Значи онака си реков да го напишам ова како демек во темата зини земјо голтни ме...и сега не мислам конфликти да правиме заради нешто шо сум напишала.Така да,интересно или глупо како сакаш сфати си го напишаното во мојот пост во темата.Јас си напишав вака и то е то.Нема потреба да пишам кога јадев или слично,на кој му се допаѓа арно,на кој не пак арно.Благодарам на разбирањето
Епа си се враќам јас денес од матура, и занесена си одам така ,правејќи муабет на телефон со сестрами, и си шмекам луѓе по патот.. А баш носев фармерки, кои ми се малку широки и ги носам со каиш.. И си одам јас така занесена, кога здогледувам металното, она што е од каишот, за закопчување, ми се искачило така нагоре, откривајќи ја мојата пинки машничка од гаќите -_- си се испошетав така разгаштена пред народот
Излегов денеска од сабајле да се прошетам со дечко ми и неговото друштво, и облеков кратка суќничка. И помина едно кутре пред нас и јас каква кучкарка сум и се наведнав да го галам не пазев како се наведнувам и сите ми ги видоа гаќите со диносаурус.
На одмор нешто зборувавме за фејсбук со другарките,и до нас имаше Грци едни и се вртеа на секој збор со фејсбук кога ќе спомневме...ок тоа нејсе,и сега си бегаме од плажа и јас онака забрзана викам овие Грците се вртеа за фејсбук изгледа не разбираа и на грчки е исто фејсбук,хахахаха се изгубив нешто,не дека не знам дека facebook е универзален збор за сите јазици,туку ми се испушти онака несвесно другарките се изнасмеаа, се смеев и јас како луда кога ми текнаама ајде пред мои луѓе се устрамив
Ajde I jas da se priklucam vo klubot na pagjacite. Kasnev na predavanje koe za belja imavme so uste edna grupa zaedno. Vlegov I trgnav poleka da si sednam vo posledniot red, arno ama kako uspeav da se sopnam od stolce I taka fino si se ispruziv kolku sum dolga. Stanuvam I aj sto site se svrtele zjapaat vo mene, tuku I profesorkata cela zbuneta : " Koleske, dobro li ste ? Pa vnimavajte malku vi se molam."
Мојата случка од вчера... место на случување - Рекорд. Се враќам јас накај дома, и преминувам пешачки на рекорд. Зелено беше за пешаци, и си одам најнормално и носев едни црни балетанки , така поомилени ама малку ми се големи..и оп се смени црвено за пешаци и јас забрзувам , а и автобусот ми идеше .. и почнав да трчам , и балетанката ми се соблече, хахаха леле кој срам .. и јас се враќам чекор назад да ја облечам , коливе почнаа да свират, луѓе ми се смеат..нема да заборавамм..нееее
Сношти откако сум заспала на месинџер ми пиша едно машко кое подолго време го симпатизирам.Свирнал телефонот дека дошла порака и мама отворила и видела порака “дали спиеш“ и мама одговорила аха да и пратила лајк...Зини земјо голтниме Којзнае што си има помислено,јас спијам ама пораката сама се напишала ПС.Кој ќе те засрами ако не мама?
лелее симпатијата во болницата чека,јас под мишка ја водам 80-годишната ми застарена во мозок и очи, баба. Има перде на очите. И врнеше дожд некој да донесе кал малку и стапалки во болницата. И баба ми упорно : - Еве некој лајната си ги носи во болницава. Јас (засрамена пред симпатијата а тој се смее) : Бабо тоа е кал,поради дождов. Таа: Лајната си ги носат цц. И седнува а до неа огледало вика што ме гледаш ма (т.е. самата на себе-во огледалото) Леле симпатијата се газе од смење јас пропаѓам од срам.
Бев на слава кај братучетка ми, и таму беа нејзини другарки од клас. Јас тогаш се запознав со нив и почнавме да правиме муабет.. Едно девојче ме праша нешто но бидејќи имаше прегласна музика не ја разбрав добро и мислев дека ме прашува дали имаш кецови во школо? А ја глупа и викам: даа два кеца имам за тромесечије И она почна да ми се смее и ми вика абе ја те прашав дали имаш дечкоо.. Лелеее брукии ... ај што ја разбрав погрешно па и си се издадов ...
Толку пати се имам засрамено во животов што некои случки и овде ми е срам да ги напишам . Една од пред неколку недели. Седам со другарки на кафе а на друга маса подалеку од нашата седи една друга другарка со друго друштво. И таа другарката од другата маса дојде на нашата да поседи и јас глупава глава ја прашувам дали дебелиот им е келнер она се смее јас продолжувам "глуп ми стои" . Се свртувам друг келнер (нашиот) седи веднаш зад мене се допираме со грбовите ме гледа и ми се чуди. Човекот не знаеше каде да побегне . И не завршува тука морав да му плаќам без да се скријам под земја. За срамот да биде уште поголем откога плативме со другарка се скаравме кој да земе 5 денара што останаа и ги оставивме на масата. Којзнае што си помислил кутриот човек кај му го навредив колегата и му оставив 5 денари бакшиш
Најмногу се брукам пред неговото семејство од страв/срам и ќе тропнам некоја зелена.. Последно ко бев кај него се обрукав пред баба му Пред да одиме таму бевме на кафе па купувавме нешто и ајде одиме и баба му не пречекува јас и подавам рака и и велам: Добра вечер Оно еден саатот од ручек, пршти сонце а јас добра вечер..
Pred nekoj den setam so majka mi i pominuvame pokraj edna prodavnica za lusteri i edna epten ubava stolnna lamba vidov i i vikam po mmajka mi i taa se vrti i jas pruzam raka da i pokazam kade e i mislev podaleku e stakloto oti i bas ne mi se dogleduva i koa lupnav so rakata i bas tuka eden covek metese i kako potskokna go isplasiv covekot i koa zedov da se smeam i sakav da isceznam zosto epten se usramiv pa i toa izlogot ogromen duri pominav covekot me viddel koja sum posle rakata me bolese i vo udarot pocuvrstvuvav kako mi se vitkaat noktite ete tolku silno se zakaci.v bo staklo ahhaah
Идам јас у бургер кинг да се угојам уште малце, стојам на каса, чекам јадење и си го земам сокот да го пијам, а хартијата од цевката ја држам во рака. и доаѓа дечково што ме служи, ја пружа раката... несвесно му подавам рака јас, за здраво и ми гестикулира не,и уште не го сфаќам, си стојам со раката за здраво и ме гледа и ми вика абе хартијата дај ми ја, да ја фрлам... Ааа хартијата ли. Хахаха леле умрев од срам, ме примети типов и ми вика ајде, ајде да пукне за ситуацијава... ајде нека пукне си мислам у глава, и му подавам рака. Идиот сум.
Бев седмо одделение и имавме час во кабинет еден спрат подолу..и јас затрчана бидејќи професорката беше веќе влезена во училницата,за момент се најдов на подот.Зад мене беа други ученици меѓу кои и симпатијата...и сите паѓаа од смеа.Се изрезилив..особено пред симпатијата
Izlezena so drugarka mi i taa nesto se razmavtuvase so racete i jas i vikam prestani mi licis na BRUN SLIK (namesto brus li)i eden decko vo blizina slusna i si se iznasmea zaedno so drugarka mi i ja fakjam za raka i da me nema
Порано многу повеќе глупости ми се дешаваа отколку сега. Ништо тазе нема. Но ќе го издвојам оној момент кога почнав да се давам и тоа во плитко... Не научив никогаш да пливам... Си одам јас така во вода, и се лизнав на камен, си паднав во вода и почнав да се давам, да претам.. А кога станав, водата до колена ми беше...
Случката беше одамна,негде кога бев прва година средно.Јас и две другарки седиме во училишниот двор и поминува еден познаник заедно со наша школска која беше од онај тип на "повлечени" девојки.Тој застанува да не поздрави и јас:Од каде ја знаеш оваа,најглупавата и најгрдата и како можеш да се шеташ со неа?!И тој мене:Пaаа сестра ми е.Леле ќе се убиев.Толкав срам во животот не сум претрпела
Ми текна една случка,сеуште се смеам на глас кога ќе ми текне. Некаде пак средно со другарка ми ќе се правиме нијанса по светли во косата. И на сет памет отидовме во маркетот и викам ќе земам најплава нијанса(демек ќе ми осветли од нејзе) па што биде нека биде.И другарката по мој памет ајдее и таа плава,само што нејзината не беше толку светла.И дојде судниот ден,да се фарбаме.Прво таа мене,па после јас нејзе.И отидов јас да се мијам,нејзината уште стоеше,по пресна нели.И гледам јас долу косата темна,си викам ништо,не се фатило.И седам со крпа на глава,по едно време другарката ми викаа..леле одозгоре ти е портокалова.Одам на огледало што да видам.Кога извадив крпа почна да чури..Горе портокалова,долу темна.А таа жалната кога почна,леле јас ќе ја вадам.И таа исто.Коренот лом.И што ќе правиме,ајде темни фарби.Само јас си знам,како одев по патот,сите не гледаа као wtf?..