Сега и мене ме потсетивте.Не дека многу се избрукав,веројатно не ме видоа моите.Беше пред околу 1-2 години и бев во маркет со мајка ми татко ми,брат ми....И стоиме на каса и така јас загледувам едни шарени кутивчиња со интересен дизајн Не ми текна дека би можеле да се кондоми и му викам на брат ми,види ги овие(имаше 5-6 год. брат ми).Таман пресегнав да ги земам,ми светна што се.
леле луѓе стојам јас со другар и негова другарка шо не ја познавам. и спомна девојчето ќе правела тест кај најужасната професорка и и викам со среќа, првиот тест најтежок е. коа ме погледна така на 3 и пол девојчево. ми вика јас трета сум... и јас ау извини мислев прва си зини земјо голтни ме!
На часот по физика учевме нова лекција и професорот почна да предава. Бидејќи немав одговарано на старата тема, а ја учевме новата, професорот постави прашање за новата тема и јас занесена му дадов погрешен одговор кој всушност беше од старата тема. Тој помисли дека тоа го рече девојчето пред мене (кое не учи многу) па неа и се обрати: „*името* што тресиш глупости, знаеш што зборуваш?“ Таа со другарката до неа се зачудија и другарка 'и рече „Професоре таа ништо не кажа.“ И професоров: „Ами кој кажа?“ и јас му одговорив тивко од зад нив со насмевка „Јас реков.“ И овој се зачуди. Посакав да ме снема оттука.
Еднаш излеговме со другарките од сабајле и ај седнаме да се напиеме нешто во кафич, ама надвор седнаме. И сега таму има масите се мали со по 4 стола, а ние бевме петте другарки и братучетка на другарка ми. И седнаа ти 4те а за мене и другарка ми немаше место. И јас избрзав и зедов стол од едни луѓе, ама не можев да го сместам. А на другарка ми и донесе помал стол ќелнерот. Стојам јас со столот и бутам де лево, де десно, да го дигнам неможам, само стојам жар црвена до столот и ми помогна една да го дигнеме столот и со ставивме и столот стоеше на криво никако не можам да седнам на него И го помрднав малку седнам, како да не сум со нив, далеку ос масата ПОсле некако се сместив поблиску до масата и цело време молчев од срам. Зини земјо голтни ме
Во неделата се најдов во ваква ситуација, ми се чинеше ќе приумрав од срам. Предходниот ден на заебанција си го сменив рингтонот на мобилниот и стојам во неделата во дворот на црквата со татко ми, брат ми, попот и уште 10-тина повозрасни луѓе и ми ѕвони телефонот. Се ќе поминеше релативно безболно доколку можев да си го најдам телефонот, во торбицата за бебето се најдов само телефонот не можев да си го најдам. Сите ме гледаат, јас си црвенеам како булка, по срам во животот не ми било. Рингтонот беше обработка од Thunderstruck од AC/DC што и не е ништо ни срамно ни трагично само по себе ама во конбинација со зборењето на Dean од Супернатурал за секс придружувано со тешкo дишење, воздишки е комбинација за зини земјо, голтни ме. Не можам да го прикачам фајлот, не е дозволено МП3 ама ете го извадокот од муабетот и за остатокот, use your imagination , не знам сега тек колку време нема да смеам ни поп, ни луѓево да ги погледнам во очи за моиве да не правам муабет, тие ме умреа од заебавање. http://www.youtube.com/watch?v=oV_u1Rn2n3I
После часот ..јас последна излегував со другарките и си зборам нешто и на професорката на цел глас чаоо..таа ме погледна само,а ја и викам извинете догледање..а после прснав од смеење.
На училиште ни рече класната да носиме разбој за следниот час, и јас и другар ми (најлудиот ) на одморот излеговме и пред канцеларија ја чекавме да и кажеме дека немаме ние разбој,и ај ни даде ама само еден,рече дека уште еден ќе ни даде но не ни даде и другар ми само го грабна и се затрча во училница да не му го земам (а нашата училница е скроз на крај од ходникот) и јас ко се затрчав по него,а како што ми се лизгаат чизмите многу, не можев одма да застанам и се залепив за вратата од училницата онака убаво јако траасс се удрив и одма се свртив да видам дали некој ме видел и има што да видам, цело одделение, тие "комшиите" зјапаат во мене а меѓу нив и симпатијата јаоо туго мојаа.. само им се насмевнав и со брзината на светлината влегов во училница иии заборавив да напоменам дека дури трчав во ходникот се дерев на цел глас *чекаајј бе... (името)*
И така Дволичен периодов е како робот ,незнае каде му е главата од работни обврски па си направи глупост .После одработената работа ,на работниот налог пишана дата хх.хх.2012 .Се беше во ред се додека не го забележал газдата тоа и не ме изремети малце ( а јас кутриот незнаев каква глупост сум направил ) .Моментот на прашањето беше која година сме? (прашано со доза на хумор ) кога ми текна веќе беше доцна,морав да поминам низ дозата на заебанции .Момент на зини земјо голтни ме !
Во продавница. Таму најчесто ми се случуваат вакви работи. Само што е оваа беше малку подруга продавница... Јас само прашав колку е цената. Арно ама, погрешно сум слушнала. Поточно-помалку. И се согласив да го земам. Продавачката го куцнува производот, јас и ја тегнам фискалната ( ), ја тегнам и нејќе да се скине. И ми вика: Ама девојче, ова е 40, не е 30 денари (пример, не ми кажа толку). И јас тука. Ааа, па добро.... ко помочана излегов. Иначе! Ја земав фискалната, не се сеќирајте!
Ова синоќа се деси...Пишам со еден дечко и ми вика настинат сум ми се повраќа, јас му викам з'ш бе? И ми вели па незнам можеби дека внесов многу парацетамол наеднаш од апчињата... И јас аха...а што апчиња пиеш? После 5 минути ми текна шо му имам напишано ми идаше да се отепам!
Седев на час,класен и нели нешто збориме со другарка ми за кучево мое што го чувам И наставничкава нешто се дере и нели сите заќутеа,а фејри си продолжи да збори и само викам- и ова да,се измоча ама онака тивко,ме гледаат на косо,ја онаква озбилна почнуваат да се смеат,сакав да си излезам комотно Вчера,наставникот по техничко поминува,и се наведнал му покажува нешто на другар ми,и ја вртење да ги земам книгите,се мавнав у гзот на наставникот,со лицето,леле луѓе незнаев како да реагирам,и само заќутев
Ова најтазе Се шетаме во град со другаркиве и нешо се туркаат, и јас не крива ни должна, мене ме туркаат и оп паднав И тоа на тротоар, иако имаше некои луѓе, среќа никој не ми се смееше (може некој ми се смеел, ама јас не видов) Спојлер Абе земјо што не ме голтна
После 100 години случајно налетав на слика од бившиот со неговата девојка.. и наместо next нели љубопитна да ги видам сите слики, јас по грешка му шибнав like Посакав земјата да се отвори да ме проголта
Јас во последно време целата сум бруки, посебно неделава Ситуација бр. 1 Требаше да испратиме цртежи за новогодишната претстава, ама на задната страна на листот да го пишува нашето име и презиме, одделение и местото на живеење. И пишам јас така занесена, којзнае каде ми беше умот : Акуа Блу, XIII-9 одд, ****** И и го предавам листот на наставничката. Ете ти ја после 2 минути иде цела лута чади, и ми се развика ТИ ДЕВОЈЧЕ КОЕ ОДДЕЛЕНИЕ СИ ?!?!?!?! Јас- 8мо наставничке. Таа- Јас си реков 13то. И ми го дава листот. Наместо VIII-9, јас сум пишала XIII-9 Ај тоа во канцеларијата го видела, пред сите наставници, и сигурно си имаат помислено некоја неписмена сум Ситуација бр. 2 Сакав да му пишам на еден другар (односно да го зафркавам) дека засакал некоја Михаела.. Го видов уклучен на ФБ и му пишав : Аааааа *името* со Михаела, аааа ќе видиш сега кога ќе и кажам бла бла блаблаблбаблабла и стискам Ентер. После една минута ми стига порака „?“ од некој непознат. Отворам, и..... Пораката сум му ја пуштила него Со брзина на светлината го избришав од пријател, демек не ми требаат пријатели што не ги познавам. Ситуација бр. 3 Бевме во слаткара со братучедка ми и нејзина другарка. Помина едно половина час време додека да се одлучиме што да порачаме, и најпосле ја викнавме келнерката. Порачаа што порачаа тие две, дојдов јас на ред и и викам : За мене ТРИЧЕЛЕ И ми вика : Штоо Јас- Па ТРИЧЕЛЕ де.. Мртва озбилна. Кога ми дувна дека се викало ТРИЛЕЧЕ беше касно Цела слаткара ми се смееше Битно порачав
Најтазе случка сега пред пола саат хахаха. Отидов со една другарка до продавница за опрема за мобилни.и им побарав маски, футроли за мобилниот ова она.и само ми текна да побарам заштитна фолија за телефонот, пошо ми се познаваа многу прсти и се валкаше.И јас си мислам евтина е, обично најлонче до 50 денари најмногу.И само му викам дајте ми фолија и залепете ја.И во моментот другарка ми прашува колку е фолија за нејзиниот телефон, и овој му вика 400.И јас во моментот бев ваква. И прашувам колку пари е мојата и ми вика 300.И јас се мислам, и овој тргнува да зема и јас:Устварии не, нејќам, се откажав. И само он ахаа добро и направи една скиселена фаца, а жената што беше во продавница еден поглед неубав што ми упати, абее резил.Во тој момент, зини земјо голтни ме. Ама битно убаво си се изнасмеавме со другарка ми.
Бев на роденден кај една другарка и влегува нејзината мајка за да се поздрави со нас. И сега сите и честитат и кога стигнав јас на ред и пуштив рака и и викам Фала. (наместо да и честитам ). Кој ум го имам значи..
Ја имавме „Проклета авлија“ за лектира оваа година. Доаѓа време за испрашување по македонски јазик. Професорката ми вели ајде ти зборувај ми за ликовите од делото. И нели има еден Фра-Петар, јас од толку што бев возбудена (бидејќи имам страв од професорката), наместо Фра-Петар, реков Свети Петар. И почнуваат сите да се смеат, јас кога сфатив што сум кажала, си се посмеавме сите на моја сметка. Во секој случај, ептен се посрамотив.
Значи експерт сум за вакви работи.. Сега ке ви раскажам неколку мои киксови 1.Оваа ми е најпресна.Пред околу една недела кога бев излезена со мојата најдобра другарка занесена во муабетот се треснав од еден сообраќаен знак.Иако многу се засрамив почнав да се смеам гласно 2.Еднаш во школо на физичко игравме кошарка..Една моја другарка ми ја фрли топката арно ама беше силно и високо па не можев да ја фанам,кога одеднаш топката се одби од ѕидот и ме удри директно во главата пред цело одделение...Сите прснаа од смеење 3.Пред околу еден месец брзајќи по патот се сопнав и паднав...Сите ми се смееја колку што може погласно(само да напоменам паднав на плоштад).Одма станав и одев колку што ме држеа нозете 4.Кога бев помала еден ден имаше филм на телевизорот а јас бидејќи се учев да читам си читав така пополека (мислам второ одделение бев).Одеднаш влегува тато во собата и ми вели-Читај си така поубаво ке се научиш.И јас продолжив да читам на глас.. На филмот прочитав секс и трк кај мајка ми да ја прашам што е тоа. Таа ми вели прашај го таткоти а таткоми прашај ја мајкати Ги закопав 10 метри под земја хаха И на крај пак не ми кажаа.. 5.Имавме гости (еден човек кој првпат го гледам) и јас ваква залетана цела а тој влегува се поздравува со мајка ми и татко ми (а чоеков убав) а јас пак подавам рака за да се поздравам а тој ми стави една милка во раката значи се закопав..А и тој се засрами за неговата постапка (ако барем добив чоколатце ) А мојата реакција беше ваква Ако ми текне уште нешто ке ви пишам пак
Кога бев помала,седиме кај нас со моите и имавме гости. Ѕвони домашниот телефон Јас-Ало. Х-Здраво,дали е тоа станот на Презимето на фамилијата? Јас-Неее,ова е куќа не е стан. (Спуштам слушалка,им раскажувам што се случи се приснаа од смеење) ---------- По две минути. Ѕрррррр Јас-Ало? Х- Здраво,фамилијата презимето? Јас-Еве го тато он ќе ми каже. Зини земјо,голтни ме !
Во последно време, скоро секое возење во автобусите на јсп ми претставува незгодна ситуација. Или неможам да ја куцнам картата зошто држам 100 работи во раце, а скоро секој пат се мавам по глава кога станувам од седиште или додека се симнам од 2 спрат изгледам како пијан кловн. Којзнае колку се смеат.