1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зини земјо, голтни ме!

Дискусија во 'Насмевка' започната од Unfaithful18, 2 јули 2010.

  1. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    јас еден блам..
    одам сабајле на школо, а преку прозорецот гледам другарката излегла и ме чека, јас набрзина облекувам патиките зимам кесите по физичко и ликовно и излевам..и после на сред пат ми текна дека ми ја нема ташната на грбот :tmi: :$ а таму деца на школо одат, а јас се враќам назад и без ташна и сите се чудат :lol: и после кога си ја земав ташната и кога стигнав во школото закаснев на хемија :$ ама малце :!: :D
     
  2. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Е па вакааа... Ова ми се случи пред некое време, ама ете, не сум дошла во ситуација да го споделам со вас (како сум го испуштила кој ме знае)
    Па беше викенд... абе се дрвосав ама ееептен, како некое летвиче се сторив , ни оди , ни стој :$
    и дечко ми ајде ме донесе дома, ама морам сама да си легнам во креветот... и прво си мислам леле лелее ако ме видат моите, ќе има бамбус, башка не смеев да пијам.
    и така тивко чееекорам во дневна и треба да ја поминам собата на моите прво, па после да одам во мојата. И така весело пијана, застанува пред вратата на моите и сум се фатила за уста и се газам од смеа :lol: (што ми текнало кој знае, ама онака ептен застаната наведната и се смеам).
    Е кога влегов во собата, си викам коооој ќе се пресоблекува сега, и облекувам нагоре пижама, а доле се мавам во кревет со новите панталони :tmi: ............
    и сабајлето требаше со мајка ми да излегуваме, и иде таа ме буде, ок и викам, еве сега ќе станам :tmi:
    и излегувам од кај мене во соба, и што сум застанувам на прагот и се протегам онака фино :bow: и мајка ми е ваква :devil: ѓаволчица стана, и црка вика.... што е тоа на тебе? се гледаш ли како си заспала? лелеее а јас уште камен, абе се газам од смеа , и таква цела никаква и викам ,,абе неее цркај, полека главата ме боли... и кој со што се успал? ,, :?: и ја барам сестра ми :rofl:
    е лелеее, мајка ми кога здиве , а јас уште се чудам, и кога се видов, ауууу си викам, пу срамота ]:)
    и веднаш во соба влегува се пресоблекувам, и онака засрамено пред татко ми излегувам... и нешто се умилкувам, вака така... и ајде поминав со едно 30 минутно викање (ама успат додека се спремавме :lol: )
     
    На Lovy1, Aleks96, crazyinlove19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Вакви ствари често ми се случуваат.
    Најтазе е оваа..
    Идам сабајле во автобус и кај од толку места,јас најдов да седнам на некое седиште кое било разлабавено и пред распаѓање.Ама јас од кај да го знам.. :?:
    И си седнувам,кога се скрши,кога одекна еден звук силен сите во автобусот (вкулучувајќи го и шоферот) гледаа во мене.Како што се навали седиштево,така и јас..фала богу само што не треснав доле ептен,доста резил и вака беше.Набрзинка станав и седнав карши. :lol: :D
     
    На SilviaM му/ѝ се допаѓа ова.
  4. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.766
    Ептен тазе ми е овој блам.
    Во факултето столчињата ни се такви чим станеш одма се враќаат назад(знаете за какви мислам, се собираат). И јас така подстанав за да препишам нешто од таблата и кога сакав пак да седнам заборавив да го фатам столчето и да го испружам, туку право си седнав и оп доле на земја. Колегите се помочаа од смеење ама и јас самата си се смеев цел час иако добро си го повредив колкот. :$ :worried:
     
    На littlevampire, Aleks96, De-lovely и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.612
    Допаѓања:
    8.463
    Пол:
    Женски
    Се избламирав добро сабајлево кога одев на школо :$ Главата ми беше пикната во шалчето и наведната зборев на телефон кога наеднаш се втурнав во една свисната гранка на едно дрво,се закачив и сакав да продолжам да одам напред несвесна за ситуацијата и како заглавена тапкав во место целата покриена со снег од гранката...Колку луѓе ме видоа,леле :$
    Инаку,два пати паднав на снегот на гз ама тоа никој не го виде 8)
     
    На Amona, LittlePinky, Lovy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Froshinka

    Froshinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    13
    Во саботата навечер чекафме со дечко ми такси ... И случајно (пошо татко му вози такси ) се приближува една кола ... Тоа беше он ... И ајде влагам ја у кола ... И му викам до К. Вода ... И он добро ... У меѓу време нешо праефме муабет ... И само стигнуем пред зграда ... И викам колку треба ... И он само ... Ајдее Чао ... И онака се стаписаф ... Викам неможе така срам да ми е ... Он само пак .. Ајде чао ... Не зини земјо голтни ме ... Хахаха ... Бетер беше ... xD
     
    На flowergirl567 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    усте во основно мислам седмо одд. една идиотка поЧна по ѕидовите низ цело сколо да писува некои глупи зборови за мене. бевме обратна смена сто неможев да ја наЧекам па да види...и еден ден на Час по македонски наставниЧката касни 10 минути ја нема и мислиме аааа губиме Час и земање јас молив и на ѕид;слусај ма идотке дај појави се пред мене к..во ни заедна престани да писувас по ѕидовитеако имас храброст кажи ми у оЧи; одеднас некој ме тапка по рамо и јас;Чекај бе да дописам глеј таму наставниЧката да не дојде;и само слусам;позади тебе сум;и јас здрвена се свтувам накај неа и ја гледам и молЧам и она;ти се писува многу а?ај сега кај ЧистаЧките да земес вим и сунгер и да брисес;и јас брисев цел Час ѕид додека другите уЧеа :D :D :D
     
    На MaggieTatum, Aleks96 и sadangel им се допаѓа ова.
  8. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    ех токму темава ја барав да ви пишам што ми се случи пред некој ден. Баш беше зини земјо голтни ме. бев втора смена на работа а вечерта требаше да идеме со мажулето на роденден, него му текнало дека му дале задолжение да прави коктелчиња и му требаше нане. беше тој до веро ми вика нема, и му викам ајде земи ме од работа идеме до зебра во тој тинекс да провериме и ќе бегаме право на роденден. и можетењ да замислите во фрка буквално трчаме влагаме кај овошјето и зеленчукот гледаме нема прашуваме од вработените имате нане ни викаат немаме и право бегаме се протнуваме нели дека немаме ништо за плаќање помеѓу една жена за да излеземе и почнуваат дектеторите за кражба да свират. се вртам и гладам свират на мене. опс си викам што е работава, девојката на каса ми вика да се вратам а тоа пак свири ли свири. аман викам што е ? ми вика дај ја ташната отвори ја. фала богу и ја отворив и се газам од смеење ми беше чудно а и у.п.м. едно незгодно луѓе те гледаат. поминав јас не свири значи нешто е во ташна ајде ми ја прегледа ташната нема ништо и ми го извади несесерчето. е тука поцрвенев затоа што внатре имам свашта
    вибрирачко прстенче, лубрикант, улошки.....
    и ми вика помини ја ташната ја поминувам не свири. и замислете таа наоштрена ќе го отвора а јас со мажулево се гледаме јаоооо бруки. и :devil: го отвара пред сите го гледа лубрикантот го вади го гледа нормално нели полесен од тоа што треба да е ми го враќа и ми вика слободна си .... леле абе пред сите се избрукав до крај а оној мојон ми вика незнаев дека си крадец и цела вечер ми пукаше сеир како ме претресувале. ццццццццц е не ми беше баш пријатно некој да те гледа како крадец а не си поштено си влегуваш и излегуваш
     
    На Aleks96, Emma89, Dushica-sk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
    Се изнасмеав :D

    Јас сум ти магнет за срам :D

    1) Зима беше, многу снег. За да стигнам на Англиски курс фатив по едно скратено патче. Пред мене гледам една девојка на штикли збори на телефон и си велам : '' Леле, леле - кога ќе се издигне ова шмизла на снегот .. '' . Јас паметна, ќе ја претркам, забрзав чекор и .. бам! .. долу на газ :$
    А таа ме гледа, ( ќерка е на едни наши пријатели ) - а јас окезена, седам на земја и : '' Здраво Кате, како си ? '' :$

    2) Ми се јави една другарка да ми каже дека има некоја емисија за Африка. Гледав некое време и заврши емисијата. И јас - паметна - да се заблагодарам за тоа што ми кажала, се јавувам кај неа дома и како од пушка : '' Леле, Наде, фала многу што ми кажа, баш е супер емисијата, ќе му кажеме на наставникот по Географија .. '' . И слушам : '' Кика, Наде е горе - да ја викнам ли ? '' ( а тоа мајка и била на телефон ) :$

    3) 8 - ми Март. Ќе купуваме цвеќиња за наставничките. Влегуваме во продавница, а јас : '' Сакаме да купиме цвеќе, ама од оние живите '' :$

    4) На час по Историја, наставникот прашува дали знаеме некое дело од Шекспир. Станувам јас, самоуверено и велам : '' Хомер! '' ( наместо '' Хамлет '' ) :$

    5) По музичко, објаснувам стари адети за свадби. Претходно бев кај баба ми, и таа ми раскажа. Кажувам за тоа, како се одело невестата .. И наместо да кажам : '' Мајката на младоженецот ја носи погачата .. '' , јас велам '' Мајката на младоженецот ја носи благата пченица .. '' . Сите ме гледаат :o , а јас да се извлечам велам : '' Абе стварно, и јас не верував - ама ете - така било '' :$

    Има уште мноогу, ама не ми текнуваат :)
     
    На Amona, TaMaRa80, LittlePinky и 7 други им се допаѓа ова.
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    уште од бебе мене ми се затнати очните канали и треба ми се оперираат да се одзатнат, и на секое промена на време ми солзат очите исто ко да плачам. незнам колку пати до сега на улица ми се случило да ме прашуваат луге "зошто плачеш девојче"?

    земјо те молам отвори се и голтни ме :$

    лани летото јас одам кај една другарка на работа во Лептокарија со нови сандали на мене , ама се гледаше дека не се удобни, ама јас да се пофалам какви сандали сум си купила (од Алпина)
    и на вракање ај да се раздвижам, оти сакам да пешачам, видов двајца тинејџери и почнаа да викаат"леле види ја каква е " и јас нога пред нога, и на земја. не се лутев ниту плачев само малку ми се посмеаа луге што ме видоа, ама не беа многу дојдов дома, се измив, си ги преврзав и дезинфицирав раничките и се беше ок.

    земјо отвори се и фолтни ме
     
  11. lorijana

    lorijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    35
    ова за тоа колку сум смотана :lol:
    кога заврна снегов со децата на игралиште се маваме со топки се бркаме и јас со нив :$
    и бегам јас така и не ја видов сипката по која се качуваат ко се улетав
    директно по нос и си седнав така јас утепана од болка
    носов кој знае крв или ли нема ставам јас снег ставамммммммм
    да не се напраи оток зс у тинекс ке идам после :tmi:
    тиква а не се викам мозев око да извадам и со рана на носот си се сетам уше еден 4 дена :geek:
     
  12. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    За време на една зимска испитна сесија бев станата прилично рано за да учам. После цело утро поминато над книга и се јавив на другарка ми инаку комшика и ја викнав на кафе. Ама таа само што станала од спиење и ми рече- ај дојди ти, си само што си сварив. Во меѓувреме зборував на тел. прилично долгичко и за да скроз не ми се олади кафето набрзинка претрчав кај неа. Вратата беше отклучена зашто ме очекуваше и јас свирнав и влегов (имавме свирка за препознавање) и правец кај неа во соба. Арно ама не знаев дека дошол брат и со девојка му (посебно си живееја во станче) и се сместиле во нејзината соба. И така јас залетана што од студ (не земав јакна, живеевме на две куќи растојание), што од брзање за кафето и улетувајќи ги начекав брат и со девојка му врз него :* :sweat: Само им реков - извинете и си излегов :$ :lol: (среќа што ролетните беа спуштени и девојката го немаше соблечено градникот, иначе ќе беше ептен апла начекување).....По таа случка кога и да се сретнев со брат и поцрвенував :)

    И уште една понова случка...
    Летово го реновиравме купатилото и сестра ми ми се најави дека ќе дојде на гости да види како излегло..Кога дојде јас бев надвор и пружав алишта и и реков да влезе внатре со ќерка ми, да не ме чека и во меѓувреме да го види купатилото...После една мин.искача надвор и јас и викам -и го виде ли, како ти се свиѓа..а таа мртва ладна -да, го видов, а ја видов и свекрва ти. Е па добро викам, ти реков дека е дома, а таа ми одговара-Лолито, на шоља ја видов :rofl: (на жената изгледа и се брзало и не ја заклучила вратата) Кога прснав да се смеам, не можев да се смирам, а девојчето кутро ми вика-и сега како ќе влезам внатре :$ :worried: ....Седнавме надвор, дојде свекрва ми да се поздрави нормално..и и вика- е добро де се случува и сите слатко се изнасмеавме :D :D ..Оттогаш секогаш ја заклучува вратата.
     
    На Aleks96, Emma89 и karak им се допаѓа ова.
  13. tweetygirl

    tweetygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    10
    Во нашето маало дојдоа нови соседи и нивниот син беше многуу сладок а јас ко јас решив баш тој ден да научам да возам велосипед. Седнав на велосипедот и може да замислите што се случи... по две миниту бев испружена на улицата ко жаба колку долга толку широка а можете ли да замислите пред кого бев така испружена... се знае пред мојот нов сосед посакав земјата да ме голтне а како шлаг на тортата беше мојот крвав нос :$ :$ :$ :$
     
  14. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Пред некој ден видов една група на фејсбук Зини земјо голтни ме и плукни ме на Хаваи! :D :D :D
     
    На Xtinna12 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Во школо учевме за стилска фигура симбол. Пред тоа, наставникот не прашува по нешто и дојде ред на мене. Аврил, на што те асоцира магарето?- Како од пушка: На КОЊ ! :lol: :lol:
     
    На Lostedlove, Aleks96 и Rosy им се допаѓа ова.
  16. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
    Оваа е најпресна :)
    Пред некој ден бевме излезени на кафе со другарките, и со една викаме ај ке одиме до вц заедно. Она прва оди јас се огледувам, па дојде ред јас да мочам.. се соблекувам и и се фалам какви гаќи носам се вртам како ненормална, нормално не сме ја заклучиле вратата и во тој момент влегува еден тип и ме гледа хахахха се стаписа и загледа, само вика уууууууу хахаххаха а јас одтаму не не не не викам, срам ми беше да излезам од вецето :$
     
  17. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Сега ни се споени првиот и вториот час и немаме мал одмор помеѓу.. Имавме блок часови по македонски.. И јас побарав да одам да пијам вода, и како што излегував ја промашив кваката и целата се залепив на вратата. И кога почна смеа, јас како од пушка: НА ВРАТАТА И ТРЕБАШЕ ГУШКАЊЕ ЗА УТЕХА. :rofl:
     
    На Amona, TaMaRa80 и Aleks96 им се допаѓа ова.
  18. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Oва е најтазе сега :D :D Cестра ми помалата,и едно друго девојче што го имам на фб имаат исто име и презиме,и јас така мислев со сестра ми пишувамгубре едно што објавуваш заљубени глупости на фб и девојчево не ми врака :$ и после и пишам *** што не ми пишиш? и кликам на сликичката гледам некое плаво девојче,и и после и се извинав :D дека со сестра ми имаат исти имиња и презимиња :rofl:
     
  19. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Оооо,не знам од каде да почнам.

    Пред едно 10 години,излегов со другарките (тогаш немав дечко) во еден кафиќ,само што го реновираа и така си стоиме сите, уфирцани, средени, спремни за лов,кога оттаму иде еден тип,намонтирал широк осмех и златан зуб,абе целиот исцерен и оди право на мене,а јас... :makeup:
    Почнува типот:
    - Здраво!
    - Здраво!
    - Што ќе пиеш?
    А јас мислев ми се пушта и целата кокетирам и викам:
    - А кој части?
    Дечкото ме гледа збркано и ми вика:
    - Девојко,јас сум келнер...
    Леле која бламажа, ќе умрев од срам :rofl:

    Исто и ова се има случено поодамна.
    Излеговме со другарките и јас се изнервирав многу и право излетување од кафиќ,веднаш влетување во првото такси и седнав на совозачкото седиште и му ја кажувам адресата на таксистот,а тој ми вика,ама девојче,јас морам да го пријавам позивот,и јас нервозна му се дерам,па што чекаш,а он целиот културен ми вика, па ќе те молам стани од станицата....леле гром од ведро небо...јас кога сум седнала на предното седиште,тастерот на станицата му стоел тука и јас сум го наседнала...КАТАСТРОФА :geek:

    И еве ќе споделам уште една:
    Другарка ми и мајка и имаат многу сличен глас на телефон.И вртам јас да се договориме за на кафе, а таа е мажена и живее сама со сопругот и јас целата опуштена решив да се зафркавам.Ѕвони...тууут,тууут,тууут...Да?
    Јас викам: Јади гра
    Оттаму исчудено: МОЛИМ?
    Јас уште се зезам, мислам другарка ми е: Опалим те голим.
    Леле кога полуде женава:Краво една како не ти е срам!!!

    Леле кога се освестив, веднаш спуштив и ја барав другарката на мобилен,а кога излеговме ми вика,абе некој ја заебавал мама на телефон денеска, а јас мртва ладна викам: ма ајде,безобразлук.никогаш нема да и кажам дека тоа бев јас :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Amona, elvittta, TaMaRa80 и 35 други им се допаѓа ова.
  20. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    6.709
    по тазе ..
    За професорот по англиски кажав дека ми е како Моцарт во косата и им реков на другарките : ајде замислете го како Пинк во спотот who knew :^) Во тој момент помина покрај нас и се изнасмеавме ,.. секако тој не свати зошто е смеењево но после не испраша наредниот час и се смееше исто така како што се насмеавме и ние :D
     
    На Amona му/ѝ се допаѓа ова.