Ќе умрев од срам.Што ми падна едно незгодно лелеле..ок не до толку ама ај.Пред некој ден одам до продавница и немав џеб кај да ги ставам парите и реков ај ке ги ставам во прслукот(ЖИМИ МАЈКА ПРВ ПАТ ГИ СТАВАМ)...1000ка беше реков ај да не ја посеам оти и ѓубре фрлав се натоварив...и одам во продавница си зедов по тоа што бев тргнала и седам сега на каса ред чекам...ѓи поминува производите на тоа(речи го) и и велам : чекај јас изгледа ѓи заборавив парите,,,,се мислам ,се думам и тап срам не срам ѓи извадив од прслук(ама кефој дека ѓи немам загинато)....ХОрор па уште и совет добив да не ѓи чувам таму парите болест се добивало
А сега следи Оскар Лејди !!! Пред месец дена излегов да ги прошетам сестра ми и нејзината другарка. Се качивме во автобус на ЈСП. Тие две си отидоа веднаш горе да седнат а јас отидов да извадам карта. Автобусот имаше реклама со кожувчанка ,онаа ја знаете , со Каролина Гочева. И сликата од Каролина беше ставена на тој слободниот простор, не знам како да објаснам..кога се качувате на предните скали за нагоре од лева страна ..а кога се симнувате исто од предните скали, пред вас е..ок нема врска тоа..и јас нешто си бев замислена..којзнае што сум мислела во тој момент..ја куцнав картичкава и да направам чекор на првата скала за нагоре, јас ни две ни три на Каролина и викнав " Абе оди горе, што чекаш" ?!? ( мислејќи дека е сестра ми) Офф....Хахаххахах..еден човек ме гледа..си мисли на кој му зборува девојкава..? Кога им кажав ..не престанаа да се смеат од Ѓорче до Влае..
Шок шок. Бруки бруки! На свадба седиме со другарка и гледаме на кај орото и со еден доста згоден разменивме неколку пати погледи...а бе шо згоден ке беше да ти иде во око да му брцнеш како ме гледаше. Нејсе... И така седејќи ние овој исчезна...незнам му изгубив трага.. Имаше едни постојано пукаа петарди,огномети и такви срања и одеднаш неочекувано пукнаа а јас се свртев назат се извадив од памет и плус вртејќи се се залетав пред некого Додека дигнав глава слушнав како ми вика "Се исплаши Кукле?" И ја ни два ни три уште во лице не го погледнав се дерам: "Од кај знајш бе која сум?!" (на момент се помислив со имево од форумов) И овој се насмевна и вика: " А шо Кукла се викаш хах?!" И јас ја средувам косата и гледам.....тоа да ти бил тој убавиот Добро викам остај нема врска. ( а во себе вриштеввв, има врскаа и тоа какоооо! Додека се оддалечував цело време си викав зини земјо голтнимееее!) Овој па уште ме замара чек кај тргна а ја негледав кај одам само да се оддалечам од негооо
E jas sum mnogu maler...ima dosta slucki no ke izdvojam nekolku So drugarka mi na studenska se protnuvame niz guzvata i da ne ja zagubam ja fakam za raka i ja vleckam so mene,po 1 minuta zastanuvam i takva..abe kaj se drugite i eden tip mi vika ke mi ja pustes rakata ili uste ke si se drzeme drugarka mi se izgazi od smeenje Ispadnati so drustvo i imase edno dete mnogu mi se dopagase,arno ama jas taka piana malku poveke si ispadnav da se motam so nego..i mu sum padnala vo race sum mu bladala,ovoj se javil kaj drugarite,tie im kazale na drugarkite pa ajde me treznea cela vecer..i jas taka pijana mi se primocalo sum si ja dignala suknjata i sum kleknala da mocam nisto ne pamtam ova od kazuvanje mi e..kolku mi bese sram od deckoto posle i mislev deka veke nema da me pobara ama si se izlagav..uste dolgo me trpese Gledam po fb kaj drugar mi i gledam ime i prezime na drugar nas sto toj go ima vo prijateli a jas go nemam..i taka jas mu pisam poraka neli ti e sram si me izbrisal zosto bla bla...i tipot vraka mome ne te znam izvini ako sum te imal vo prijateli a ako sum te izbrisal...i koga vidov deka ne e drugar mi mu objasniv ubavo...si pisevme uste dolgo,dobro detence ispadna,podocna se vidovme i na kafe normalno so drugar mi i pocnavme edno ubavo prijatelstvo.. Ima mnogu drugi smesni slucki ke gi pisam drugpat (sega mi se smesni,ama togas mi bilo zini zemjo goltni me )
После 6дена одмор отидов на плажата кај тоа згодниот келнер што го манијачев 24/7 И ајде ме натера едно девојче да идеме да нарачаме кај него оти оно не знаело англиски и ја нарачувам и сега он ми прави муабет едно 10 минути После 6та минута осеќам како 1та апостолка ми се скина И што да правам..Зимање во раце апостолките и несот у друга рака Морав после да се брцам после у тоа вручиот песок како ненормална,изигравав некој нинџа од што беше жеже,а он до мене И што е најтрагично,после видов сум го истурила малку несот уствари не беше тоа најтрагичното,туку тоа што несот не беше ни за мене
Аиаи се закопав!Додека зборував на тел со другарка ми, реков на спикер да ја вклучам(бидејќи ги лакирав ноктите) за да ја слушам поубаво и у тој миг тел(пошо ми е ненормален напати сам си врти во итен случај по пријатели итн..) и без да видам си зборувам јас со неа на тел а тој си завртел кај бившиот коа наеднаш се пулам у тел ...(неговото име) и искључив но веќе титнато ес незнам кое време завртел можеби и крена. Хахаа аии свашта сега си вели шо ме бара оваа нели ме мрази А да, и пред некој ден ненамерно лајк му ставив па баш на таа слика кај шо е оптегнат на плажа,најсексапилната таа одамна му е ставена а има премногу слики..ајде и таа брука ја доживеав..Сега си вели ми дреми на профил ми зјапа по сликите..Брукиии..А јас на вујна ми и го покажував
Ова ми се деси во 7-мо одделение и на македонски анализиравме песна и јас завршив многу брзо и со другарката шо седам тивко си праевме муабет и сега она ми кажуваше нешто за едно дете шо и рекло како и рекло и само јас демек да и речам тој дан е поубав и она со уста шо се прајт прпп некако, и то го прам и сега сите ми се пулат и почнаа да се смеат бруки живии цел ден ме зезаа дека сум прднала.Баксузна сум си јас...
Хахаха кога ке ми текне се смеам. Бевме излезени јас дечкоми и другарками. Одевме по скали јас прва дечкоми па другарками последна во меѓувреме дојдоа други машки и се измешаа помеѓу дојдоа задмене јас допрев да им пуштам тие да за минат и тие како што одеа јас помислив дечкоми е и го фатив за рака кога гледам некој повисок и се збунив се вртам другарками се кине од смеење а дечкоми се налути. И секогаш кога ке го видев тој што го фатив ми доаѓаше да се смеам.
Ова се случи пред 2 години. Дечкото со кој тогаш бев во врска, се разделиме на сред пат тој тргна по еден мост ќе идел да јаде а јас тргнав нагоре требаше да побрзам за да не ми избега автобусот. И си одам нагоре, а главата свртена на сосема друга страна го гледам дечкото на каде ќе фати. А беше ептен бавен и така бавно одеше, бетер од полжав. А ме примети дека се вртам и го гледам и .. Погодете што?!?! Така вртејќи се се удрив тоест буквално се залепи во еден столб, таков столб што стои улична светилка на него. Ај што се удрив, се удрив, уште пострашно беше што минуваа една група дечишта кои буквално ми се испосмеаа во очи, а јас уште си стојам така пред столбот. Па дури и дечкото ме видел, со денови ми се смееше. Му ја спраштав од таму со висок старт, живи срамови.
Јас ќе се убијам! Одам на шалтер на студентски прашања да земам потврда за здравствено. И отвара тој човекот ама нон-стоп нешто се зафркава, се смее, таков е. И сега јас глупата не бев ни спиена, ни јадена, ни ништо мрдната од учење и му викам потврда. И ми вели оди во Веро. И го гледам таква и викам што?! И ми вели како што, Веро знаеш каде е? (мртов сериозен) Викам да знам. Вика е таму ќе одиш на штандот ќе побараш потврда за здравствено и ќе ти дадат. Се чудам, се чудам, дремам и викам добро. И тргнавме со другарка ми да одиме во Веро по потврда. ЗАМИСЛЕТЕ! ... И одеднаш една гласна смеа, се вртам, човекот се виткаше, се маваше од земја од смеење ... НЕ МОЖАМ УШТЕ ДА РАЗБЕРАМ КАКО МОЖЕВ ДА БИДАМ ТОЛКУ ИЗГУБЕНА. БРУКИ ЖИВИ, СРАМОТА, РЕЗИЛ, камо да можеше да се изгубам некако од тука, да ме снема...
Еве една посвежа случка, пред 3 дена бевме дома кај мене друштво собрани и си седевме така, си гледавме филмче и си грицкавме чипс, инаку кај мене дома имаме еден снешко што го вадиме за нова година во ходникот и јас да си идам до веце и дека темница во ходникот а снешково не беше уклучен да свети и само гледам лево десно и пред мене снешково кога сум викнала ааааааааа и сите идат да видат што е мене снешково ми заличи на некој дух ама стварно ем се преплашив ем страмот си го кркав ме зафракваа после цело време
хаххахаххахаххах лелее истово ми се има случено само не со снешко туку со закачалката за качење палто.....
Читам во темата музика симнување пенис од интернет , потоа уште еднаш гледам убаво темата се викала симнување песни од интернет
Se izvinuvam za latinicata od telefon sum..Igrav igra na telefonot I mi Pisa drugrka mi.Jas sakajki da I vratam namesto nejze mu pisav na toj sto mi se dopagja.Se izviniv ama dojde kako namerno da mu pisav.Mi se iznasmea deteto
Леле јас целата сум глупост.. Сега брзо пред некој ден идам да си купам некоја шминка во град и како шо си идам по пат(дека чизмички на плута носев) и така нестабилна ко што ми се тресеа нозетеза да преминам на другиот тротоар,а од другата страна кола наиде баш (бидејки има едно мало уличе по кое ретко врват коли)и за побрзо да преминам коа сум се засопнала скроз се наведнав за малку што не паднав.Згора на тоа имаше некои шо седеа во близина на кафичот тој шо ме видел се искинал од смеа..не беше тоа обично засопнување за малку ќе се шлакнев на нос Друго... Идам до продавница онака малку и нервозна и зашеметана како падната од марс замислена паметот во дечко миЗемав шо зеѓав и идам на каса и наплаќам,но не заприметив колку пари ваѓам бидејки железни беа и сум дала повеќе од колку шо треба(а јас уверена дека точно извадив)и набрзина грабам излагам и ајдее продавачката по мене трча и вели:еј ејј девојче кусурот! А јас и велам:ако нека остане!(мислев дека се нешо три денари ситно,имаше и луѓе кои го видоа инцидентот и чудно ме погледнаа..шо и е на оваа?!!) и продавачката:ама повеќе се девојче..И дури тогаш ми текна и велам:Оо се извинувам моја грешка не заприметив колку ви дадов..Цела се вцрвив од срам имаше и некои дечки башка... Ги има повеќе ќе припишам уште некој коа ќе ми притекне
Најголемиот срам досега:Пред неколку дена му се пуштав на едно многу симпатично машко со моја добро позната тактика.Тој на тоа изреагира како и јас така се пуштам на некој што ми се бендисува.Ахх посакав да ме снема,премногу ми беше срам.
Pred nekoj den bevme izlezeni so drugarka mi i otidovme do prodavnica da si kupam cigari.A pred toa praevme muabet za mobilni telefoni i mesto da kazam malboro core vikam daj mi malboro one touch..........Lele drugarka mi se zgasi od smeenje,deteto-prodavacot isto jas ne sfakam so kazav...Bruki
Пред некој ден со другарка на фб, муабетиме и ми праќа линк од некој си секси шоп, да сум и помогнела во изборот за поклон за нова година кај ме најде мене само незнам Го отварам линкот и гледам вибратори, и кажувам дека не се разбирам многу во тоа и дека најубаво е таа сама да си одбере. И дури стоеше така страната отворена влезе татко ми во собата да ме прашал нешто и нормално виде, јас се блокирав скроз и наместо да го исклучам, во брзање јас зумирам па се вцрвив и почнав да д'ткам Излезе човекот ко ништо да не видел, ама ми беше срам после тоа, не можев да го погледнам, кој знае што си помислил
Ајде и мојте резилоци уште од сабајлечки.. Случка број 1 Бев излезена со другарка да се чекаме со друга другарка се најдовме и ај да купиме мастики,влегуваме во продавница и ај се загледуваме низ продавница низ рафтови и иди мој ред и и викам на продавачката ервејс екстрим ама се убо ќе беше ако го кажев во нормална состојба то...ко стигнав на втората буква од ервејсот,ерр едно јако машко ждригање вфаца на продавачката.Па едната од другарките се гази и излезе надвор другата ми ја стиска раката јас ладна камче па уште фала,пријатно и викам .. Случка број 2 Си имам мачка (на жалост 1 месец и повеќе ми ја нема ) и си седевме со мачката во двор и си се галиме иначе е мн мило маче а во меѓувреме кај комшиите дошло полиција одма одкаршија нешто се расправаја со тие до нив и ај полицаецот нешто записник му праеше и јас радознало излегвам на врата да ѕирнам де и мачката мој верен сопатник каде јас таму и таја со мене,овие се расправаат едниот полицаец прави записник а другиот ја гали мачката,го гледам се наведнал чоекот ја гали ова се плетка околу него и се иправи човекот одам јас да си ја земам мачката глупо ми падна и ме прашва чоеко твоја е да да викам и се наведнувам да ја земам таја фино лепо со канџите се зафати за неговата нога јас тегни леле резиллл ,чоеко се смеј мило е се гали вика ..такво е му викам и тегнам .. и на крај си ја зедов мачката и си се изнасмеав на случката а комшите си продолжија да се карат ..
Денес ни дојде мајстор дома, и бидејќи не живеам во Мк почнав да му зборам на овој јазик и човекот ми одговара исто. Влезе во соба да работи и едно време излегува ми рекол ''Може ли метла?'' (наш бил човекот) а јас поспана само метла слушнав и се чудам се мислам.. и се вртам на сестра ми ''Што е тоа метла, имаме ли?'' Оваа само ме погледна вика оди во купатилото земи. И јас уште не сфаќам што е работата, одам барам и му донесов КУТИЈА СО ЧЕТКИ ЗА ФАРБАЊЕ И ВАЉАК. И му викам еве види тука може има (уште продолжувам на другиов јазик). Човекот ваков . И продолжувам, или објасни ми што е тоа да побарам. ''Девојче метла барам да сметам'', и ми покажува со рацете Леле кога се вцрвев, му ја донесов метлата и од кујната не излегов додека не си замина.