Во петто имаше едно дете си се свиѓавме по малку И си се смееме на час и кога испуштив едно свинско грофтање ме зафркаваше до крајот на учебната година -.- Во седмо му се изждригав на еден во фаца. Се искина од смеење. Бетер од свиња сум. А еднаш со другарки бевме до библиотека да вратат некои книги и на излегување им ја затворив вратата која беше заврзана за едно желевце да стои отворена. Го скинав тоа врвчето, ме виде таа жената што работеше таму ми се испуле чудно ама и идеше да ме фрли Другаркиве мои не видоа среќа. И повторно без трошка срам си влегувам таму.
Ми се случи во четвртокот Си бевме со колешката на работа и помина еден човек и праша дали сакаме попот да дојде да ни крсти водичка и газдарицава вели нека дојде,го почекавме пола саат,го немаше и оваа отиде да заврши една работа и јас си останав сама и знаев дека сум голем малер и баш коа сум сама ќе дојде попот,и го гледам дојде,и за тоа време имаше една муштерика и овој ми даде една голема свеќа да држам а женава упорна му прави муабет,и ајде си отиде и попот како поп си почна да пее,па сите под ред имиња ги заредивме,за здравјде де.И веќе на крај вели ајде со здравје догодина пак овде и мене како што ја држев свеќата запалена а косата ми беше пуштена некако сум се завртела и МИ СЕ ЗАПАЛИ КОСАТА ,луѓе,пламен се дигна ,попов од памет го извадив,вели чедо се исплаши ,викам ништо,и така имав закажено за на фризер денес,(а навистина имав)и земав со рацете го изгаснав огнот и за среќа немаше некои жртви,навреме си ја спасив косава,му дадов пари на попот и дим да го нема ,уплав фатил од мене,а среќа немаше муштерии во моментот,без поголем резил поминав ,а што смрдеше на изгорена коса местото,страшно,земав испрскав со дезодоранс,отворив врата,косата си ја натопив и си ја исчешлав ама пак ми мирисаше на изгорено,и дојдоа колешките и ме прашуваат што мириса така,викам можеби на барут од попот што запали свеќата,епа сигурно нема да им го кажам мојот резил
Слегувам во визба по едни селски влечки од по 50 денари шо се, и по пижами, требаше нешто да му помогнам на дедо.И ми дава тегла ајвар и едно пластично кофе со туршија низ кое се гледаа морковите, доматите карфиолот итн итн.И си се качувам нагоре, чукам ли чукам со тие кломпите/влечките натоварена и гледам другаркот на другарка ми која живее карши мене.Е готово, трк влегов дома и се заклучив.Сигурно исцркал од смеа.
Хаха полозива од глупостите ми се случуваат на физичко -Нели имаме две пресоблекувалнии во една идат девојчинјава а во друга момчинјата и сеа ние сите идеме да се пресоблакаме а дека вратата ни е као со стакло се се глеа надвор во салата и ја заборавена си соблекувам мајца нагоре на прсулк си соблекувам фармерки надолу на боксерки си пеам занесена и коа се свртвам да си ги зеам шорцевите да ги облечам леле има што да видам тројца мои другари на врата се заепиле и ме глеаат -Едната пак истот така на фиизчко машките склекови правеа и сеа и ја да пробам се искпружувам на еден од душециве и нели се потпирам напред на рацете а мајцата ми беше широка кај вратот и отворена од оние шо пагјаат и леле кога видов
Пред некоја недела бев до продавница со мајка ми. И сега таа на едната страна во продавницата, јас на другата. И оваа продавачката ми вика мајка ти е кај фриждерите. И јас одам таму и гледам една жена со иста јакна како мајка ми и и велам мамиии(ама онака, не знам како да кажам, како мало бебе ) Леле кога се заврте женава кога видов дека не е таа.... Ништо не и кажав, право се завртев и дим да ме њама Само што почнав да и раскажувам на мајка ми, женава ми упати еден оваков поглед, и и истрескав нешто друго на мајка ми, бидејки знаев дека таа слушаше
Еве овие ми се најнови Пред 3-4 дена бевме со другарки у град и идеме , идеме , и на една другарка и се идеше во веце. Бевме 4 и 2 две отишле а ја и ..... ко улави се изгубивме и додека го најдеме вецето , и го најдовме и јас прва посо најпаметна влегувам и глеам све машки еден си се гледа на огледало и само две жени ни се дерат од таму ејјј девојчиња ајде мрш надвор како така влегувате во машко вц , а пред вецето имаше 2,3 девојчиња и викам женско е абе ја и другарками умревме од смееењее , неможевме да престанеме и после влеговме во женско. Брука...
Денес се видовме со една пријателка со која што одамна не бевме помуабетиле.И така од едно за друго на улица си накажавме се набрзина.Дојде ред да се разделиме,чао,пријатно ово она на крај она ми вика Среќени Велигденски празници убаво да си поминеш,јас на тоа скроз озбилна и велам Благодарам исто и тебе. Немаше да беше глупо ако она не беше Мароканка со исламска вероисповед Не знаев на каде да погледнам,среќа надојде кола па мораше веднаш да се разделиме
Утрово со кломпи на работа,а снег не да вее , шиба пласти како да е Божиќ.Едвај чекав да си дојдам дома и плус се смрзнав.
Јас со мојот сопруг се запознавме во авион кога и јас незнам како станав баш тогаш кога авионот слетуваше и јас му паднав во скутот тогаш многу се засрамив но благодарам на тоа паѓање и тоа што не го послушав пилотот да ги врзиме каишите и да бидеме мирни!
Кога се случи стварно посакав земјата да ме голтне Класната моја ми е комшика(живее под мене) и сеа дојде кај нас со мајка ми нешто муабетеа.И јас се подавам од таму и викам ств ли прашањата за екстерно ќе ги тргнеле на 16(така еден наставник ни кажа).Она вика незнам ама симни си ги најубаво и јас викам пробував ама не биваше и она дај компјутерот ќе ти покажам.Го уклучиме и не биваше како слика ги симнуваше.И сеа на десктопот ја зачуваме.Знаете нели ако имате повеќе слики на десткп. зачувано и отворете една и после вртете на стрелките се втртат сите шо се таму.И сеа ја имав еден скриншот од Кончита со дечко и како се бакнуваат(и ја покажуев на една другарка и викаме како она има дечко ни неаме и тоа види каков врте )И сеа класната несакајќи сврте и баш се погоди сликава И ја викам воа на една другарка нешто и покажував и набрзина свртев а она ништо не рече.ЛЕЛЕ чуствував како наеднаш патлиџан станувам..Ауфффф и си викам од сеа се ќе бришам или складирам у папки
Oтидоме да си ги зимаме сликите за полуматурска со другарките.Таму беа и мојте школски.И сега мене прва ми ги дават и ја а зимам и само колку фотошоп има.Другаркава домене ме удира со лактот да престанам а ја уште се чудам .Ја па уште и кажувам на една школска.После кога излегоме и ми текна шо на правив...ми идеше да се застрелам
Вчера по многу време ми се јави тој (симпатијата) да се видеме, ама не од негов број, а јас не можев одма да одам бидејќи со другарките бевме испаднати на сокче и тој ми рече да му ѕвонам, ама на неговиот број. И потоа станаа две другарки (да се видат со дечковците) и викам ајде и јас со вас ќе станам ама прво да му ѕвонам. И му вртам од бројот на другарка ми (имаше бесплатни) тој не се јавува и таа ми вика дај ми го бројот од кој што ти ѕвонел сигурно е на другар, јас се мислев бидејќи ми рече да не ѕвонам на тој број, ама сепак и го кажав, ама таа да зборува. Се јавува некој возрасен глас Другарка ми го бара него, а другата страна прашува кој го бара, а таа ColoursOfTheRainbow и јас од таму се раздрав „Не е ColoursOfTheRainbow!!“ и другата страна ме слушнала и се изнасмеала И потоа другарка ми спушта и ми кажува дека изгледа бил брат му и рекол да му ѕвонам од мојот број на неговиот. Зини земјо голтни ме Ако не те зафркне другарка, кој ќе те зафркне
Супер Поминува лани мојата стара симпатија и ја да се напраам нешто,игравме одбојка и само зимам да ја удрам топката со нога ама таа под стапало ја се лизгам и трасссс кога паднав Другарка ми сеуште се смее,до негде и мене ме фрка смеа ама дека пред него
Леле епа вака, Лани,знам бев 7одделение и бевме искочени со една другарка и си седевме на клупа во едно паркче, ама немаше никој незнам чекавме друга другарка да дојде, ама ајде нема везе тоа...И си седиме ни беше досадно и се качивме на клупа и скокавме (дечиња) и мене ми текнува и викам ај да те носам на грб и оваа ми вика ајде. И јас стојам таму кај што се седи, а она се качила кај што се потпира и и викам ајде качувај се и она коа рипна врз мене јас одеднаш изгубив рамнотежа, пошто она повисока и потешка од мене и наеднаш ја пуштам и она ме влече мене и преку клупа директно на земја, среќа што јас паднав на неа и ништо не ми беше ама она сирота се утепа хахахахха . И што беше најтрагично, во тој момент кога паѓавме се враќаа деца од тренинг, така поголеми беа, цела група и коа не видоа како паднавме ни се изнасмеаа, ние незнаеме што да правиме си се смееме ама така тивко и они мислеа дека плачеме хаххахахаха
на фејзбук чичко ми има профил ама некогаш ќерка му ( 10 год .. ) ја пушта кај него на профил пошо та нема фејзбук.. и една ден ми пишува на чет '' абе имаш добиено'' и ја викам '' што да имам добиено'' и јас мислев ќерка му пишуваа и пак ми пиша '' абе дали имаш добиеноооо '' и јас сега на што да мислам, викам девојчево за менструација прави муабет .. и и пишам '' мислиш дали имам менструација?'' и пишува назад '' нее бе !! дали имаш кец нашколо добиено'' и јас вакваа и само пишувам '' ко е на чет'' и ми враќа '' чичко ти '' јас поцрвенев и после дојде кај нас дома и ме зафркаваше .. таков си е тој
Со другарка у автобус идеме за крушево, и јас по обичај слушалките на уши и ми иде песна за играње јас се забораив дека не сум сама и на сред автобус си ја пеам песната онака гласно и си sенsав на столчето се опуштив како сама дома да сум.Другарками вика алоо бе кај се наоѓаш јас онака е што ако де уште не ми текнува што птавам, наеднаш возачот застана и се врти и ми вика на кој си го наследила убавиот глас а ја онака на тато, и он ми вика кога ќе го видам таткоти ќе те пофалам јас аа ок, а уствари шоферот бил пријател со таткоми.А капак што си попраив муабет со шоферот сум разбудила двајца луѓе кои спиеле во автобусот а позади нас момци околу 20-21 год, и почна да ја пеат песната што јас ја пеев е тогаш сакав да ме снема а уствари јас како магарица сум, глас за пеење шо да ти кажам
Хаххахаха ваква случка имаше тато пред една година.. Бевме во City Mall и он си купи едно џакетче. И појдовме на каса, тато се си плати и едно време излегуваме и титка алармот тиитт титтт ахахахах и тато ваков зачуден со кесата во рака..и доаѓа продавачката вика лелее извинетее заборавив ова она... Ама коа зедоја сите да зјапаат во нас :geek:
Ми текна уште нешто Бев 2-3 одделение и на час по запознавање на околината Srhsejbsk ја прашува наставничката: -Наставничке а каде растат јајцата на дрво или како зелките над земја? И цел клас се помоча од смеење , a Srhsejbsk сакаше да проадне воземја
Лани за велигден имавме презентација на македонска и албанска култура. Јас требаше да ја носам носијата на баба ми, другарка ми пак однесе фарбани јајца и храна секој по нешто. Исто така и албанците од албанско училиште донесоа нивна храна презентацијата се одржа во моето училиште. И сега дома се спремив се облеков во носијата и викнавме такси со тетка ми и мајка ми и отидовме. Се надевав дека ќе стигнам таму за време на час да влезам во училиштето никој да не ме види. И се јавив на дургарка ми да ме чека пред портата да не влегувам сама. Ама кога стигнавме имаше што да видам. Стигнавме баш на одмор. Имаше многу ученици пред врата ама среќа не беа од мојата смена и не ги знаев сите. Ми беше срам да излезам од такси ама што се мора не е тешко и излегов со другарка ми влеговме во дворот и овие кога ме видоа во носија почнаа да пеат Македонско девојчеее, јас набрзина се качив по степениците и влегов. Ајде тоа помина што помина. Требаше некој да ја презентира нашата храна а порофесорката за белја мене ме избра. И јас неспремна како ќе презентирам. Ми кажуваа која храна како се вика само за колачите неможев да го запомнам името Татлија. И почнав да презентирам и на крај: И овие ситни колачи.. незнам како се викаат и тоа. Хахахах. А од таму еден албанец ми дофрли е свекрва ти за уши ќе те влече штом незнаеш. Јас му кажав Ее до тогаш ќе научам а ми идеше да пропаднам во земја. До мене учеше еден Гоце што му се допаѓав. Се распрашувал за мене ги прашал моите школски и тие одма се знае кога го видат Саро ене ти га Гоце. -.- Имавме час математика и професорот по математика исто така се викаше Гоце. Тој влезе во училница но одморот уште траеше и не беа сите тука. И школска ми Милица од врата ми вика Ааа Саро Гоце гоце а не го виде професорот. И професорот и вика Милицее што ја ? Хахахаха оваа поцрвене у фацата и му вика ништо професоре Гоце до нас што учи не вие. И мене ми бидна непријатно не само на Милица ама така и е што многу зборува
Еднаш на еден час по физичκо наставниκот тρебаше да не оценува во сκоκање на јаρец, и ми дојде ρедот јас да сκоκам и ја напеρната си виκам ее јас го знам веќе ова и тρчам сκоκање и наместо да ги ставам ρацете на јаρецот за да сκоκнам јас κај наставниκот, изгледаше κаκо да го гушκам и неможеше да ме додρжи изгледа и му падна незгодно на човеκот и тρас на земја вρз него. Во тој момент потонав од сρам и ништо дρуго не слушав освен тоа κаκо се смеат децата. Набρзина станав и ми се насолзија очите но ниκој не пρимети и застанав во ρед. И наставниκот се сожали и ми даде втоρа шанса и за сρеќа го сκоκнав κаκо што тρеба, но ме оцени со 4 зошто сум гледала со главата надолу а тρебало пρаво, а јас сиρота толκу засρамена κаκо да го гледам пρаво во очи. Потоа во соблеκувална ме зафρκаваа. Долго вρеме потоа неκои ми шиρеа афеρи низ шκоло деκа сум го гушκала наставниκот, а јас умиρав од сρам. Еве и уште една случκа κоја напρави да пρопаднам во земја од сρам. Се случи многу одамна исто таκа на час по физичκо, но овој пат само пρед децата бев засρамена Сум ги забоρавила долните тρенеρκи за вежбање и едно девојче за да не добијам - зошто не носам тρенеρκи ми ги даде нејзините, јас ги облеκов, но пливав во нив. Таа беше пρедебела (глава сечам аκо немаше над 100 κг) и ја си виκам ај ќе вежбам со нив подобρо нешто одκолκу ништо и ги зацвρстив со обична штипκа за κоса. Со дρугаρκа ми влегувам во сала, а таму сите поρедени. Влегувам и одеднаш штипκата си се отпушти, пантолончињата ми паднаа и сите ме видоа во долна облеκа. Незнаев дали е вистина но ми изгледаше κаκо κошмаρ. Избегав во соблеκувална и цел час да ме нема.