1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зини земјо, голтни ме!

Дискусија во 'Насмевка' започната од Unfaithful18, 2 јули 2010.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден, мајками ми ја оставила вечерата на шпорет. А јас си седам во соба и таа од кујна вика по мене: "Бубо, вечерата на шпорет ли ќе ти стои?"
    А јас доаѓам и и велам: "Јас не сум крива што си го оставила на Пинтија".

    Кога сфатив што сум кажала. Мајками ми се изнасмеа за сите пари.
     
    На Amona, alexa_dimoska и angelche16 им се допаѓа ова.
  2. mileystar

    mileystar Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.101
    Пол:
    Женски
    Денеска на големиот одмор во училиштето,излеговме и отидовме да купиме за јадење,купивме што купивме и трчајки се вративме, бидејки надвор почна да врне,и шлап јас се извалкав нешто и одам горе во вецето да се измијам,кога наеднаш незнам од каде :D ,се појави професорката, и од далеку ја гледам и нормално се спремам да и кажам добар ден,наместо тоа и направив една кисела фаца и само ѝ се насмевнав,така глупо ми падна,ми идеше да се фрлам преку прозорецот |( :rofl:
     
  3. butterfly6223

    butterfly6223 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    1.183
    Бевме на моминска кај другарка ми и како што е редот добро се здрвивме...Небитно. Во дискотеката каде што ја славевме моминската дојде и типот кон кој цел живот имав симпатии. Јас видно расположена и поднапиена собрав храброст да одам да позборувам со него. Фино лепо се поздравив со него, а тој културно ме покани на муабет. Не смеев да ја пропуштам приликата и си седнав. Ама алкохолот си го прави своето...кај така не слушам (слухот ми е слаб) па и од алкохолот, па и од гласната музика одвај се разбиравме. Кога конечно разбрав што сакал да ми кажи ми ја крена раката во смисла да "пукни" а за да возвратам на тоа место со неговата рака, удрив во шишето со пиво кое беше на масата, а во наредната минута тоа заврши кај неговата интимна зона. Ми идеше да пропаднам во земја, како можев... :tmi: Кој знај што си има помислено за мене во тој момент. :$ Станав, се извинив и се вратив кај друштвото и не ми текна веќе да мрдам од таму.
     
    На buba4e89, Oscar Lady, Arthur и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    2.522
    Пол:
    Женски
    На час по англиски не прашуваше нешто професорката дали некогаш сме се загубиле како мали а и таков текст учевме и ја велам да си ја загинав баба ми и се звртив да и кажам нешто на другарка ми и неслушнав што кажувала професорката другар ми ми вели прашува дали јадеше ќотек и јас цела озбилна НЕ НЕ ЈАДЕВ ЌОТЕК ЗОШТО ДА ЈАДАМ и цел клас ми се изнасмеа а таа прашувала кој сака да чита а после и тој си доби вратка
     
  5. flowersss

    flowersss Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Воа беше одамна само што почнав за сериозно да одам со бившиот дечко и многу внимавав на однесување и на се што ке напраам додека сум со него...Одиме со другар му со колата јас и он одпозади а женска му на тој напред јас требаше да отидам до кај сестра ми да земам неш и они ме однесоа инаку беше зимно време и носев еден долг шал тогаш такви се носеа..Испагам од колава ја затворам вратава и тргам накај зградата и наеднаш ко некое куче ке се задавев да не видам дека шалот сум го фанала на кваката од вратата и дечко ми испага коа ме виде јас потоната бев незнаев кај се наогав другар му се згазија од смеење во колата....од срам отидов кај сестра ми и не испаднав..
     
    На buba4e89, Amona и iloveyou29 им се допаѓа ова.
  6. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    Му викам еднаш на оној мојон (нз како да го наречам) дојди да ме земеш од работа. троа се подзадржав и онака занесена излегувам и гледам црна кола.
    Госпожата залетана си влегува на сувозачко седиште и нали редот е една бацка. Се пуштам јас кога оп!!!!!!!!!!!!!! Лелелелеле типот друг во туѓа кола сум влегла ииииииииииииии зини земјо голтни ме!
    Море извинување море образите како газ на мајмун, ама типот културен се искези и онака галантно, нема проблем, абе одвај рачката на вратата ја најдов. Оној мојон си посматрал од кола и се гази од смеење. Божеееее што уште нема да доживеам во овој мој животец.
     
    На Amona, blady, loracor1 и 26 други им се допаѓа ова.
  7. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Сабајлево требаше да отидам до кај другарка. Ми рече дека имала гости дома. Влегов во влез и наеднаш мозокот го кликна копчето off, табула раса бев, буквално. Наеднаш застанав на еден спрат. Затропав на една врата, слична на нејзината. Ми отворија нејзините комшии и во себе си реков: - Добро, рече гости имала...
    Пуштам нога, влегувам внатре, гледам мајката на тој што ми отвори врата. И наеднаш мозоков почна да дава знаци на живот, ми светна дека тоа е друг стан. Ги слушнав зборовите: - Ко да згреши нешто?
    Потонав од срам. Сигурно си помилисле, којзнае на што дроги е девојчево. А ништо не ми беше, бре!
    Ама замисли некој така, ти тропа на врата, и ти зачекорува дома, без збор да ти рече?
    Не... не се појавувам повеќе таму. :sweat:
     
    На buba4e89, Amona, blady и 10 други им се допаѓа ова.
  8. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    ај и јас да кажам една..беше пред 3 год ....тетка ми жиивее во зграда на 5 спрат и едно сабјле накај 8ч пред да оди на работи видела дека и го нема клучот да заклучи а сите отидени на работа и таа ми се јавува во 7 и 30 ми викам оди дома вратата е отклучена влези и седи додека не дојде братучед ми....а јас сонлива се облеков за 1 мин и отидов..и сега одам се качувам на 5 спрат а на спратот 4 врати две кога се качуваш по скалите и две треба да завртиш...и јас оодам и влеговам одма во вратата од скалите не забележувајќи дека не е на тетка ми ама нели тетка ми рече отклучено е и за белја и таа врта беше отклучена леле си влегов аа добро е и гледам не ми личи баш ко на тетка ми станот една жена излезе од соабата и јас такава збунета а веќе внатре и сонлива сигурно е помислила леле издрогирнана викам лелел извинете така вака објаснувам и факам магла од таму лелел зини змејо голтни мее беше уште да си седнам требаше...хахахха
     
    На buba4e89, Amona, ku4ence и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    2.522
    Пол:
    Женски
    хахха е денес баш убаво се избрукав бев до парфимерија да си купам штипка за коса и на излегување другарка ми се зализга и за малку ке паднеше и јас запрепастена како ке паднеше ја подотворив устата и за малку ке се излигавев и таа се врти накај мене и ме гледа и покажува нешто со прстот и јас се газам од смеење и викам полека малку а таа Елено... и и викам шо и ми вика ништо ке ти потечеше лигавица и 15 минути се смеевме без престан дури стомакот не заболе и така изнасмеани да влеземе во автобус пред мене имаше луѓе и јас наназат завртена нешто кажував тие веке платиле а јас не видов и шоферот ајде девојче влегувај и тогаш се изнасмеав убаво и одам накај седиштата а наспроти мене имаше мн машки од кои поголемиот дел беа убави и ранецот наместо на сседиште ми падна на земја и да го земам еден човек кога турнав со мојот голем газ го однесов и баш тогаш помислив зини земјо и не голтни ме туку изџвакај ме хаххах
     
    На buba4e89, Amona, Aleksandarreal и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Haha koga ke se setam samo..na prviot sostanok so momceto vo koe bev mnogu vljubena se bese kako sto posakuvav I vo momentot koga trebase da izlezeme od kola na parking pocna da go bara telefonot kade go ostavil..da mozev ke propadnev vo zemja koga mi rece mislam deka si sednala na nego :lol: i navistina tolkav ajfon pod mene a jas nisto ne osekam :rofl:
     
    На buba4e89, Amona, sugarlips и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Се враќам од школо, влегувам дома и гледам на татко ми на гости некој пријател му дошол, поздравувам се и одам да се пресоблечам во другата соба. И се пресоблекувам и слушам тропа надворешната врата, си викам сигурно татo си го испраќа пријателот. За некоја минута ѕвони некој на ѕвончето. Си викам сигурно си забравил нешто човекот, ај тато ќе отворе. Тато не ја отвара вратата. И бидејќи се пресоблекував, бев надолу само на хеланки поточно хулахопки (многу тенки хеланки кои ги носам како хулахопки) и излегувам таква и ја подавам само главата со дневната соба и викам по тато, никој не ми одговара и влегувам во собата и има што да видам. Пријателот на тато седи сам во собата и ме гледа зачудено како 'Што ѝ е на оваа?'. Зини земјо голтни ме, сакав во земја да пропаднам. Прашувам кај е тато, вика во продавница отишол. Па дилемата ми беше дали да му отворам на тој што ѕвонеше. И викам ај ќе отворам (уште само во хеланки/хулахопки). Зa среќа, моја другарка беше :D
     
    На Amona му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Јас се избрукав пред идниот свекор :^) човекот еднаш сум го видела и не се запознавме како што е ред нели, онака на минување само си рековме здраво..
    Минатата недела стасувам кај дечко ми и тој ми кажува дека татко му планира да дојде на кафе, добро во ред.. Дојде човекот и јас црпка..
    Тој: Здраво (ми го кажува името) како си?
    Јас: Здраво јас сум (си го кажувам името)
    Среќа човекот се брзаше и замина одма иначе кој знае колку глупости ќе истресев (facepalm)
     
    На Amona, blady, sugarlips и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Пред 2-3 дена за првпат во мојот факен живот бев кај машки гинеколог ( досега одев само кај жени , од пусти срам де ,не дека не сум била сексуално активна сум :D не дека до мене дошол докторот , туку онака ете :D) одам кај човекот фино лепо и му се контрам да ме прегледа на ехо на стомак , тој ми вика не ми се мешај во работата не си мало дете на стомак ,треба вагинално 8-|легнав некако и сега не се соблекувам , полека кревам панталони спуштам , леле човекот зеде ми ги турна панталоните буквално и вика во моите години не сум дочекал да соблечам пациентка , ќе пропаднев во земјја јас , и на крајот ми вика гласно ако не соработуваш да не доаѓаш другиот пат вака , не сакаме пациенти кој не соработуваат , си пропаднав во земја од сопствената глупост , им кажав на мајка ми за се и на другарките не можеа да се доначудат :D:D:D
     
    На buba4e89, blady и 1209 им се допаѓа ова.
  14. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Божеееее, гинекологот не може да те тепа тебе ако не сакаш да се соблечеш. Каков непрофесионализам. Да ти кажам право на твое место ич не би ни одела веќе таму. Тој е таму за да ти помогне и да те направи да не се осеќаш незгодно или непријатно а не да те соблекува со сила.

    А во врска со темава, се сеќавам како помала правевме тест, и мојот стомак реши да направи звук на кит кој се пари во средина на таа тишина. Мхх сакав да си ја бутнам главата под клупа.
     
    На Amona, Summerlover, kjukli и 3 други им се допаѓа ова.
  15. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.148
    Допаѓања:
    13.513
    Пол:
    Женски
    Бев кај дечкото (сегашниов маж) на гости. Бевме пресни дали еден месец одевме.
    И си седам јас а имав мензис. И улошката не ми била убаво наместена. Станувам и што ќе видам локва крв на креветот. Да не ми бевте во кожа во тој момент, умрев од срам никако не си. Ужас сакав да умрам во моментот.;(
    Кога бев во пубертет. Си одам јас по патот а имаше снег и беше подмрзнато. И го гледам симпатијата иде од другата страна на патот со другарите 5-6 души. И јас баш пред нив кога се лизнав...паднав абе ужас, бакзуз незнам како да се наречам. Одма станав а они ми се изнасмееа оф мори мајко :(
     
    На buba4e89, blady, Arthur и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Devojka20

    Devojka20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    54
    Коментарот од горе на девојката ме потсети на Случка значи што ми се десила сега брзо, хахаха... Во Државна болница, може и ќе ме препознае некоја,ако се тука на форумов :D Во автобус си слушав музика на слушалки од телефон. И коа се симнав го исклучив радиото. Отидов во Државна болница си седнав таму на ред, луѓе значи гужва ненормална. Си ставив слушалките и од Гоце Арнаудов баш го погодив моментот.. !„Ај да беше стрела песнава“, па си попуштив глас одозгора :D лудило, ами тоа не знаев дека има опција во телефонот одкога ќе стиснеш на пауза, отпосле мора да си провериш и исклучиш звукот за само од слушалки да доаѓа, а ова беше и на слушалки да се слуша и од телефон. Заникаде(facepalm) Многу се брукам задниов период насекаде каде и да одам.
     
    На buba4e89, blady, iloveyou29 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Pred nekoj den na decko mi namesto da mu kazam denes se utepav pravejki jadenja,jas mu rekov deneska se utepav PRDEJKI:wasntme: i samo mi napravi edna cudna facka:$ i sfativ sto sum mu kazala i nabrzina se popraviv za da ne pomisli ozbilno deka sum prdela cel den:angel:
     
    На buba4e89, Amona и sugarlips им се допаѓа ова.
  18. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Синока искачам со другарките и одиме у омиленото кафуле и имало жива свирка, сите маси резервирани. И ајде, сите онакви, млитави излегуваме и одиме до едно друго кафуле. Таму само хард кор луѓе одат, па си мислиме нема многу луѓе и јас отварам врата и сите мажи насоберани, фудбал гледаат. И онака како шо стојам и тражам со очите набрзинка некоја празна маса и само ми иде еден мирис на испотена мишка помешано со парфем. И седнуваме на масата, све нормално, муабет се прави, се оговара на големо и толку многу бевме внесени у муабето и почнав еден да имитирам нешто шо ми збореше и за брада коа се “галеше“ и така како шо објаснувам сум се загледала у гз на келнерот и упорно гледам. И само гледам од другата маса се смеат и келнерот ме гледа ко :^). Леле у земја потонав коа му напраќавме.

    Веќе ако мајначам машко газе, нема да се држам за муцката ко мажите!
    (ама па и келнерот не беше нешто лош ;) :$)
     
    На Amona, kajl, angelche16 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Неодамна ми се случи нешто непријатно, и да биде најлошо од се јас бев потикнувачот за таа непријатна ситуација. Знам дека сум толкав голем скот како никој на светов, понекогаш.


    Една сончева недела, сосема случајно се изнајдовме јас и другарка ми со едни стари другари на кафе во еден наш доста посетен локал, посебно кога има сонце се знае терасата е секогаш полна . И во недела посебно околку ручек толку се полни да нема каде да се фрли игла.

    И така во таа гужва и да биде работата уште повесела ме пронајде во топлата луѓе мојот бивш "пријател" со кој се немам видено 8 месеци а пред тоа бевме неофицијално заедно....

    И пошто немаше место застана до нас со изговор додека да начека празна маса или да стане некој и започнавме некоја непријатна (за мене) конверзација.
    Лично мрзам да зборувам од нога, посебно кога на некој имам толку многу да му кажам неискажано и лично а тој сака да го извлече тоа од мене набрзака.
    Посебно мрзам кога некоја возрасна и зрела особа почнува јавно да ми искажува љубомора, неоснована.(ебати зрелоста и возрасноста). Пошто бевме 2 на 2 на масава, али по дифолт тоа не мора да значи дека ние сме во некоја љубовна комбинација. Но дечково очигледно не мислеше така и малку надмено се однесуваше.
    И така, вајда пријателов мој мислејќи дека ќе ме зезне пред потенцијалниот нов мој пријател истреска една голема ГОЛЕМА глупост.

    Јас сум видно здебелена, и што и да облечам нема да ми го покрие тое, 10 кила не се малку во никој случај, но јас јавно зборувам за тоа и не сум до толку осетлива и свилена, ама во ситуцијава испаднав баш таква.

    Низ муабетот за тоа каква храна сум јадела во Америка, кажав дека баш сум задоволна од тоа како се исхранував и дека пробав буквално од се по нешто и не ми е толку криво за килажава, зашто знам дека ќе можам да ги симнам тие кила.
    И пријателов мој не знам сеуште од која потреба, да се направи јак или паметен или....не не еве не знам, кажува малку погласно да чујат момциве на масава, ама она иронично ,цитирам - Ех се гледа по тебе и те како дека си уживала таму во храна и се, ама си се згуцила, машала, машала......

    И како што ме дал господ, секогаш многу оштра на зборови, па и дрска, ама и за најголема несреќа ГЛАСНА, онака достоинтвено (?) во истиот секунд без размислување му возвратив- Знаеш ли колку е невкусно вакви коментари на девојка да и кажуваш на таков начин, тоа ти е подеднакво исто, како јас, тука, сега, право во очи да ти кажам дека ти е мал............

    Како го кажувам ова се сепнувам дека не сме на само, и се вртам позади мене и ги гледам моиве на масава паѓаат од смеење, паѓаат води се истураат,они сомалуваат од смеа.....а јас не знам каде да се скријам.
    Уште полошо да биде, околните маси сите го чуле муабетот и сите под мустаќи почнаа да се смеат.
    Пријателов мој очигледно свати дека ја отеравме до неповрат работата и се ја свитка опашката и си замина со изговор дека не му се чека слободна маса повеќе и ни збор повеќе.
    Ај што се изнасмеа слатко моиве на маса, срамот да биде поголем ми се врти од соседната маса дечко, релативно постар од мене, на лик сериозен господин и ми вели - свака ти част девојко, одсекогаш сум почитувал девојки без влакна на јазикот и едно палче нагоре ми покажува. Мислам дека бевме тема на разговор на сите околни маси. Брука белосветска.

    Само сакав да испарам што е можно побрзо и никогаш повеќе да не се вратам на местото на злосторот. Сменив боја на лицето милион пати, 50 нијанси, ама на црвено....
    Испаднав класичен кретен.
    И како после да кажам дека сум фина, абе идиотка сум покондурена. Да не плачам и кукам после кога единствено мачки и кучики ќе ме сакаат.
    :(
     
    Последна измена: 19 февруари 2015
    На Amona, Summerlover, MilaP и 32 други им се допаѓа ова.
  20. H.O.P.E.

    H.O.P.E. Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Само глупости правам во последно време. Ќе почнам од најновата.
    Се враќам јас од курс со другарка ми и ги гледам на едно место седнати симпатијата и неговите другари. Јас се свртев на другата страна и не видов дека сум почнала да одам во кал. Сакав земјата да ме голтне.
    Ова беше пред еден месец.
    Пак се враќам од курс и идеше едно дете што го знам. И јас не сакав да ме примети, а не можев да поминам улица. Незнаев на која страна да гледам, на сите страни се вртев и тој ме гледаше цело време. Кој знае што мисли за мене. (facepalm)
    Ова беше исто пред еден месец. :lol:
    Се шетам со најдобрата другарка и се лизнав на мразот и паднав. За да биде уште полошо пред нас имаше едни деца.
    Ај ќе се сетам на уште нешто, па ќе се вратам на темава. :rofl:
     
    На Amona му/ѝ се допаѓа ова.