Ајде,ајдеее Епа вака.. Јас и братучетми сме блиски многу,значи повеќе тајни си знаеме јас и тој од колку со некоја братучетка. И беа дојдени на гости кај нас (да напоменам знаеме да си викаме глупичок,матуф,дебел,дебил...и такви раб,така нас ние нагалено де). И са седиме гледавме нешто на лаптопо и му викам јас море слепецу гледај малце шо пиши и тој мене седи бре глупа вака така и ок си се смееме на наша смета. Е са го пратија до продавница да купи нешто и во ред јас ќе барав филм да гледаме и са го чекам да дојди... (Во меѓувреме дошла и комшивката(дебела женичка е), (во еден влез сме повеќе фамилии) и затребало нешто и ај ние гости дома,седни написе,почастисе.Женава седнала ама кој памет ја терало мене да ме види бе и рекла кае Светулчево да го видам, и и кажаа во соба е и са тропа жената нормално,јас мислев братучетми е,зошто знае да се зафркава и викам Море бизону,o.И во тој момент се отвара вратат и слушам глас...Светулче бе,јас сум и си се смее јас чили пиперка (среќа шо жената е шегаџика па не се налуте и си се посмеавме заедно).И неа и се случило слично со докторо (бидејќи секоја ндела иди,си има некој здравствени проблеми) . Ете така си се пострамотив јас...како и секогаш.. И да секогаш пред да проговорите нешто прашајте кое!
Ова беше пред две години. Се договоривме со еден тип да излеземе на кафе, беше ноќе, темно. И требаше да ме чека со колата во близина на куќата каде живеам. И океј, излегувам јас и кога бев пред куќа му ѕвонам ми вика тука сум те чекам. Излегувам јас и гледам една кола само што се паркира спроти портата. Бидејќи беше темно не знаев дали е тој па правев некои мимики кон него. После сфатив дека не е тој бидејќи не реагираше па продолжив понатака по патот и го видов. Си викам којзнае тој другиот што имаше помислено кога ме виде...
Пред три години на играорна ова беше. Бевме на пауза и гледам една девојка со која што таму се здруживме седи на тие клупите до некој постар маж. И сеа демек да направам муабет, и велам, Еј Фросе, со дедо ти дојде? И ме глеа, ми вели Не ми е дедо, татко ми е. Е тогаш посакав да ме снема Ептен непријатно беше, леле срамота. Кизнај што си има помислено. :33
Денес требаше да се однесат цртежи за на натпревар меѓу кои и јас нацртав и отидовме со другарка ми да ги однесеме.И идеме сега и имаше и други ученици кои однесле но некои сипризнаа дека друг им го цртал цтежот без срам и перде додека некој се труди до последна црта да го исенча со свој труд!И јас така напукана гледам професоркава каде што на една ученичка она и го црта поправа и замислете шо и реков Ќпрофесорке доколку цртежов добие награда да идете и вие да си ја земете наградата! И тоа како на потсмев и си излегов Кога сум лута за некоја неправда која ми е нанесена бесна сум..Страшноо!! Друго..е ова веќе е врв..Седам на час нешто не бев баш ок и досадно ми беше и ајде со тел чкрапај на час,и ајде на фб менјај профилни,насловни итн...И професоров коа завршил со предавање така сите дремеме јас сеуште на фб и идам да видам вклучени кои се и коа гледам професорот вклучен(бидејќи тој е помлад па сите го имаме за пријател на фб) Зини земјо голтни ме! Дозна зошто сум отсутна од часот иако бев присутна
Отидовме со мм да купи кондури за свадба. Јас носев сандали на полна пета и баш дојдовме пред дуќанот и мене ме снема. Имало дупка и јас не ја видов и паднав на колена а од спротива имаше кафич и сите ме видоа...резил да се отвореше земјата и да ме голтнеше
Класната ме прати да видам каде имаат другиот клас час и се враќам јас да и кажам и наместо да кажам ,,Кај Виолета математика,, јас и викам ,,Во Виолета кај математика,,.Среќа бевме само 5 деца на час бидејќи другите беа на турнир па ова остана само меѓу нас, ама се изнасмеавме здраво
Си се возам еднаш у автобус и стоев, а до мене стоеше еден дечко, свртен со грб накај мене. И одеднаш на една кривина, автобусот нагло заврте и јас со слободната рака у обид да се задржам, несакајќи го удрив дечкото по задникот. И дечкото го прашува друар му до него - Абе кој ме удри по газ? и се врти околу него И јас го слушнав и само си ја завртев главата и се праев наудрена. Среќа не ме откри дека сум јас ама битно поцрвенев од срам
Се сетив сега на една стара случка од средно. Другарками имаше многу убав телефон и секогаш со неа носеше слушалки,за да на досадните часови си поуживаме. Бев 2ра година,тогаш многу ја слушавме "Баш ме заболе" од Сања Ристеска,и се смеевме сите,да речам хит ни беше во школо. И,правевме тест по нешто,јас излегов а и другарками,и са му викам дај слушалките и телефонот да ја рокнам Сањето да ме расположи,душа дадов на тесто. И ок таа ми ги дава телефонот и слушалките и замина во вц. Јас незнам како успеав,ама телефонот и беше нов и имаше повеќе опции,некако успеав да ја пуштам песната и на спикер и на слушалки (а слушалките на уши не слушам дека и на спикер рика Сањето) Во тој момент низ ходникот поминува професоро по Бизнис,а јас играм со главата набаре кизнај шо слушам,а таа си вика" Ќе бидам вечерва твојата вечера"...леле,луѓе па дури и му се смеам влице! Другарками затрчана од вц го грабнува телефоно,леле ко слушнав РЕЗИЛЛЛЛЛЛ! Среќа бизнис имав 5ка,па немораше на следнио час да одам ,само тие шо поправаат требаше,се тешев дека ќе подзаборави на случката....не сум крива јас де телефонот е!
Резил, резил, резил! Имавме пауза на факултет и нормално јадев и се изнапив швепс, цел го испив во рок од 5 минути. Ко да ќе ми го земеше некој, бог да чува! И на предавање после тоа, седев на претпоследните клупи некаде и пишував, a во училницата штама. И со другарка ми нешто почнавме да збориме и кога испуштив еден ГЛАСЕН звук, грд, никаков. Не беше ни ждригање, ни икање, не знам што беше. Нешто измеѓу. Одеднаш почнав да се смеам, а за да биде несреќата поголема другарка ми ми се врти и на цел глас вика: ИИИИ, што беше ова? Ајде немај гајле. Се врти едно дете од пред нас што имаше слушалки и збунето вресна: Што се деси кивна некој? И ме гледа и ми вика наздравје! А како поинаку ќе разбереа сите? СВИЊА! А никогаш не ми се десило. И да сакам да ждригнам гласно, не можам. Не знам што се случи.
Бев мала, а мајка ми ме прати на аптека да купам нешто. И јас добро ајде да одам со точак. Е арно ама точакот беше на брат ми и тој зошто поголем, точакот немаше кочници. И јас си тргнав си се возам, немам гајле, и свртувам на една надолнинка. Забележав многу се залетав и кочам, ама не бива! Точакот ЛЕТНА, колку брзо се движев, уф! И во тој момент поминува едно девојче од едно друго училиште а јас се познавав со неа (онака на здраво бевме) и јас како летам со точакот и се смеам и она ее здраво, арна ли си , а јас со точакот НЕ МОЖАМ да закочам и во портата до мене БУМ и се истрештив, скапав лакт, колено и го изместив воланот на точакот! Резили! Девојчето се умре од смеа а јас како пиперка. Ужаси..
Пред некој ден имавме гости и имаше на масата мезе, салата, грицки, и сеа јас лаптопот пред мене, не го тргам погледот и ја подавам раката да си земам смоки и наместо во смоките раката во салатата си ја брцнав. И тоа така убаво заграбав знаете кога сакате повеке да си земете. И сите ме гледаат јас една мутава фаца викам јас по грешка, сакав смоки да си земам. Салатата во раце и да ме нема.
Ми дојдоа на гости роднини, еден од нив е слеп и јас викам здраво, се поздравувам им подавам рака на сите па и на слепиот и уште чекам и тој да ми подаде. Кога сфатив која глупост ја направив...
Pred nekoe vreme sedime na cas so drugar mi i mi vika daj slusalkite i jas ne zosto znam deka ke mi gi dade narednata godina i toj uporen daj ta daj ko pijan za bandera i taa do mene so sedi mi vika e aman de gusni go (taka i se slusnalo) i jas se izdrav abe ne saka da go gusnam toj bara nesto drugo i site po zemja a jas pocrvenev I drugo otidov vo posta da platam smetka za struja i bese smetkkata 3999 i jas fino lepo si vadam 2000 i i gi davam i taa mi vika 3999 i jas bledo ja gledam i i vikam dobro i gledam dali zavrsila so procedurite i mi vika mi dade samo 2000 i ja gledam bledo i i dadov uuste 2000 i da me nema
Додека бев во средно, имав многу алчни другари во класот. Секогаш си носев бомбони и мастики и си џвакав на час. Имаше двајца ептен алчни гзови. Пола од мастиките кај нив ми одеа. И еден ден, татко ми беше до Грчка и ми донесе карамели за протерување. (за по голема нужда) Земав едно 5-6 бомбони за во школо. И си викам, ај доста им беше, после ова да ги видам дали ќе ми бараат уште бомбони и мастики. И си седиме на час, а едниот седи пред мене, а другиот лево од мене на соседната клупа. И ги вадам бомбоните на маса намерно за да ги видат и да ми побараат. И нормално, "еј дај едно бомбонче, не биди скржав". И јас ај, секогаш сум бил дарежлив и сум давал кога имав повеќе и им дадов. Седиме така 20 минути кога одеднаш почна да смрди на го**а. Едниов вика: "Професоре може да идам до веце". Ние 2-3ца што знаевме што се дешава, патос доле од смеење. Го немаше до следниот час, заглави во вецето, па после хемиско му правеа на тоалетот. А другиот што зема од бомбоните, отиде да кака дури следниот час. Најверојатно го држел за дома, ама неможеше да издржи и тој излезе сред час.
Deneska sum se izglupirala za site pari eve vaka kaj so drzime praksa skoro sekogas ima nekoj klas i odrzuvaat casovi ako e slobodno i taka i deneska i na edna skolska i se slosi i aj da i merime pritisok i jas najpretstavitelna odam da go zemam aparatot i vleguvam i gledam klasot vo koj ima edno masko so koe si se simpatizirame epten i jas tolku poletav i vikam profesorke aj dajte mi go pritisokot i site po zemja i jaa mislam aparatot za pritisok i mi go dava i jas dogledanje cela zarumeneta od sram drugo isto deneska od ovie so odat na dramska imaa sobir neznam so kako i tamu istiov tipac i sedime nie so drugarkive i gledame telefon a tuka sedese edno masko so e isto “glumec“ i go zemam cela meraci deka pak ke go vidam cukam otvaram vrata i toj proklet prag visok da ti bil jas ispozaletana so telefonot u vis koga ke se plesnev kolku so sum dolga i siroka i onaka si prasav kako nissto da ne se desilo telefonov cij e i edno masko lelr moj e fala mnogu i jas gorda mu go najdov telefonot i da izlezam pak se sopnav na pragot i togas mi dojde da si ja tresnam edna sama pa so da praam koga sum rodena ko so dve levi noze !?
Лелејј јас у последно време само глупости правам и свесно и несвесно....Стоиме со другарками на автобуска чекавме (сами бевме)комбе за да ја испратам ама сами бевме а постуде маклу а јас не земав палто а таа имаше од фазла едно и ми го даде да го облечам арно ама се точно во половинчето ама кај градите потешко се копчаше,се закопча али малку запираше патентот што ме нанервира и дека ние си сме така откачени напати и се си кажуваме и опуштено дека немаше никој викам ЛЕЛЕЕЕ БЕЕ ВО ПОСЛЕДНО ВРЕМЕ САМО МИ РАСТАТ Ц*ЦКИВЕЕ СЕ НЕРВИРАМ УПМ! И коа ја гледам неа се смее и ми дава знак од типот како "заврти се назад" и јас се вртам шо ќе видам лелеее мајкооо што ме роди позади мене човек врвел јас се дерам..Зини земјо голтниме!
Пред некое време бев излезена и бев во Тобако,купував нешто,не ми текнува што точно.Внатре гужва и јас:Може да ми го титните? И околу менесите се смееја
Пред неколку дена излеговме со другарка ми на кафе, и таа си порача џус, но џусот имаше 2 цени, и бидејќи јас частев и реков да земе од поефтиниот. Дојде келнерот (згоден тип) ни донесе кафето и џусот, и дојде сметка на плаќање, јас имав во мене само 200, а сметката беше 220, а моравме да станеме. Леле оваа се смее ја во кома гледам и не верувам што сега ќе правам, таа ми вика да одам да кажам јас се срамев бидејќи секогаш сум таму.. И на крајот дојде келнерот ме “зашмека“ ги зема парите и 20 ден ме тој части, и од тој ден не се појавив таму повише ..