеќе од 10години нели не беа актуелни мобилниве и муштериите на татко ми се јавуваа на домашен телефон. Татко ми отиде до тоалет и баш во тој момент заѕвоне телефонот и јас (тогаш немав повеќе од 5 години) се јавив и нели тој ме прашува која сум, што сум и на крај ми вика "Каде е татко ти?" и јас место да му кажам дека не е дома во тој момент, му реков "Тато кака!".
    Срамота... :D
     
    На loracor1, blady, Najubava09 и 10 други им се допаѓа ова.